1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да ослабнам?

Дискусија во 'Канта' започната од brownie, 6 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. brownie

    brownie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    49
    Имам околу 10 килограми вишок и се обидувам со различни диети да ја намалам килажата,ама почнува да ми се врти,ми ослабнува организмот,неможам да издржам. Максимум издржам 3 дена. Пред една недела ја започнав диетата со сва оброка дневно,прв дн макарони,после ориз итн. ама никако неможам да издржам.Инаку тренирам кошарка и овој период сум на пауза. Има ли некој искуство со слабеењето? Ве молам помогнете ми!
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Има диети разно разни ќе видиш на форумот, јас и не сите сум ги погледнала, но ако веќе е така како што кажуваш тогаш за тебе најдобро ќе е да појдеш на доктор и да ти препорачаат што е најдобро за тебе. Очигледно, кога држиш некои од диетите не го внесуваш токму тоа што му недостига на твојот организам па затоа и ти се врти и ти е лошо. Затоа провери си прво како ти е крвта, што е минус што плус просто кажано и со тоа ќе си знаеш најдобро. Подобро е сепак повеќе активност и само намалени порции од се што јадеш.
    Имаш повеќе диети во оваа категорија и веќе има прилично многу коментари. За некои од диетите дури девојките си се договараат заедно да почнат :) хахах на пример УН диетата во која сум и јас :) па бујрум погледни прочитај :*
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ослабнувањето на организмот е од неправилна исхрана.
    Вие си мислите ако јадите само по еден оброк дневно,ако избегнувате се живо и диво за јадење дека ќе ослабнете.
    Диети со еднолична храна и диети каде што поручекот им се состои од едно јаболко,парче двопек и чај без шеќер не се здрави.
    Баш поручекот треба да ти биде пообилен за после да не чувстуваш толкава глад подоцна и да можеш калориите да ги потрошиш во текот на денот.
    Најпрепорачливо е за поручек да си јадеш житарици или па направи си два тоста од интегрален леб со растителен кашкавал. На утро практикувај да пиеш јогурт.
    Ручекот можеш каков сакаш да ти биде,но ако го преполовуваш си штедиш на внес на калории.
    Вечерата што е можно полесна,на пример супа.

    Ако те мрзи да излезеш надвор да се рекреираш,20 минути во денот издвои за вежби или пак трчај во место. И онака голем дел од времето ќе го потрошиш дремејќи пред компјутер безполезно.
    Врти хулахоп,скокај на јаже.. ехеее колку работи има што можеш да ги правиш за да ослабнеш без диети.
    Првите 4-5 дена,мрза,напорно.. после тоа темпирана ќе си,навика ќе ти стане барем 20 минути да издвоиш малку за твоето тело.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.