Одамна имав едни многу добри пријатели па изгубив контакт со нив. Сега сакам да ги најдам. Им ги знам инињата и местото од кај шо се,и професијата. Би сакала да ги пронајдам па ете ако има некој од кавадарви/глишиќ да ми се обрати инбох.
Пријави се на Све за љубав. Ако немаат Фејсбук потешко е. Треба многу да се распрашуваш а гледам веќе си го почнала тој процес. Епа со среќа. П.с. Не би сакала да те обесхрабрам ама мислиш ли дека и тие сакаат да те пронајдат тебе? Ако сте биле толку добри зошто сте дозволиле да се оддалечите?
Понекогаш има многу причини со кои си приморена да се одалечиш,ако ти си ги напуштил сигурно има добра причина за тоа а ако ти те напуштиле не би требало да ги пронајдеш пак.
Не не ние немавме тогаш услови да одиме кај нив. Па потоа изгубивме контакт значи зборам за пред 10 години. И оттогаш не сум ги видела а многу ги сакав. Незнам како да ги пронајдам.
Епа побарај ги на социјалните мрежи или пак распрашај се по роднини или заеднички пријатели со кои си сеуште во контакт.
Ако ги нема на ФБ гуглај ги со име и презиме и основни податоци, веројатно нешто ќе излезе, денес е барем лесно. Јас ги имам пронајдено на татко ми полубратот со се децата кои никогаш ги немам запознаено, на ФБ, куцаш име и презиме, град и ете ти.
Ако се од Глишиќ или од Кавадарци лесно е само да се најде некој на форумот што е од таму, мора да ги познава. Мало е местото таму сите се знаат. И некогаш успат ако поминуваш кој и да сретнеш таму можиш да го прашаш каде живеат точно.
-Добар ден Бриџит, ме паметиш? Јас сум пријателка на мајка ти, се дружевме често кога ти беше малечка. Дома се твоите да влезам? #трауми од детството @duffi