Не е во мој домен да се мешам ама едно суфлирање зошто се потпирате на хемија зашто не пробате со исхраната да се исконтролирате повеќе на зеленчук овошје соја и во ретки случаи месо и доколку се користи да биде варено. Јас за време на постите велигденски ослабев 17 кг. за 60 дена.
Феминки најпрвин здраво* Можда ќе ве зачуди ама јас имам слабо тело, а буцкасто лице,дали има некој што знае да ми даде некоја диета или совет како да го го направам лицето нормално како телото ?
Искрено мислам дека сите овие производи што ги рекламираат се без врска. Јас зимото се здебелив премногу, околе 10 кг., и сега летото го намалив лебот скоро и ретко јадам. Не доручкувам, јадам 1 праска, или цреши, или пак јагоди..потоа јадам нешто манџичка или течно за ручек и за вечера пак овошје. За ручек обавезно салата, дали е шопска или краставички зависи што имам. Ги намалив тие 10 кг што ми беа вишок. Физичката активност исто така има голема улога, сега и зависи од упорноста
Јас сум многу задоволна од производот за слабеење липовон! Со него не сум имала никакви проблеми и изгубив доста килограми! Успех.
Zdravo,jas imam okolu 70 kg i 1,75 sum visoka (a taa kilaza mi e premnogu za mojata vozrast - 16 god).Imam debeli noze,a nagore ne sum debela.E sega,ne drzam dieta,ama na savajle pijam 400ml mlaka voda ili pijam sok od magdonos(koj dava dobri efekti).Pojaduvam ovosje i pijam voda vo tekot na denot.Sekako vo 8 casot nautro vozam 1cas velosiped a koga kje dojdam doma pravam vezbi.Do rucekot ne jadam nisto,ama toa sto go imame za rucek jadam se do mnogu salata i parce leb-integralen (bidejki nemozam da zamislam rucek bez leb )i pijam voda so rucekot.Posle rucekot jadam ovosje.Po 7 casot mnogu mi se jade ,a znam deka ne smeam pa jadam ovosje.E sega moeto prasanje e dali e stetno navecer da se jade ovosje?Jas sum mnogu strvna ponekogas moze da zemam blago,no vo mali kolicini.Ako moze da mi pomognete dali da smenam nes vo mojata ishrana,i za kolku najbrzo mozam da oslabam?Sekako dajte i vie nekoj predlog.Vi blagodaram odnapred <3 i da zaboraviv si go mrazam liceto zatoa sto mi e topka dali znaete nekoj nacin za brzo slabeenje na lice
За нозе има безброј вежби, отвори you tube пробарај таму Legs workout ... a за слабеење на лице прв пат слушам. Мислиш, формата ти е како топка, не дебело ... така?
Ne moeto lice e buckasto,od koga se zdebeliv mi e takvo,i citav deka so pienje mnogu voda moze da se postignat efekti,i pravam vezbi za lice od you tube ama sakam nes za pobfzo vreme
за нозе трчање по скали или на you tube како што ти рече феминката такви вежби , доколку не вежбаш а држиш диета залудно ти е , бидејки и јас го имам истиот проблем и само со вежби може да се ослабе во нозе и задник . Среќно
Видете би ви ја препорачала 8 часовната диета лесна е јадете се што сакате. Јас лично сум многу задоволна од резултатите
Здраво.Пошто сум си обожавател невиден на нездрава брза храна.Се здебелив!И би сакала да ми споделите искуства со диети.Каква диета сте практикувале,имало ли некаков ефект и сл.А би сакала и да ве прашам дали некој ја има практикувано оваа 7 дневна диета со јајца. http://www.brkajrabota.mk/lifestyle...ajca-so-koja-se-gubat-7-kilogrami-za-1-nedela Поздрав!
Девојки имам вишок 6-7 кг препорачајте ми диета.Проблем ми е што од 07,00 ч наутро излегувам на работа и се вракам во 17,00 ч, како да вклопам диета во која има 3 оброка? Прво пијам кафе, доручкувам околу 10.00ч , ручам околу 17,00ч и не вечерам.Работата ми е пред компјутер, слабо се движам, и пијам малце вода никако да се натерам да пијам повеке.Единствено пешачам, дневно ама цел еден км од дома до кај дечко ми Се спремам за веридба ама за да најдам фустан мора да ги симнам овие кг што ми се вишок.Веке една недела за појадок јадам 1 чаша домашен кефир со 1 лажица мелено ленено семе и 1 лажица мелени мешани семиња(лен, сусам, сончоглед, тиква, чиа) и 1/2 парче ржан двопек, за ужина овошје ама не многу количински.За ручек јадам околу 17.30 нешто готвено или пржено и салата без леб. Не вечерам.Цело време сум гладна не ослабнав до сега ич, каде грешам? Висока сум 179 цм а имам 67 кг? Таргет ми се 60 кг, ве молам за совет. Благодарам!
Не сум јас многу по диетитеза да те советувам,ама ако си висока 180см. кг ти се ок.На таа висина со 60 кг ќе бидеш соленка
Mоже да се ослаби само доколку практикувате 3 работи , физичка активност најмалку 4 дена во неделата, здрава храна , и здрав начин на живот , нормално и генетиката на вашето крвно стебло има улого но пред се 3- МОРА работи , заборавете на препаратите, шејковите и сличните нереални средства залудно ке ги потрошите парите и времетон со истите тие пари купете добри и удобни патики и почнете со физичка активност
Значи сакам да ослабнам ама никако да ми успее. Вака имам 14 години, висока сум 168 цм и имам 70 кг. Сум пробала разни диети и такви работи, но се беше контрапродуктивно. Се запишав и на теретана и не ослабнаав, освен што набив мускули на нозете. Инаку, количински не јадам многу и нешто премногу штетно. Имам другарки кој јадат дупло повеќе од мене, а се слаби како даски. И незнаев каде на друго место да се обратам, па затоа ако има некој ваков проблем или ако има некакво блиско искуство, кажете ми. Ќе ви бидам многу благодарна ако ми помогнете. Поздрав