Сега, незнам како да ви дообјаснам, ако не сакате да прочитате се што е напишано досега. Значи не сме тотални странци, се допишувавме некое време, зборувавме лице во лице неколку дена, се видовме и чат пат позборувавме кај што работи. Инаку како што веќе објаснав, држењето рака не беше ништо од важност. Траеше кратко, како ради реда. Другиот град е всушност на 10минути со автомобил, во мојот случај такси, кој всушност е многу жив и полн со места за посетување, и и јас би се чувствувал побезбедно таму. Да лажев ќе смислев нешто подобро. Ќе речев, да бе дејтот супер помина, таја едвај чека на друг да одиме... Сфати ја малку ситуацијава. Не само да се подбивате шега со луѓе што не им ја знајте маката. Ама то е. Војник зад тастатара, не те познавам, нема врска ако ви замерам на сите што искористивте шанса за хумор на туѓа сметка. Ете пак, фала што си го кажа мислењето. За то и се пбрстив на форумов. Ќе излажам ако кажам дека не очекував нешто вакво. Всушност и полошо очекував, па ете добро поминав.
@Some Random Guy Не значи дека одма треба да се откажеш ако првиот дејт ви бил awkward. Ако стварно ти се допаднало девојчето потруди се малце, секако не да си нападен и да ја напнуваш, ама не кревај одма раце од ситуацијата. Има многу случаеви каде првиот дејт бил катастрофа, ама сепак решиле да си дадат уште една шанса и испаднало нешто многу убаво од тоа. Не сите се опуштени од прва. И муабетот нека не ти е само прашања (кои после си ги одговараш и самиот иако не си прашан), пробај прво задржи се на одредена тема некое време, поттикни ја да сака да ти каже нешто повеќе. Некако се осеќам ко интервју да читам, па и уште она ЗНАЕШ ШТО НЕ ТЕ ПРАШАВ, човече, ко на испит и чекај заборавив уште нешто да те допрашам. А и не и се на секоја интересни тие "запознавачки" муабети уште од одма (во смисла која ти е омилена боја, каква музика слушаш и слично), не викам дека лошо си направил, ама пробај прво размуабетете се со најсекојдневни муабети, па ќе ја прашаш се што треба со тек на време. И друго, не биди дотолку несигурен во себе, зошто да не ја прашаш за втор дејт ако ти се свиѓа? Не мора акцентот да го ставаш на "да се видиме", еве можеш да ја прашаш дали сака да ја однесеш на некое место што ти е омилено, пример.