Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да продолжам со разговорот со симпатијата?

Дискусија во 'Сингл' започната од Some Random Guy, 23 мај 2021.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Meне највеќе ме нервира кога треба на некој со клешти да му ги вадиш зборовите.
    Исто ко типкава, ми се чини само ради реда враќа.
    Ниту еднаш како што приметив го нема прашано за нешто, туку тој сам си одговара на прашањата поставени за неа.
    Тотално незаинтересирана личност.
     
    На Ivan4e04, sunshinebabe, Ajronmen и 16 други им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Абе нека си проба, па сега, што биде биде. Ама јас после муабетов, на негово место, ќе ја избришам. Ме напна дури:)Јакото е што не го ни прашува ништо, тој си кажува за себе, пошо сигурно ја заболе:D Со таква личност само друштво до црква да ти прави, барем да не ти е глупо што ќе ќутите.
    А дечково, преку фб ја прашува за животни соништа, идеали, иднина. Се ми е fucked up. Сигурно е во прашање добра сиса, во спротивно нека се преиспита што бара кај една жена:)
     
    На Ajronmen, Idedemja, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.684
    Допаѓања:
    79.800
    Пол:
    Женски
    Не значи дека таа има проблем или некоја мана ако враќа на тој начин. Само баш и' е гајле, затоа.
     
    На Brinetka, AriLangdon, Ambitious и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    @Some Random Guy чоек не знам како да ти кажам али, остај. Не е заинтересирана и нема да се заинтересира верувај ми. Не си губи време.
    А ко прво, како вака од одма си се поставил со “се надевам не ти пречам”? Какво пречење? Одма ѝ даваш до знаење дека си несигурен у себе што е инстантен turn off за 98% од луѓето. Второ, според скринот шо си го опнал на јавно место тука, не е заинтересирана уопште.
    Мислам дај, очигледно е. Ако некој е заинтересиран ќе се потруди. Ја лично шо сум скроз dry texter со сите кога ми се свиѓаат луѓе се мењам скроз. А и некој да ми каже дА нЕ тИ пРеЧаМ одма ќе бидам као лол, не фала, чао. Не си фин со тоа што си го прашал, само изглеаш insecure. И мислам денес у 21 век вакви “општи” муабети се... као да ти кажам, досадни. Сигурно миљарда пати била прашана за овие ствари, биди интересен малце ако сакаш да ѝ привлечеш внимание.
    Трето... до каде со нисково мислење за девојки што тИ сЕ лЕпАт ПиЈаНи? Шо ти демек вака ко трезен нешо боље си или?

    Ќе бидам искрена и ќе кажам дека не си ѝ интересен, откажи се веднаш и барај си друга симпатија. Пошо очигледно е дека муабетот и интелектот не те привлекол кај оваа. Со среќа.
     
    На Ivan4e04, sunshinebabe, mode-kristina и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Some Random Guy

    Some Random Guy Активен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Јас всушност доцнев на час некоја минутка, и кога пристигнав, воопшто не обрнав внимание кој што е во просторијата. Седнав на столчето пред неа бидејќи беше слободно. Но за време на наставата, инструкторката ти кажува на пример слика со повеќе коли и треба да кажиш која има предност. Всушност, само јас и таја малку бевме активни во тој интерактивен дел од наставата, и всушност, првото што го приметив кај неа беше гласот. Има нежен глас. И го свртив столчето странично, и бевме речиси лице в лице. И за време на паузата си направивме малку муабет, како се викаш, колку години имаш, од кај си, за предавањето за прва помош нешто во Црвен Крст, после другата пауза, за тоа што беше вклучено на проекторот. Ова од првиот од 3-те дена што бевме заедно на настава.
    Абе што да ви кажам. Имаше 10 души групата, 7 женски 3 машки. Сите ќутеа, само јас и таја имавме интеракции со инструкторката, и за паузите само јас и таја нешто ќе напраевме муабет, другите сите ѕркнати во телефоните. И така си помислив дека МОЖЕБИ (јас не почнав одма план за свадба, и имиња за деца да смислувам хахах) е заинтересирана, иако сум 5 години постар од неа.
    Знаеш, има видеа демек како да препознаеш ако и се свиѓаш на некоја, и јас имав гледано такви видеа, и некои "знаци" демек, забележав. Ме гледаше во очи, си играше со косата, нозете и беа прекрстени во мој правец, и комуницираше со мене. Ако воопшто има смисла тоа што го имав видено во видеата, е тоа го приметив.
    Најискрено, девојчето е убаво ама не она мис свет, што би се рекло. Дефинитивно нејзиниот физички изглед не беше првото нешто што ме привлече, имаше други поубави девојки на предавањето, но ете.
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    *Таа*
     
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Види тоа што само вие двајца сте имале интеракција со инструкторката, укажува дека вие сте единствените заинтересирани за полагање, ништо друго. Останатите веројатно приморани од мама и тато.
    Ти најдобро ја знаеш ситуацијата. Јас пишувам врз основа на она што го прочитав. Искрено, навистина не изгледа на муабет каде има обострани ,,чувства". Разликата во годините е уште нешто што го приметив. Се гледа недозреаност од нејзина страна. Ти изгледаш посериозен, а таа како сеуште да е зелена, што не е лошо, но можеби ќе доведе до некомпатибилност, со оглед дека сакаш врска, а не разонода. А за да започнеш врска, најпрвин треба да се видиш очи во очи, а не да прашуваш каков разговор да иницираш на фејсбук. Реално, без разлика што совет и да добиеш, како што гледаш само одговара, но не те прашува за тебе ништо и пак ќе изгубиш тема на муабет и до кога така? Вака, собери храброст, викни ја на кафе, понатака сам си знаеш и ќе осетиш дали вреди да се замараш или не.
    Почекај една недела, не пишувај, потоа прашај ја како си, дрн дрн глуп муабет, и викни ја на кафе. Верувај ми кога ќе ти кажам, жена што е заинтересирана за некого, доволно и е само како си да пишеш, веќе сака да излезе на кафе. Не менува, ама ништо, ако ти ја прашаш што музика слуша. Така да, go ahead, и онака ја немаш, па немаш ни што да изгубиш. А вака ќе изгубиш драгоцено време, замарајќи се со некоја што можеби одговарала само од куртоазија.
     
    На sunshinebabe, Ajronmen, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.657
    Допаѓања:
    39.470
    Пол:
    Женски
    Јас вака враќам кога сум тотално незаинтересирана и ми е глупо да оставам на seen или да не ја отворам воопшто пораката.
    Претпоставувам дека и она исто се осеќа и само чека тој да ги сфати суптилните знаци дека треба да прекине да ѝ пишува.Не верувам дека ѝ се свиѓа ама е глупава и не знае да пишува...

    Си пробал, не бива, не ја напнувај, ако сте поразговарале на пауза и прекрстила нозе не е знак дека одма ти фрлила око, уствари може ѝ било забавно во моментот не знам, ама во секој случај со сила убавина не бидува, не дека нешто е до тебе или нејзе туку тоа е тоа...и муабетите со "можам да ја имам секоја лесна девојка"...umm no
     
    На sunshinebabe, Ajronmen, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Lavenderr

    Lavenderr Нов член

    Се зачлени на:
    30 април 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    13
    Пиши и искрено што бараш од неа.
     
  10. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.171
    Пол:
    Женски
    Вака му враќав на дечко ми, па 100 години сме заедно. Јас сум идиот и во глобала не враќав ич. Признавам.

    Совет до дечкото: не ти е толку лош муабетот, има каде-каде полошо. Ова музика, филмови е малку досадничко ама си можел да и' предложиш некоја песна, некој нов пејач/бенд, да споделиш зошто некоја песна ти е омилена...лупам, ама најди нешто заедничко, интересно, вака баш како на квиз испаѓа. И задржи се на една тема повеќе време. Мене пример не ми смета и смислата на животот да ја дискутирам на прво пишење (лупам пак), не на weird way ко Јеховини сведоци на врата.
    Не ја напнувај секој ден, почекај па пиши и' уште еднаш/два пати, покани ја на кафе и ќе видиш.
    Јас мислам не треба веднаш откажување (ова не значи дека нема граници колку да се досадва).

    Морам да го извадам и ова од системот:
    Не.
    Кај се продаваат и како се купуваат? Аманте со тие пијачките. Остај пари и честење, види шо друго можиш да понудиш. Ко крави на поило да сме. Ако сакаш девојка, смени го размислувањето. Можи и со оваа ќе испадни еден дејт па после ќе речиш лесна е, тешко на девојчето. И, не мора секое пишување и излегување да прераснат во врска.
    Добронамерен совет. Генерација сме, млад си, седни размисли шо кажа.
    Дали бараше девојка по секоја цена? Виде 7 девојки, па која ќе зборува најмногу значи е заинтересирана и да си пробаш? Ако е така, да не и' пишуваш пак.
     
    На Just.do.it, spacegirl92 и Ladybug98 им се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    @Some Random Guy Друже со ваков формален досаден разговор и да била заинтересирана веќе нема да биде. Ја да сум женско и некој да ме дрнка 5 дена со прашања од типот како си и кој ти е омилен бенд ќе ми здосади ако не е конкретен и директен пошо реално не си и' пишал за бфф да бидете. А и ова глумење nice guy е врло веома патетично |(
     
    На Ivan4e04, sunshinebabe, lovestoneddd и 14 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.616
    Пол:
    Женски
    Ради овај мајндсет немојш женска да си најдиш лол.

    Океј, бичинес асајд, ќе ти дам неколку совети. Ако секогаш ти пишиш прв - не е заинтересирана. Ако само прашваш работи ти, та не - не е заинтересира. Ако користиш реченица "се надевам не ти досадвам" е ок ако ти нагласи дека е зафатена. Избегнувај ја во било која конитација пошто ќе се подразбира дека ако не е зафатена треба да ти пиши. Ти ок си го искористил али ова го кажвам поќе за други машки шо го користат рандом.
    Следно, дали ако не врати одма или те остај на син пишиш пак? Сетив простор меѓу пораките зато го велам ова. Ако не врати одма - не бомбардирај со пораки. Ако те остај на син и упорно не те ни прашва то шо ти ја прашваш - не е заинтересирана. Ти одговараш на сопствените прашања, ама та не те ни прашва за нив.

    Заклучок. Не е заинтересирана. Ти прај муабет ко на чоек шо површно го познава и врви време заедно оти мора. За да видиш дали е заинтересирана дај ѝ време дали та ќе ти пиши.

    Лмаоооо не е воопшто рано. Ако е заинтересирана ќе се труди. Не е заинтересирана. Сфаќајте ги ваквите разговори за да не мора секој трет ден некој да блокираме шо не сфаќа незаинтересираност и шо не сфаќа "не" без да му се дај шанса.

    Екстра совет. Иако скриновите беа корисни да го напишам ова НЕМОЈ, значи Н Е М О Ј да објавуваш лични разговори онлајн иако со скриено лице. Разговоров да беше со мене ќе познаев и тој шо го објави уште еднаш немаше да ме види.
     
    На Hellobeautiful, sunshinebabe, Ajronmen и 7 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.616
    Пол:
    Женски
    Ова!!!! Како сте се фатиле за девојката. Враќа од култура оти се знат од "негде" и ништо чудно пак дека ќе се видат таму. Не е несозреана, незаинтересирана е. А дечково не сфаќа па дур и разговори лепи. Али пак та несозреана. Дечково вика девојки лесни. Али пак та несозреана. Незаинтересирана е. И со право. Кога со некој зборам ради култура да не е глупо ко ќе се најдиме пак во ист простор, а тој упорно прашање ми праќа да не го остам на син се колнам шо пробвам да сум културна и да не прам да е awkward следен пат ко ќе морам да го видам.

    Башка не секое зборање мора да носи до дејт и секс. Ако не е заинтересирана за едно, можи ќе е за друго. Зато се збора да се види. Оти му враќа не значи дека сака да го еби, можи гледа другар во него. Иако е очигледно дека ни другар не гледа. Враќа ради реда и од култура.
     
    На Ivan4e04, S.W.A.G, sunshinebabe и 11 други им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.335
    Пол:
    Женски
    Богами јас не би ти пишала повеќе па макар и да сум се заљубила би се одљубила. Нема потреба да ставаш скриншат тука. Ако го види ова се разбира дека нема да ти пише повеќе. Денес ваков скриншат утре од импресии после секс.
    Јас на фб не би ти ни одговорила, почекај имај трпение па ќе разговараме во живо кога ќе се видиме случајно или намерно.
     
    На sunshinebabe, Ajronmen, spacegirl92 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    851
    Искрено, јас исто вака враќам на дечки кои ги познавам од некаде и знам дека има шанса да ги сретнам повторно но не сакам да сум безобразна. Но исто така не сакам да давам лажна надеж па враќам така отсечно и не продужувам муабет со прашања јер "not interested". И кога бев сингл и сега. Исто. Доколку некој директно праша, ќе си добие и директен френдзоун инаку се надевам дека сам ќе си сфати.
    Дечко, барај друга симпатија и те молам немој секој културен муабет да го сфаќаш како флерт и заинтересираност. Некои девојки едноставно сме опуштени и комуникативни и не значи дека ако сме ти праеле 5 минути муабет сакаме да носиме у кревет или да ти родиме дете.
    Чисто добронамерно е ова, и пробај некако поспонтан и поинтересен пристап и НИКОГАШ веќе не објавубај вакви разговори.
     
    На sunshinebabe, Ajronmen, raww и 8 други им се допаѓа ова.
  16. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.431
    Пол:
    Женски
    Девојката не е некултурна или несозреана, туку е незаинтересирана. Да не се повторувам пишавте погоре, но и јас вака враќам со познаник колку да не сум некултурна. Ако имам интерес, ќе пишам и јас прва, ќе прашам нешто, вака девојката е само културна според мене.
    И кога видов разговорот објавен, да ти е страв да пишиш со некој пак, не би сакала сите да читаат мои приватни пораки.
    Мој совет, мала пауза од твоја страна, доколку е заинтересирана можеби ќе ти пише прва, па тогаш можеш да ја прашаш за кафе, може и пријатели да останете барем, ако не сака девојката повеќе од тоа.
     
    На Ivan4e04, sunshinebabe, Ajronmen и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Dominik

    Dominik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Машки
    Одкога го залепи разговорот се воздржувам да не го навредам.
    Всушност и не вреди зошто е лесен у мозокот.
    Како неговите лесни девојки што можел да ги има за една ноќ|(
    Фалење 8)
    Седи не ме знаеш8):headbang:
     
    На sunshinebabe, Indiegurl, Cristina Yang и 6 други им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    13.091
    Пол:
    Женски
    Ако некоја ти направи муабет два-три реда, не значи дека треба да ја дејташ.

    Тоа што ти немаш девојка и упорно, ама упорно целиш да имаш (само тоа и го гледам од мислењата) - никогаш и нема да имаш.

    Темава е малце глупа, си можел да побараш совет со соодветна тема.
     
    На sunshinebabe, Ajronmen, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те навредам, ама како може да си волку лесен во паметот и на јавен форум да објавиш скринови од разговорот со девојката, океј ајде и онака ништо не се гледа и не се чита ама сепак е многу глупаво.

    Друго за заинтересирана и не е баш, ама можеш да ја поканиш на кафе да излезете, ако прифати добро, ако не веќе ќе знаеш дека не треба да ја замараш и тоа е тоа. Кратко и јасно не знам зошто толку си комплицираш, и сите тие теми како 'што музика слушаш', какви филмови гледаш, се многу глупави и досадни муабети што искрено замараат и се муабети со сила колку да се одржи комуникација. Не го прави тоа.
     
    На sunshinebabe, Bella •••, Ajronmen и 6 други им се допаѓа ова.
  20. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    3.609
    Пол:
    Женски
    Грешката му е што ова јавно го објави тука и стаил слика од себе си! Девојчето не дај боже да ја види темава ќе го етикетира creep.
     
    На sunshinebabe, Ajronmen, Cristina Yang и 2 други им се допаѓа ова.