1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да побарам покачување на плата?

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 1 септември 2015.

  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Tanjamm не може никој да ти се меша во приватниот живот ако ти самата не го дозволиш тоа.

    Наместо да покажуваш заби и да го извлечеш подебелиот крај, поефективно би било да размислуваш стратешки и да го добиеш замисленото.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Многу сум нервозна. Погрешно си разбрала не ширам муабети за девојката, туку претпоставената ме нервира, кај неа е вината.
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    @Tanjamm , ти пишувај што сакаш за неа, ние секако не ја познаваме девојката, анонимен форум е. За твое добро ти велам, подобро енергијата да ја пренасочиш на тоа како на себе да си помогнеш. Да се нервираш од некого ти е џабе потрошена енергија. :)
     
    На Tanjamm и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  4. bernadett

    bernadett Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm од искуство не претерувај со употреба на јас и споредба со другите. Советот од RainBow е добар само наместо Јас сметам дека користи сметам дека. Ова е битно доколку имаш работа со некој искомплексиран. Во зависност од работното место и фирмата не секогаш пали муабетот со ако не ми дадете покачување ќе си идам. Може само да им направиш услуга... Ќе си идеш и ќе најдат почетник кој ќе работи за помала плата.
    И со среќа
     
    На Nausicaa, Tanjamm и Mishela им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Имав расправа и сите мои доблести сакаше да ги направи маани, да најде недостатоци во моето работење за да не ми покачи плата. За кратко ќе знам на што сум.
     
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Барањето покачување, особено во нашиве фирми и кај нашиве газди и стопани, секогаш е шкаљлива работа. Мој совет ти е прво да оцениш дали има реални шанси да добиеш покачување – односно дали фирмата има финансии и дали во ракводството воопшто има расположение за такво нешто. Нема поента да одиш со глава во ѕид и да бараш нешто за коешто знаеш дека нема ни теоретски шанси или услови да го добиеш, нели? Од друга страна, ако има простор за такво нешто, нема ништо лошо во тоа да побараш покачување – дали ќе го добиеш или не е друга работа, но факт е дека ако сама не си побараш, тешко дека на некој друг ќе му текне да ти даде.

    Е сега, во однос на тоа како да го побараш, мислам дека доби доста добри совети, па не би да се повторувам – у секој случај, аргументите нека ти се засноваат на тоа зошто ти заслужуваш покачување, односно истакни ги сопствените квалитети, работите и обврските кои ги извршуваш, дека тоа го правиш квалитетно, навремено, итн. Немој главниот аргумент да ти биде „Е, онаа нована што ја примивте, а знае и работи помалце од мене зима поише“, дури најдобро е и да не ја споменуваш воопшто.

    Зошто?

    Прво, ризикуваш да звучиш како мало размазено дете („Бато има ваква играчка, а ја немам, сакам и ја иста таква!“), а и „овој зима поише од мене за истата работа“ и не е баш некој солиден аргумент.

    Второ, нормално е (т.е., не е неочекувано) некој да има поголема плата, дури и ако се работи за истото работно место (дали е тоа оправдано или не е нешто друго). Ама, биди сигурна дека ако некоја која е само што примена прима поголема плата од тебе, за тоа сигурно има некоја причина. Дали е швалерка на директорот, примена преку некоја партија или врска, сеедно – ама дефинитивно има нешто што ти го немаш.

    Трето, колку си сигурна во тоа дека тоа е навистина така? Викаш дека екстра парите и ги даваат на рака. Од колку сигурен извор ти е информацијата? По фирмите кружат многу рекла-казала муабети, поготово за некој новопримен – дека е дете на овој или оној, дека вака или онака дошол до работата итн. Сум бил сведок на многу вакви муабети, за кои покасно се испоставило дека се чиста измислица. Вишок слободно време, бујна фантазија и завист прават чудесни работи. Дури и ако она самата ти го кажала тоа, не би ме чудело и да те излажала. Таков народ сме ние, несудени сценаристи и режисери на научно-фантастични филмови.

    Ова ти го кажувам затоа што ако го потегнеш овој аргумент, претпоставениот може да ти каже едноставно „Тоа не е вистина“ и да те „закопа“ у старт. А и да е вистина, пак немаш доказ, зашто ако и ги даваат на рака, на платен список фигурирате и двете со иста плата. Затоа, внимателно постапувај со оваа информација и размисли два пати пред да играш на таа карта.

    У секој случај, со среќа со барањето за покачување, па сподели после како си поминала.

    Поздрав!

    Едит: Гледам сега дека веќе си правела муабет и се гледа ставот на твојов претпоставен - за жал, обично така бива кај нас. У секој случај, не се откажувај, ако стварно мислиш дека заслужуваш повеќе - по извесен период пробај пак, можда на некој поинаков начин.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Дебело заслужувам покачување затоа што работам за 2 луѓе. Посочив дека сум лојална , вредна, а таа се изврте демек па јас сум солидно платена, да се угледам на партнерски фирми кои не примаа плата со месеци, не знаела кој точно колку прима демек. Беше загрижена дека ќе си одам, ама се трудеше со сите сили да ме разубеди дека парите се доста. Не се доста, премалку се. Ми вика “Епа ти кога додје пред 3 години, бараше работа и јас ти дадов работа“. Кое потценување, демек ти дадов работа, а таа на мој хрб ќарува и се плаши да не и се разниша позицијата. Прима хонорарци добри од уште 2 места, а јас и ја бркам цела работа. Жената многу факти испреврте, или се трудеше се што сум сработела да го минимизира. Чекам одговор, ама не знам што ќе се случи.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Пoзнaтo ми е, ќе прoбa дa те нaпрaви неблaгoдaрнa, кaкo дa тaa oд улицa те сoбрaлa и крoв нaд глaвa ти дaлa зa џaбе сo тoa штo ти дaлa рaбoтa, и aкo си билa дoсегa тивкa и скрoмнa ќе е изненaденa и нaвреденa oд твoјaтa дрскoст, зaмисли нa сетa дoбринa штo ти јa нaпрaвилa ти пoкaчувaње бaрaш.
    Сo среќa, и aкo мислиш декa тешкo ќе нaјдеш другa рaбoтa не инсистирaј aкo гледaш декa немa нaмерa дa пoкaчи, туку вo меѓувреме бaрaј си нештo нoвo, и при првa приликa зaмини си.
     
    На Sky-butterfly и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Повише од очигледно е дека нејќе да ти даде покачување, па затоа и се труди да ја намали вредноста на твојата работа во фирмата. Од друга страна викаш дека е загрижена дека ќе си одиш, што можда значи дека има простор да настојуваш уште. Сепак, ти најдобро си знаеш до каде е границата со неа и дали има смисла да бидеш упорна или не.

    У секој случај, како што рече @Bridget, ако си незадоволна со платата, барај подобра работа, па ако успееш да најдеш, батали ја оваа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Баш така. Со сила сака да ме деградира и да ме направи неспособна. Ми дала работа , а колку таа работа чини и колку ме плаќа. И барам покачување, а таа вели дека и плус обврски ќе ми даде. Па тоа не е покачување. Ако ништо не добијам ќе и дадам отказ. Ќе се мачам некој месец, ама ќе се снајдам дека сум вредна. А таа ќе изгуби вреден работник и кого и да ангажира нема ни пола од мојата работа да ја заврши.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Ми даде покачување. Си сумирала што како. Од една страна ме деградираше демек доволно ми се парите, ова - она, ама попушти.
     
    На Traveler91, onladybug, crimson и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Е па, ај честито! :) И да не почастиш нешто. :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да си прашам, како барате да ви ја покачат платата кога газдите немаат абер тоа да го направат?Еве јас на пример работам во приватна фирма и правм платни налози,пуштан предмети на нотар,на извршител,водам книговодство а земам плата 18.000.На кој начин да добијам покачување?
     
  14. Fontana

    Fontana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Женски
    Почни да одиш во сабота на работа.
    Јас го работам истото дури не почнав по 1-2 саботи во месецот не ми ја качија.
    Исто бев 18.000 сега зимам 21.500
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Ќе си разговараш со надлежниот отворено. Ќе образложиш зошто сметаш дека заслужуваш. Секако ќе мрчи ама биди си упорна. Зависи и колку време си во фирма, барем година да си таму би било ок за да не испадне дека одма бараш.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, pianogirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Леле човек се ужаснувам кога ќе прочитам вакви суми за толку обврски. Море стави со до знаење дека не сакаш толку многу обврски за таа плата или барај подобро. Во Скопје си? Ако е во Скопје, оваа плата е мала.
     
    На pianogirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Никако.
    Ако е суфицитарен кадар, платите ќе бидат ниски, бидејќи народов нема чувство за заедница, ни знаење за граѓански активизам.
     
  18. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Не сум во Скопје во Штип сум ама без разлика сметам дека барем 20 000 ттеба да биде платата.утре ќе се карам па ќе видам шо ќе излезе
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Не се карај. Почни со убаво. Ќе си кажеш, работам тука толку и толку време, сметам дека одлично си ги обавувам своите обврски, тука ќе почнеш да набројуваш што све работиш за да им дадеш до знаење дека си свесна колку работиш за таа плата, потоа ќе си кажеш сметам дека за целиот мој труд вложен, за целиот мој придонес, заслужувам покачување на платата.
    Карањето остави го за крај, не бега.

    Едит, сега гледам слично на претходната страница сум пишала.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, BejbiBlu и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Со фино. И пиши што си направила. Но, ако не се разбираат со фино почни и остро.