Јас и вилицата си ја крцкам... Знам дека не чини и дека може изместена да останам, ама не можам да се одвикнам никако.
Ма се` пукам! Прсти, зглобови, раце, нозе, кичма, врат, вилица и еве ме права здрава За пукање прсти едно време ме одвикнаа со трикче. Демек кога ќе ми се присакало да земам да вртам нешто околу прсти и ми помогна, ама сега за жал пак се навратив на старата ми лоша навика. Шта чеш..
јас многу ги кршев прстите ама дечко ми многу се лутеше и ми даде еден услов ако престанам ке ми купи се што сакам јас размислив и се согласив...повеќе не ги пукам од почит кон него затоа што сакаше да ми помогне можете и вие така не мора да е дечко,било кој на кој му смета тоа
имав таков проблем и постојано си ги пукав,но еден ден несто ми текна и престанав. зборот ми беше тоа е само фаза
Хахаха и јас сум иста, сега само да се помрднам цело тело ми распукува! Ќе го пробам ова со ластичињава
Малеееееееее, и за ова ли има лек?! Браво, брависимо!!! Кажувајте нешто ефективно, мене од пукање прсти почнаа рацеве да ми се тресат! Спојлер (Пук!) Пред да го напишам смајливо шо аплаудира, си го пукнав показалчето
Во фаза на одвикнување сум.Штом успеав да се одвикнам од гризење нокти..ехехе ова не претставува проблем.И да се пофалам додека ја читав темава ич не ги пукнав.Ми се пука и сега моментално но ќе издржам.Штом сум решила да престанам ќе престанам и што сака нека се случи.Решена сум и точка.
И јас го имам овој проблем,и сеуште го немам решено..И јас имам слушнато за тресење на рацете..Но сепак неможам да се одвикнам,што да правам
Јас мислам дека нема спас. МА што и да пробам кога само го чујам зборот пукање готово се оди во непорат
Ја видов темата, и се испукав целата. Нема лек за ова мислам. Грб, врат, прсти, кичма ма све пукам. Кога ќе ме слушне мајка ми само вика „уште еднаш само испукај се“
ма се пукам раци нозе вилица и кога одам ми пукаат нозете...шо ќе мислам за у староста може нема да остарам
А заборавив да кажам. Десниот лакт ми беше набиел пред 2 години, и сеа кога и да ја „мавнам“ силно раката ми пука.
Не бре, ни ластиче ни ништо не помага. Сега дури почнав да ги пукам и најмалите зглобчиња на прстите, знаете оние што се одма под ноктите
Многу лоша навика е тоа ги пукам секаде и многу често а понекогаш кога сум на пример на факс и одговарам усно и несвесно ги пукам прстите тоа изгледа дека сум несигурна во себе.
Кхм, решението се крие некаде, но треба да се најде... Јас го имав истиот проблем, но најдов едно логично решение кое не ми штети толку. Вака.... гледам да ги ангажирам рацете, да им дадам некоја работа за да немаат време да пукаат, кога сум во училиште ги пукам теттраките и ги шарам само да правам нешто, кога сум дома далечинското го држев во двете раце, па така-вака, сега не сум заразена! Обидете се, може и кај вас ќе делува!
Ги пукам само на испрашувања и тестови кога врска си немам, или пак имам научено - недоучено. Сите веќе ме познаваат дека ги пукам прстите кога сум несигурна