1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ни пријдат

Дискусија во 'Сингл' започната од popaj-maja, 18 септември 2010.

  1. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Sunny, не те разбрав ја погрешно, него ти мене. :*

    Општо познат научен факт е дека човечката перцепција зависи од вкусот и верувањата. Ако купиш например плава кола, каде и да одиш ќе приметуваш плави коли. Ако обремениш, каде и да шеташ, насекаде ќе гледаш бремени жени.

    Тие плави коли секад постоле, но нашата перцепција го гледа и регистрира она што не интересира. Значи ја кога ќе чујам Мирко како генерализира (жените се вакви и вакви) - јас знам какви жени го интересираат. Бидејќи баш нив ги приметува, и од нив генерализира - и нормално, со такви у друштво ќе се стави.

    И не, не мислам дека сум исклучок со тоа што не трчам по миничи. Да беше вистина дека (речиси) сите мажи трчаат по миничи, тогаш само девојките со миничи ќе имаа дечковци. Чиста логика - не? Најголемиот број девојки не се облекуваат провокативно, а сите упознаваат дечковци и им приоѓаат типци итн итн.

    Тоа дека повеќе глави ќе се свртат по девојка ако е разголена е чиста вистина - објективно, да - али не мешај вртење глави со приоѓање, интерес, романси итн.

    Второ (побитна поента) - ми беше тоа што викаш мажите немале право да се жалат ако добиле лош третман од женско на приоѓање зашто бркале миничи. Мене главната поента ми беше дека нема врска со облеката. Голем процент на скопјанки се чиста злоба независно како се облечени. Може типот најфино, најдобро и накултурно да се претстави - девојките ќе го уништат и понижат целосно - нема врска како се облечени.

    Интересен линк:

    Твоите верувања ја формираат твојата реалност. Ако веруваш дека мажите повеќе се лепат кога си по-провокативно облечена, тогаш повеќе мажи ќе ти се лепат на провокативна облека.

    Еве еден добар пример, зирни го видево со типкава што прави експеримент со провактивна облека.
    http://vimeo.com/12030156

    Она демек сака да докаже дека светот боље ги третирал подотераните девојки, меѓутоа заборава една работа. Примети колку е посамоуверена, шарманта и харизматична кога е дотерана. Баш коментаториве на видеово сите го приметија тоа.

    Кога не е дотерана се понаша ептен несигурно, а кога е дотерана е харизматична, и после мисли до облеката била фората. Не е.

    Тоа фешн индустријата успешно им го продаде на жените за да извади профит од вас. Сакаат да се чуствувате несигурно кога немате шминка и облека и све тоа. Сигурно знаеш (сите знаеме) - има девојки што не ставаат ни грам шминка, облечени лежерно, а мажи им се лепат како чудо!! Психологијата чудо прави. Харизмата не е привлечна само кај мажите, и кај жените прави чуда.
     
    На zhap4e и marama им се допаѓа ова.
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Абе, срце не викам дека немаат право да се жалат. И кажав, ете нека не е минич нека се фармерки..Не зависно...Туку ги осудуваат сите оние кои визуелно наликувале на претходната. Зошто фураат еден стил. Зошто во тој момент на запознавање го гледал само физичкото, не зависно во каква амбалажа спакувано. Во денешно време поретко ќе сретнеш некој, кој пред да стапи во било каков физички контакт ја запознал особата целесно или барем делумно доволно.
    А да, скопјанки се такви, се сложувам. Глумат лудило, недостапност. Без навреда девојки од Скопје(и ја спаѓам тука).И сето тоа пак зошто некој си така наречен фраер предходно си играл.
    Значи, сакам да кажам, дека не треба да судиш од прв пат, по надворешен изглед, да фураш само еден стил. Запознај ја таа особа...нормално доколку би сакаал нешто повеќе, зошто од форсирања нема фајде.
     
  3. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    А како ќе ја запознаеш особата без да пријдеш. Не мавам иронија у случајов, стварно ме збуни.

    Велиш дека треба да ја знаеш личноста пред да пробаш нешто. А како да ја запознаеш без да пријдеш? Не сфаќам?

    Мислам, нормално дека на личност која што не ја знаеш ќе пријдеш гледајќи го само физичкото, сеуште не се знаете. Како ќе ја запознаеш нејзината личност од далеку? Телепатски?

    Нормално дека ако не ја знаеш приоѓат поради физичкото, и си спремен да го запознаеш карактерното. Како ќе го знаеш карактернот пред да пријдеш? Телепатски?

    Повторно не мавам сарказам, стварно нешто не сфатив. Може да ми разјасниш?
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.561
    Пол:
    Женски
    А што велите да се разберете преку пораки? Бидејќи темава е како сакаме да ни пријдат, па не би биле лоши коментари околу тоа како сакаме да ни пријдат.


    Јас сакам директен дечко, не сакам да ми симнува ѕвезди , да ме мота месец дена за да ме смува или што и да е. Се разбира. сакам разговор, по можност да е фин. Ако почне со вулгарни коментари добива корпа. Иако сакам да е директен сепак не сакам да е тоа многу нападно.


    Плус сакам Алек да го прашам - дали мора месец дена карактерот да се запознава, нели може тоа уз мување? :$ :lol:
     
    На crazylady и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Не го сфаќам прашањево? Што има врска со било што кажано до сега - било од мене или било кој во темава? Не видов некој да спомнува запознавања со месеци или дали карактер се запознава или не од мување.
     
    На BlackCat му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не е поентата во тоа колку ќе се залепат квантитативно мажи кај некоја девојка во една ноќ туку квалитетно поминатото време, а веројатноста за тоа взаемно зборувам е дискутабилното и каменот за сопнување во овие пристапи.
    И не сум ич љубител на генерализации во смисол дека сите опкружени со доста луѓе без разлика на пол се харизматични може се сангвиници по темперамент, а харзиматичен може да е најголемиот колерик па пак никој да не го дружи поради одбивната фацијална експресија. Така да харизмата е двонасочна улица има тешко достапни, а привлечни и високо харизматични индивидуи истовремено.
    Во крајна сметка вака излегува дека сите во пар се со невидена харизма и прекрасни личности, а сингл остануваат персони нон грата што е нонсенс. И статусот ин или аут оф рилејшншип трпи промени и нема многу врска со поседување или не харизма или па познавање на психологијата воопшто.
     
  7. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Theodora - си чула за black&white thinking? Не реков дека или си харизматичен или си лузер што нема пријатели ниту дечко/девојка. Ниту реков дека секој што е харизматичен е добра личност. Ниту реков дека харизмата влече квалитетни луѓе (наспроти квантитет) итн. Све тоа сама си го проектира. Не беше тоа темата.

    Темата беше привлекување приоди и внимание од спротивниот пол. Толку.

    Примерот со харизма го дадов само како интересен пример да докажам дека шминката/облеката сами по себе не привлекуваат.

    А како аргумент го дадов тоа дека има харизматични недотерани девојки кои привлекуваат далеку повеќе внимание отколку нехаризматични дотерани девојки.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ти беше потенцирано сите знаеме што звучи како старт на генерализирање.
    Не сметам дека харизмата е во корелација со шминка или облека.
    Друго јас размислувам во сите нијанси на виножитото така да пак ќе ти потенцирам не е воопшто значаен статистички показател квантитативниот пристап меѓу луѓето ако не дојде до квалитетен спој и стимулација на интелектуален или сексуален или било каков веќе спој зависи кој какви мотиви има, така да мене ми е небитен сувопарен податок кој е поголем жив магнет и на кој начин бидејќи тоа по дифолт не значи поуспешно спарување бидејќи не секогаш кај повеќето опции се бира правата, некогаш и една е вредната опција.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Алек зборев за тоа, откако ќе и пријдеш на било каква особа, да не целиш веднаш кој нешто(врска, мување), туку да пријдеш се запознаеш....и потоа, полека но тоа да не трае и долг период, да ја запознаеш внатрешноста на особата.
    И зошто темава ја сфаќате како приоѓане -упознавање.....Јас повеќе ја сфаќам, како да ни се доближат, како да ни дадат до знаење дека нешто сакаат.
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме Теодора не е генерализација, кажано е во смисла дека станува збор за општо познато нешто дека и ваква појава постои, дечки кои освен што се интересираат за дотерани, разголени девојки на штикли, има и оние поинакви кои преферираат поинакви девојки, можеби по андерграунд стил, спортски итн итн.
     
  11. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Не правев генерализација, туку напротив, ја побивав.

    Дадов пример дека АКО споредиш XY so AB дека некад XY добива повеќе внимание од AB. Не реков дека X секогаш иде во тандем со Y, ниту дека A секад иде во тандем со B. Ниту инсинуирав дека има било каква корелација нигде. Ти сама некако тоа си го прочита.


    Дај дете не ми објаснувај статистика и научна методологија. Ме барале за демонстратор по двата предмети.
     
  12. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Ама како, ако девојките, голем процент уште во првите 0.5 секунди маваат ѕид на сето тоа? Значи темата беше дека има голем процент девојки кои не ни дозволуваат да види зашто пришол типот. Уште од здраво го сечат. Може бил заинтересиран да ја запознае како личност.


    Па бидејќи мора прво воопшто да имате некаква комуникација. Мора прво да се упознаете за да уопште стигне до фазата за која ти збориш. Све тоа поврзано.

    Мажите се помалку и помалку приоѓаат поради истата причина. Независно дали збориме за иницијално запознавање или доближување како што го велиш ти. Генерално се изгорени од целиот процес и се повеќе и повеќе чекаат од девојката.
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Убаво што се испофали за семејната образованост само цела слика се разби за тебе на парчиња со тоа што се обраќаш со АБЕ и не ме интересира колку години имаш само што без разлика на тоа јас со моиве не сум дете за никој друг освен за моите родители.
    Не се труди да ми реплицираш веќе бидејќи освен изразена дрскост и пофалби друг впечаток не стекнав за водење здрава дискусија.
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Алек факт е дека како што мажите бираат на која да и пријдат, така и девојките бираат кој сакаат да им пријде. И ти нема да пријдеш на девојка која не ти изгледа привлечна од прва нели?!? Така е и со девојките. Едноставно некои луѓе не ги привлекуваат и затоа не им даваат шанса да ги запознаат, макар што постои и друга категорија на девојки, кои чисто ради забава даваат корпи, бидејќи се поголеми фраерки пред другарките.
    И јас не знам како да се себе убедам да прифатам дечко кој што не ми се допаѓа, ми пришол и почнал муабет. Ради чиста култура и јас ќе продолжам со муабетот, но имам приметено дека така само уште по голема каша се прави, бидејќи ради учтивоста јас сум дала некому лажна надеж, а мојата учтивост била во стилот „евентуални другари“.
     
    На vaga95, EleMental и marama им се допаѓа ова.
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Зошто маваат ѕид знаат самите тие девојки, нели? Нема да ги судиме ни нив, ниту пак оние машки кои се откажале од првиот чекор.
    И зошто мораш на секој кој ќе искоментира, да вратиш, и одма сите ние погрешно кажуваме, грешиме. Значи ок е. Ти со твое гледиште ние со наше.
    Кој бил заинтересиран да запознае некого карактерно, не секогаш можеме да знаеме...Секој има различен пристап. Ти си оној кој велеше дека не генерализира, а пак го прави истото. Упорно...Сите скопјанки, голем дел девојки. Значи пошто толку знаеш, сигурно си видел, па затоа збориш така...
    Значи сите ние за тебе обични смртници, пошто ти гледам многу баран си(што немаше потреба во оваа тема да го ставаш)...исто ко и ти, нешто сме виделе и за тоа збориме. Не можеме да кажеме нешто кое не го знаеме.
    И што е со тоа упорно, машките се изгорени.....Незнам само колку пати до сега го прочитав тоа од тебе.
    Од сите девојки заедно на форумов, немам слушнато толку да се жалат на тоа дека се изгорени од машките колку што ти тоа го потенцираш....
    Машките и женските ретко наоѓаат заеднички јазик, ретко кога можат во целост да се сложат, и не го барај тоа на женски форум.
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    ее фала богу некој пиша

    или од здраво или после 2 збора ке го откачи и ке се прави леле како ги газам лугевоо

    ова не од лично искуство него од муабети што се вртат во машки друштва :fubar:




    едит

    не го свакајте погрешно алек , он само сака да ви објасни како стојат работите од машка страна :!:
     
  17. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Теодора-Ти беше со мене дрска 3 реплики ме напаѓаше, не глуми жртва.

    Ммм, па не се разбирам како се збори на форуми. Во живо некој ако те цитира, обично им одговараш на тоа што те прашале/коментирале тебе лично.

    Не коментирам на секој на темата, туку само тие што лично на име ќе ме повикаат или ќе ме цитираат. Не знам, ако ме праша некој нешто, обично у живо се одговара - не знам како иде на форуми.

    Да. Тоа е друга честа разлика меѓу машка и женска комуникација. Машкото има потреба да објасни и да биде "сфатен", а жените тоа го сфаќаат како нападност и агресија. Мажите и жените различно комуницираат
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Бев дрска со тоа што имав мое мислење различно од твоето, а - хам.
    И не глумам жртва, не ми лепи етикети кои не ми одговараат ни на тен, а најмалку на карактер!
     
  19. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Пуштање и флерт прифаќам строго на ЛП.
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не си ласкај, :) .