Вака дечки, прво да објаснам зошто ми треба помош. Живеам во средина каде не постои ноќен живот, во некое населено место околу еден град. Пораснав дебел, и како дете никогаш не бев доволно храбар да им се пуштам на девојчињата, зашто често бев мета на bullying (не знам како да го преведам на мк). На кратко, ослабев, се одржувам околу 75-80кг. Јас мислам дека имам атрактивно лице и тело. Имам 23 години, нормално се обидувам да си најдам женска за сериозна врска, не наоѓам задоволство во с**с за една вечер со некоја рандом поднапиена женска. Ама тука наидов на проблем. Запознав едно девојче на часови за возачка, зборувавме малку, и реков ај ќе ја додадам. На мое изненадување, бргу ја прифати понудата. И си пишувавме неколку дена по можеби 7 пораки на ден, (јас работам а таа има онлајн настава и работи втора смена, полнолетна е), и оп, наидов на истиот проблем како секогаш. Ми снемаа теми за разговор. Ја прашував прво за возачката, зошто полага толку млада, ти реков ми рече, па за образованието, за работата, планови и соништа за иднина... Ама ми изгледа како да и сум одбивен, а ми изгледаше заинтересирана кога зборувавме во живо. И еве, денес е прв ден што се немаме воопшто допишувано, па си мислев што да и пишам, ама ништо интересно не ми паѓа на ум. Сакам да одам кај што работи за она small talk, ама работам до доцна, и бидејќи уште немам возачка, уште не можам да излегувам навечер освен ако не сум договорен со другари, и е недела па да можам денски со јавен превоз. А еве баш вечерва бев излезен со другари до подоцна, ама не сакаја да одиме кај што работи таја, бидејќи "сите старци се береле таму", и ја пропуштив шансата да ја видам денес. Многу е симпатична, нонстоп насмеана, кога зборувавме, нонстоп во очи ме гледаше. Не дека сум заљубен, не сакам да ја форсирам, ама ми изгледа како супер женска и би сакал да пробаме па што биде нек биде. Не сакам да и пишам да те носам ваму онаму одеднаш, да не мисли дека сакам да ја купам, иако би можел да купам тон лесни девојки. Сакам прво да ми се отвори, да ми докаже дека и таја е заинтересирана за врска, па да ја поканам на некојси дејт.
Јас мислам да продолжиш да и пишуваш, а за излегување почекај малце. Ќе видиш дали е заинтересирана и како ти враќа на пораките, ако не е не форсирај. По 7 пораки на ден како што велиш ми изгледа малку, па и веднаш да снемате тема на муабет. Ама добро разбирам ако сте зафатени многу. Теми за муабет има. Прашувај за планови за иднина, ако е заинтересирана и таа ќе те прашува , па ќе разврзете некој муабет. Прашувај за хоби, што музика слуша, размислување, цели во животот, не знам дури и глупости да се, ако е заинтересирана ќе забележиш. Ама ако не е, тогаш остави. Може во живо и било незгодно да те одбие. Мој совет ти е да продолжи разговор уште утре, па ќе видиш како ќе се одвива. Одма се заприметува дали некој е заинтересиран или не.
Здраво(1) Здраво(2) Како си, што правиш?(3) Добра сум, а ти како си?(4) Добар сум и јас.(5) Епа убаво, и јас еве на работа.(6) (7) Вака отприлика изгледаат тие 7 пораки ли? Мислам дека џабе се мачиш, бидејќи вие реално не сте ни разговарале.
Сте снемале теми, веројатно затоа што само ти си иницинал разговор, a таа само одговара на прашања сувопарно, без да проба да го продлабочи разговорот...
Затоа што ти направила нормален муабет изгледала заинтересирано?? Хмм . Девојчево не е заинтересирано за тебе, само си правела најнормален муабет, како секој нормален човек. Не знам од кај ви е таа идеја дека ако девојчето ви прави муабет треба да е заинтересирана.
Лесни девојки од типот: Излегуваш со друштво, ти доаѓа на сепаре, ќе ти фрли два три муабети,ќе ти се обеси цела вечер на тебе, ќе ја частиш неколку пијачки, можеби ќе ја закачиш и утре не се познавате.
Всушност не баш така, во целиот разговор од 6 дена, само два пати ја имам прашано како си, и никогаш немам повторено иста тема за разговор. Скраја да е, имам такви личности на Facebook што задолжително еднаш во денот ме прашуваат како сум. Не сум до толку. Само што реално немам многу искуство because: reasons, и немаме на пример заедничко друштво некое, па да речиш ќе се сретнеме. Јас и не се секирам многу, не ги имам сите облози на неа, ја поминав фазата во животот кога симпатиите ми траеја со години хаха.
Абе сега, не сакам да звучам она biased, ама така некако. Разбирам дека и јас би спаднал во таја категорија бидејќи сум дозвочил да се случи тоа, или можеби ми е малку ригорозно мислењево, ама така некако.
А зашто не ни направиш еден скрин да видиме каков муабет правиш ти а каков она, вака само претпоставуваме.
Ај не претерувајте дотолку. @Some Random Guy девојка што е заинтересирана за тебе ќе разговара/пишува со тебе и самата ќе отвора теми за разговор. Ако не ти ни пишала никогаш прва, не е тоа тоа. А ако има работа и обврски, не е тоа изговор, оти кој е заинтересиран, наоѓа време.
Да де он ке збори по два збора а она кловн ке го забавува со нови теми.Нека си пребара низ интернет теми ако не е комуникативен и нека си ги запишува.Треба и двајцата да партиципираат.
@Some Random Guy Што направивте за од 7 реченици да снемате муабет? Овде повеќе муабет направи него со девојкава. Па сега размисли...девојкава те познава уште помалку него ние на форумов. Зошто и да биде премногу заинтересирана? Не е битна темата. За чорапи да зборите ќе извадите повеќе реченици ако е заинтересирана, ама не делува така.
Па, од прилика вака изгледа. Воглавно јас прашувам, таја одговара, ќе додадам нешто за мене, таја одговара и префрламе на друга тема некоја. Има и други пораки, сега да не го сликам цел разговор, ама еве некои извадоци. Зависно од што е напишано, заклучете која е темата и контекстот.
Јас не гледам ништо и се надевам ги избриша имињата да не ве препознае некој? Пробав и со вју ама пак е ситно
да, од муабетов само ти иницираш а она одговара како на интервју.Јас би одела на шала како да речеш прашај ме нешто ти мене само јас да не те прашувам ќе испаднам како да сум многу радознал и едно смајли да ставиш. Еве јас не можам да заклучам дали е заинтересирана или не па нека кажат и другите мисслење: