Јaс не ги пукам прстите,ме боли и глупо ми е и сум една од ретките што ја нема оваа лоша навика фала богу
О,боже,не сум била единствена. Значи јас постојано пукам прсти.Едноставно ми се допаѓа тој звук кога прст ке пукне-и ова ми ппрејде во навика.Моите викаат од што сум нервозна,и ми велат да не се нервирам толку ама не-навика ми е.Чаре нема за навикава... Во последно време почнав и вратот и половината постојано да ги истегнувам и да им ги пукам коските.ШТо навика е ова бе
на секои 5 минутки ги пукам прстите и почнаа да ми се искривуват и да ми се тресат, а и на нозете ги пукам,неможам да се одвикнам од оваа навика никако
И јас ја имам оваа навика. Неколку пати досега се обидов да се одвикнам, но едноставно не можам. Кога не ги пукам прстите, мислам дека ми се здрвени.
Јас не можам никако да престанам да ги пукам прстите. Ако не ги прекршам барем еднаш во часот, си мислам дека ќе ми откажат.
Секогаш кога сум нервозна или во исчекување го правам ова. Не знам дали и колку е штетно ама тешко е за одвикнување.
Ако не ги крцнам ко саката сум, за некои работи немам ни фат.А сѐ крцкам, прстите, глава, кичма, некогаш и тие на нозете
Јас константно ги пукам, не можам, ако не ги испукам исто и мене ми се како здрвени рацете и не можам да фатам нешто. И сите коски си ги пукам, од глава, грб, половина, колената, прстињата на стапалата.