1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ни пријдат

Дискусија во 'Сингл' започната од popaj-maja, 18 септември 2010.

  1. popaj-maja

    popaj-maja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    17
    ок се ги читам темиве и се чудам дали има машки во скопјево ова она сама сум што ми фали набивање комплекси и друго ве молам зашто ние машкиве сме малку поедноставни организми од вас :fubar: да ни дадете некој пример како да ви пријде машко како да ве освои или едноставно како да ви го слушне вашиот милозвучен глас па натаму што му даде господ тоа :$
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Има тема Сакам да прашам, ова можело слободно таму да оди.
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Повеќето машки, не сите, сум приметила дека веднаш симнуваат ѕвезди. Да да знам пак ќе врне е мојот одговор на тоа. Значи пред се поставете се другарски. Ништо нема да загубите доколку има симпатии од двете страни. Јас сакам само нормален муабет, без фолирање, без лаги, побогу знам дека не сум најубава на целиов свет. Не сакам никако напнување. Се нервирам кога не сакам со некој нешто да слушам коментари од типот: јас не знам што таа сака, што уште да направам, да не сака лепотан. Хемија или има или нема, тоа е тоа. Значи, за почеток пријателски однос, без напнувања.
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    Истото го имаше во темата "останаа ли машки во скопјево"

    Повекето и на здраво те откачуваат дрско или пак со цел да те понижи зашто си и пришол
    така да нема некоја поента :?:
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Извини, ама може да бидам искрена???????? Не ме сфаќај погрешно. Вие гледате пред се физички изглед и не ми вели дека не. Пресуден е. И кога ќе и пријдеш на некоја таква, нормално е и да те откачи, тие живеат во свој свет. Има толку многу девојки кои се убави, нормални, зошто не им пријдете нив.
    Еве јас што имам забележано. Машките, ама баш сите, се пуштаат на типки со длабоко деколте, гол папок, минич до пич, мрежасти хулахопки, чизми до бут, на 13 цм. Мислам дека ја доловив сликата. Тие ви изгледаат нормално попривлечно.
    А што е со оние девојки кои се нормално облечени. Нормална должина на минич, нормално деколкте или пак без деколте, или пак во пантолони. Без напупени усни и дреч црвен кармин, без тони пудра на лицето, без залепени вештачки нокти и трепки. Не ви треба само модел кој ќе го шетате покрај себе. Горенаведените фуфици, се пачат на пари, коли...А зошто одбиваат оние понормалнине, па како нема??? Страв, зошто до некаде знаат како функционира машката глава.
    Не напаѓам, но така е.
    И не велам дека женските се цвеќиња и не ги бранам, зошто и ние гледаме физички изглед. Но, кај вас не е ''убавината'' толку истакната. Не носите деколте и слично. Па до некој степен ете гледаме да речеме ликот.
    И има една многу убава поговорка, убавите круши свињите ги јадат.
     
    На GlamorousGirl, vaga95, SexyPrincess и 5 други им се допаѓа ова.
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    На milky-candy, Moonlight007 и Hipica им се допаѓа ова.
  7. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Многу убаво и многу точно... и после се жалат машките не можеле да најдат поштено девојче. Па како ќе најдат поштено девојче кога само дрољите ги гледаат? Да не сакаат тие да се поштени? И после и машките разочарани и женските разочарани -.-
     
    На vaga95, nena2010 и crazylady им се допаѓа ова.
  8. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Нема врска, не е точно дека е тоа одлика на пицнатите девојки со миничи. Од мое искуство процентот на дркостија е сличен независно дали приоѓаш на скромни девојки, рокерки, кремки или што и да е. Од најскромни и најинтектуални девојки имам видено огромни нивоа на дрскотија и мажомразие - така да, не е точна теоријава.

    Второ, процентот на девојки кои се мрзливи е идентичен. Под мрзливи подразбирам девојки кои очекуваат мажот да пријде и да тој ја работи целата работа - додека таа стои таму како кип и не дава ни знаци на живот. Овој процент е идентичен независно дали приоѓаш на манекенки или бубалици.
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Прво, ничија моралност не се мери по облеката и шминката. И откога тоа дреч црвен кармин и вештачки нокти и трепки се знак за фуфуца? А, да не претера помалку,м? Огромен број девојки со ролка до гуша има по ќошињата со мувачот откако го испратиле својот офишл дечко дома и тие се убавите круши од поговорката? И гес вот - ретко кој ги забележува нив бидејќи повеќето ѕверат во тие провокативните, а овие имаат слободен простор за маневар и „ни лук јал, ни лук мирисал„ и пред јавноста видиш морално совршени, а всушност тие се свињите кои ќе придобијат некој фин во секој поглед наивен кој ќе поверува во невиното трепкање на оченцата им без вештачки трепки и на устето им природно некарминосано. А, од друга страна тие провокативните често и со празни раце остануваат поради тоа што се повеќе на мета, секако не сите.
    За мене ни нормалноста ни па моралноста ја дефинира стилот на облекување, а видиш јас си сакам и црвено карминче да си ставам и ноџе во хулаџопче со дезенче да си прчам и вештачко трепче да си метнам па не ме палат коњски сили на увезен автомобил кога го видам на паркинг, ако не ме запали возачот негов независно од возилово претходно. Може некоја има фетиш да се пали по паркинзи на автомобили и гледаш му изведува стриптиз на автомобилов на шофершајбна качена, а алармот вриска од делириум, у јеааа....
     
    На srcekrsacka и Gea им се допаѓа ова.
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    ^^^

    Да се надоврзам на постовиве погоре... :) Мене најискрено повеќе ме плашат девојки кои навидум изгледаат скромно и невино, имаат природна косичка нефарбана, долга, сјајна, на устата само сјајче, нежна кожа, облечени во патичиња и фармерчиња со мали гради и мало газе, слабички... |( Не за џабе луѓето велат - тивка вода брег рони ...Од друга страна пак ако некоја девојка се облекува атрактивно( припиена облека, во складни бои и тренди штиклички), убава шминка(устата истакната, па и трепки да има залепено и вештачки нокти) и средена коса плава, секси парфем на неа - не значи дека е невкусно облечена и непристојна и остава впечаток на спонзоруша која трча по пари...Се што е добро одбрано и со стил, кој не делува вулгарно и селски значи дека е атрактивно...Атрактивно и кичесто(вулгарно) се два сосем различни поими...
     
    На nena2010, srcekrsacka и happynessss им се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Theodora, за да не се расправаме. Има разлика во се...и во боја на кармин и дезенирани хулахопки и они мрежастине на кои јас мислам, има разлика и од деколте до деколте...Нормално е дека нема да идеш ко мумија...Црвениот кармин, го ставив хипотетички еве нека е и розев, зелен...мрежастите хулахопки не се истите оние со дезен...Вештачки нокти.пак има разлика во големина, но јас зборев за се одеднаш...не значи дека ти ако си имала вештачки нокти и трепки и црвен кармин спаѓаш во тие..Туку..сето тоа собрано на едно место...значи подобро само со прслук и танга да искочела..епа извини драга ама има разлика..
    И јас сум имала нокти, и јас одам по миничи и покажувам ноџе, и јас носам деколте, ама без да ми се гледаат брадавици...И јас ставам кармин ама оној кој ми стои..а не да изгледам како карикатура, Ставам и пудра, ама не 10 броја потемна од тенот.
    Нормално е да сакаш да се облечеш и попровокативно.
    Како и да е ..јас имам една слика ти можеби друга...и ок е..
     
    На vaga95 и crazylady им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не се распораваме, Саншајн станува збор за тоа дека не гледам на облеката како на мерило за нечија моралност и тоа е мојот генерален став. Има прилично неморални спакувани во навидум наивно-невина амбалажа.
    Не сум љубител на генерализации, во крајна сметка секој нека се облекува и прави како што милува, бидејќи и вака и така секој се сноси самостојно со последиците од своите избори и постапки па какви и да се тие, ;) .
    Доколку наместо разноликост имаше униформност и во облека и во размислување и во моралност не ќе имавме ни теми за дискусија, :) .
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Мене целта на постот не ми беше таа, туку баш напротив, моралот не е само во гардеробата...Целта ми беше само дека машките поврторно го избираат она попровокативното..не зависно дали до неа има некоја исто така провокативна...
    Пр, идеме во парк...и проаѓаат типки средени топ во панталони..на машкиве не им се допаѓаат, излагаат пред нас 5 во миничи, која од која поубава..но само една од нив малку повеќе се одвојуваше(беше највеќе разголена)- и ааа брат е оваа ја бива..А зошто другите не ги бива..Кога некој не познаваме лично, нели не можеме да знаеме за моралот??? Мене тоа ме нервира...затоа и беше тој пост. И после ќе му се погоди некоја лоша...ќе пати. Следен пат ќе има прилика да има гром девојка ама ќе се води од предходно искуство.
     
    На vaga95 и crazylady им се допаѓа ова.
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Па и на ова и мислев претходно - и вака и така секој се сноси самостојно со последиците од своите избори и постапки па какви и да се тие, ;) . Само лошата може ќе е од таборот на навидум скромните.
    А секој од нас треба да го исфрли од употреба пренесувањето на лошо искуство од минат партнер од претходно бидејќи едно е незрело друго - никој тоа не го заслужува пр. те опсипува со патолошка љубомора бидејќи претходната го изневерила, стоп - знак веднаш, неоправдано е некој од старт да ти укаже недоверба поради минати трауми, ако не ги надминал и не е спремен за нова врска нека не троши туѓо време.
    А машките се визуелни типови факт е дека повеќе месо на тацна повеќе ги привлекува како месождери :D ама првиот впечаток не значи и краен избор на девојка како за официјална врска и згора на се‘ сигурно не значи дека провокативната ќе одговори на повикот на дивината на сите ловци - не може никоја да постигне толку и покрај најдобрите намери, :D .
     
    На zhap4e, srcekrsacka, happynessss и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    најпрво машкото нека пријде другарски, па постепено да се зближуваме, да дава знаци дека има нешто и на крајот...... :*
     
  16. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Моето прашање е зашто се палиш на мажи кои се палат на миничи? :^)

    Малку у форма на шала го кажувам ова, ама во основа кога велиш "Мажите прават x" - ти откриваш какви мажи те привлекуваат. Зашто? Бидејќи нив ги гледаш што прават.

    Јас цел живот повеќе сум бил по алтернативки, ексентрично-интересно облечени, рокерки, уметнички облечени итн. Немам ништо против цурите у миничи, и понекогаш и со нив зборам, ама не толку често.

    Сакаш да кажеш дека не сум машко :rofl: Бидејќи според тебе машките летале по миничи. Баш пред некој ден упознав на улица една девојка од странство - ја прашав од каде е, бидејќи беше уникатно/интересно облечена. Испадна не била од тука.

    Ама она што проба да ти го посочи теодора е дека типот на облека нема врска ниту со морал ниту со карактер. Ти демек сакаше да кажеш дека тие девојки биле лоши, така да мажите си го заслужиле патењето - а нема врска.

    Типот на облека што го носи девојката не ми кажува дали е фина - може да е ангел, може да е ѓавол. Ја бар знам бидејќи имам упознаено илјадници девојки во животот сум приоѓал - нема никаква корелација облека со карактер, ти гарантирам.

    И да, нема врска ниту со нивото на провокативност. Сум запознал интелектуалки облечени супер-провокативно, и девојки од најниско ниво облечени како бизнисменки или калуѓерки или whatever.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ххах нема врска гардероба, мене искрено некогаш знае окце да ми забега на тотално умтенички стил на гардероба па макар речено хипстер, а некогаш кога ќе видам костомусан на точак ми е брејјјјј, тоа е реалтивна работа додека не стапиш во контакт.

    Туку најслатко приоѓање имав на пиво фест, и јас сликав пред сцена и тој, нареден ден дојде со пиво од Блегија со вкус на цреша ми го даде, седнавме на ридчето муабети, таа спонтаност што ја добив ми беше најпрекрасна, зборење за фотографија, разменување мислења, без оние работи вауу ваква си, онаква си. Нема потреба да се вели дека жените се комплицирани само начинот на пристап, сигурно нема да му обрнам на некој што свирка по мене или ми се прави мачо мен. А гардеробата може само да биде онака прв впечаток да ти забега окцето ништо повеќе.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Среќа изгледа што сум налетала на вегетаријанци цццц па и покрај тоа што си јадат месо, не им било потребно моето месо на мегдан за по запознавањето да сакаат да продолжат да се гледаат со мене.
    Веќе напишав во една тема за тоа што ме привлекува кај едно машко и дека нема никаква врска тоа со нивниот физички изглед или интелегенција, а дека се тоа почнува пред јас да укапирам дека човекот има многу во себе си. Па мислам дека и баш таквите со кои јас се поврзувам се мој сој на луѓе, за кои месо на тацна е "one night stand" мада може да има и многу повеќе во девојката, не мора да значи дека е само за до таму. Ама ете, претходниот дечко, кога се запознавме бев баш облечена во патики, во фармерки и сосема обична маичка. И не, косата не ми беше во опавче, ретко кога ми е фатена и не, не носев тон пудра на себе си, впрочем ретко кога си го кинџурам лицето со многу шминка, а само креон, ниту сјај на уста ниту бутур. Згора на се бев капната од премор, затоа што учев за испити ко луда. Но е, по таа средба имаше уште неколку, по што испаднаа 8 години.
    Сегашниот дечко исто го запознав у некое исто издание облечена, само место патики носев ниски чизми. Всушност со него дури и се уште немам облечено штикла, немам облечено минич, деколтиња.
    За начинот на кој ми пришле ццц тоа што сум го осетила од старт и за едниот и за другиов, беше прилично доволно да не мора многу да се мачат во зборењето, да изведуваат некакви бесни глисти, не знам какви фрази да употребуваат. Било сосема спонтано, сосема опуштено, сосема нормален муабет од кој почнало се. Или тече муабетот или не тече, просто е и едноставно. Флуид си има со некои луѓе, со други сакаш нека бидат манекени, најзгодните, најтоп облечени, згора на се од НАСА дојдени џабе.
    Впрочем, ако некој од нив двајца изведувал бесни глисти, ми употребил фрази за паѓање во несвест, сум се гледала со него на места на кои што требало да се дотерувам одповеќе одошто инаку би јас кога се среќавам со некој... тешко дека ќе било нешто.
    Таков дефинитивно не е за мене. Нит мене би ми било убаво со него, нити пак него со мене. А, баш ко што вели Љубам. Таков стил на запознавање и приод имаше и со двајцата. И тоа е тоа. Нема филозофија некоја. Ако ме привлече фино, ако не, пак фино де. Од другари никогаш доста. (мада брзо завршува таквото другарство)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Алек, вака....Јас не сум девојка која се облекува уникатно и онака како што наброја ти. и мене нормално е дека ме привлекуваат некои кои сакаат девојки во миничи.
    Друга работа е што ти упорно не можеш да сватиш во ниедна тема, за што зборувам јас. Значи не зборам за некој дечко што ми се допаѓал лично мене. Туку зборам за кругот на пријателите, братучедите.
    Знам да читам фала, а теодора сосема јасно напиша. Нема врка со морал точно, но мора да признаеме дека има и претерани случаеви.
    Јас ако е за тоа ги осудувам и оние со ролки, можела малце подобро да се облече.
    Никогаш неможеш да знаеш што се крие под гардеробата.
    Во секој случај, сите имаме различен круг на пријатели, ти си наишол на едно ја на друго.
    Јас сум наишла и на девојки кои со сила се правеле расипани. И на онакви кои се прават невини. Но кажувам во глобала.
    Си тргам и од себе. Јас не се облакам препровокативно, но кога ќе излезам јас (дотерана средена во кратко во деколте небитно) и другарка ми(во панталони, маиче уз врат) пак ми се лепеле мене.
    И не значи дека не си машко ако не гледаш девојки по миничи. Треба да си горд, и да кажеш еве девојче, јас сум ти доказ за обратното.
    Она што јас го имам видено не можам тебе да ти го докажам(а немам ни намера), зошто не си го видел ти тоа. И обратно.
    Само сакав да кажам дека треба да се гледа убаво, не само да се цени според амбалажа.
    Еве сега нешто ама без навреда. Што сум јас полоша од некоја со поголеми гради од моите, или пак подобра од некоја со помали гради од моите??? Може баш таа со помали гради да е далеку подобра особа, далеку подобра во кревет. тоа ми беше целта. Се надевам сега свати. и пак ке ти кажам, спорред она што јас го имам видено, не ти. Не од дечко мој, туку другар.
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Ја исчитав темата од почеток и се најдов во визуелните типови како што кажа Sunshine88. Што пократок минич, големи гради и долга коса ќе приметам на километар и нормално на таа ќе и пријдам прва.

    Сепак тоа е визуелното и го предизвикува првиот чекор за интересот да и направиш муабет да се запознаете. Ако девојката нема нешто во неа што те привлекува над физичкото или па нема ништо во главата, нема машко што држи до себе кое ќе остане повеќе од еден ден со таква девојка.

    Така да точно е дека паѓаме на физичките атрибути и сакаме разголено и провокативно ама тоа е само амбалажата која не мами да го отвориме пакетот. Внатрешноста на пакетот (ако ја има) е тоа што не тера да останеме со таа девојка за подолго :hai: .
     
    На lolyta777 и Sunshine88 им се допаѓа ова.