Не влегувајте во маркети! Ете така. Влегов по леб и излегов со фискална од 200 и кусур денари. Единствен начин на кој штедам пари е со ставање железни парички во кутија па некогаш ќе се најдат за нешто. Инаку и тие ќе ми отидат за чоколатце, бананче или сл.
Многу интересен начин за штедење кој го открив скоро е тоа скоро секогаш носете онолку пари колку што ви требаат или мислите дека ќе потрошите. Порано ги носев сите пари со мене, демек ќе ми се најдат и доста често купував глупости. Ќе видам нешто во моментот ќе се залетам и дури после разбирам дека не ми требало. Сега и да видам нешто, немам пари во моментот да го купам, доаѓам дома, размислувам и сфаќам или дека го имам или дека не ми треба. Mногу пари се заштедуваат, проверена опција.
Јас и мм штедиме така што сите ситни парички ги ставаме во каса и воопшто не вадиме од неа ... така оломнани со нив бевме на одмор па оваа година ќе видиме А и како што пиша феминката над мене носам пари само колку што ми се потребни за тоа што одам да купам ако ја знам цената.
Нaјсигурен нaчин зa штедење пaри е вo бaнкa. Лaни oтвoрив штеднa книшкa и секoј месец стaвaм пaри нa неa. Oвa ми е нaјбезбеден нaчин зa дa не трoшaм. И кaкo и пoвеќетo сите железни пaри ги стaвaм вo кaсa и не мoжaт дa се извaдaт. Нaјмнoгу се рaдувaм кoгa ќе стaвaм oд 50 ден. Веќе и се гледa врвoт пa кaј и дa е ќе ги укрупнaм следниoт месец.
Парите се штедат кога се имаат. Не можеш да штедиш кога немаш нормално. Одење во маркет само со список и строго придржување кон список. Нема шетање по гондоли, разгледување демек е чекај ова -она да видам. И плус сега има често попусти во маркетите, може да се следат. Избегавање купување под мотото - ке се најде, ке го купам ова. п.с. кај ги купувате тие каси?
Мојата ја купив во Џамбо, метална е ама никако не можеш да ја отвориш. Не ја забележав кога ја купував, така да утре ќе треба да ја сечам. Ако знае некој нека каже кај да купам нормална каса.
да беше порцеланска ке ја скрешеше, како оние прассенцата. Се потсетив кога бев мала од Стопанска банка ни даваа бесплатни каси за деца метални, во форма на книга. Се отвораа со клуч, ама не ти го даваат клучот ниту на твоите, и кога ја наполнив, бевме во банката и таму ни дадоа клуч на лице место да ја отвориме. Некој друг да ти го држи клучот, ако паднеш во криза да не можеш да ја отвориш, ете ти начин на штедење.
Море сеф му е маjката, мада jaс и таму нема да ги дочувам Брат му на дечко ми ги чува во шишиња. Залепени му се 5 шишиња заедно и само малку е засечено секое шише колку да влезе парата, интересно изгледа, 50 денарки има наjмногу Jaс му ja украадов идеjaта ама едваj месец издржав да собирам.
Јас почнав на почеток на месец да ставам дел на банка и зошто ме мрзи да одам да ги вадам, остануваат таму недопрени Во последно многу трошам, па почнав да излегувам со броени пари па така ми остануваат другите Е не дај Боже да ми се припие кафе и да немам дома па треба да одам до продавница. Има шанси да купам мастики, топло чоколадо и неколку други ситнурии шо ќе ми тргни сите пари.
За до детергент дома да правам,е до толку не штедам.За храна исто така не штедам многу,понекогаш си правам дома јадење,понекогаш си купувам нешто готово.Многу трошев пари на грицки и на сокови.А сега од тоа секогаш си купувам најевтини работи.За облека,мислам дека и не треба да штедиме до толку,дека сепак тоа е нешто што ќе го носиме подолго време.Мајка ми секогаш ми вика кога ќе соберам повеќе ситни пари да ги уедрам и да ги ставам во банка,дека вака пак ќе ги потрошам на глупости.За козметика и шминка,не ми се даваат многу пари искрено,маскара,пудра,парфем(и ете ти околу 1500 денари),скапо ми е.На вас можеби не ви е,ама јас немам баш многу пари за фрлање. Од тоа си ги купувам најосновните работи и поевтини,ама квалитетни производи.За струја и некои таму други работи,тука нема начин да заштедиш. Минатата година секоја недела си тргав настрана пари,ама сега тие ги потрошив па за некои работи што ми требаа сега.Многу често паѓам во искушение па затоа и не можам баш да заштедам многу голема сума пари.Кога бев помала,моите сакаа да ми отворат таква детска штедна книшка,ама изгледа ништо од работата не излезе. Еднаш си направив листа на се што имам купено за три-четири месеци,ОМГ кога израчунав колку пари сум потрошила,сфатив дека на тие работи по 100,по 200 денара најмногу се трошат пари Па и повеќето од тие работи што ги купив,не ми ни требале,само ќе се залетам и после се прашувам за што ми е ова ? Ретко на кој му иде оваа работа со штедењето.Еднаш кога одев во маркетот,за да заштедам повеќе пари,си реков да земам определена сума за да немам многу пари со мене и да не купувам глупости.Ама ете не можам секој пат така.Треба да најдам некој друг начин да штедам.Овие ситниците што ги купуваме ни ги трошат парите. Друго,секогаш ги гледам цените во маркетите и ги споредувам каде е поевтино.Сега со интернетот може и да следиме каде има попусти,нели во некои маркети (како Кам на пример) секоја недела има акциска понуда.Инаку тоа со собирање железни пари мислам дека може да се соберат неколку илјадарки,една моја другарка исто така има собирано во шише.А на тато кога ќе му речам дека ми требаат,дека треба да собирам,ми вика што ќе направиш со толку пари? Ништо. Мислиш сакам стан да купам или куќа да правам. Јас ќе ти дадам за што ти треба.Аха После и претплати што плаќаме за овие телефоните па и тоа не е баш евтино.Дека еве денес сите имаат телефони,и некое семејство од четири члена да плати барем по 500-600 ден (пример да има малолетни деца,не можат да работат),ами ете 2000 и нешто.Како што спомнав тоа со струјата,ами бољер(кога треба да се избања едно четири члено семејство....треба да грее со саати),телевизор(кај нас дома скоро никогаш не е исклучен,не знам колку троши,мислам дека пишува на сето тоа телевизори,правосмукалки),потоа за да готвиш пак струја...Вака јас како што си рачунам скоро 10.000.Не ме бива баш за овие работи,да пресметам нешто приближно,па можеби и грешам.Одење на одмор,излегување,патувања Мислам дека цела тема ја побркав,си пишувам едноставно се што си мислам. Ако има некој што ќе го прочита сето ова.... Да не забегувам толку надвор од темата,запишувајте си ги цените на некои работи,потоа отпирилика колку пари трошите за месец за некои,би рекла,неизбежни работи(струја,телефон,вода,кирија...) мислам дека така барем ќе знаете колку трошете и колку можете да заштедете. Еве ние дома уклучуваме машина за перење само на евтина,се готви на скапа струја,бољарот го уклучуваме секој ден,на евтина,ама грее скоро цела вечер,телевизорот од поручек до вечер не се исклучува и имаме големи сметки за струја Си се искажав важно,цела економија.Ако ми текне уште некој начин да заштедите ќе ве известам.
Me biva za stedenje, ama neli ako imas ke stedis ko sto pisa nekoj pogore. Okolu finansiite doma jas sum zadolzena, mm ne go biva Plata zimame vo ist period pa taka i gi raspredeluvam.prvo se plakjaat smetkite,pa za benzin, trgam pari za pazarluk za cel mesec i tie pari se isklucivo nameneti za hrana( tuka spagja neli prasaci, omeksivaci i dr raboti- kozmetika) Se drugo sto ke ostane e + za nas..znaci ako imame potreba od garderoba i slicno se trosat tie pari. E sega malku i e knap zimno vreme radi visokite smetki za struja ama bitno ne sum vo minus
Абе добро не викам jaс за сеф ко во банките Гледав некаде по интернетов такви метални кутии со шифра и местиш дата пример за една година и се до таа дата не можиш да вадиш пари од внатре. Ама тука каj нас тешко можиш такво да наjдиш. @Mr. Right шо пари ja зема твоjaта каса те читав метална е и не се отвара. Ако не те мрзе па сликни ja
Имам едно прашање и би ви била благодарна доколку некој ми одговори,еве ја повикувам и @kukla21 ако има време и знае(бидејки те имам читано дека работиш неѓто со финансии и многу пати те прашувааа),имаме некоја сума на пари во тутунска банка и ние урочена на две лица едниот договор истекува за еден месец а другиот за една година уроченеи се во денарои,ама од сношти и денес само трубат нешто економска криза намален раст и што ти јас знам, бидејки многу многу од банкарство не се разбирам, е сега муабетот ми е како е подобро кога ке помине договорот далие подобро да се направат парите во евра ,дали,е сигурно да стојат во банка и што всушност значи економска криза дали би имало девалвација на денарот,не се бог знај колку пари ама и тие што се за нас се многу или та економска криза не би влијаело на девалвација на денарот.
Ако ти значи нешто, јас имам пари во денари на сметка во банка. Искрено не мислам дека е криза и дека ќе се дозволи да се направи криза. Парите не планирам да ги подигам. Според мене, непотребно се крева паника, поготово од неписмени новинари кои само шпекулираат во отсуство на знаење. Полошо од паника во овој момент нема. Оној Чомовски не знаше ни што да го праша Богов во топ тема. Имаш гувернер за гостин и ти поставуваш глупости како прашања. Не верувам дека ќе има девалвација, затоа што денарот сериозно се штити од вакви удари и е директно врзан за еврото. Од друга страна, сите експерти (не тако звани експерти) потврдија дека НБРМ го штити денарот, а за тоа е доказ е последната мерка за каматите кај благајничките записи. НБРМ ги крена каматите на благајничките записи. Тоа се направи за да може да стимулира штедење во денари. Кредитите во ваква ситуација нема да поскапат, затоа што сеуште не е корегирана есконтната стапка од НБРМ кон комерцијалните банки (тоа е каматната стапка по која тие се задолжуваат во НБРМ). Друга работа, до 30.000 еур, се осигурани депозитите и државата преку фондот за осигурување на депозити го гарантира овој износ. Деталји може да се прочитаат на http://www.fodsk.org.mk/Default
Паниката е многу лоша работа!! Ние моментално немаме економски причини да имаме криза, АМА ако се крене паника и сите почнат да ги вадат парите од банка тогаш ќе биде лошо. Банкарскиот систем функционира на доверба. Ако само се прави конверзија мкд во еур, ок. Ама ако скроз се влечат парите од банка тогаш веќе лошо е. Нбрм ќе објави извештај на 10ти мај па ќе видиме.
Јас имам денари и не планирам да ги вадам. Не сакам дома да чувам пари. Несигурно ми е тоа чување пари под перница. Ако сите ги извадиме парите ќе биде полошо. Нема потреба од вадење на парите од банка. Кога некој ќе рече во банка не било безбедно, можело банката да пропадне, си размислувам дека не сум само јас со депозит. А и спомнаа на вести дека каматите за депозитите ќе скокнат, па така може минимално нешто да добиеме.
Така е. Затоа ни јас не вадам денари ниту ја поддржуцам оваа вештачка криза. Каматните стапки на денарските депозити логично треба да пораснат затоа и се зголеми камата на благајничките записи. Народов слабо се разбира и паника ете ти!