Женски имам ракчиња чистени вакумирани им поминал рокот до 24ти биле, дали да ги фрлам или може сеуште да се јадат, ги отворив не ми стојат расипани
Јас ги печам најобично. Маслиново масло, зачини и во рерна. Зборувам за оние замрзнатите што се продаваат во маркети.
Во фолија или онака? И што ставаш од зачини. Јас не јадам морска храна, на мм сакам да му направам и ич не знам кои зачини одговараат
Не, не во фолија на тавче, маслиново масло, сол и копар,или вегета пикант, може и лук. И јас несакам мн морско ама вака ми се вкусни. Да кажам прво ги обарувам малку, па после ова другово. А некогаш и наместо да ги печам ги валкам во брашно со со сол, црвен пипер, или вегета пикант и ги пржам....
Купив од Стокомак замрзнати чистени ракчиња. Ми мирисаат многу лошо, како школките што се смируваат. Дали е нормална оваа миризба, прв пат купувам нешто морско
Не би требало да мирисаат, не знам, вака чудно ми звучи. Земи подзапржи ги, види во каква состојба ќе бидат, ако мирисаат уште или бојата им е чудна, фрлај.