И има некое решение? Денес цела фамилија месо јади, јас ко му влегов на то благото, ама како не би, баба едно, вујна друго, тета трето, мајка четврто. Од сите по едно, плус неколку купени и јас настрана да седам од благо? Јас во кратки црти: Идат после мајка, тато, тета, тетин, вујна и вујче кај други роднини, баба си легна, дедо излезе, јас со брачедите седиме во друга соба и му прам: „Сака некој нешто од кујниче?“ сите негираат, си одам си земам благо и пак сликата од погоре. Се осеќам дебело.
Порано јадев многу благо, веќе неколку години пијам кафе чај и останати пијалоци без шеќер, газирано многу ретко (газираниот сок е чист шеќер), избегнувам ефтини слатки и други благи работи што можеш често да ги купиш на попуст во маркетите (90% се составени од бел шеќер) Исто така, јадам чоколади од "популарни" производители, оние што се непознати имиња за мене, не ги конзумирам. Поставете си некои почетни услови на производи кои не би ги конзумирале и придржувајте се до нив
Место рафиниран шеќер јадете овошје. Банани место чоколадо, шеќер од шеќерна трска како засладувач за чај или кафе. Смуди од банани и било кое друго овошје плус вода за доручек, нема да ви текне на благо после него. И никако газирани пијалоци, тетрапак сокови, само минерална (не газирана) вода. Чувството за вкус се регулира постепено. Прво се чини како невозможна мисија, ама откако ќе се навикнеш на ваков вид на исхрана, после процесираната храна воопшто не изгледа привлечно.
едно убаво благо што со сигурност ми ја убива желбата за благо е мед+цимет или врз јаткасти плодови или во некоја течност (чак, лимонада)
Neznam zasto ama ko narkoman za droga e taka sum ja za cokoladce sladoledce eurokremce strudlicka mmmmmm.....e do koga vaka stvarno neznam a eve sekoj den si vikam od utre ne jadam veke tolku ete taka sum si vo depresija i nemozam da si gi vratam onie 57 kg sega sum 67 so 164 sm znaci sto e mnogu mnogu e ama aj zdravje od utre ke pocnam da pazam barem si se tesam taka ((( pozzz do site i kazete kako da ja pottisneme zelbata za slatki cokolatca i palacinki...mmmmm...
Ако постепено го намалите внесот на шеќери.. почнете од шеќер во кафе, чај, какао. Се навикнете на горчливиот вкус, по некое време, нема да сакате благо кафе. Исто со чоколадите и колачите. Заменете ги со црни,горчливи... благи кои имаат минус шеќер и јадете повеќе свежо овошје. Вкусот,потребата ќе ви се смени.
Јас сум баш спротивно,не сакам благо скоро ич не јадам,ама затоа сакам многу киселоо,јадам по 5 лимони на ден без шеќер и слично што е мн.ама етеее