Супер. Бидете бунтовни, барајте повеќе. Ако сте вредни, не се плашете, работа секогаш има за вредните. Вака ќе придонесеме да имаме повисоки плати. Случајот претходно каде кажувам како барав покачување, и едвај го добив, по неколку месеци го сменив тоа работно место. Сега сум подобро платена, и успевам повеќе да штедам, а жената која ме деградираше па ми даде покачување, 5 години подоцна не може да најде работник, и да го задржи повеќе од неколку месеци. Јас бев рекордерка кај нејзе со 3 години и 10 месеци. Така што ако бркате повеќе работи, барајте го своето. На крајот делата кажуваат дали сме заменливи или не.
Кога барате покачување каде е најдобро да се обратите, директно на директорот или да се оди преку хр ?
Зависи до компанијата ама глеај да не скокаш хиерархиски значи кај одговорните дали хр или менаџер - со други зборови тој што е над тебе.
Внимателно бирај каде. Има и луѓе трачари (без разлика што се дел од човечки ресурси) кои ќе ти направат проблем кај останатите твои колеги или колешки. Ако директорот е коректен човек, подобро ти е да разговараш со него.
Како што ти кажаа другите. Шеф, па се нагоре. Ма да, не вреди ако веќе решиле да не дадат. Биди со коректен однос спрема сите иако не заслужуваат, знам. Ама за твој мир. И согледувај ги двете страни и твојата и нивната