јади повеќе овошје така ќе немаш голема потреба за шеќер, инаку и јас сум гооолем зависник од благо кога ќе почнам незнам да се сопрам
Јас сум зависна од благо На ден јадам по 5 бонбони или били што само да е благо Ај ако има некое рашение нека кажат
jas potrebata za blago ja smiruvam so eden fildzan kakao so natren ili matam belki so rendano ovosje i nekolku orevcinja i 1 lazica med doaga kako ubav kolac. Nisko kaloricno, vkusno, i sto e najvazno zdravo
^^^Какаото и јас го пијам и ми задоволува поtреба од чоколадо, од друга страна мислам дека можеш, наместо да јадеш некое друго чоколатце, да каснеш да речеме црно чоколадо за готвење некоја коцка, или направи си сама комбинација од житарки со овошје и мед и ќе си надокнадиш потреба од шеќер.
Напиши на лист од блок ЧОКОЛАДО=КАЛОРИИ=ДЕБЕЛ ЗАДНИК,СТОМАК,КОЛКОВИ и залепи го на местото каде што го чуваш благото (фрижидерот најверојатно) И за да ја добиеш потребната енергија јади повеќе овошје и зеленчук па ќе имаш доволно шеќер и сила за да си ги извршиш обврските,но и за да си ја задоволиш потребата за шеќер.
ИЗдржав 2 дена без благо но вчера во пицерија морав да изедам палачинка /не дека несакав/. Значи јас од благо се чувам така што не го јадам и не мислам на него ете денес ќе пробам без благо пак да издржам, но за жал мама прав торта.
Голем зависник сум од благо, ама сега доаѓа лето па морам да скратам.Би ви препорачала на сите кога ќе ви се пријаде благо да земете лажичка мед...
Ама какво одвикнување бре...подолго од две недели не можам и крај...Цел живот си ја тупам главата со ова прашање и за жал сеуште не сум го пронашла одговорот...Нема тука многу филозофија...Тоа е зависност и само цврста волја и јак карактер можат да победат...Има многу совети како да се заситите, но се зависи од тоа дали навистина сте решиле да намалите со благото..Се е до психа, неа треба да научиме да ја контролираме...Но можеби понекогаш и делуваат тие финтиците, како миење на заби кога ќе ти се пријаде, или пак да се напиеш вода или зелен чај...Исто така и јаболката многу заситува. Сепак, најбитното е да немате дома ама баш никакво благо Тоа: изеди само еден ред чоколадо за готвење- некако не пали баш И секако..нема резултат ако седиш и цело време мислиш "ми се јаде благооооо" Најдобро е, за почеток да си одредите три дена во неделата за јадење благо и да се придржувате кон тоа...Постепено ќе се намали потребата за шеќер и тогаш поентата е пак да не потпаднете под заводливоста на чоколатцето И не викајте од утре не јадам...почнете сега!
http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 1%9A%D0%B5 и јас бев зависничка од благо што и да пробав не дејствуваше да се откажам, се додека не го прочитав ова и навистина делува сега кога и да ми се јаде благо си јадам кисели краставички барем сега ги имаме многу, а за лето ке се снаоѓам некако можеби ке пробам со маслинките
замислете се откажав од цигарите,не пушам веке 3 години а од благо не можам да се откажам најжално е што моментално јадам бајадера
Се додека гледате на тоа како откажување, ништо не правите. Јадете, но треба да имате граница. Секој ден по еден ред чоколадо, или едно колаче ништо не ви прават на линијата. Не треба да го изедете цело чоколадо и цела тава колачи Ако си го гледате како забрането, уште повеќе ќе сакате да јадете. Мој совет, јас како си ја „победувам“ желбата да изедам цела Милка која има 700-800 калории, си правам Несквик чоко-корнфлекс со млеко. Тоа вкупно има 180 калории.
Биди на диета некое време и ќе видиш како веднаш ќе го изгубиш апетитот за благо...Јас сум голема обожавателка на благи работи.Но навистина ги одвикнав..Мене ми беше доволно 4-5 дена што бев на диета..и сега воопшто не ми текнува на благо..Многу поретко јадам благо.
Јас порано ич не јадев благо, на почетокот додека се одвикнував си имав мали кризи кои ги решавав со чоколадо за готвење или бонжита. Ама последниве неколку месеци почнав да се опуштам, со изговор дека ех од еден сладолед нема ништо да ми се случи, или ех од еден еклер големо чудо. Ама заклучив дека шекерот бара повеќе шекер, благото бара повеќе благо и така во круг. Барем кај мене така функционира. Сега млатам чоколади на мртво а богами и без сладолед не ми минува денот. Фармерките ме стегаат и потсетуваат дека треба малку да се сопрам ама некако потешко ми оди. .
И јас сум една од тие кои јадат многу благо, а како да не јадеш?? па секој ден малку по малку намалувај и така. Искрено јас не планирам да се откажам од благото (тоа е и здраво на некој начин)
Ќе си купите урми (јас си купувам од КАМ маркет за 49денари без семки). И секој пат кога ми се јаде благо си јадам урми, ем здраво ем не дебелеат, ем многу се вкусни.
По еден ред чоколадо САМО? или САМО едно колаче? Сега издржувам затоа што постам,ама тоа не значи дека не внесувам шеќер.
Да, -само Не е многу еден ред, ниту едно колаче. Подобро да го изедам и да ми дојде душичката на место, отколку да изедам 1 кило јаболки и пак да сакам чоколадо. И овошјето има калории, не се лажете така лесно
Нешто што веднаш ќе ве презасити е само МЕДОТ. Кога доаѓа криза за благо изедете само една лажица мед и ќе се презаситите. Воедно пиете што повеќе вода . Истиот проблем го имав и јас. Порано воопшто не јадев благо, ама еден период пиев некои витамини и станав зависник од благо. Така и се здебелив доста. За три месеци, да не претерам, ама качив 15 килограми . Мојот начин на одвикнување беше само пиењето на ВОДА. Кога ќе добиев мисла за јадење на благо, веднаш пиев чаша вода, а понекогаш јадев и мед. Така полека, полека се одвикнав . .