1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да одбиеш некого кој е претерано упорен?

Дискусија во 'Сингл' започната од BigMisterP, 22 април 2018.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Искрено, помислив дека ти се причинува пред да прочитам оти и се јавувала на девојка ти. Зашто познавам дечки кои си прават филмови дека некоја ги „прогонува“, а нема везе. Ти не паничи, не си девојче кое има работа со манијак. Две години си ќутел и трпел, откако и се јавила на девојка ти почна да ти пречи? Ќе и кажеш да ти се тргне од врат штом те нервира и така.
    Не ми е јасно како може женско да паѓа толку ниско, обично машки мозоци пројавуваат вакви симптоми. Јас на таквите им се заканувам и ги снемува по некое време.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. medena123

    medena123 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Според мене станува збор за психопат. Јас сфаќам да и се свиѓаш и да ти се пушта, да флертува и сл. но тоа со повикот врв е. Ич неќам вакви луѓе. Само глеј да не си го нарушиш односот со девојка ти ради ваква типка.
    Докажи и дека си среќеен со девојка ти, објавувајте повеќе слики заедно, ако може некако да ве види додека сте блиски, топ.
     
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Имам сличен проблем...И јас познавам едно машко од организација,ама рајат не сум од него.Кога почнав во организацијата не ни го забелжував.Моја грешка беше што една вечер направив муабет со него,за типот да си направи некој филм.Значи цело време по мене,живее на сосема друга улица си оди дома од кај мене.На состаноци седнува до мене,дури почнаа и муабети да кружат дека има нешто помеѓу нас...Нормално ставив јасно до знаење дека нема ништо и дека овие муабети ги сфаќам како шега.Типот вика-јас не знам,не знам дали е шега...:@ Значи се опседна со мене.Дури и измислив дека имам дечко во тоа време само за да се откачи од мене.Е потоа веќе не можев да издржам и го блокирав на социјалните мрежи.Чашата се прелија кога неговата мајка го сретнала татко ми и му рекла-а овие се скарале...:@ По тоа сфатив дека иако е возрасен,околу 24 години,си направил филм,па и мајка му ја вклучил.Тато само чудно ја погледнал и кога ми кажа не ми се веруваше.Помина и тоа,бесна бев,спремна дома да му отидам и да видам какви филмови си прави.По некое време ме сретнува и здраво,како си...од чиста култура вратив само-ок сум.Кога почна зошто јас сум го блокирала на социјалните мрежи,па не било така,немал тој таква намера,било на шала во организацијата...и на крај ми вика-да те испратам (facepalm) Се оттргнувм колку што можам.Каде и да ме сретне само ми зборува,се лепи до мене...Вчера имавме состанок во организацијата и седеше спроти мене,цело време погледот од мене не го тргна :x Само што помислив дека се спасив,после состанокот предложија да одиме на кафе.И онака како што бевме друштво,други членови,плус делегацијата што беше дојдена...кога и тој дојде.Инаку не се дружи со никој,онака е повлечен,без самодоверба,значи никој не очекуваше дека ќе дојде.И замислете седна до мене,ми прави муабет-како Скопје,како на студи :@ Одговарав кратко,само поради другите,да не правам проблеми,сепак имаше делегација што поим нема каков идиот ми се залепил.И секогаш кога ќе го видам,и во секоја ситуација му одговарам кратко и дрско (инаку не сум таква),и пак не сфаќа.Кога можам да го одбегнам,го одбегнувам.Па знае да ми каже(како и вчера)-те видов синоќа чаршија,да не беше на кафе,подоцна беше излезена :@ Очигледно е дека е опседнат со мене.Не се разбира од збор,си мисли дека колку повеќе пробува-толку повеќе „има шанси“.Не знам на толку игнорирање како не разбира.Јасно му ставив до знаење дека не сакам ништо со него и пак...:x Не знам кога сум му дала повод.Ниту еднаш не сум флертувала со него,немам ни причина.Не е убав-напротив :puke:,ниту има самодоверба,ниту став.Верувам дека никогаш немал девојкаи дека сите го одбивале,па си има комплекс.Не понижувам јас,ама да доловам комплетна слика.Не му се плашам,ми доаѓа некогаш да :punch: Ама стварно,претерано е.Значи го има ова и кај машки и кај женски...го сфаќам членот погоре.Не е лесно да се остане смирен покрај вакви психопатски нагони.И јас сум флертувала,ама кога ќе видам дека некој не е заинтересиран за мене сум се повлекувала.Не можеш од овие да се откачиш.За жалење се...:x
    П.С.Едно време одеше во Скопје на саем на книги,па ме замараше да ми купел книги кои сум ги сакала.
    Вчера после кафето си одев со едно девојче накај дома.Цело време беше пред мене-зад мене.Си разговарав со девојчето,не го ни вклучив во разговорот.И пак не сфати :@
     
    На Jane.Birkin, Lolo5 и celineparis им се допаѓа ова.
  4. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Кажи и дека имаш сида. :nod:
     
    На Gosh, Lolo5, medena123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    :D :D:D:D Полн погодок:wasntme:
    Трајно решен проблем.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Џабе сида ке ти каже ајде со кондом :D :D Пријави ја ке и дадат опомена можеби ке се исплаши и нејзините ке дознаат.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Не е џабе, пошто тогаш ќе и рече дека сидата му е пошто е педер. :shake:
     
    На Lolo5 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Е затоа е убаво да си машко. Додека ние женските се мислиме каков совет да дадеме, тебе ти текнало ова. :rofl:(y)
     
    На Lolo5 и Јаневски им се допаѓа ова.
  9. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    BigMisterP пишувај што има ново. Како постапуваш?
     
    На Lolo5, RoseRain и buba4e89 им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ќе пробаш со арно. Ако не бива, тогаш со лошо. Јас така се спасив од една напаст. Скоро две години ме замараше. Добро е што немав кошмари од него.
     
  11. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Во вакви ситуации само директно во фаца - немам што да правам со тебе откачи ми се и блок од сегде.
    Ако уште не се откачува тогаш или најди некој фино да го премлати или во полиција малку страв нека му втераат.
    Сега скоро имав слична ситуација, и тоа со бајаги постар, ај дете ќе речеш му лета паметот, ама овој напаст жива, ај фина фина ама не сум од Финска:Dкога не иде со арно мора со лошо.
     
  12. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.570
    Значи сличен проблем како девојчето погоре, еден колега се закачи за мене иако воопшто не ми се свиѓа и му кажав дека имам дечко и озгора на се викам ај да не го навредам ама јасно и гласно му реков дека може да бидеме само пријатели па уште после ми пишува пораки, а каков вид на пријателство сакаш. |( Овие луѓе се најлоши бидејќи во глава си прават филмови па уште и веруваат во нив. (facepalm)
     
    На SeaMermaid и Lolo5 им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Ох леле , за ваквите можам роман да напишам .

    Еве еден сличен случај : Момчето прво ми беше многу добар другар , го сакав како што би сакала брат кога би имала , и никако поинаку . Значи без флерт , без давање лажна надеж , без скриени намери . Имавме изградено убава пријателска врска , си ги кажувавме сите тајни , сум плачела како дете пред него .. за еден ден , да ми каже дека ме сака . Му ја објаснив ситуацијата од моја страна , дека ми е како брат и не можам поинаку , но настојуваше да пробаме врска . Ок ајде си велам . Можеби ќе бидне нешто од оваа врска , никоаш не се знае . Ама ништо . Врската пукна за кратко , а дечкото сеуште си живеел во заблуда ( и после неколку месеци од разделбата ) дека ние сме заедно , дека супер ни оди , се додека не си фатив нов дечко . Тогаш овој " другарот " извади муабет дека јас ги мамам двајцата , дека излегувам и со него и со дечко ми истовремено :puke: . Муабетот дојде до мои уши , и дечкото изеде ќотек . Јас го истепав , а дечко ми ( сега сопруг ) го дотепа .

    Еден ме има следено до дома :envy: . Среќа не бев сама .

    Психопати:envy: . Како може толку да се опседнуваат со некоја личност , еве не знам :@ .

    Дечко , тебе тврда ти душа со таа девојката . Не знам како да се спасиш , нема да се откаже таа лесно . Кажи и дека имаш девојка што ја сакаш и дека таа нема шанси колку сака нека флертува . Кога ќе приметиш дека доаѓа кон тебе на состаноците , премести се .. ако не помага , закани и се со полиција . Ваљда ќе упали ... :?:
     
    На SeaMermaid, Lolo5 и medena123 им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Порано машките кога напаѓаа на ваков начин мислев дека нема полошо и погадно од тоа но женско манијак е неповедливо нешто во денешницава имам видено лично. Сирота жена никако не можеше да си го спаси синот од ваква како таа што ти се набацува. Детето женска не можеше да фати а и да фати сето тоа мораше да е скришно. И во полиција пријавуваа и секаде. Ако мислиш дека само културно ќе решиш далеку се лажеш. Таа штом еднаш се јавила кај девојкати ќе ремети стално и ќе ти ја уништи врската. Само строго малку со закани и ако треба ќе ја пријавиш. Нема лесно да поминеш верувај.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Дечково испари од темава, тролање ли беше ило што беше???
    Кога отвораш тема за совет и мислење ќе си во тек, вака ...
     
    На cresa-jagoda, Someonespecial, Јаневски и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    ^Нема врска што испари, може подпаднал му се уарнило. :) Има вакви ситуации, за некој е нормално.
    Не знам ни како можам да се доведам до прашање како да одбијам???
    Па толку ми се гледа на лик дека некој треба да бега од мене, нема потреба од збор некогаш.
    Е сега, ако се прави будала, немам проблем да му кажам во лице.
    Имаше еден таков до зимата.
    Работеше на исто место кај што бев и јас. Упорно муабети пробуваше, некои глупи комплименти, селски фори.
    Ме праша дали имам дечко.
    Му покажав бурма само, неќев ни да зборам. Ме праша дали имам деца бееее?!? Као ако нема,не важи брак. Му реков дека е на пат бебе, што има да му ибјаснувам.
    Дојде до тој степен да ме фати за половина неприметно додека ја стоев, е тогаш зоврев!!!! Фино лепо му ја бутнав раката и го прашав дали е нормален, ама пред сите колеги... Се врцрве и избега.
    После тоа не му текна ни да ме погледне, а камо здраво да каже.
     
    На lilo, cresa-jagoda и Lolo5 им се допаѓа ова.
  17. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    6.243
    Пол:
    Женски
    Da se prekine bilo kakov kontakt