Како да се заштедат пари?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marinapet, 21 април 2010.

  1. marinapet

    marinapet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Оваа тема ја создадов за да си споделиме искуства и новини поврзани со штедењето.

    Испраќам линк http://finance.yahoo.com/family-home/article/109349/do-it-yourself-laundry-detergent кој открива како индустријата за детергенти за перење ги „јаде“ нашите пари. Во неа има и интересен и ефтин рецепт за прашок за перење приготвен во домашни услови, а кој ги задоволува критериумите за добро испрана облека. Исто така, во статијата ќе најдете и други интересни факти и линкови.

    Јас решив да го испробам рецептот овој викенд по што ќе ви го пренесам искуството. Поздрав!
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Порано (кога само од дома даваа) можам да признаам дека не знаев да ги ценам парите. Трошев се до последен денар, дури и за глупости.Сега откако една година работам ( за викенд само ), а плус од дома ми даваат, си ставам пари настрана. Си ги ставам во евра ( за црни денови :D ) за да не ги потрошам лесно, и ги раситнувам кога ќе ми притребаат. :)
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.345
    Пол:
    Женски
    А што е тоа Borax? Видов дека го има во рецптот.

    Гледав една емисија за американци, демек како да заштедат, советите беа да не купуваат готов компир туку свеж и сами да го лупат, да не купуваат готова супат туку сами да ја сварат, да купуваат свежо овошје и да го цедат сокот, кога излегуваат од дома да ги гасат сијалиците и болјерите.... :D

    Ова не важи за нашево поднебје , ние сме си штедливи :)

    Инаку по дома штедам(ако може да се нарече шедење ) на секојдневните намирници, пример никогаш не фрлам сув леб, го правам презла или го потпекувам со јајца и сиренце, сама правам јуфки и тарана и да ви кажам дека во продавница се трипати поскапи , и сама си квасам кисело млеко, купувам во кесица за варење затоа што е поевтино и си го киселам дома. Не само што е поевтино туку домашното е и повкусно :)
     
    На daylight, Sunchild и eleni23 им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.664
    Јас не би правела сама детергент, но користам многу малку детергент, освен за алиштата што се навистина валкани. Алиштата во боја ги перам на 30 степени, а не на 40 како порано. И нема разлика, супер се испрани.

    Исто така и омекнувачот обавезно го разредувам со вода, за разлика од порано, кога ставав концентрат.

    Инаку почнав со овие работи заради заштита на животната средина, не заради штедење, ама и се заштедува по нешто. За да заштедам, почнав да пуштам машини само на евтина струја, за разлика од порано кога не внимавав. Се трудам и да ги пуштам машините на некоја пократка програма. Сметката на струја сега ми е околу 1000 денари месечно помалку од претходно.

    Во однос на штедење, почнав да штедам со планско купување храна. Претходно купувавме многу, и пола од работите ни се расипуваа во фрижидер, па ги фрлавме. Сега сме подобри, иако пак фрламе по нешто секој викенд. Исто така почнавме поредовно да готвиме, па не трошиме толку на готова храна. Готовата храна во последно време е ужасно скапа.
     
  5. lidijalidija

    lidijalidija Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    pa neznam dali znaete deka dokolku gi smenite site obicni sijalici so neonski
    se zashteduva 70% do 80% elektricnata energija,ima mnogu od novive aparati
    kako mashini za perenje,frizideri shto ja shtedat energijata i sl
    dokolku se saka moze da se shtedi
    no nie nekako ne obrnuvame mnogu vnimanie na toa
    iako jas se obiduvam :!:
    vo pola od sobite gi smeniv obicnite so nenonski sijalici
    imam ekonomik mashina :lol: nea nasreka ja kupiv
    a za gotvenjeto i perenjeto :rofl: se znae
    vtora tarifa od 13h-16h //22h-7h//
    za vikend 22h sabota do 7h ponedelnik
    soo godini se spremam dz kupam shpore na plin :?:
    i ushte go kupuvam
    pa dovolno beshe za sega
    :tmi: :tmi: :tmi: :tmi: :tmi:
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dusicas

    dusicas Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    bravo lidijalidija :D haha super dobro e samo sto za neonkite ne sum znaela... a i ne mi se dopagja bojata na neonkite :worried: :Daama stom se stedi
    super e: :)
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.664
    Неонски сијалици не се препорачуваат, треба да се купуваат економични сијалици (не знам како точно се викаат, ама верувам дека знаете за кои зборувам), кои во земјите во ЕУ веќе се задолжителни. Не само поради заштеда на домашнниот буџет, туку и поради влијанието на животната средина.
     
    На mim му/ѝ се допаѓа ова.
  8. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.250
    Ариел, а зошто неонските сијалици не се препорачуваат? Имам слушнато дека со нив се заштедува, но ова досега го немам сретнато... :?: :worried:
     
  9. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Кај мене за во двор користиме неонски сијалици. Мн се заштедува, додека дома од обичните бидејки сите лустери ни се за такви сијалици. :lol: :lol:
     
  10. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    331
    Да, во право е Ариел, постојат економични сијалици и траат многу подолго од обичните, осветлуваат повеќе и не се загреваат- значи не трошат енергија за загревање, целата енергија ја користат за осветлување. Обичните 70% од енергијата ја трошат за загревање. сО тоа не само што штедиме пари, туку ја штедиме и природата. :) Тие уште се викаат и еколошки сијалици.
    А неонските колку што знам јас не се добри за видот, пошто трепери светлината со многу висока фреквеција, тоа не е видливо за нас, но многу го напрега окото.
    Инаку што се однесува до штедењето, главно штедам кога купувам намирници, гледам да купувам од големите маркети наеднаш за цела недела, а не секојдневно од локалните гранапчиња каде што е за 20% поскапо. Укључувам бојлер секој ден во ефтина струја и потоа имам вода цел ден. Готвам домашно подготвени оброци, ем поздраво ем поефтино. Кога купувам облеека или нешто за дома шетам низ повеќе продавници, па купувам каде што е поефтино... Има многу нешта за кои не сме свесни дека трошиме пари, ситници, а се собира некој крупен износ за таквите работи на крајот од месецот. Најчесто такви ситни работи кои ги купуваме онака, без некоја потреба, колку да купиме нешто или во маркет кога пазариме сите оние дрангулајки што се ставени до касата, па на крај се фаќаме и земаме непотребно и трошиме уште 100-200 денари. Тоа е ситно, точно, ама се собира. И така... значи главно кога сакам да заштедам кратам од непотребните "задоволства " и луксузи :D
     

    Прикачени фајлови:

    • ekonomicni.jpg
      ekonomicni.jpg
      Големина на фајлот:
      17,6 KB
      Прегледи:
      2.277
  11. lidijalidija

    lidijalidija Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Дефинитивно не се штетни неонките т.е.ги има сега со триста работи на нив
    мене ми се допаднаа оние од[/color] Max-lighting
    даваат убаво осветлување
    не онаа "плава бледа" светлина
    туку осветлуваат како и обична сијалица
    затоа што оние што даваат бледа светлина не се препорачуваат за читање и сл.
    јас би ви ја препорачала
    Max-lighting 26W А класа
    добра е во дневна соба
    мислам дека е 130 ден
    заштедува 74% енергија
    на неа пишува
    pок на траеење 6 г (отприлика по 3h на ден)
    и заменува обицна сијалица 130W=26W

    има на yahoo програма за заштеда нема да верувате што се прават лугето за заштеда и заработка
    ecoideasnetова е нивната страна на fb имаа интерсни идеи
    :rofl: :?: ние сепак немаме слонови :rofl: кога ќе стигмете до тој клип
    :hai: :hai: :hai: :hai: :hai:
     
  12. marinapet

    marinapet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Za detergentot da vi kazham deka eksperimentot mi beshe uspeshen!!! Navisina nishto ne im fali na alishtata i kje prodolzham taka...Za eco-sijalichkite se soglasuvam deka se dosta ekonomichni, gi imam doma, no kombinirano so obichni, zashto svetlinata ne mi prijatna na oko, osobeno vo dnevnata, kade shto sakam nijansirano svetlo zavisno od raspolozhenieto..inaku se zashteduva, vekje 2-ra godina gi imame doma.
     
  13. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Не знам не знам не знам и не знам да штедам :| :| :|
     
  14. GaGa-GirL

    GaGa-GirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    4
    со мојава зависност (шопинг) никогаш нема да заштедам ни денарче, ама затоа па ќе си бидам задоволна ;)
     
  15. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    И јас :|
     
  16. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    67
    и јас штедам т.е штедев. Не сум по купување на најситни детали на пример каква блуза или чевли доволни ми се 3-4 пара што имам и така повеќе место немам. Ама кога ги давам ги давам одеднаш за убави нешта /потрајни и многу. Последно што купив беше гарнитура 48 000 ден , у кеш ја платив. Човек може повеќе да бира кога има избор и доволно пари, нели?
     
  17. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    82
    Штедам на тој начин што парите што ги заработувам, не ги чувам кај мене за да не паднам во искушение да ги потрошам за било што. Е така штедам ова лето. :wasntme:
     
  18. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    433
    јас понекогаш знам да заштедам, ама рееееееееееееееееееееееееееееееееееееетко :|
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Amelie

    Amelie Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    Има штедливи сијалици кои работат на ватажа како неонка, има од 18W, 20W итн. и ги има и со топла светлина значи боја приближно иста како обичната сијалица дури малку побела, е сега се поскапи од обична сијалица но од квалитетен производител рокот на траење им е дури 6 години. Инаку една 20W сијалица заменува обична 100W тоа е еднакво како дома да ти се вклучени во исто време 5 штедливи сијалици. :)
     
  20. Bluebell

    Bluebell Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    11
    Јас си ги собирам железните парички во шише од кока кола. Неможат да се извадат освен ако не се исече шишето. За 2-3 месеци си соберам околу 3000 денари, ама за мојата возраст без никаква мака тоа е сосема доволно :$
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.