и јас исто мислам дека ако имате можност да платите ке добиете и одговори на некои работи.Точно не е легално но кај нас се е корумпирано.Кога може некој да плаќа за да добие 6 на испит зошто да не добиете и вие одговори кои ви се од големо значење.Ти ја посакувам целата срека !!!
Тоа со потплаќањето е повеќе од очигледно дека е потребно ,но треба да се адресира тоа на вистинската личност за проблемот ,таква личност постои пронајдена е , даде некои иницијални информации и после тоа избега и моментално е надвор од државата ....Во болница не чуваат информации каде се дава детето ,евентуално во домот,поднесовме молба таму ,но не е успешно ,се разбира зошто по легален пат е недозволливо тоа.... Се надевам дека ќе имам некогаш можност да го запознаам,останува да имам желба за тоа и да се надевам,....Во благодарам
Е сега јас ќе го кажам своето мислење од аспект на посвоено дете. Убаво е да си го пронајдеш братот, крвта вода не бидува, но....... дека ќе го сакаш тоа е само залажување и мајка ти сака да го види, но дека ќе го сака како тебе и тоа е само пустa желба. Не сакам да навредам никого, но и кога гледам на Се за љубов полубраќа и полусестри или браќа - сестри невидени, па се среќаваат, па се гушкаат и плачат. Ма ајде ве молам...какви се тоа глупости за на телевизија????????????? Јас кога дознав дека сум посвоена целиот свет ми се сруши. Ја запознав биолошката мајка. Остваривме контакт, се гледавме 3-4 дена кога ќе дојдеше во МК. Мислите дека ме сакала, мислите дека нешто чувствувала за мене. Со тоа што ќе ме видеше неколку дена само си ја смируваше совеста, имаше сестри и внуки кои ги сакаше повеќе од се. Но нема други деца освен мене, она сакаше да ми каже дека е ституирана, дека шета низ државите, дека е одржувана за своите кодини, и дека е дотерана. А кога ќе дојдеше на моите деца ќе им донесеше само една блузичка на распродажба купена. За нејзината фамилија и душата си ја даваше, а за моите деца не ни прашува ни како се ни што се. Но ќе речам Господ е голем и не заборава. Ах, да ми даде само 5 минути можност да она ме помоли, нема да имам никаква милост. А тоа што не ги кажуваат родителите и тоа не е во ред. Мислам дека кога се посвојува дете би требало посвоителите да бидат задолжени да му кажат на детето додека е помало, и кога стресот поблаго ќе го почувствува, од колку на 18 години. Бидејќи замислете што би се случувало ако се заљубат брат и сестра, братучед и братучетка, а тие појма немаат дека се во крвно сродство. Темава е многу широка за дискусија, но исто така е и многу болна. Пишувам и плачам од болка во душата, иако веќе имам и големи деца, тоа ме боли, и ќе ме боли додека не умрам....Додека јас се тресам над децата, мене нема кој да ме праша дали сум здрава и жива и дали нешто ми треба. Но му благодарам на Господ за се што до сега ми пружил и што уште ќе ми пружи, а секоја вечер го молам мојата биолошка мајка да не може да заспие од што ќе ја мачи совеста. Има уште многу да пишувам, но.....
NotInLove88 Дали имаше успех со потрагата, јас на твое место ќе пробав и со нелегални начини. Дали извршивте днк анализа со тие деца што исто така си бараат родители и ве контактирале, дали го проверивте тој во Германија. И нека не те разубедуваат коментарите тука, ти не мора веднаш да му влезеш во животот на брат ти, можеш прво , ако го најдеш нели, дај боже, да ја испиташ неговата ситуација и колку ќе биде паметно да му кажете. Доцна се запознав со случајов се надевам се ви е ок дома и дека напредувате. Исто така им посакувам среќа и на останатите кои доживеале нешто вакво и нека не се разочаруваат, понекогаш ако не и секогаш животот ни го дава она кое би било најдобро за нас. Само не осудувајте никого, исфрлете ја омразата во вашиот живот. Не знам на кој начин би помогнала, имам роднина работи во социјално ама тешко би било. Ништо не губите ако проверувате днк со сите оние на таа возраст кои ве контактираат, ниту правите кривично дело ниту му штетите на детето, тоа е и негова желба. Ако државата не ви излегува во пресрет потрудете се вие бидејќи не сте сами во потрагата. Не би требало да му забранат на посвоено дете од причина што тоа не е криво за ништо и тоа е негово право да си ги дознае корените, но сигурно тука би барале многу испитувања психички тестови проби... Ќе се распрашам подетално за овие работи
-Дека ќе го сакам тоа е залажување? Е тоа веќе некако несвојствено ми делува да го каже некој за мене во мое име како би се чувствувала и како веќе се чувствувам иако не го познавам.... И никогаш не се натпреварувам за љубов па да речам дека нема мајка ми да го сака како мене што ме сака и слично и дека би се чувствувала огорчено доколку би се случило тоа...Би ме радувало да дојде момент да го запознаам а после не верувам дека би имала жива сила што би ме натерала да го гледам поинаку од тоа што ми е -БРАТ ... Не ни размислувам дека се залажувам и слично зошто се знам себе и знам колку безрезервно знам да почитувам,сакам,прифаќам и да бидам искрена во се ...... Најискрено многу ми е жал за твојата ситуација и односот кој го има таа спрема незините најблиски и треба да го цени фактот што била прифатена од тебе и да ти бакнува нозе ,иако те оставила си ја примила и таа се однесува како едно егоцентрично и себично суштество (извини на изразот ,но тоа прво ми дојде како асоцијација иако можеше и полошо да биде ,па ајде да не го доведам до тој степен на навредливост)Љубовта не се покажува преку материјални работи ,не и вреди ни статусот,ни парите ни ништо ,очигледно е дека живее за тие работи а сето друго не и е важно,не да делува себично ова делува жалосно за неа,кога ќе нема никој покрај неа и кога ке остане сама ќе ја свати вредноста на работите што со пари не се купуваат ,ама најчесто кога некој ќе стане свесен за тоа касно му е за се.... И да има многу да се зборува на темата но сепак ....
Човечки судбини со различни исходи. И за мене е сосема не прифатливо човек да не може да дојде до било какви информации. Па тоа не е мала работа. Крвта не е вода, не дај боже утре задутре двајца во крвно сродство да се вљубат па да излезе од контрола работата. Сметам дека однапред не треба да ја осудиме на пропаст средбата на NotInLove88 и нејзиното семејство со брат ти. Секој човек различно реагира. Постојат мајки кои воопшто не сакаат да знаат кое е детото што го родиле. Други пак сакаат да го запознаат и ништо повеќе од тоа. Трети сакаат добар однос и прошка. На сето ова и децата различно реагираат. Па знам за случаеви кога условно кажано децата (станува збор за веќе возрасни луѓе) си ги бараат своите биолошки родители само со надеж дека ќе добијат дел или пак целото наследство. Факт е дека љубовта нема да биде иста, годините кои изминале со ништо нема да можат да ги надоместат. Со желба, волја, труд и време може да се постигне ако ништо друго многу добар пријателски однос. Сите луѓе не се исти. Секој различно реагира и различно постапува. И сите приказни од овој карактер не завршуваат исто. Јас од срце и посакувам на NotInLove88 што поскоро да си го најде братот. Оваа приказна е само ваша и само од вас зависи како ќе се одвива понатака!
Да не бидам погрешно разбрана, не сакав никого да навредам, но јас лично тврдам дека ти нема да го сакаш онака како кога би сте живееле заедно, а исто и мајка ти ќе ја нема таа љубов како што ја има кон тебе. Ако си искрена и правилно проценуваш, дај боже да го пронајдете братчето, џзапознај го и искрено пиши ми тогаш за твоите чувства. А сега знам дека со цела дужа и срце сакате да го пронајдете, тоа не велам не, но откако ќе го пронајдете ќе видиш колкава вдлабнатина ќе има помеѓу вас. Извини ако изгледам груба и некултурна, јас сум премногу чувствителна и сентиментална, но ова што јас го кажувам е РЕАЛНОСТ.... Поздрав
Девојче дај кажи што се случи................... се дозна ли нешто го најдовте ли ? има ли во сето това нешто ново ??
znam za eden slucaj kade sto tatkoto go barase deteto sto go imase so negovata togasna devojka i nego posle 2-3 godini mu tekna deka ima sin daden na posvojuvanje i posaka da go najde znam samo deka go najde bo bitola vo dobro semejstvo kade sto majkata i tatkoto bea lekari i dobro situirani no toj dade mnogu pari za da doznae kade e deteto mislam deka mu pomogna edna zena od centarot za decata bez roditeli zatoa moj sovet e da probas i na toj nacin. [mod-kirilica:30r87xl6][/mod-kirilica:30r87xl6]
Luge jas sum posovena i znam kako se vika mojata bioloska majka dali toa ke mi koristit za da ja naidam,a inace sum posvoena bitola na 11.06.1999 godina a rodena 06.12.1998 ako znae nekoj neka pisit ve molam [mod-kirilica:3mglwn0c][/mod-kirilica:3mglwn0c]
од каде знаеш како се вика твојата мајка?најдобро чим знаеш да разговараш со твоите родители да ти кажат повеќе детали..каде живееш ти а каде твојата биолошка мајка?,..со среќа
Jas ziveam vo resen i vo dokumentot od sto doznav deka sum posvoena go pisese imeto na majkami a za kade ziveet taa neznam jas a ne sakam da gi povredam ovije luge sto me posvoile a samo na nejze mislam ilijada prasana se neodgovoreni
Spoiler Се надевам не е некоја детска фантазија или шега, бидејќи има нешто чудно во децата на рана тинејџерска возраст што ги тера да мислат на такво нешто... Е сега, твоите старатели ти (по)кажале дека си посвоена или самата си дознала? Ако си дознала самата, почни полека одоколу да прашуваш за твоето рано детство кога си била бебе ова она, ќе им се даде до знаење дека може и треба да ти кажат. Вака ако не ти кажале, а одеднаш ги прашаш, ќе биде подеднакво шокантно за нив како што би било за тебе кога одеднаш би ти кажале дека си посвоена. Многу прашања би останале неодговорени поради збунетост и неподготвеност. Кога ќе ти ја раскажат целата приказна, на вас останува да договорите доколку сакате средба со неа. Иако би ти препорачала малку да почекаш да созрееш некоја година па да се соочиш со ваква работа, сепак чисто информативно, со тие податоци што ги имаш и со помош на старателите, сигурно ќе можете да ја најдете. Среќно
Како ти на 13 години сама дозна таков податок кој е службена тајна. Сигурна сум дека твоите посвоители тој документ не го чуваат на твој дофат. Навистина е мистерија како си дознала. Нормално дека ако веќе навистина си дознала дека ќе сакаш да ја пронајдеш биолошката мајка, но пред да се изглупираш било што отворено разговарај со мајка ти и татко ти, да, така ги нареков зашто ти се тоа и тие имаат право да знаат ако нешто планираш. Само со нивна помош ќе поминеш преку тоа, не ни помислувај сама да одиш. А и од каде знаеш за причината за твоето давање на посвојување, можеби биолошката мајка те сакала, можеби не, можеби пиела, се дрогирала, можеби била малолетна или што е најстрашно можеби не е веќе меѓу живите, само ти набројувам варијанти,извини што сум директна. Треба да бидеш подготвена за тоа сознаение, а тоа ќе го постигнеш само со помош на твоите родители кај кои живееш. Не е фер ако им работиш зад грб, така ќе ги повредиш.Ти си уште мала да размислуваш за ова сама, но ако твоите биле невнимателни и не го сокриле решението од тебе, сега имаат обврска соодветно да ти објаснат, но мора да им кажеш. Сепак тие ќе те разберат, зашто ти имаш право да знаеш. И не откривај толку податоци за себе, светот е мал, не дозволувај сите да те дознаат па дури и мајка ти и татко ти. Знам таков случај каде што посвоено дете случајно дозна дека е посвоено од комшии на улица кои простаци го нарекле копиле, и детево прашало дома па неговите посвоители му кажале се. И од тогаш детево како да се мрдна, стана деликвент, ги тепаше, правеше проблеми на училиште, му променија неколку школи, го затвараа не знам кај и ништо од него. Не велам дека немало да стане таков и ако не дознаел ништо, но многу е веројатно дека тоа сознание довело до такви промени кај него.
Според мене нема потреба залудно да барате, таа е посвоена и си живее свој живот, верувај да ве види вас нема воопшто мило да и биде и полошо и за нејзе и за вас ќе си направите. Нема што да ја барате таа сега е возрасна девојка, на вас порано не ви текнало сеа едноставно не и требате
инаку убаво би било да ја знаеш вистината, но само ако си глупа ќе си заминеш од овие луѓе, тие те сакаат како свое дете се ти овозможиле а мајка ти те фрлила галје и било, вака многу ме нервира што сакате да ги барате родителите а таа доколку сакала ќе те побарала.