зависна од.... Здраво ! јас овде сакам да споделам со вас една голема слабост. Значи кога јадам благо јадам без прекин.. можам да издржам цел ден само благо да јадам... се случува во еден ден да изедам 5 6 парчиња торта кроасан и слично... сакам помош од вас како да се одвикнам ... ве молам помогнете ми лошо се чувстувам
епа мораш да се контролираш.веќе не купувај благо или замоли ја мајка ти или кој било да ти помага да не ти дава да јадеш
Порано многу јадев благо, дури и забите ми се расипаа.Но сега го заменив со овошје,мед и црно чоколадо бидејки е здраво,но секако само 2-3 коцки или еден ред Инаку пробајте полека полека, секој ден по малку.Јас на пример со кафето или чајот ставав по 2-3 лажици шеќер но и тука си најдов чаре.Во чајот си ставам мед.А во кафето малку млеко.А убав е и циметот, здрав а вкусен да се стави во некое јадење Секако и какаото во комбинација со вода или млеко е супер замена за нешто благо Овошен јогурт или овошје.Банани,јаболки,портокали секое сезонско овошје.А можете да си направете и овошна салата.Замена за чоколадите се и житните плочки,гранола барс или сушено овошје Секако треба да се пие многу вода бидејки често кога сме жедни јадеме
Ако постои некој што може да изеде повеќе благо од мене Шала на страна имаше моменти кога се запрашував дали е се во ред со мене Ама кога накачив некое килце сега дси терам во нормални количини Првите неколку дена ми беше тешко ама се навикнав
Не постои поголем љубител на чоколади од мене, имав едно време обичај секој ден да јадам по една цела најлепше жеље, што секако ми се одрази на килограмите па се направив ко топче Затоа сега си најдов замена, ако ми се пријаде благо јадам по коцка-две црно чоколадо.
Еве ме и мене во овој проблем И јас јадам многу благо, цело пакување локум можам да го изедам на еднаш без да ми биде лошо. Денес настаничката по хемија ме заплаши кога почна да зборува за зголеменото ниво на глукоза во крвта и симптоми, а тоа може да се случи со зголемено внесување на благо и тестенини. Одма дома проверив и се пронајдов во скоро сите симптоми за дијабетес тип 2 Особено со постојано ми се суши устата, жед, истоштеност и сега и замаглен вид. И се решив гарант намалувам со благото
Не кревај паника веднаш. Прво провери си дали имаш дијабетис. И јас ги имав тие симптоми, проверив, и чисто. Ништо немало. Само сум била дехидрирана. И, сега си продолжив со благото. Незнам како успеав четири дена да не јадам благо. Рекорд! Инаку секој ден си јадев чоколади, кроасани, бонбони, колачи, торти, мармалад, што и да има. Ете меее, се борам против благото.
Абе јас не ни мислам дека имам дијабетес Само ме заплашија симптомите и ме мотивираа да намалам со благото
Само што пишав дека се борам против благото , ете ја сестра ми со цело пакетче ресани. Само за мене биле. Ахх, тоа не можам да го одбијам. Оп, сите ги изедов во еден здив. Сега се мислам, дали да одам бо кујна и да земам медењаци, или пак за вечер да ги оставам. Не ме бива без благо, не..
pa bidi podaleko od niv.trudi se da ne kupuvas.ako jades trudi se da ne bide celo kese ,zemi samo 1 parce (iako toa ne uspeva no DD ) ako se saka se se moze !!!
Јас се прејадувам благо, секој ден. Така си го навикнав организмот и ми бара насекое. Чоколада охх леле многу сакам. Вчера си купив чоколади од Најлепше жеље 4 и поклон чадор, со различни вкусови. Сите ги лапнав до денес ете уште до пола е мелечната обична чоколада, ама како ја гледам... Лакомост? maube Пробав да не купувам ама не можам да издржам. Па јадам што ќе најдам. Ќе го земам тоа еурокремот и една лажица и лап лап дури не пукнам од благо Касни си благо, напиј си се сокче, пак касни си благо, пак сокче кој е ко мене
pa i jas bev takva .morav cokolado,nemozev bez nego,no koga pomisluvav na toa sto moze da mi napravi toa cokolado togas ..........poleka se otkazav od nego ,POTRUDI SE KE USPEES!!
Јас не можам без благо.Секој ден јадам и тоа по многу.Ако не апнам нешто благо нема да можам Ах , морам да го намалам ..
Самоконтрола мора да се има, не оти стварно ви се јаде туку тоа ви е чисто навика да се јаде толку големи количини на благо, јас лично сум голем обожавател на благи нешта и обожавам да јадам во големи количини ама кога ке се рече стоп и крај толку!
Се е до главата, нема слаби карактери, се се може ако се сака ! Инаку за благото како да ја спречите големата желба за благо, можеби звучи глупаво, но мене ми помогнало. Кога ќе добиете желба за благо помирисајте ванила, цимет или некое овошје, стрепете се некоја минута, напијте се чаша вода и пак помирисајте, и желбата ќе ви исчезне или видно ќе се намали, место цело чоколадо можеби ќе издете 1 ред само. Јас си користам и освежувачи за просторија со мирис на ванила или јаболко и цимет и помагаат, па пробајте нема што да изгубите