Идејата да се купат освежувачи за воздух со мирис на ванила и цимет не е лоша . И мене ми има помогнато мирисот на ванила за да ја намалам желбата, но ете не исчезнува, за пола саат пак ми се јаде. А и кога ќе ми се пријаде благо, помислувам на мирисот и си велам ај што ќе се лажам така, да си земам малку благо и тоа малку станува повеќе и повеќе и неможам да престанам Ахх која зависност ми се има развиено од ова благово Мора да се најде начин пред целосно да си го уништам телото од благо
Да јадете повеќе протеини. Да бидете надвор од дома. Да искачате почесто,не во ресторани. Да користите засладувач.
^Мислењево ме натера поконкретно да размислам за мојата ситуација. Често прати сум пробала да јадам повеќе протеини надевајќи се дека ќе ми помогнат во желбата за благо, но приметив дека колку поголема количина на протеини имам во оброкот, толку повеќе ми се јадат слатки после тоа, дури и ако сум прејадена од главниот оброк. Затоа барем според мене подобро беше да внесувам сложени јаглехидрати отколку оброкот да го базирам на протеини, па после неконтролирано да изедам прости шеќери Да бидам надвор од дома... Да, понекогаш помага да ги оттргнам мислите од благото, и да ги насочам кон други работи, но има и некои денови, како на пример денешниов, кога скоро цел ден го поминав во природа и изедов голема количина на чоколадо. Потреба од енергија, или само уште еден изговор, којзнае Излегувам колку што можам почесто, не одиме по ресторани но некогаш мислам дека тоа е дури и полошо бидејќи никој од друштвото не внимава на тоа што јаде, сите се природно слаби па онака рандом си купуваат чоколатца, сладоледи и други ситни нешта со не баш ситен број на калории. Тоа уште дополнително ја отежнува ситуацијата. Последново зависи за какви засладувачи. Вештачките не доаѓаат во предвид со оглед на тоа колку се штетни, а за природните засладувачи секако вредат но не гледам некое решение во тоа. Сфаќам дека проблемот е во мојата глава, прво јас треба да го сменам ставот што го имам кон благото, но убаво знам колку е тешко да се одвикнеш од зависноста од шеќер
Ниеден засладувач до сега не е најден дека е штетен. Сите истражувања се правени на глувци,не на нормални луѓе.
Natren koristam 10godini vo kafe pa nikakva steta ne sum osetila a krizite za blago najdobro gi prebroduvam so suseno ovosje pogotovo so nekolku suvi urmi krizata pominuva probaj
Девојки,вака јас се трудам да ослабам,ама не преку диета,туку преку правилна исхрана .А тоа значи да се намали благото на миниму.И така почнав,неколку дена не јадев благо.Но денес бев во криза.Буквално цел стан го пребарав за да дојдам до нешто благо,целата нервозна бев. Во осмо одделение,цело време јадев благо т.е. чоколади,красани,мини кукис и слични работи.Ги јадев бидејќи долго време ме заситуваа.И во осмо се здебелив 7-8 kg.На почеток на распустов ослабив 1kg.Но од на одмор па се досега јадев како луда благи и се здебелив уште 3 kg т.е. сега сум 52kg за речиси 160cm.Но работата е што имам стомак . Па може да ми помогнете во овој мој проблем? .
И jас имам такви кризни моменти за благо. Место да jадеш кроасани, земи Виталиа барс, има разни, благи се и не би требало да се многу калорични. Ако имаш праска при рака изеди, полна е со шеќер и ќе ти jа намали потребата за благо бар на некое време. Мала лажичка мед би требвло да сврши работа исто, плус е здраво, само купуваjте каj проверени луѓе. Приметив дека ако се ограничувам ептен, после наеднаш ќе изедам и пола кг сладолед, чоколадо, колачи, сѐ што ќе наjдам низ дома, па затоа jадам благо често, ама во помали количини. На пример, ако е сладолед, не зимам магнум, туку некоj дупло помал. Ако е чоколадо, тогаш гледам да се воздржам и да го jадам на неколку пати, а не одеднаш. Кога одиш во продавница место колачи, купи си банана или друго овошје. Прави смуди разни дома, ситни се ептен, плус вкусни и многу здрави.
Па тоа и го правев т.е. почнав така.Ама денес кризата се зголеми.Издеов повеќе од 50г. обланди. и плус од оние Атлантис бобоњерата 2-3 благи.Пробав и да се само контролирам.5-6 пати во денот одев до фрижидерот за да земам благо.А кога ќе стигнев до него си велев дека не треба.Ама денес добив сриозна криза .Навистина сериозна.А кога ќе пробам чоколадо и нешто слично,ја губам контролата и неможам да прекинам.Ќе прекина и по една минута пак ќе изедам уште повеќе.
Пој повеќе вода! Излези на клупа или надвор прошетај пред да го направиш тоа. Елиминирај се што е предизвикувач на тоа.
Ајде мрди од пред компјутер, отиди до кај некоја другарка. Како што вика Стеф, вода пиј, за твоја возраст 1.5 литар дневно е норма. Водата помага во намалување на стомакот, секако, комбинирано со правилна исхрана и вежбање. Ако немаш кај да отидеш, вклучи некое видео на јутуб со вежби и вежбај. Немој да се правдаш пред самата себе, се сожалуваш само така. Сакаш да дојдеш до 100 кг. па после да се чудиш што те снашло? И јас сакам чипсови, благи работи, компири пржени, пици, ама па се си има мерка, мора да се конролираш. Искрено, ептен ми се јаде благо сега, ама место благо изедов праски и се тешам со тоа, доста ми е. Кога идам да купувам намирници, избегавам да влегувам во делот со колачи и чоколади, ги игнорирам исто како да не постојат. Пробај и ти, сигурна сум дека можеш ако сакаш.
Вчера ме фати криза за благо. И реков ќе одам да си купам и така стигнав до продавница и ги гледав чоколадите ама не купив. Си купив нешто друго. И сега ми се јаде ама се контролирам. Додека бев на одмор се здебелив од секој ден благо плус крем.
SV1911,како прво пешачам секое утро.Еве неколку дена сум на тој режим,наместо благи јадев овошје.Но утрово добив многу голема криза.Иста како што наркоманите добиваат за барем малку дрога.И додека се во таа криза,за да стигнат до дрогата,ако треба и ќе убијат.Ете буквално така бев.Вода пијам колку што треба,и тоа обина.Кисела вода не доаѓа во предвид.А утрово за да не ја добијам кризава изедов 4големи сливи и една голема праска.И пак влегов во криза.
Јас ги вклучив и домашните. Сама не можам да се контролирам, па и` реков на мајка ми да не купува веќе крем, сладолед и разни благи стрвчиња. Таа не ми купува веќе, но нели, можам сама да си купам ако сум во преголема криза. За да не купувам, во ташничката, наместо пари, ставив неколку мали бонбончиња. Кога имам потреба за благо, си земам едно бонбонче и терам. За среќа, до сега не сум западнала во преголема криза, па сите да ги изедам. По 1, највеќе 3 на ден.
Секогаш кога ќе ми се пријаде благо, а тоа е многу често каснувам црно чоколадо. За сите вас, пробајте со црно чоколадо да ја смалите зависноста од секакво благо, ем поздраво е, ем појако е и побрзо наситува. Го препорачувам чоколадото од Горенка
Јас без никаков проблем можам секојдневно да јадам мнооогу благо (чоколади, кекси, колачи.......), арно ама се здебелив, скоро ништо не ме собира, па решив да намалам со јадење на благо. Најпрво престанавме да купуваме многу благи работи дома, сепак по нешто мора да има во секое време-ако дојдат гости. Мене кога ептен ме фаќа криза (посебно пред циклус) не можам да издржам, па јадам благо. Инаку, гледам да јадам што е можно повеќе овошје и си правам салати.
Млечното чоколадо заменете го со црно. Постепено намалувајте внес на шеќери... дури и шеќери под форма на пијалоци oд сокови до...засладено кафе, чај и сл. Ако ги пиете со 2 лажички..намалете на 1..постепено исфрлајте го. Пијте какао и јадете овошје повеќе.