Како да одбиеш некого кој е претерано упорен?

Дискусија во 'Сингл' започната од BigMisterP, 22 април 2018.

  1. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    94
    Значи вака. Не знам дали го избрав соодветниот подфорум, ако треба пренасочете ја темава. Веќе околу 3 години членувам во една организација за млади(не би откривал повеќе). Во групата во која членувам има една девојка, која уште пред 2 години почна да покажува знаци дека и се допаѓам. Јас веќе скоро 4 години сум во врска со мојата девојка, а реално да зборуваме, и да бев сингл, не би бил заинтересиран за девојчето од организацијата. И јас мислев тоа го ставив на маса, со тоа што уште на почетокот на нејзините флертови одговарав со пријателски реакции, буквално ние сме познаници, зборуваме понекогаш за некои теми пврзани со организацијата и ништо повеќе. Но, таа во текот на овие 2 години упорно и веќе агресивно продолжува да ја тера истата приказна. Буквално на состаноци се позиционира секогаш блиску до мене, глуми како да ме допрела ,, на грешка",постојано се загледува и се ѕвери во мене. Во една инстанца кога и бев свртен со грбот, буквално ги наслона градите на мене едни добри 10-тина секунди. Јас буквално ова да и го правев на некоја на која не и се допаѓам, ке ме пријавеше во полициија и тоа со право. Вакво нешто до сега не ми се случило во животот. Вообичаено кога некоја флертувала со мене, ќе сум и дадел суптилен знак за незаинтересираност и обратно, јас доколку сум флертувал со некоја девојка, таа ќе ми дадела знак за незаинтересираност и нормално немало повеќе да и досадувам. Но, оваа девојка не знам како да ја опишам. Многу е несигурна, нервозна, анксиозна, нестабилна дури би се осмелил да речам. Прилично сум сигурен дека немала дечко досега. Она што го ,,претече млекото" во овој случај е што мојата девојка пред околу 1 недела буквално добила повик од некоја млада девојка, која ме барала мене, а мојата девојка живее во мојот роден град, јас сум во Скопје на студии. Кога пребарав низ познаници, дознав дека бројот на девојката која се јавила припаѓа на оваа. Не ни можам да замислам што се и се врти низа главата, ниту како го добила бројот на мојата девојка, но ова веќе ги преминува сите граници. Не знам веќе како да постапам во оваа ситуација...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Закани и се. ]:) Треба нешто пожестоко изгледа.
     
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.618
    Допаѓања:
    19.216
    Пол:
    Женски
    Фино лепо кажии дека не си заинтересиран за нејзе, дека имаш долга врска која добро ти оди и кажи и да те остави на мир.Блокни ја на сите социјални мрежи и на состаноците на огранизацијата гледај да стоиш што подалеку од нејзе.Ако ни ова не успее, на некој нареден состанок донеси ја женска ти и баци ја пред нејзе ќе и падне криво и срам и ќе ти се откачи.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.322
    Допаѓања:
    110.041
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зашто до сега не си и кажал отворено дека имаш девојка, дека си ја сакаш и дека не си заинтересиран за неа.
    Едноставно имај си дистанца од таа девојка, кога ќе ти се доближи или сака да ти каже нешто игнорирај ја.
    Сега кога веќе и се јавила на девојка ти, кажи и отворено да се собере, да се однесува како зрела девојка. Биди алфа мазјак малку погруб. Избриши ја од социјалните мрежи. Блокирај и го бројот од мобилниот на девојка ти.
    А на девојка ти кажи и што се случува, немој да криеш ќе сфати и ќе помисли дека ја изнерверуваш, нема да ти верува и ќе си расипеш долгогодишна врска поради некој небитен фактор.
    Со среќа.
     
    На dayla, Victorian, Кена Рис и 2 други им се допаѓа ова.
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.973
    Пол:
    Женски
    Вака- одма да поразговараш со девојката, тоа со тел. повик ми е мене премногу. Тоа е веќе надвор од контрола. Некој да се јавува на непознати луѓе без око да и трепне е за на психијатар. На културен начин покажи каде и е местото и крај. Немој да си дозвилил хаос врската да ти стане поради оваа личност.
    Среди пред да е касно.
     
    На Victorian, aleksandra4444 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Женски stalker. Дури не го прочитав ова ваквите мислев само во Америка постојат (гледајќи за вакви случаи на Investigation Discovery).
     
    На Victorian, kukla21, Carissa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Scott Weiland

    Scott Weiland Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    9.860
    Пол:
    Машки
    Ако не успее директна комуникација, бараш некој што може да помогне, не е секогаш лесно да избегнеш стокери, без разлика на пол. Не треба да имаш срам да го сториш тоа, ако си во јавно место, побарај од некого помош.
     
  8. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Девојката грда е? Не мора да значи дека досега никогаш немала дeчко, ако ти (по пишувањето) сфаќам си и станал предмет на опсесија. Отворен разговор тука тешко дека би помогнал. А за јавувањето на телефон на твојата девојка... језиво. Однесувај се крајно дипломатски кон неа - немој тотално да ја игнорираш така можиш само нејзиниот психо ум да го натераш да ти направи поголем проблем од јавувањето на тел. на девојка ти.
     
    На pinky05, lilo и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.766
    Допаѓања:
    138.901
    Мене да ми се јави некоја, прво ќе го истегнам за уши овој мојов и откако ќе си ја каже маката, ќе го однесам пред неа и ќе и речам - еве ти го дечко ми. Ти требаше за нешто?
    Ако не ти треба, откачи ми се:D ако ти треба, земи си го ако сака да оди со тебе..
    Ама знам дека нема да мрдне мојов, не паѓа на такви простотилаци:tmi:

    А ти дечко, ќе ја седнеш нападнава на маса и ќе и објасниш со зборови...да те остави на раат.
    Ако не разбира со зборови, тогаш ја седнувам на состанок со цела организација и и покажувам каде и е местото. Ако не се усрами откако сите ќе ја дознаат каква е, земи некоја цигла и изгради ѕид околу тебе.. затоа што со манијаци на крај не се излегува|(
     
    На SV1911, sj *O*, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.415
    Допаѓања:
    48.851
    Пол:
    Женски
    ^ Леле и јас тоа помислив, да бев девојката и некоја да ми се јавеше да ме замара и гњави со глупости ќе се изнервирав толку многу.

    Очигледно игнорирање не помага, затоа што ова трае со години. Прашај ја зошто те барала кај девојка ти. И кажи и дека тоа не смее да се повтори никогаш.
     
    На lilo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Scott Weiland

    Scott Weiland Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    9.860
    Пол:
    Машки
    Немам таков проблем, за среќа, дадов мое мислење, и што прочитав за девојки во јавно место да побараат помош од некој, пардон за нејасен што бев.
     
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    23.796
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата не е за потценување, оваа штом е толку безобразна нападна и без осет тогаш истата може да ти направи проблем во врската оти очигледно е дека е подготвена на се, којзнае што може да измисли. Мора да ја предупредиш својата девојка и се да и кажеш за да не наседне на некоја нејзина измама која многу веројатно е да се обиде да ја направи. Значи биди ако треба и дрзок со неа, не дозволувај да те чепка и да седи во твоја близина, ако таа седне ти стани. Направи ситуацијата да стане очигледна, секој да забележи дека те замара а дека ти ја избегнуваш. Тоа е глупаво за неа, ќе видиш како ќе почнат да и се подсмеваат останатите за тоа што самата себе се понижува. Не и прави никаков муабет а за тоа што се јавила на девојка ти развикај и се бе, не ја тинтрај. Кажи и прв и последен пат да и се случи пред да превземеш некои други мерки и дека и да си сингл не би ја погледнал. Знам дека звучи грубо ама пак и таа нема осет со тоа што оди до таму врска да ти расипе.
     
  13. lilo

    lilo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да и кажеш за тоа дека не си заинтересиран за неа. Да те остави на раат. Речи и зошто ме бараш кај девојка ми.... Кажи и дека никогаш не ти паѓало на памет да бидеш со неа. И замоли ја за дистанца. Гледај многу да не бидеш груб затоа што тие од организацијата да не речат имало меѓу овие нешто. ( Нормално ако и тоа ти е битно и некако би влијаело на твојата позиција таму, службено- лично..).
    Па ќе видиш како ќе биде.
    На девојка ти ако и кажеш како ли ќе те свати.... Сепак јас секогаш сум за искреноста. Речи и има една луда вака-така...
    СРЕЌНО!
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    285.426
    @BigMisterP немој да и спомнуваш на девојката дека твојата девојка го примила телефонскиот повик.
    Едноставно не и дозволувај да види дека те изнервирала.Така ќе добие сила да превземе и чекор понатака.
    Ќе сака да ја вади од такт девојка ти, за да се расправате и да те остави сам.
    Познавам такви опсесивни кои не признаваат да им кажеш НЕ, и не бираат средства за да уништат нешто.

    Единствено што сакам да ти советувам е да збориш со твојата девојка.Не вреди да изгубиш доверба поради нечии лудачки постапки.
    Седни и објасни и дека толку е небитна во твојот живот што не ја ни приметуваш и дека можеби тоа ја револтира па ете нашла телефон од неа и најверојатно има намера да Ви расипе врска.

    Најдобро е да ве види двајцата заедно, за еднаш за секогаш да и стане јасно дека во твојот живот нема место за неа.

    Ако бидеш искрен со девојка ти, нема да оставиш простор за сомневање, напротив заедно ќе го ,,пребродите,, ова.
     
    На fana, Purelove92 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.557
    Допаѓања:
    3.471
    Пол:
    Женски
    Se sto mi teknuva e da prestanes da komuniciras so nea ,ili svedi na minimum.Bidi grub ako treba i pleskaj i vo faca bidi grub na zborovi i neljubezen taka ke se odbie i ke SFATI sama!Drug lek za takvite nema ,sum bila na tvoe mesto i morav da sum neljubezna i gruba oti mojata uctivost i kultura bea pretumaceni kako ,,da,,.:whew:.Osven toa ne e prijatno devojka ti da doznae ,a ovaa stom e tolku nametliva zborovi nemam :x
     
  16. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Мислев ова само во филм го има|(
    Си налетал на женски психопат ама јас пак и малце кривица ставам на тебе.Ти легнува на грбот што кажа ти ништо не презимаш.Е сега бркај начини како да се тргниш.Ако беше доволно маж,ти до сега ќе и дадеше до знаење дека си имаш девојка,ја сакаш и да прекиниш секој контакт со неа.А за работата што се мора мора се.Мислам дека тебе ти годи вакво однесување,да те трчка некој штом трае со години логично е.Греота за девојка ти не гледа со каква личност е во врска ама се надевам дека набрзо ќе свати дека не ти е на прво место да ти беше немаше сега со разни безобразни луѓе да се расправаш.АЈ позз
     
    На sj *O*, Purelove92, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    16.976
    Многу едноставно. Ако не бива со разговор, полиција.
    Доколку и тоа не помогне, постојат начини. Проба еден на времето кај мене ама ја научи лекцијата, Бог да го прости.
     
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WarriorMind

    WarriorMind Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Прво разговарај со неа. Лично ќе ја прашаш за што те барала, и ќе и речеш да не ве контактира ниту тебе ниту девојка ти. Ќе и ги кажеш твоите намери отворено и толку.
    Ако не функционира, повиши тон.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Искрено, да сум на место на девојка ти... Уште полошо, дечко ми е член на доста организации и е активен човек, некоја него вака да му правеше... А бе, имаше да ја направам П А Ш Т Е Т А.
    И тоа му верувам нему скроз, знам дека ништо нема да направи - ниту пак би била љубоморна на друга жена покрај вниманието кое го добивам од него. Чисто заради тоа што многу се фрустрирам кога гледам колку некои луѓе можат да бидат без осет.

    Разбирам јас и сексуална еманципација и не се водам според никакви предрасуди, на крајот на краиштата јас сум флертувала до степен да мислам дека и на докторот кога ме извадил од мајка ми сум му намигнала ама кога гледаш дека некој е зафатен. дека не ти возвраќа - како не и е незгодно да се упикува?
    Немам пардон за жени кои намерно им се пикаат на мажи за кои знаат дека се off limits. Да ствараат глупи сомнежи во врски кои се граделе со години пред тоа. Како сака нека го разбере тоа, мораш директно да и кажеш да ти се тргне. Нека си ги лечи комплексите на друго место.
     
    На Lolo5, Victorian и PaLaVa им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.466
    Пол:
    Женски
    Ќе го кажам на мама и на тате..или ќе платам некој рекетар да го истресе од гаќи:D