1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување?

Дискусија во 'Дете' започната од NotInLove88, 29 декември 2010.

  1. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    12
    Пробај на Све за лјубав емисијата на пинк што е ја пратам долго време и таму им помагаат да си ги најдат своите браќа сестри.Дури и во македонија се доаѓале за да им ги најдат родителите :)
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    леле навистина ми е жал што вака ти се случува ;(
    знам како е да си посвоен, еден член од моето блиско семејство е посвоена, ама и е кажано уште на самиот почеток
    и жал ми е за мајка ти, се надевам дека набрзо ке закрепне :$

    мислам дека најпаметно е да пробаш во емисијата Све за Љубав, во Полиција (доколку имаш врски), Социјално или на крајот на краиштата кај некоја гатачка, можеби таа ке ти покаже нешто што ти не го гледаш

    со срека, па пичи ако има нешто ново
     
  3. V20

    V20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Имам скоро 21 година (на 21.февруари 1990 сум роден) ,пред некое време дознав дека сум посвоен ,а впрочен цело врем,е го чувствував тоа во себе се чувствував поразличен од сите мои блиски роднини ,сосема поинаку изгледав ,размислував итн. Од моментот кога дознав па се до ден денес не можам да функционирам нормално,се обидов со се можно за да ги порнајдам моите билошки родители ,поточно мајка ми и да знам ЗОШТО? тоа ме мачи и ме остава без сон и мир.Животот како да ми застана во едно место и не можам да бидам мирен се додека не дознаам повеќе за она кој сум и што сум ,Си ги сакам билошките родители ,никогаш не би се одделил од нив ,но едноставно сакам да знам кој сум ,вака се чувствувавм како да сум го изгубил комплетно мојот идентитет.Од одредени извори дознав дека моите билошки родители биле млади ,и учеле во гимназија кога сум "се случил јас",побарав и преку социјалното но некако шансите се многу слаби,ве молам советувајте ме што и како д аправам ,дајте ми некоја конструктивна критика ,имам претчувство дека ке ги најдам но ако само стојам во место ништо од тоа нема да биде,верувам со случајност и судбина се надевам некој ке ми помогне ....искрено благодарам...
     
    На pospana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Пријави се на Све за љубав. Тие и по 25год. може и неродената сестра ќе ти ја најдат. :)
    Рано ти текнало да го бараш брат ти!
    Сори за искреноста!
     
  5. Mamba-Jamba

    Mamba-Jamba Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    23
    WhiteAngel девојчето дознала пред неколку месеци, така да нема потреба да ја осудуваш.
    Инаку NotInLove се надевам дека ќе го пронајдеш брат ти и дека се' ќе се среди. Те советувам да пробаш преку "Се' за љубов".
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Ако знаеш во која гимназија учеле, оди таму и распрашај се во тоа време која ученичка била бремена или нешто такво... мозе би ке ти дадат некоја информација ;(
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Па аман веќе. На форумов не можеш ни сопственото мислење слодобно да си го кажеш. Не ја осудувам, ама стварно е доцна сега да го бара брат и. И плус за деца дадени на посвојување, ако никој не ги земе по 18тата год. го напуштаат домот и после се снаоѓаат сами. Можеби никој не знае ништо за нив откако ќе заминат.
    А истото што го кажав јас го кажа и ти. И ти ја советуваш да се пријави на Се за љубов.
     
  8. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Не ми сметаат туѓите мислења,јас скоро дознав ,а да сум знаела порано сигурно немало ни тогаш сеедно да ми биде,никогаш нее касно за ништо ,јас не би се откажала од ништо посебно не од некој што ми е брат и да дознаам и кој е и да не можам да му кажам, дека ми е брат ,доволно ке биде да знам дали е здрав и жив ,тоа ми треба мене ,а за касно во животот никогаш за ништо не е касно,емисијата све за љубав не ја сметам како добра опција ,никогаш и не би сакала да се екпонирам ни себе ни другиоте ,сепак не би сакал да му го уништам животот на некој што толку време живеел со друго сознание за себе и неговите блиски ..мислам дека не е фер....А за тоа дека ке барам упорна сум..И ви благодарам на поддршката ,а дека ќе му дадат информации на детто погоре од гимназијата нема шански некој да се сеќава на такви работи ,сите професори се нови...
     
    На sweet.woman, Bibko и Mamba-Jamba им се допаѓа ова.
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Едноставно... останав без зборови одкога ја прочитав темава... :x :(
     
  10. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Судбината носи многу работи ,јас ни во милион години не би го претпоставила ова но ете никогаш не се знае што може судбината и животот да донесат.Тешко е кога си среќен и живееш во илузија дека се е убаво околу тебе и во еден ден цел тој свет се руши .....Се надевам дека сите неубави момети ке останат во минатото и дека ова ке биде само едно премрежје кое сите нас ке не направи посилни ,под тоа нас мислам на моето семејство кое треба да прифати и да дознае некои работи,потоа на детото што претходно се јави дека си ги бара родителите и на сите останати им посакувам среќа во потрагата ,сепак тоа е потрага на самиот себе и ништо себично нема во тоа да знаеш кој си и што си и нема потреба од негативни ставови тој што не осетил на сопствена кожа нешто, никогаш не знае како е чувствотои лаички ке осудува и расудува ,а не ни посакувам некому такво нешто,искрено премногу е измачувачку е а исто и многу е болно ... ;(
     
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Девојко, брат ти има свој живот, веќе не е дете, можеби е и оженет и има деца.(велам можеби) Дури и да го најдеш, зар мислиш дека вие ќе функционирате како брат и сестра? Само ќе му го уништиш животот со едно сознание, дека неговото семејство постои. Знаеш дека можеби тој е и посвоен од некого и не знае за тоа? Цел живот гледал други луѓе како родители, можеби имал и сестра, а сега одеднаш се појавуваш ти и му велиш: еј конечно те најдов, јас сум ти сестра. Не би било фер.
    И се извинувам ако моево мислење те повредува, но само сум искрена. Тргнувам од тоа како би се почувствувала јас кога би дошла некоја личност и би ми рекла јас сум ти сестра/брат!

    П.С. Молба до сите форумџики да те се воздубуваат премногу и да не критикуваат туѓи мислења!
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    WhiteAngel многу сурово размислуваш, животот не е совршен, не е розов па ти да не им даваш шанса на некои луѓе.
    Девојчето не верувам дека ако брат и не сака да биде дел од неговиот живот дека таа ќе биде упорна. Туку едноставно сака да го запознае.
    Јас ете недај боже дознаам таква ситуација, па јас до последна минута од животот ќе го барам. Те копка тоа едноставно. Тоа е крв, не е вода.

    Нотинлав ти ја пуштам целата моја среќа и се надевам дека ќе дознаеш нешто за него и дека ќе го пронајдеш. Сеедно како ќе си прифатена од негова страна, може тој нема да верува во приказната, него ќе го боли многу, а може тој знае дека е посвоен па и тој сака да дознае за семејството.
    Тука има толку можни варијанти да никогаш нема да знаеш која е правата постапка што треба да ја направиш.
    Но слушај го своето срце и исполни си ја желбата, јас се надевам дека ќе успееш.
    Мислам дека вреди да се трудиш да ја пронајдеш таа личност, твојот роден брат.
     
    На glosipgirl, N.Kety, mila85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Росонерка, значи зарем на форумов не треба да си го искажеш своето мислење? Нотинлав побара помош. Зошто да не и се каже што се може да се случи? Да биде подготвена и на тоа дека можеби брат и не сака да знае за тоа дека има таму некаде сестра. Јас само кажав што мислам, а не реков дека тоа е најдобро и единствено мислење. Овде повеќето „паѓаат во несвест од вакви приказни, се трогнуваат„ итн. Добро е понекогаш да ги извадиш розовите очила и да го видиш сивиот реален живот.
    Можеби брат и ќе биде супер среќен што си ја нашол сестрата и семејството(вистинското), но животов не е шпанска серија за се да биде така совршено. Девојчето треба да знае дека може да наиде и на одбивање(а сигурна сум дека знае)!
    Нотинлав, прави како што ти налага срцето. ако чувствуваш дека ќе го најдеш брат ти и мислиш дека ќе сака да те види, барај го. Не откажувај се! А во моментот кога ќе сфатиш дека е бесцелно да трагаш по нешто што одамна се изгубило, тогаш престани!
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Вака отворено да зборуваме,јас веќе сум размислувала за се однапред ,никогаш не би тргала без никакво планирање и размислување за сите можни опции.Јас побарав мислења за тоа како може да се дојде до корисни информации од правен аспект за родителите мои да дојдат до сознание како да се обидат да го пронајдат тоа дете ,дали е здраво живо ...никогаш не напоменав дека би му тропнала на врата и би му рекла јас сум ти сестра па тој после да незнае на кај тера и да му го уништам животот.Не сакав да трогнам никого со мојата приказна ,сепак тоа е така и што корист би имала јас ако се обидувам да трогнувам некого -посебно вас овдека на форумот - за да добијам сожалување ....Не ,никако !!! ТОа не ми беше целта ,сепак морав да ја елаборитрам целата тема со укажување на фактите ,па по случајност некој со слично искуство да ми укаже што како ,треба да се прави во случајот.Не ми сметаат туѓите мислења ,тие се ваши и ги почитувам ,секој си има право на мсилење ,сепак ова е форум а не е место за устешување. Само кој -како ги сваќа работите зависи од неговата перцепција,и пак ке се повторам кога човек не осетил нешто на своја кожа ,лесно е да осудува...Животот носи се ,јас осеќам огромна празнина во себе ,болката не ја чувствува само детето кое е посвоено,сите си имаме своја сопствена скриена болка ,и да не е се розово ....јас не ни се надевав дека се ке ми биде розово, ....Но сепак останува тоа да се бориме да го најдеме,доколку барал и тој ке се обидеме да го контактираме,доколку нема услови ние никако да се вклопиме во неговиот живот доволно ке биде само НИЕ да знаеме и да живееме во сознанието дека е среќен,здрав и жив...толку...
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TinnaD

    TinnaD Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Леле приказнава ме потресе мн ми е жал и ДАЈ БОЖЕ да си го најдеш братот мн ми е жал
    стварно ти држам најголема среќаа да си го најдеш братот..
    Само да знаеш дека ја имаш мојата најголема подршка... :) <3 :*
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.227
    Пол:
    Женски
    Морам да се согласам до некаде со rossonerka. Јас би се пореметила да ми дојде некој и да ми рече јас сум ти брат/сестра. А ти си посвоена. А замисли јас не знам дека сум посвоена. ШОК!!! Во ред, најди го , лоцирај го, дознај каде е и смири се со тоа. И јас ти пишав еднаш слично како rossonerka, што ако е среден човек со семејство?? А замсили не дај боже да е мртов?? Па тоа уште повеќе ќе те повреди. Не знам, не сакам да се правам паметна, само ти си знаеш како ти е ама сепак пази како ќе постапиш ако и кога ќе го најдеш. Сепак не е ова турска серија или америчка лимонада. Ова е ЖИВОТ. И знае да е мнооогу суров на моменти. Така да очекувај го најлошото, надевај се на најдоброто. И една прпорака најдобронамерна од мене. Бидејки те мачи ваа работа, тешка е знам, си помислила да разговараш со стручно лице?? Мислам дека и тебе и на мајка ти која 100 пати потешко го носи ова од тебе, добро би ви дошол еден разговор, колку да знаете како понатака со овој товар.
     
  17. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Јас само прашав за совет како е можно и по кој пат е легално да се барат информации за случајот ....!!! Стигнавме и до шпански серии,турски,психијатри и незнам уште што не ке слушнам,не гледам такви работи и не се соживувам со такви глупости,поентата не беше да ви направам приказна од типот шпанска или турска серија па да бидам сожалувана , не паметам дека некогаш сум рекла дека сум опсесивна личност што мора по секоја цена да го најде па макар и да му го уништи животот па така да бидам сватена.Мислам дека доволно сум свесна за ситуацијата во која сум ,доста реално и објективно гледма на работите,и да сватив дека реалноста е поинаква и на своја кожа сум осетила колку е тешко да се поминат некои работи во животот ,што за некој би му изгледале смешни и апсурдни затоа што гледа од друга перспектива на нив,кога еднаш ќе се доживеат одредени работи човек сваќа какви всушност проблеми постојат и учи да биде пореален за се останато.... и повторно ке нагласам дека темата се пренасочи во сосема различен правец,поентата не ми беше таа ...
     
  18. belarosa

    belarosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Пред извесно време дознав дека имам полу-сестра, и тоа му се испушти на татко ми дека мајка ми имала дете пред да се земе со него, ама била присилена од нејзините родители да го остави на посвојување. Почнав да ги распрашувам родителите на мајка ми (зошто мајка ми е почината), ништо не сакаа да кажат. Единствено нешто што го дознав е од тетка ми, дека е родена од 1981 до 1983 година, и е родена во септември или октомври, ама мисли дека било октов=мври. Не се сеќаваше убаво оти била премногу мала кога се случило тоа. Ако некој знае нешто, многу ќе се радувам да дознаам која ми е полусестра, а јас упорно ќе продолжам да се распрашувам по роднините на мајка ми, се додека не дознаам нешто повеќе. Фала многу :)
     
    На Kana27 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Се наежив од темава,а и солзи ми протекоа ;( ..многу чувствителна личност сум, да можев некако или нешто да направам навистина од се срце би ти помогнала...Те молам пробај преку Се за љубов..можеби ќе направат нешто....ќе го пронајдеш брат ти...(а истото важи и за сите останати кои бараат некого) Ви поскувам многу среќа...
     
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Not in Love најискрено жалам за се ова што ти се случува.
    Ме потресе цела твоја приказна, се наежив 100 пати додека читав.
    Мислам дека најубаво ќе биде да одиш во Битола во домот за доенчиња, да им кажеш дека е сериозна ситуацијата на твојата мајка, ако треба носи и книшка, потврда од лекар некаква, за да ги увериш дека пронаоѓањето на твојот брат ќе спаси живот.
    Ако не сакаат така да ти помогнат, тогаш пробајте на некоја вработена таму да и платите дебело за да ви каже нешто од нешто, барем во кој град живее или презиме само. Можеби звучи банално, ама кај нас и тоа го бидува.
    Ти посакувам среќа што побрзо да го најдете, се надевам дека и тој ќе се изненади позитивно.