Ќе го одбие 200%. Сувопарен е разговоров. Ниту она нешто премногу се труди, ниту пак тој знае како да ја заинтересира да направат муабет.
Moжеби е рано.Кај нас кафето асоцира на дејт а повеќето се плашат или имаат трема од нив.Можеби е подобро да најде некој изговор за почеток за да ја види дали да и побара нешто да му позајми или обратно од некој заеднички интерес што ќе го запримети по муабетот.Ако има можност заедно да патуваат и да си направат муабет во живо уште поубаво.Сетоа тоа да биде неофицијално зашто по се изгледа и двајцата се срамежливи
Па може и она пази што збори да не испадне смешна или глупа пред него па бира зборови...рано е да се каже
Отсечно враќа,не е заинтересирана. Колку да и помине времето враќа,ако ја интересира нешто повеќе ќе го прашаше она сама.
И мене ми изгледа дека не е многу заинтересирана. И да праша за кафе мислам дека е рано, па и со вакви муабети веројатно би го одбила.
@Some Random Guy мислам да си ја пробаш сепак среќата и да ја прашаш да искочите на кафе, и да те одбие не е страшно ќе си најдеш некоја друга. Еве ти предлог за теми за разговор, малце глупи звучат, али колку да тераш разговор мислам дека се ок. Спојлер: Теми за разговор Омилени филмови Омилена музика Омичен пејач Омилена книга Омилен автор/поет Омилен научник Омилена иновација Омилена кола/каква кола сакаш да си земеш? Актуелни настани во светот Омилена серија Омилен јутубер Линк за дополнителни рандом теми
Ништо повеќе од обичен муабет, ти прашуваш, таа одговара како на квиз, малце дури и... Али добро си пробал. Ако не почни да ти пишува прва и таа т.е не започни таа разговор не очекувај ништо повеќе, бидеќи нее заентересирана, а по муабетиве очигледно скоро наполнила и 18 па и не и се брза како на тебе. А и ти би било паметно да си се повлечиш од замислата да бидеш во врска со незе, барем ќе си имаш уште еден другар/познаник во животот од некаде.
зошто цел разговор го прилепи тука на јавен форум? Покажи малце храброст и директно прашај ја дали сака да се видите, ако прифати кажи и дека си заинтересиран за нешто повеќе, чисто да знаеш на што си, за да не си го трошиш времето и да не си даваш лажна надеж. Жените сакаат директни и искрени мажи.
По разговоров мислам дека не е заинтересирана, само од култура враќа. Дури никаде не те прашала нешто за тебе, само ти сам си кажуваш. и да муабетов е како на интервју.
Мене па некако многу прашања од твоја страна ми се искрено .. пиши и нешто и остави да ти одговори на тоа , како да ти е страв да не те остави на сеен и одма прашање ..
Нека праша де. Полошо од ова не можи да биде. Не ја има, па да ја изгуби. И ова би ми било совет за сите: Ако сте заинтересирани за некој/а, прашајте го/ја дали сака да се видите.
Пред се ти немаш почит према жени. Второ не можеш да и се тупнеш на работно место, не и се врти светот околу тебе, па и да и се свиѓаш. Можеш да ја прашаш да искочите на кафе, па ако сака сака, ако не барем ќе си знаеш. Иако и кафе и лајт муабет не значи заинтересираност или лесна девојка и не се дувајте ко фазани со тоа можам куп да имам, не се воздигнувате себе си така, туку спротивното.
Не е заинтересирана за тебе, не се надевај за џабе, и јас вака во 98% од случаите кога враќам на машки е затоа што ми е досадно и вакви муабети тераме колку да ми помине времето...
Како прво ако сакаш да ја однесеш на вечера немора да значи одма да ја купе какво ви е тоа купување не сме ние стоки, ако немаш пари плати си ти за себе она за себе. 21 век е дејт во денешно време е или журка или кафич, на клупа такви романтики забрави.
Не знам што конкретно те привлекло кај типкава, се надевам физичкиот изглед. Ми изгледа ко недозреана. Да е незаинтересирана, претпоставувам ќе бидеш на seen. А вака враќа на пораките... Замисли дејт да имаш и цело време да треба ти да иницираш разговор. Што знам, напорни ми се тие луѓе, или збори, комуницирај или поарно да не си го трошам времето. И пред огледало подобар муабет ќе си направам. Не го тупи, викни ја на кафе, ако толку нешто ти се засвиѓало кај неа. Барем да не останеш на тоа, што би било, кога би било. Не е тешко, речи, сакаш да идеме на кафе, една реченица, ајт. Понатака ако и во живо е ваква досада, да нема интеракција никаква, туку ти ко инспектор само да распрашуваш, па што ќе ти е...