Па еве и јас имам решение Се симнував по скали и паднав односно рацете напред нозете назад и цело време на рацете се држев и кога стигнав доле се задржав на рацете и сега ме боли целата рака и прстите едвај ги мрдам на пукање не можам ни да помислам (ако сакате пробајте, делува )
Порано многу ѓи пукав прстите.Многу лоша навика ми беше.Но еден ден се одвикнав,почнаа да ми се тресат рацете и едниот прст ми се искриви.Па од тогаш до сега не сум ѓи пукнала ни еднаш,па прстот ми се врати во нормала а и рацете не ми се тресат повеќе...
Порано ја имам таа навика, сега многу ретко се случува да ги пукам,можеби некогаш од нервоза при протегање,или чувство на замор. Искрено ни самата незнам како се намали таа навика
Прочитав дека е здраво до 2-3 пати да се испукаат прстите во денот, било добро за зглобовите. Јас претерано често ги пукам и полека се одвикнувам.
И јас едно време ги пукав, и сеа, ама поретко.. За секоја навика има и одвика, едноставно пред да посегнес ќе помислиш на тоа, ќе се воздржиш и нема да ги пукаш, или ако веке пукнеш еден прст, ќе те потсети да не ги пукаш следните и такаа ^.^
Не верувам дека има решение да се откажам од ова пукање на прсти.Многу пати во денот ги пукам прстите и се нервирам затоа што никако не можам да се откажам.Мајка ми нон-стоп ми зборува дека не е убаво да се пукаат прстите,бидејки ќе ми се треселе рацете.Одвреме навреме ми се тресат ама претпоставувам дека е од нервоза.
Последно време започнав да се одвикнувам, а не сметам дека е лошо дури и интересно е како мала се натпреварувавме кој повеќе може да ги испука
Оф оваа глупа навика. Пукам прсти како ненормална, во секоја можна прилика. И не само прсти, туку и рачни зглобови, кај лактите, колената, вратот и грбот Едноставно нема ден јас да не ги испукам прстите минимум 10 пати. Ми тежнеат прстите некако кога не го правам тоа, ама заради ова рацете ми се тресат ко на стара баба И тоа секој прст го пукам кај секој можен зглоб. Посебно кога имам трема или слично. Е тогаш прстите ми патат највише. Ма го тегнам прстот додека не ме здоболи до коска, чекајќи да ми пукне, а јас сум го испукала пред 5 минути Остај тоа, па уште и кога ќе си ги испукам моите, од што нема више што да пукам, посегнувам по прстите на другарките. Едни сакаат, едни бегаат. Пробувам да се одвикнам, и кога ќе ми текне дека сакам да ги испукам, престанувам, но некогаш несвесно ќе завршам работа. Сега планирам да си ги задолжам другарките да ме треснат по раце кога ќе видат дека ги пукам прстите. Читајќи си го постов се осеќам како умоболна
Јас си ги пукам, ама не ги тегнам, брррр.. мислам дека ќе си ги искорнам ако ги тегнам.. Јас ги вијам, и тоа наназад еве сликиче, што не е препорачливо за луѓе со слабо срце. Аман, не можам да ставам.. Ги кукам и палците, како и палците на нозете. Едноставно не се осеќам убаво, ако не ги испукам, другарките ги пукаат многу гласно, а јас потивко. Никој не сака да гледа во моите пртси додека ги виткам, веднаш се ежат. А на средниот прст, онаа коската што е на средина можам да ја вијам под агол од 60 степени, кога го откри тоа другарка ми на сите почна да го покажува, по пат насекаде, и се тоа заради глупавото пукање на прстиии..
Кога го прочитав ова се замислив себеси ама за друга глупа навика "стискање митисери и мозолчиња"... па и не само тоа туку и поткожни влакна, некои црнки, белки, секакви израстоци на кожата ... и како болна ги бркам луѓето околу себе да ги стискам и малтретирам, они бегаат од мене а ја уште и преговарам со нив, склопувам договори што би направила ако ми дадат да им ги стиснам тие 2 или 5 мозолчиња. Да не скренам од темата многу ДА и ја ги пукам прстите и тоа сите можни ковчиња, и живи глупости ке ми се треселе рацете... дај боже да доживеам 80-90 години нема да везам и плетам тогаш ако ми се тресат рацете.
Имам читано секакви мислења околу оваа тема, но најактуелно е меѓу постарите дека ако ги пукаш постојано, ќе ти се тресат кога ќе остариш. Лично јас ги пукам милион пати на ден, и тоа без тегнење. Секоја коска мора да крцне или не е завршен процесот. Врат, глава, прсти на рацете, прсти на нозете, грбот... абе се пукам. Имаше нешто и дека е здраво, ама не ако претеруваш. А за рацете ми се тресат, малце ако се под незгоден агол.
Се се ама од ова да се откажам никако неможам, ги пукам уште од седмо оделение тој период ги пукав буквално не секоја минутка од дома ми викаа престани веќе неможеа да ме слушаат е од толку пукање почнав да ги чуствувам прсите како здрвени и сакав да се одвикнам ама неможев гледав на саат ај да поминат уште 5 минути па ке си ги испукам абе болест и до ден денес ги пукам ама не до толку почнаа и рецете да ми се тресат неможам ноктите да си ги налакирам дури и колегите од факултет забележуваат дека ми се тресат кога треба да изработам некоја вежба и срам ме фаќа
Леле и мене ногу ми се тресат рацете,кога имавме вежби во лабораторија(средно завршив сега) и кога треба од реагенсот да ставам толку и толку мл. во епруветата леле ми се тресат и губам концентрација
Јас мноу ги пукав прсите ама се одвикнав а сум слушнала дека од пукањето на прстите ке ти се тресат многу рацете а и коските на прсите ги ти бидат пошироки и мене почнаа да ми се тресат а и да ми бидат малку пошироки па затоа веќе не ги пукам