многу се пронајдов во твојава историја , значи јас мака мачам со кг , но за да ослабеш треба кардио вежби а не вежби каде што ке вежбаш со голема тежина на тегови , со отпор , имаш на јутуб мн кардио вежби и постојано вежбај , но треба и да внимаваш на исхраната , да не пиеш вода пола сат пред јадење и пола сат после јадење , вода да пиеш колку што може повеке , и запомни дека нема одма резз туку тоа е долг процес СРЕКНО
Па според висината добра ти е тежината. Не треба да слабееш, а и уште си мала за тоа да се секираш. Вежбај и храни се здраво и правилно.
Мој совет, пробај со Хроно исхрана и физичка активност. После само месец дена сигурна сум дека ќе забележиш резултати. Среќно
Движење многу, пешачење, трчање, вода пиење, и леб одбегнувај. Не е битно колку ќе јадеш доколку се движиш, а џабе ти се диети ако не се движиш....ако не јадеш редовно ќе се разболеш, ќе ја ослабнеш крвта и пак нема да изгубиш многу кг. Затоа само многу движење и јадење во нормални количини. И голема грешка ти била теретаната, се надевам не одиш повеќе таму.
Се што сте пишувале тука држи вода, ама заборавате една работа-гените и те како играат улога во изгледот на телото. Така што, некои луѓе, за жал, за да ја имаат фигурата која ја посакуваат треба да внимаваат цел живот. Најважно, да не се прејадуваат и да успеат да разграничат кога се навистина гладни, а кога јадат од досада или од лакомост. Затоа што сакале или не некои луѓе да се помират со тоа, на некои им се "лепи" храната полесно отколку на другите. И не може сите да изгледаат исто, секогаш ќе има послаби и подебели луѓе. Најважно е здравјето секако, никако не треба изгладнување туку разумно јадење, умерено од се по малку, и "здраво" и "нездраво", избалансирано. Затоа што секое целосно исфрлање на било кој вид храна, еве на пример лебот, доведува до уште поголема желба за тој вид храна. Природно и нормално е тоа. Затоа НЕ исфрлајте ништо од исхраната, туку јадете умерено. Јас па имам проблем од другиот вид, не можам да се поправам и покрај тоа што јадам многу и редовно тренирам. И тоа е доста тешко. Сите ми даваат еден совет - "јади повеќе" ама не оди, кога едноставно не се "лепи" тоа на мене.
Девојки Здраво ! Почнав со диета ама сама си направив редослед ..Вака почнав од вчера..за појадок јадев мусли житарици кога дојдов од работа супа.Денес за доручек мусли кога дојдов јаболко и земав јогурт и банана ...Дали ће има ефект да продужам вака? А мегувреме леблебија со суво грозје морам вежби или доволна е исхранава ? Поздрав фала ви ☺
Секако дека не е лесно и за тебе, ама имам заприметено дека послабите луге се секогаш потемпераментни, не ги држи место, секогаш во движење.....Би можела да размислиш кои активности, мислам на физички активности, би можела да ги тн. отстраниш од секојдневието....Добро е да вежбаш и види во кои теретани даваат совети и за здебелување и ставање на мускулна маса....Бидејќи не се сите запознати дека постојат и такви вежби и таков начин на исхрана. Како што разбрав, тебе ти фалат уште неколку кила за да бидеш таман....Се надевам дека советот ке го прифатиш како најдобронамерен. Јас имам друг проблем, кај мене секогаш се се лепи за мене....долго време имав плус 12 кила и неккао ги намалив....сега внимавам на секој залак...тоа е....гуд лак
Здрaвo,јaс сум нoвa,пa aкo мoетo прaшaње не е сooдветнo нa темaвa стaвете гo нa др местo.Јaс уште oд мaлa си имaм прoблеми сo тежинaтa,нo не е некoјa прекумернa тежинa(73kg,1,75cm).Имaм дебели нoзе и тoa ми е нaследнo.Сегa пoчнa дa ми пречи мoјaтa тежинa.Oдaм нa insanity веќе пoдoлгo време три пaти вo неделaтa(вежбaж сo хелaнки зa слaбеење и пoјaс).Пијaм зелен чaј и 4l вoдa секoј ден.Не јaдaм леб и блaгo и нејaдaм пoсле 6.Истo тaкa и денoт не ми пoминувa без чинијa сaлaтa.Сo oвoј режим нa исхрaнa oслaбнaв 5kg aмa тoa е мнoгу мaлку зa тoлкaв периoд.Дaли вие имaте дa ми препoрaчaте нештo? И дaли мислите декa ке oслaбaм дo летoтo ?
Здраво женски сакам да ослабам 5 кг но за побрзо време.. што да јадам може некој совет?? фала однапред
Imam edno prašanje se porodiv pred 11 meseci i oslabev se arno samo stomakot , stomakot mi stoi ushte i neznam kako da go ottrgnam? Imate li nekoja dieta ili drugo neshto bilo shto? stomacni nemozam da pravam poradi grbot bolki vo predelot na polovinata.
Jas pocnav da koristam GoSlimmer flasteri i mnogu sum zadovolna, gi naracav na telefon 02/2727-811, mi gi isporacaa doma http://topkupuvanje.net/goslimmer
Zdravo zenski.. neznam dali ima vakva tema nova sum pa da prasam.. kako se spravuvate so visok kilogrami.. ne jadam mnogu se dvizam rabotam so deca so sve i pak imam poveke kilogrami.. provereno i stitna zlezda i teroidna i hormoni i sve i sve e vo red vo normala no jas nikako da oslabam se poveke se debeleam duri i mi smeta.. blagodaram odnapred na odgovorite.
Знаеш дека може да се препише на психичка база, од преголема желба да ослабнеш да ти стагнира телото. Пробај преку нутриционист да ти направи програма и да вежбаш.
Ако си провери се и е уредно јас една недела дена би броела калории (мерено се до грам на вага) да видам колку калории ќе дојдат. Не во смисла "леле ова колку калории има" и да намалиш, туку како шо си го прајш обично - така. Оти некогаш еден оброк иако личи мал, можи да е многу калоричен. Башка "само да пробам" работи се берат. Поќе од еден калоричен мал оброк и веќе сме во сурплус. Следно би одела на нутриционист со плус оваа информација и би експлорирала нетолерантност на храна ако не сум во сурплус. Ако сум и не можам сама да се снајдам со здраво мени, би одела за насоки ама никако за стрикна диета.
Можно е и од што премалку јадеш телото си складира во резерва секогаш кога има можност затоа што незнае кога пак ќе добие храна. Почни поздраво да се храниш, внесувај повеќе протеини, витамини, благо стави на минимум во исхрана. Кога ќе јадеш нешто, на пример помфрит јади го без кечап, мајонез така внесуваш помалку калории одколку да ги јадеш со сос, ако пиеш често кафе пи го во најмалиот филџан дома, исто и сок ако ти се пие пи во помала чаша од обично или половина чаша, алхохол и енергетски пијалоци исто сведи на минимум имаат доста калории. Почни да вежбаш барем 15 мин на ден на почетокот, после зголеми го интервалот на вежбање. И немој да се осврнува на тоа дека вежбаш и можеш повеќе да јадеш, напротив јади колку да си сита. Провери исто така да не имаш премногу вода во организмот, може и тоа да е причината, за тоа консултирај се прво со доктор, па потоа користи некој лек за губење на вода во организмот. Ако ти е во ред водата во организмот немој да држиш некои диети што се на база на губење на вода, не се здрави и мислам дека имаат краткотрајно дејство.
Bas blago nisto ne jadam ama voopsto pravam blagi kako vo slatkarnica preubavi no ne gi ni probuvam edinstveno blago kafe pijam do 3 max 4 na den i toa e toa.. sokovi ne pijam energetski nekogas i toa e toa.. ama pa samo od toa da se debeleam ne e mozno.. porano sum jadela za 5dusi sum bila kako cackalica so nutricionist imam zboruvano i dali ne sum nasla vistinski nutricionist ili poveketo se takvi neznam mi preporacuva odma herbalajf ednas bev preku herbalajf i se popraviv poveke ne sakam pak..