Кога видов му побараа тука јавно да објави да сме виделе како им оди муабетот, не очекував дека стварно ќе објави.
Дечки, фала на сите што одговоривте. Ја поканав да излезиме, и на мое изненадување прифати. Не сме договорени уште кога и каде, ама сакам да кажам, лекцијата научена, до некаде. Ќе се потрудам во иднина да не правам awkward муабети, и разговорот да го одржувам природно, и да не форсирам премногу. Ако некој се навреди од муабетот за лесните женски, мислам дека веќе образложивме што сакав да кажам.
Еве кажи и како што си кажа овде Лесни Женски па да видиш нејзина реакција. Секоја девојка, жена со барем малку самопочит ќе и засмета ваков вокабулар. Кога слушам, читам вакви коментари мило ми е што сум out of the dating game. Anyway, со среќа на дејтот.
До втора страна бев на искушение да пишам: тактички скроз погрешно хахаха цитат од филмон српски... Ама после гледам си ја поканил на дејт и прифатила, па ми пропадна фората... Ипак, чисто општо за во иднина. Муабет си е муабет. Можеш да праиш муабет со било кој, тоа не значи дека по дифолт те замислува во врска, или слично. Проблемот е што многумина се изолираат, и после една проста ситуација ја толкуваат погрешно, иако можеби не било ниту флерт. Батали клипови од Јутуб. Говор на тело не се учи од 10 минутни видеа. На нив ако се потпираш... И ме интересира на крај, дали и девојкава би ја етикетирал за "лесна", пошто прифатила дејт после 5 пати по 7 пишувања?
Како бе не кажете за некој од машкиов пол дека е лесен, илјада лигуши ни се закачуваат нам женските на маса скоро секое излегување, па никој од нив не бил окарактизиран како ЛЕСЕН ? Друго, ако ти се ' тресне' девојка на маса, а ти и дозволиш, и што год да следи после тоа, ти си лесниот у тој случај, а не таа, пошто ти си подлегнал на неа. Патетични сте машкиве, фуј.
Чудно е како овде смета објавен приватен разговор, а во додворувања од социјални мрежи се полнат страници со скриншоти од разговори, се исмеваат личности, и е тотално прифатливо. Мене некој да ме прашува, јас би забранил на форумов, кој го чита цела МК да се објави туѓ приватен разговор. Морално е неприфатливо, ако ништо друго.
Многу е невкусно на ваква платформа каде е пола Македонија да и чита чат, утре во јавна соба би ја ставил,
Можеби грешам, ама ми изгледа како намерно да пиша дека ја прифатила девојката поканата за да не испаднеме во право ние. Во секој случај, ако стварно ја поканил и прифатила, со среќа.
Па, многу ме нападнаа бидејќи имав прикачено делови од разговорот, па го избришав, па штом било толку опасно, и профилната ја избришав.
Незнам што ќе се случи, јас по природа сум песимист и не ги ставам сите карти на ова, дај Господе да испадне нешто. Не ја замарам премногу, и не сакам да ја прашам, но можно е до сега да нема имано момче, и незнае што да очекува и да е можеби малку срамежлива. Дејтот е во недела, па да видиме што ќе се случи. Се надевам на најдобро.
Наивен си... те надупија да го постираш муабетот и ги послуша. Имај поќе верба во себе си, не чекај другите да ти ја дадат. И запамти: Нема лесни девојки - навреда е. Исти сме и ние како мажите, иако наметнатите општествени улоги велат дека не сме. Со среќа.
Шо размислувањето? Тоа се оние што секој ден се со различни партнери. Знаеме каде живееме. Туку да му најдеме решение за проблемот, да не глумиме светци и лудило.