1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ни пријдат

Дискусија во 'Сингл' започната од popaj-maja, 18 септември 2010.

  1. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Уф, не знам, зафатен сум цела недела, не можам оваа недела. Може другпат?
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не знам кој дел од не си ласкај не ти е јасен :?: ?
     
  3. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Не сум заинтересиран за сериозна врска, сори. Немам време.
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Theodora срц, ќе ни ја стават темава по клуч, после како Алек ќе ни дообјасни. И мислам што знаеме ние жени сме нели??? Он збори од машки аспект, ние изгледа од марсовски..така ми личи мене.

    И што ако ни ја кажуваш ситуацијата од машка гледна точка, па тоа веќе го знаеме, мислам дека си машко де. Ние кажуваме од наша гледна точка.....крај!!!!
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Од кој контекст само извлече заинтересираност било каква од моја страна за тебе баш ме интересира :rofl: .
    И ако си правиш илузии дека ме нервираш или па ме интригираш, престани веднаш - ќе ти шепнам виртуелно дека не е така, :nod:
     
    На Sunshine88 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Sun у право си

    Ајде да се вратиме на темата онда. Инаку мислам дека повеќето не беше машка или женска перспектива, мислам беше неутрална - особено делот за тоа какви девојки привлекуваат зближување/привлекување - дали е побитен карактер, понашање или облека итн.

    Назад на темата - Што мислите најбитно да се привлече од ваше искуство

    1) Машко внимание
    2) Зближување откако веќе се знаете?
     
  7. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Како и да е...маживе имаат многу слаба инвентивност за да измислат нешто и да се приближат...
    може колку и да имааат желба...се да остане на пуста желба...
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Индивидуална е кај секого желбата за пристап и начинот на кој сакаме да ни биде пристапено, е сега што се подразбира :?: инвентивност не мора да ми пристапи со податокот дека има докторат по квантна физика или измислил нов вид равенки или па да врши копирање на некое сценарио кое го нашил на некој сајт за запознавање значи дежа ву копија на украдени туѓи чувства и замисли. Јас лично сакам спонтаност и природно претставување без глуматање, а ако под инвентивност се бара некој екстра оригинален пристап кој ќе го натера да биде нешто што во суштина не е - значи од старт јас сум причината за неговото фејк преставување пред мене т.е. моите очекувања довеле до тоа. А ако инвентивноста му е во крв - тоа е веќе друго, само тоа е раритет :!: . Само ова со инвентивноста е двојна оштрица ако на било која од нас и се прикаже живот кој може да се изживее адреналински и иновативно за краток период, ќе го бара тоа чувство трајно, е тука веќе има проблем во однос на обезбедувањето на тоа :D .
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Ко прво, сите нека се опуштат малку, ако е прашањево за во диско... значи и машки и женски, викенд е, или не е, опуштете се, играјте/денсајте, насмевнувајте се. А не ко здрвени, како да ќе се расипе шминката, како да ќе ви се згужва раструри облеката...
     
    На Lunadeeztac и aleknovy им се допаѓа ова.
  10. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Мислев на инвентивност која произлегува од индивидуалноста и креативноста на самата личност,најнормално...и секако да е трајно,таков да е во суштина...
    значи тука од прилика би бил овај последниов опис што го имаш дадено..
    а дека е раритет...да секако дека е раритет :!:
    никако не сум за конвенционални начини на живеење на животот... ;)
     
  11. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Читам,читам,читам и за одредени работи не можам да ги разберам машките...

    Дечки, изгледа влегувате со големи очекувања во целава работа...
    Па гледам зборови "изгорени" биле машките."Изгорени"?

    За мене приоѓањето е авантура.Може ќе ја запознаам мојата идна сопруга,може ќе се смуваме(брзопотезно),може ќе се спријателиме само, и ништо од она другото,а може
    и да се смуваме(брзопотезно) а потоа да следи и сериозна врска со сите нишани,а може
    и ништо да не бидне од горенаведеното.Не знам,затоа и ми е интересно.

    Второ,ако си задоволен со тоа што си го постигнал било да е тоа на едукативен план,
    креативен план(на пр.се занимаваш со сликарство во слободно време,или музицираш-
    свириш еден или повеќе музички инструменти)или пак си го прошетал цел свет итн.не
    гледам како корпа од девојка што првпат ја гледаш и ти се допаѓа,може да те изнервира
    или разочара.

    Инаку во врска со пристапот јас сум директен тип.Не приоѓам на девојка во поголема група
    (6-8 па и повеќе цури заедно).Ако ми се допаѓа типката ја меморирам и ја "напаѓам" кога е
    сама или 1 на 2.(Само 1 на 1,или ако е со една другарка). :)
     
    На crazylady, Theodora, XMaN и 5 други им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.562
    Пол:
    Женски
    Ова ми се допадна. Повеќето девојки, момци излегуваат, па и јас со 5,6 души и сакаме некој да ни пријде. Тоа е толку неверојатно затоа што секој се плаши од корпа, посебно пред толкава толпа. Сум забележала кога излегувам со помало друтво (обично 3) секогаш има некој кој и се пушта на било која од нас. Па и мене би ми било срам пред сите мои другарки да му пријдам на некој.
     
    На crazylady, lovely91, SexyPrincess и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    59
    Досега сум искусил 2 „болни“ корпи, со едни фуфи, што носот да им паднеше на улица, немаше да се наведнат да си го земат. Пијан бев, не ми замерувајте :D

    Иначе, на темата, си приоѓам директно, се претставувам кој сум, дали ќе може да се запознаеме. Ако е девојката заинтересирана, фала богу дека ќе продолжи муабет. Ако не, фала на пажња, и пријатно-создавје. И сите биле учтиви. Изгледа сум ги годел, девојчиња-домаќинчиња :D

    А сум бил сведок и на такви, ај да ги речам понижувања, во кои девојката ќе го направи дечкото подолу од ла.но, и ќе си го полни егото со тоа што го омаловажила. Дечкото ги наполнал гаќите дури собере храброст да и пријде, а таа да го вреѓа. Сосем непотребно, if you ask me.
     
    На marama и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Интересен муабет сте разврзале и ретка привилегија е да се слушнат мислења и од женски како и од машки аспект :) . Колку и да се трудиме да се разбереме сепак ќе остане фактот дека зборуваме и мислиме на различен начин така да нормално е дека одредени постапки ќе ги тумачиме сосема различно и најчесто и така ќе дејствуваме чудејќи се зашто ОН/ОНА не ме сфаќа?

    Инаку по темата.

    Се согасувам со претходно напишаното дека најголем дел од Скопјанките се дигнати и глумат лудило. Без навреда за девојките, но сум видел жени во странство во повеќе земји но толку дигнати фуфи како во Скопје ретко се наоѓаат на толку мал простор :D . Сепак не се жалам, тоа се нашите девојки па кому не му се допаѓаат нека си брка на страна. Јас си решив сакам НАША девојка и сум ги прифатил со сите нивни мани и доблести. И покрај глумењето лудило, недостапност и незаинтересираност ако успеееш да „скротиш“ Македонка и да ја „убедиш“ да те прифати и засака тешко да има подобра жена за партнерка. Никогаш нема да ти биде досадно а ќе те подржува, тинтра и сака до бескрај, нормално под услов ако си и ти на ниво со твоето однесување :) .

    Така да дали ќе ми мавне корпа, една, две или три не ме ИНТЕРЕСИРА, око не ми трепка. Ако ме заинтересирала девојката има да дознаам СЕ за неа, со кого искача, каде искача, каде живее, кои и се другарки, има или нема симпатија и ќе ја „ловам“ ако треба со месеци додека не ја запознаам подобро. За секоја девојка има начин и методи да и ги „скршиш“ системите на одбрана кои и таа најверојатно ги ставила за да не биде повредна и „заебана“ од некој фраер. Не треба да се заборави дека и на најјаките фуфи барем еднаш некој им го скршил срцето така да и тоа треба да се има во предвид кога ќе се добие корпа од некоја таква или од понормална девојка. Никоја, ама баш никоја девојка со стил и ум не сака да биде легната и шутната или пак некому да служи само за забава.

    Приметувам повеќето мажи се жалат жениве немале усул при одбивањето и мажите биле изгорени. Епа изгорени се кога немаат осет кога и како да се пуштат. Не се пуштај ако немаш барем некоја индиција дека ќе успееш и најпосле, како тоа ја прашуваш МОЖЕ ли да се запознаеме??? Никогаш не прашувам жена ДАЛИ МОЖЕ, ако сакам да ја упознаам и приоѓам, и делам комплимет од срце и си заминувам, не морам ни да сочекам да ми даде одговор дали може или не. Јас ќе се потрудам следниот пат пак да и бидам пред очи да ме запримети и пак може ќе и уделам комплимет а може и само ќе и се насмевнам :) . Дали и кога ќе прејдам во акција (ако она не земе веќе иницијатива) ќе решам спонтано според текот на настаните. Жените даваат често пати сигнали меѓу редови само не секое машко знае да ги види и правилно да ги протолкува.

    Некои мажи забораваат дека има девојки кои треба да ги бркаш и да ги убедиш дека си ти најдоброто за нив. Девојката треба да се убеди дека со тебе нема да се зезне и дека си ти НАЈДОБРОТО за неа. Ете затоа повеќето девојки маваат „корпа„ во 0,5 секунди. Чим на физички план не си и НАЈ НАЈ јасно дека ќе ти мавне корпа. Сепак ако толку те интересира убеди ја дека погрешила, нивно е да кажат НЕ, наше е да ги убедиме да кажат ДА :) .

    Денес повеќето мажи изгубиле осет што значи да бркаш жива девојка а не виртуалена на Фејсбук а жените заборавиле дека има корпа и корпа и дека дигањето его при откачување освен моиментална сатисфакција на моќ не носи бенефит на долги патеки.

    Како и де како што спомна некоја девојка претходно, не е битен квантитетот туку квалитетот така да мажи или жени наше е да си го најдеме капачето или барем да се потрудиме капачето да не најде нас :) . Се друго е привремено и непостојано.

    Пс. Знам дека постот личи малку фалбаџиски или шовинистички (на моменти) но искрено не ми беше таква намерата, ако така сум прозвучел се извинувам :?: .
     
    На nela.oh, Princess.S, crazylady и 14 други им се допаѓа ова.
  15. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Леле човечеееее браво. Озибилно браво. Секоја чест. Многу точно и искрено напишано.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  16. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141


    ВООПШТО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ !

    Како тоа стоиме како „кип“ и чекаме се вие да завршите?!
    Дефинитивно не е така! Еве лично за мене, живеам во мал град и колку-толку луѓето се познаваат сите со себе. Така да, ако ми пријде некој кој знам дека вреди, да ја тргнеме физичката убавина на страна, зошто да не разговарам со него?! Нема смисла, нели? Баш би ми било пријатно со човек на исто интелектуално ниво, и плус згоден да разменам некој збор. Напишав згоден, бидејќи самиот пристап и начин на разговор го прават згоден, без разлика кој-како изгледа.
    Оф-топик:
    Како и да е, веќе реков дека живеам во помал град и не знам како е во другите поголеми градови низ земјава, но искрено машките тука имаат голем проблем при пријдување на девојки. Дали е тоа што си ја имаат цената кренато повеќе од нормално, или големо влијание има врз нив друштвото, бидејќи така функционираат запознавањата тука. Малце е жално.

    Ме интересира дали е истото и во други градови низ земјава или само кај мене? Бидејќи ако е само тука, не знам што ќе се прави. :lol:
     
  17. ouyeah

    ouyeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    средена коса плава аахаха...да не се опиша себеси...или каква сакаш да бидеш? шала на стран зш баш плава?
     
    На vaga95 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    24
    Искрено доколку некој ме интересира и ми е во близина зошто да не му пријдат и поразговарам со него иако сум женско? Може да се најде начин...Не мора баш секогаш машките да почнат први.Мислам дека уште поинтересно ќе биде ако женското пријде и почне со запознавање со еден краток разговор колку да заинтригира и да се повлече па машкото да продолжи со " ловење".Па после ќе се запознаат и ќе видат што како...(сепак женската страна може да не се дава некое време ќе е поинтересно) :)

    Тоа е една опција да се избегне секојдневна монотонија на пуштање од страна на машки...

    Исто така да се вратиме на класиката :) Луѓе кога бирате мувачица, девојка, другарка сеедно...нема само да ја шетате со вас ќе треба и да разговарате затоа е важно бар колку толку да сте на исто интелектуално ниво.Како што реков ако ви се допадне нејзиниот/неговиот изглед(не облеката и шминката тоа е променливо ;) ) и приоѓате и се запознавате.И се така започнува потоа следува здраво како си при видување па запознавање подобро и другата особа веројатно ќе намириса какви ви се намерите со неа...
    Ако сака да возврати ок продолжувате да се зближувате...ако не или ќе останете другари или чао довиѓења. 8) Корпа е корпа и двајцата губат нешто а не само тој што пришол..не се разочарувајте има време и многу луѓе на овој свет. :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  19. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Лежерно, со мала насмевка, со скриени погледи и насмевки под брк :P . Едноставна насмевка, погледи кои не соблекуваат туку се среќни и весели. И мал разговор потоа :) ... итн.... :D 8)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Јас сакам директност, мене “срамежливи’’ погледи ( сакам да пријдам, ама несакам, ама ќе те гледам, ќе бидам 8) па сеа под око, гарант ќе мисли дека сум фраер ) |( од страна на машкото некако - не ми се тоа, тоа.
    И преферирам да се ми се обрати со : Здраво, добровечер и да ги изостави клучните зборови од типот на - маче, срцка :puke:
    Зошто во последно време испаѓа дека оние што имаат храброст да пријдат се дотичната група на машки што се обраќаат со горенаведените зборови.

    Во НИКОЈ случај не сакам понуда за да ме части пијачка :!:
    Сакам да ме праша, што студирам на пример, каде живеам- колку по општи прашања толку по добро. Преферирам да се развие некој муабет, без да му се придаде некоја голема важност.

    У принцип, сакам да е директен во приоѓањето но не и во понатамошниот разговор. Не сакам да почувствувам срамежливост или несигурност од негова страна- сакам спонтаност.

    That would be it... :wasntme:
     
    На nela.oh, crazylady и mims-89 им се допаѓа ова.