Како да се биде жена

Discussion in 'Општи дискусии' started by Wolf.girl95, Sep 13, 2012.

  1. Wolf.girl95

    Wolf.girl95 Активен член

    Joined:
    Jan 17, 2012
    Messages:
    28
    Likes Received:
    9
    Ако темава не припаѓа овде, слободно преместете ја
    Како да се биде жена во потполна смисла? :?: Жената не ја создаваат ниту годините, ниту облеката, ниту облините. Тоа е нешто посебно, нешто што секогаш го привлекува спротивниот пол.. женскиот дел што тие го немаат а многу му е потребен. Тоа е она што се цени и кога нашата облека нема да биде модерна, кога надворешниот изглед нема да се состои од привлечни парчиња облека и заводливо нашминкани очи, и е тука и во нашата старост. Тоа е она кое и овозможува на жената на свој посебен начин да ги реши проблемите, да помогне, да го насмее мажот кога светот го носи на сопствениот грб, да ја поткрепи ситуацијата, да биде столб на семејството и врската на кој членовите секогаш можат да се потпрат.

    Но, како сето тоа??? Како едно обично девојче со гоооолемо дете во неа преминува во.. жена? Дали таа може тоа да го иницира? А и да не може, од што се се состои жената?
    Чекам одговори...
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,263
    Likes Received:
    43,993
    Да се биде Жена е најмоќното и истовремено најранливото чувство на светот.

    Тоа не е категоризација, не е само постоење. Тоа е состојба, гравитација на суштината, станување наутро и уживање во миризбите на животот, инстинктот на мајчинство, семејност. Зборувам значи за духовно зрели жени кои знаат да го носат тој епитет.

    Жената се состои од промени, од внатрешен столб кој како грозд, со текот на времето се надополнува со зрнца мудрост, палавост, енергија што ја прави еднинствена. Нејзината убавина е во малите нешта. Во способноста за итрина и топлина. За создавање Дом, надвор од материјалната смисла. За љубовта кон своето чедо, кон нештата што ја прават среќна.
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,900
    Likes Received:
    81,226
    Gender:
    Female
    Да се биде жена е привилегија.
    Жената е херој.
    Ако мажот ја гради куќата, жената го создава домот. Толку фина и кревка а толку силна. Понежен пол но се справува и поднесува секакви тешкотии и болки, бременост, раѓање... сето тоа го трпи од љубов.
    Жената е уметник. Од ништо ќе направи ручек и разни јадења со помош на својата фантазија.
    Полна е со љубов и мајчински инстинкт, го прави светот поубав, шарен, нежен. Мажот не е дел од жената, жената е дел од мажот.
    Жената е карактер, а не скапи брендови и шминка до непрепознатливост. За да се биде жена потребни се манири и здрави карактерни особини. Најважно е да е свесна за себе и да ја негува својата убавина, и внатрешна и надворешна.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,206
    Gender:
    Female
    Многу едноставно. Без нешто да правиш, природата си работи. Минуваат годините, растеш, се развиваш и сакаш-нејќеш, ќе бидеш жена. Не дека е „привилегија“ само за некои.
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,719
    Gender:
    Female
    Жената има дарба од Бога, да ги остварува сите животни улоги на мајка, сопруга, домаќинка, работник и кариерист. Самата природа и’ дава таква способност да може се’ да постигне.