Знам дека пукањето на прстите не е воопшто здраво, имам слушнато дека при пукањето тоа се некои меурчиња кои не се регенерираат и на стари години рацете се треселе. Пробувам на секој можен начин да се одвикнам од тоа, и никако не ми успева. Некое време не ги пукам, и после си викам ај уште сега ај уште сега, и пак продолжувам. Имате ли вие таков проблем, и како сте го решиле ?
И јас го имам истиот проблем и никако да престанам. Цело време од дома ми викаат да престанам но престанувам само кога ќе ми речат, потоа пак си продолжувам. Тоа ми е навика.
Да, го имам овој проблем. И не, се‘ уште го немам решено, а не верувам ни дека ќе го решам. Додуша порано повеќе ги пукав, ама во последно време НЕКАКО се контролирам.
оф лелеле истиот проблем го имам и јаа , цело време ми викаат коа го правам тоа али шознам онака навика е еве дур го пишувам оваа ги испукав
Уф многу глупа навика ми е ова со пукањето на прстите. Од кога знам за себе ги пукам и никако неможам да се одвикнам ако знае некој како го молам нека пише.
Колку сакам да се одвикнам од оваа гадна навика... Ама не оди. Гледам дека и многу други го имаат овој проблем, па пишете ако знаете како да го решам.
Јас го имав проблемов и откако прочитав на интернет почнав да носам ластиче од тие гумените на зглобот на раката. После пуканње го истегнував ластичето и го пуштав па тоа мн боли и по некое време престанав. Наводно психата те тера да се откажеш од нешто ако од тоа има последици
Девојки јас ги пукам само палците, ама се повеќе и повеќе. И искрено приметувам дека ми се некако полабави, порастресени (ако може да се каже) во споредба со др прсти... И ми се грчат во последно време Хелп!
Јас го пукам секое зглобче на прстите на рацете, на нозете, лактовите, колената, 'рбетот, вратот, колковите... Тоа ми е утринска гимнастика Ако ги немам испукано, некако ми шкрипат Рацете имам приметено дека ги малтретирам секогаш кога ме фаќа нервоза. Сега за испитнава, партал ги направив! Лек за ова - не знам. Ама ова со ластичињава ми се гледа како добра солуција за да се одвикнеме од пукање прсти.
Пробував да престанам да ги пукам но не бидува никако Ако не ги испукам се осеќам како да ми се грчат и да неможам да ги помрднам и морам да ги испукам. Еднаш видов на една баба рацете како и се тресеа, па викам еве види какви и се нејзе рацете, такви ќе ти бидат и тебе ако не престанеш. Но ете не престанува И јас сум за чаре
Порано не ги пукаф, сега пак почнав. И само што ќе се спомене пукање почнувам пак.. Еве коа ја прочитав темава ги испукав.. Решење-Њама!
Само ако стварно решиш да не ги пукаш ке престанеш. Не ги пукав цел месец ама пројде тој месец, сега пак ги пукам, несвесно некогаш
си ги пукам одма кога ќе ми текне и не планирам да престанам едноставно неможам да се воздржам.нема лек!
ги пукам и на раце и на нози,ама...тешко мене ако тоа го направам пред прасенцето мое одма добивам по нога или рака едно шамарче-не ми дава тоа да го правам сто пати ме има опоменувано и јас пак терам свое....
Aуфф пукањето прсти ми е како хоби и навистина не знам што да направам за да се одвикнам од таа навика
Aбе ова стварно е штетно Ми имаа кажано ама не би беше за верување и тоа од наставник биологија А јас па си мислев исто како вратот или било што се распукува при утринска гимнастика Иначе немам ваква навика освен во некои нервозни или напнати ситуации на исчекување...
Истиов проблем го имам, иако јас не го сметам баш за проблем Незнам како да прекинам, некогаш се контролирам.. Незнам, кога ќе почнеш да пукаш кажи си не е убаво несмеам и прекини Неззнам како би можело да се надмине тоа