1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да пронајдам личност која била дадена на посвојување?

Дискусија во 'Дете' започната од NotInLove88, 29 декември 2010.

  1. posvoena

    posvoena Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Ne ne e glupost toa sto si gi barame rod,vsusnost nije gi barame za vistinata da ja doznaeme.A sto ako me pobarala i posvoitelite ne i davale da me vidit?
     
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Ако толку сакаш да дознаеш која е што е па имаш информации на 188, ако знаеш име и презиме и барем од околу од каде е или па види пак во документот, прашај за телефонски број на тоа име, јави се побарај ја демек пријателка, ама биди спремна да слушнеш се, а бидејќи си мала не ти препорачувам. А сигурно дека таа не останала со тоа презиме, веројатно е дека се омажила, или па ако била мажена и тогаш побарај само телефонски број на тоа презиме и адреса ако имаш. Ако и е тоа моминско презиме, може ќе се јавиш кај твоите биолошки дедо и баба, па тие па кој знае какви се.
    Мој совет-не си играј, сама, не знаеш што луѓе се и како ќе заврши сето тоа.
    Вистината што ја бараш можеби ќе боли, а дали ти си спремна да истрпиш толкава болка?!..
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Така, така, прави си идол од некој што те оставил, а сомневај се во тие што те израснале...Разговарај искрено со твоите родители, така имаш шанси да дознаеш барем дел од вистината што ја бараш...
     
    На mira.mira и moni24 им се допаѓа ова.
  4. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И јас го делам твоето мислење,некој се трудел со години се да ти овозможи да имаш да бидеш и ти како сите деца ,а не сираче во некој дом ,а ти ќе ја бараш таа што те оставила,па не е само да го родиш и да го оставиш треба да се грижиш за него,да му пружиш љубов ,спокојство и се што треба,сега сум мајка и знам какво е да имаш детете и колку треба да си пожртвуван за него во секоја ситуација
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. posvoena

    posvoena Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
  6. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    лелеллелеееее срцееее твојата сторија толку многу ме растажи сто се расплачав ..навистина е тешко да се живее со една таква мисла,желба :( и многу ми е жал за мајка ти се надевам дека сите сте добри,здрави,живи..што направи го најде ли брат ти..дојде до некакво сознание би била пресрекна да слушнам позитивни вести иако не те познавам ама сепак ке се израдувам многу...едноставно се блокирав од што ја читав твојата приказна и нз сто да ти пишам освен да ви посакам се најдобро во животот..пиши ми што се случило :* :*
     
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    И мене ме интересира што се случи со овој случај,инаку многу потресен. :(
     
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Јас сум посвоена,тоа ми го кажаа кога бев многу мала и си го прифатив фактот дека некоја смрдла што ме родила не ме сакала и ме оставила но затоа сум ја имала НАЈГОЛЕМАТА срека на светот што ме посвоиле МАЈКА МИ И ТАТКО МИ и што на секој можен начин се труделе да ми овозможат удобност и срека исто како да сум нивно дете. Никогаш ама баш никогаш не сум сакала да ја запознаам биолошката "мајка" ниту па сум имала потреба да знам било што за нејзе и нејзиниот живот после мене. За мене постои само една МАЈКА во мојот зивот и тоа е таа што ме чува,што плаче со мене што се радува со мене што е секогаш тука за мене и што знам дека заедно со татко ми ако треба и животот ке го дадат за мене. Други родители не ми требаат пошто за мене тие се моите родители !!! Многу пати кога бев помала зборев со презир и омраза и искрено и посакував се најлошо во животот на биолошката мајка :devil: но мојата МАЈКА секогаш ме прекоруваше што така зборувам и ми велеше дека не треба да си ја трујам душата со такви мисли , и дека треба да гледам на тоа како биолошката мајка ме оставила за да имам подобра иднина и се тоа дури и се љутев на МАЈКА ми што толку ја брани и оправдува.Како поминаа годините и подостарев сфатив дека навистина е во право нема што да мислам на нејзе и да си ставам грев на душа со лоши мисли туку навистина сум срекна и на некој начин сум и благодарна ако може така да се каже што ме оставила и ме нашле вакви родители со кои верувам дека животот ми е многу поубав и имаат многу повеке љубов да ми пружат отколку она.Искрено не разбирам кога ке прочитам "дознав дека сум посвоена сакам да си ги знам корените имам милион прашања ..." корените ви се корените што ги имаат вашите МАЈКА И ТАТКО (посвоители) а не некои кои ниту ги знаете ниту ги познавате ,одговорите на прашањата се едноставни -не ве сакале или од некоја причина не можеле да ве задржат,биле премногу млади на кои им вриеле хормоните па необмислено влетале во сексуални односи па напраиеле беља која подоцна неможела да се исправи и мал милион други причини кои немаат оправдување така да мислам дека ако го слушнете сето ова од нив сигурно нема да ви се смени животот. Башка мислам дека е многу неблагодарно кон родителите да се депримираме и да се опседнуваме со овие луге кои само не напраиле и ништо повеке . Се знае кој е родител -тоа се луге што живот ке дадат за вас а не некои кои ве направиле и ве оставиле.
    Со постов не сакам да навредам никого ниту да го демотивирам во намерата да си ги најде биолошките родители или обратно биолошкото семејство да сака да го најде посвоеникот но искрено да ви кажам мене некој сега да ми дојде на врата и да ми каже ја сум ти биолошка мајка,татко,брат,сестра и првите двајца па уште и да се дрзнат да ми бараат прошка единствено нешто што ке добијат од мене е р'каница у фаца и марш на клоци никад пред очи да не ми се појават.(се извинувам за некултурата од моја страна едноставно такви емоции буди кај мене темата)
    Така да сите што се потресувате дека сте посвоени бидете срекни што имате такви РОДИТЕЛИ во вистинска смисла на зборот што биле доволно храбри во животот да земат туго дете и да го сакаат како свое отколку да се опседнувате со биолошките мисири какви биле што биле зашто ве оставиле и други небитни прашања . Уште еднаш ке напоменам постов е искажување на мој личен гнев и не е насочен кон никого посебно едноставно морав да си ја олеснам душата. :)

    Мамо,Тато ве сакам најмногу на цел свет !!!
    :inlove: :* :inlove: :* :inlove: :* :inlove: :*
     
    На NEA, danichap, mira.mira и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    "Обе­ди­не­тите нации се загрижени за праксата на тајно посвојување на деца во Македонија. Комитетот за правата на децата $ укажува на нашата вла­да дека треба да ја смени законската регулатива и да обезбеди за­чу­ву­ва­ње на информациите за потеклото на посвоените деца, идентитетот на би­о­лош­ки­те родители и нивната медицинска историја. Комитетот смета дека др­жа­ва­та треба да им овозможи на посвоените деца, на одредена возраст, да дознаат кои им се биолошките родители."
    http://www.vest.com.mk/?ItemID=A229C8F1 ... FFE6&arc=1
     
  10. moni24

    moni24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    121
    Скроз се согласувам со тебе и ме разлутуваат тие што сакаат да ги дознаат биолошките "родители"
    Нека ни се здрави и живи тие се единствени!!! Поззз
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. maxi...maxi

    maxi...maxi Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Јас сум поосвоен, дознав пред кратко време, зивеам само со мајка ми татко ми е поцинат, а она е многу болна, така не мозам да и казам дека знам. Нема да ми се промени лјубовта према нив никогаш, меѓутоа сакам да ги знам биолошките родители, моето потекло, генетските болести и ја ке имам дете некој ден, и што е најстрашно моето дете мжзе да се заљуби во братучетка му, мислам дека секој има право да знае, и напротив лјубовта не се менува према родителите што те земале туку станува појака. Е сеа незнам како да дознаам билошто а на мајка ми не можам да и кажам ако некој знае било какви информации каде да се обратам или што да правам ке ве замолам да ми казе, благодарам.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Читам поназад во темава и гледам дека голем број феминки се против тоа да не се даваат информации за посвоени деца.
    Јас всушност велам дека тоа е во ред.
    Сега да го аргументирам мојот став.

    Кога вие ќе направите нешто што сакате да го промените, а знаете дека не можете бидејќи времето не се враќа назад и некогаш нема втори шанси му се лутите на времето?
    Се буните за неправдата што не добивате втора шанса?
    Не.
    Можеби сте разочарани и безнадежни но знаете дека едноставно не постои начин да се променат работите, се помирувате со тоа и продолжувате понатаму, бидејќи од секогаш било тоа така.
    Па што тогаш по подолги временски интервали има луѓе што се дрзнуваат да мислат дека можат против времето да ги поправат своите грешки?!
    Тоа би било привилегија, а во пракса ретко добиваме помилување од животот.

    Верувам дека кога некој посвојува дете добива историја на генетски болести во фамилијата од која произлегува детето и контакт од биолошки родители или роднини кои може некогаш да притребаат да помогнат со нешто.
    Ако не е така, би требало да биде, бидејќи тоа е доста разумно.
    Сепак, сум против давање таква голема моќ на биолошки родители кои го напуштиле своето невино дете драстично да му го променат или уништат животот кога ќе посакаат тие.

    Дете е дадено. Има друг живот. Живее во средина со љубов поголема од колку што можеле тие некогаш да му дадат. Тоа треба да биде доволно за биолошките родители кои подоцна се покајуваат за такви монструозни постапки. Секакви информации треба да бидат строго чувани во тајност.
    Едноставно не може да се нарушуваат туѓи животи за да се исправат грешки што законот на природата не ги дозволува.
     
    На Ingvild, meckicka и miss.ella им се допаѓа ова.
  13. Skopje71

    Skopje71 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас дојдов до идентитетот на мојата биолошка мајка како и тековни информации за неа, многу брзо и прецизно со помош на детективската агенција ДИА од Скопје. За сите кои чувствуваат потреба да ги запознаат биолошките родители или да дојдат до информации за децата кои ги оставиле во дом. Агенцијата работи со клиенти од од Македонија и странство.
     
  14. pospana

    pospana Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6
    Овде многу работи се помешани.
    Никој нема право да му ускрати на детето кое е посвоено да го има правото да дознае које и од каде е! Тоа е сосема човечка потреба, секое јаболко само од едно дрво може да падне!

    Дали тоа дете ќе го искористи правото да исконтактира со биолошката мајка е веќе негово лично право, ама државата НЕ СМЕЕ тоа да го чува во тајност од детето кое било објект на одлука на возрасни луѓе. Некој одлучил за тоа каков живот ќе имаш и кој ќе бидеш? прво биолошката мајка, па Центарот за социјални грижи? Навистина фрустрирачки, ама некој кој не стоел во тие чевли тешко ќе го рабере тоа и ќе отекува со тие приказни кои ти се вистинските родители, како да некој тоа го соспорува?!?

    Посвоените деца ИМААТ право да знаат кои се и од каде се!
     
    На mira.mira и glosipgirl им се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Неможе туку така да се суди на луѓето што дале дете на посвојување.
    И сметам дека секое дете треба да знае од кај потекнува, дали има браќа, сестри, да знае кои му се роднини.
    Треба да ги знае причините зошто било оставено, а не цел живот во незнаење да го помине.
    Имаше случај во Америка малку пред свадба дознале дека се брат и сестра. И тоа во ред е? Срушени соништа само!
    Недај Боже во брат, сестра, роднина да се заљуби детето. И тоа треба да се има во предвид, мал е светот сепак!
     
    На cresa-jagoda, glosipgirl, pospana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. iRony

    iRony Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ја читав темава уште кога не бев регистрирана на форумов, и ме интересира NotlnLove88 дали си го најде братот .. искрено се надевам дека го нашле ..

    Јас имам 2-3 пријатели кои што се посвоени, од кои едниот многу ама МНОГУ лошо се однесува со неговите родители кои го посвоиле, и покрај тоа што му овозможиле премногу, он стварно не благодарно се однесува со нив и ги гледа со доза на мржња ... што искрено .. ми паѓа криво ... сум зборела неколку пати со него на таа тема, и неговиот став кој што очигледно неможе никој да му го промени е Ма што ме интересира, и така не ми се биолошки мајка и татко, што има да ги штедам. :o
     
  17. Blagicapp

    Blagicapp Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Би требало да го напишете името на вашата мајка за некој да ви помогне
     
  18. Malo81

    Malo81 Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    zdravo belarosa sakv da znam dali ja najde sestrati ili dali imas poveke podatoci!
     
  19. Dark Angel

    Dark Angel Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас сум родена 07.08.1985 во Скопје. Многу сум му благодарна на Бог што ме дарил на прекрасни родители, полни со љубов и поддршка, родители и пријатели во исто време, секое дете би посакало и заслужува да има вакви родители. Пред многу години дознав дека сум посвоена, малку сум љубопитна за биолошките родители, не толку за нив колку за тоа дали имам браќа, сестри...Доколку знае некој начин за истото да го дознаам? Благодарам!
     
    На pahuljica sneza му/ѝ се допаѓа ова.
  20. _Sajmon_

    _Sajmon_ Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, сакам да ве прашам дали има некои новости? Дали успеавте да најдете нешто?
     
    На pahuljica sneza му/ѝ се допаѓа ова.