1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се зачуваме од настинки, вируси?

Дискусија во 'Бременост' започната од d.Darla, 15 септември 2010.

  1. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Кои претпазливи мерки вие ги користевте или ги користите (во текот на бременоста) како заштита од настинка, вируси итн? На пример сега, актуелна е сипаницата по градинките...Или доколку во вашата работна средина има некој настинат (грип и сл.) како се претпазувате?
    Мене познато ми е само гаргарењето со вода со претходно растворена јадра сол (со цел да се спречи навлегување вируси и бактерии преку устата)...Ве молам споделете ваше мислење :)
     
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Па во текот на бременоста баш не знам, јас пијам Ад перли (не верувам да се штетни за бременост) од рибино масло секој ден, тие го зголемуваат имунитетот, и гледам да јадам многу овошје, да внесувам што е можно повеќе витамини, за и да настинам побрзо да ми се избори организмот.
     
  3. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Мерки на претпазливост се знае: Избегнување на масовни собири, користење на јавен превоз, долго седење во затворен простор... Пожелно е често проветрување на просториите, често миење на рацете особено откако сме допирале нешто што претходно било користено од многу луѓе (кваки, телефонски слушалки, тастатура на компјутер, пари...)
    Кога мора да сме во близина на повеќе луѓе, а владее одредена болест единствено што може да направиме е да не се доближуваме премногу до соговорникот, да го замолиме при кашлање, кивање да користи марамче и често да ја проветруваме просторијата.
    Може и да се прави инхалација со морска сол, дали над тенџере или пак со специјален инхалатор за вдишување.

    А се согласувам со Фиарлес, најдобар начин за заштита на организмот од бактерии и вируси е зголемување на имунитетот. За тоа како што кажа треба да внесуваме повеќе свежо овошје и зеленчук, како и имуностимуланси: рибино масло, алое вера, таблети имуностимуланси кои се комбинација од витамини + минерали, природни сокови особено од цвекло, морков, портокали, јаболки, потоа природен мед... Има многу за набројување.
    Друго исто многу важно е да си физички активен. Секојдневна физичка активност мноогу влијае на подобрување на имунитетот, го јакнее организмот.
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. XXX666

    XXX666 Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    35
    Еден лимон исцеден на сабајле со една супена лажица мед, на гладен желудник - нема да има ни Н од настинка
    Цигари,алкохол,газирани пијалоци, недоволен одмор,психичко оптеретување...Нажалост се убијци на имуниот систем.
    Конзумирање на брза храна да се сведе на минимум
    Потопла облека итн......

    Morav da redaktiram - sumlivi tableti i apcinja Vit.C od 500 mg., ne se na odmet, ama ne ocekuvajte da napravat cudo vo borbata protiv nastinkata..Duri preterano konzumiranje na Vit.C od 500 mg go zgolemuva rizikot od pesok i kamcinja vo bubrezite
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cacaa

    cacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    вака,може ли некој да ми каже дали се нормални болките во желудник за време на бременост.јас сум бремена 19 недела и веќе 2 дена ме боли желудникот.сеуште немам отидено на лекар. :(
     
  6. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Мене ме боли од почеток на бременоста :) Пред да забременам, бев навикната на здрава исхрана, ни газирано ни пржена храна, па откако забременив како за инает почнав со газирани сокови и мешање на протеини, белковини итн. во исхраната. Јас мислам дека лично мене, од овие причини ме болеше. Сега јадам многу повеќе овошје и пак ме наболува (заради витиамините што ги пијам, слушнав на секој не им годеле ) ама не така страшно. НЕ знам дали и кај тебе има промени во исхраната, па поосетлив ти е желудникот или витамините што ти ги препишал гинекологот не ги поднесува твојот желудник...
     
  7. XXX666

    XXX666 Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    35
    Болките можно е да се иницирани од нешто, но не мора да значи.Можно е и од самата бременост да резултираат, посебно ако се придружени со киселина и зголемена саливација(зголемено лачење на плунка)...Вакво нешто не би требало да е сериозно или индикатор на некое нарушување, но чисто за да си бидеш сигурна провери да не се работи за Хелиобактер(не би требало според мене),али провери...И како за профилакса од понатамошни мачнини, конзумирај на сабајле чај од нане, подоладен со лажица мед. Пиј го голтка по голтка, зашто не само за бремените,туку за сите важи ништо одеднаш да не се пие(на екс што викаме)...И мислам дека потенцирав во еден од моите постови дека тие синтетски витамини во форма на шумливи таблети, пилули, апчиња...не можат ни малку да ги заменат природните витамини и минерали преку здравата исхрана. Не знам какви витамини конзумираш, но најдобри за бремени жени се Олиговит - не ја надразнуваат слузницата на желудникот(значи кога веќе земаш синтетски витамини, овие ти се најпроверени и најдобри за бремени жени).