1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се заштедат пари?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marinapet, 21 април 2010.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Моите секој ден ми оставаат по 100 денари за школо за јадење а јас не купувам со нив ништо туку наоѓам ситни по дома од кусур што се собирале ова она и со нив у школо а крупните ги чувам и кога ќе соберам повеќе на пример ги трошам само за мои потреби и ако ми треба нешто :D
     
    На MayDiamonds, Снегулк@23 и elimkd им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Пишував и на темата за штедни книшки дека секој месец банката ми зима со траен налог пари. 50 евра си ставам на страна месечно за долгорочни цели (не знам и јас зошто ги чувам ама ај нека се ке се најдат) и 50 за така краткорочни цели (патувања одмори некој апарат за домакинство и слично)

    Последниве две три години не штедев многу но ете сега штедам на ситници и на крајот од месецот се осеќа разликата кога штедиш и кога арчиш пари безвеза. И што е најважно пари се штедат само кога имаш оти кога немаш нема ни што да штедиш :) логично нели :)

    Живеам сама, заработувам сама, трошам сама :) и еве како штедам
    - на работа за доручек јадам од храната која таму е обезбедена за работниците, не носам храна од дома
    - колата се поретко ја возам, најчесто на работа или низ град одам со велосипед
    -книги не купувам повеќе, се зачленив во бибиотека
    - од облека - давам пари само за скапи обувки, квалитетно палто, наочари и долна облека. Панталони блузи фармерки, фустани, се е ефтино. фармерки поскапи од 20 евра немам купено.
    - за шминки- купувам скапи квалитетни шминки н0 само тие 2 3 бои сенки што ги користам, пудра, римел и моливче и еден два сјаја. Ем не ми зафаќаат место ем не ми стојат со години неискористени. плус па и ретко се шминкам
    - фризери и маникири- се откажав одамна. Фризура еднаш до два пати годишно и тоа ако има некоја пригода. Си купив квалитетна преса за коса што витка плус и така сум стално со фризура.
    -депилација исто, депилатор имам 5 години стар и уште го користам
    - струја- се греам на клима . пред да излезам пола саат порано ја исклучувам климата, болјерот никогаш не го пуштам за ако не планирам да го користам, рерната ја исклучувам пред време и ја оставам затворена, светла обавезно гасам кај што нема потреба.
    - за ручек - за сам човек брзата храна е најевтино решение. Кога сакам готвено одам од маркетите кај што има готвена храна на мерење. Овошје и зеленчук купувам сезонски кога се евтини. Плус знам да направам еден куп јадења до 50 денари :) (палента, супи, макарони, варива)
    - на кафе кога одев порано трошев по 200 денари, сега 50-100. Не е некоја разлика за некој друг но за мене што сум шемаџика и секој ден одам на кафе таа разлика е голема.
    - кога штедиш најважно е да си го чуваш здравјето. Навременото одење на пример на забар е 3 пати поефтино отколку ако излезе поголем проблем.
    - кабловска и фиксен телефон не плакам, не ми требаат не гледам телевизија
    - средства за хигиена во домот и лична хогоена купувам некои со средна цена, тоалетот си е тоалет нема газот фала да ти каже ако му купиш миризлив тоалет :)
    - мастер картичка немам, имам само обична дебитна, ништо не купувам на рати затоа што има камата.

    И на што трошам? На патувања, на шетање, еднаш неделно да одам во ресторан, 2-3 пати годишно да одам негде вон македонија, учам јазици, плакам постипломски студии, посетувам курсеви од мојата област за да добијам секакви сертификати. И плус што штедам секој месец на книшка :)
     
    На mira.mira, T.e.d.d.y, Vegegirl и 9 други им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.469
    Со ускратување на мали, но значајни работи за буџетот. Јас во последно време имам навика да трошам од 400-500 денари на едно излегување, а не можам да си дозволам да се луксузирам секој ден да трошам по 500 денари на кафиња. Секогаш кога и да излезам сум обавезно ненајадена, и си викам па што, ќе си нарачам нешто надвор. Тоа најчесто е вафла од 160 денари која не ја ни дојадувам, помфрит, похован кромид, клуб сендвич, што да кажеме ми одзема едно 150 денари. Можам од дома да тргнам најадена и да испијам едно макијато/чај за 60-80 денари. Така сум во ќар за уште едно кафе плус подоцна или за утрешниот ден.
    Цигарите е најубаво да се откажат, но бидејќи за жал кај мене тоа не е можно :( можам барем да намалам, на пример кога сум во друштво на непушачи, седиме внатре во кафичот кај што не е дозволено да се пуши, и така заштедувам на цигари, а така и на пари.
    Да не се расфрлам со купување на непотребни работи од каталози од типот на Авон, Орифлејм, на пример купување на лабело два пати по ред само зошто ми се допаѓал мирисот, а пред два каталога сум купила и едното ми е неистрошено.
    Ако не седам многу на факултет, не купувам храна, туку ќе одам после директно дома па ќе јадам и така си заштедувам 100ка, ако веќе имам купено цигари.

    Искрено, доста пари се заштедуваат вака, и ако еднаш или два пати пропуштиш да излезеш на кафе или да лудуваш на некоја журка. Но, проблемот е што секогаш си имам некои мои хирови, и кога таман ќе успеам да заштедам некоја сума од макар 500-1000 денари, успевам да ја потрошам на глупости, да одам од кафе на јадење, да си купам благо од маркет или некои тракатанци што воопшто не ми се потребни, а ми се виделе интересни во моментот. Или па ќе ги прокоцкам, со надеж дека ќе ги дуплирам. (facepalm) :D
    Инаку, не, сериозно сега, од утре си започнувам мисија за штедење на пари, ќе намалам на цигарите, ќе си ускратам доста задоволства, нема веќе нарачки од 600 денари од Орифлејм на глупости, нема веќе јадење надвор, и еспресо од 40 денари ќе почнам да пијам што не можев ни да го мириснам, ама ќе си заштедам за еден мерачки шопинг, и/или за некој добар провод/шетање. Ајде Блу, можеш ти то! :muscle: :D
     
  4. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Во детските продавници или и во Веро имате касички метални кои се пуштаат одозгора парички ама не се вадат освен ако не ја исечеш ете такви имам две. Едната е полна, другата ја почнам сеуште. ВАкви како на сликата само што имаат со разни апликации. Многу корисна работа.
    metalna-kasichka-fk-barselona-metalna-kasichka.jpg
     
    На didisi и elimkd им се допаѓа ова.
  5. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Конешно најдов малку време да пишам поопширно на темата.
    Модераторите можат слободно горното мислење да го спојат со ова.
    Штедење не значи гладување, мизерување и сл. туку поекономичен начин на живот.
    Од кога знам за себе штедам, животот ме научил така и ова повеќе јас би го нарекла паметно трошење на парите. Не викам дека не сум паѓала во искушение да лупнам пари за некоја глупост ама со рек на време се поретки и поретки биле тие искушенија.
    За струја и мене ми пречи кога свети во просторија каде нема никого. Не дека ќе потроши многу ама ме нервира, па затоа викам кога ќе наидам на такво нешто. Перална пуштам строго после 10 саат, исто и бојлерот од 10 до 6 ми грее и цел ден имам топла вода. Зимото се греам на дрва, па така искористувам прилика и да зготвам нешто на шпорет. Електричен шпорет пуштам исто после 22, па имаме готвено за утрешниот ден. Кога наоѓам време за форумот волку доцна, не ме чини ништо и да зготвам нешто, нели?
    Порано во пералната ставав цела чашка (оние од сладолед што се) прашок, па доста често дел од него остануваше или се стврднуваше па јасно дојдов до заклучок дека тој прашок е многу, сега ставам половина чашка и е сосема доволно. Со еден прашок терам и по 3-4 месеци. Омекнувач открив еден ефтин (убаво мириса, бебешки е) 4 кг за 200 денари. Алиштата мирисаат убаво и нормално дека ги разредувам со вода. Едно капаче омекнувач-половина капаче вода. Инаку перална кај мене се пушта 3 пати неделно и нема одстапување од тоа, независно кој ден. Чекам да се соберат повеќе алишта, една перална бели, една црни и моите алишта од работа кои ги перам посебно. Нормално ако има потреба преку неделата заперувам и нешто на рака, ако е итно.
    Сјај за садови купувам еден ефтин ама убаво мие, половина кг за 20 или 25 денари не сум сигурна баш, да не ве излажам. И си го купувам постојано тој, ми трае цел месец.
    Сретства за хигиена паста поскапа од 40-50 денари не сум купила. Гелови порачувам од Авон, доста често се на попуст а големи се шишињата па и долго ми траат. Шампон и балсамот ми се малку поскапи ама морам да земам такви, само тие ми ја оправија косата.
    Сретства за чистење во домот си имам неколку кои не се скапи и тие си ги купувам, не сакам да експериментирам, ниту да пробувам нешто ново. Зошто порано доста често ми се случуваше да купувам нови производи ради реда или ради убавата амбалажа/мирисот па да завршат во канта зошто не чинат, а тоа се исто така фрлени пари.
    Во однос на козметика препаративна и декоративна порано купував многу залихи, додека сега строго по потреба. Една пудра, римел, карминче траат предолго така да нема потреба постојано од нови. Порано бев манијак за парфеми, па сега имам еден куп доволни за цел живот.
    Сакам да кажам купувајте сигурни и проверени работи кои ќе ги користите и ви се неопходни.
    Гардероба исто така ретко и нешто поефтино. Никогаш не сум купувала скапо или марки.
    За храна искрено не штедам. Од маалската продавничка освен леб не земма ништо друго зошто значително се поскапи продуктите.
    Си пазарувам во поголеми маркети иако ако пример денеска затекнам нешто ефтино во маркет, напопуст, пред да му мине рокот го земам и можам да го зготвам денес. Си открив еден маркет каде тестенините се по 15 денари, супите по 9 денари и други ефтни работи, малку е подалеку ама си пазарувам од таму.
    Сакам да кажам дадете и шанса и на ефтините производи, нема да згрешите. Не секогаш се што е скапо и е убаво.
    Со такси ретко се возам, преферирам да пешачам.
    Порано почесто пазарував чипсови, грички, сокови сега ги исфрлив начисто ем не се здрави, ем се скапи.
    Обично однапред знам кога имам роденден, именден свадба па си планирам однапред за подарок. Зошто во последен момент кога купуваме купуваме ради реда и поскапо. Вака и порано ако најдам нешто пеофтинко а убаво, го земам
    И порано почесто бев по кафиња, ресторани сега ептен ретко длаи и еднаш неделно.
    И гореспоменатите касички вршат работа, освен ако не паѓате во искушение да ги отворите пред време. Јас собирам во нив и искрено немам идеја на што би ги потрошила тие пари, можеби за некој одмор.
    Се надевам дека некому дадов идеја, ако ми текне ќе допишам.
     
    На Снегулк@23, mime87, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Заборавајте си го новчаникот кога ќе излегувате. И кога ќе треба да се плати, еееее сум го заборавил новчаникот, ај сеа ти части, па ја следен пат :D
     
    На Снегулк@23, cresa-jagoda, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  7. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    :rofl::rofl::rofl::bow:Ама следен пат дупло ќе платиш,или пак болен ќе се правиш за да не платиш:rofl:
     
    На Снегулк@23, cresa-jagoda, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.024
    Пол:
    Женски
    Штедам на тој начин што кога ке видам нешто намалено или многу често за упола цена со поени во Рамстор најчесто или пак друг маркет одма земам :) дома и да имам неколку шампона, прашаци или било што ако е доста намалено земам пак.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Prinudno stedenje-so podiganje kredit...tocno, ima kamata ama koga neznam poinaku ...:|
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Собирам железни пари. Пазарувам во поевтините маркети. Купувам од поевтините производи. На кафиња ретко одам. Гардероба ретко купувам. Средства за хигиена купувам повеќе пати во месецот. Не е на одмет да имам повеќе шампони, купки, лосиони, и др.
     
    На Снегулк@23, didisi, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Само кога не излегувам од дома не трошам онака џабе....Претходно повеќе знав да заштедам, но во последно време превише трошам на храна и облека.
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    85
    Ме бива за штедење уште како мала,си собирав ситни парички
    Но сега кога си пораснав и пред 7 месеци почнав да работам почнав повеќе да штедам
    Кога ќе земам плата обавезно ја тргам истата сума секој месец(една третина од платата) и плус ако остане нешто од остатокот и него го ставам во заштеда
    Имам едно прасенце касичка,и во него го ставам кусурот од продавмица
    Имам голема желба да си купам свој автомобил па се надевам ќе стигнам до посакуваната сума и ќе ми се исполни желбата
     
    На cresa-jagoda и elimkd им се допаѓа ова.
  13. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли некој најпросто да ми објасни како функционираат штедните книшки? Сакам да почнам така да штедам, но не сум запознаена како одат тие работи. Одам во банка и кажувам дека сакам да отворам штедна книшка, и? Дали од банката ќе ми земаат нешто пари, што треба да знам? Кога ќе сакам да ставам пари на книшка, само одам, носам пари и ми ги ставаат или? Прашувам тука, знам дека во банка ќе ми објаснат, но да не има некои финти нешто да ме збунат..
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Кога немам штедам:muscle::rofl:
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    нема да трошите, и ќе заштедите
     
    На La.loca, didisi и Ваљдрин. им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Девизна штедна книшка има ќерка ми во Комерцијална.... скоро 12 години.
    Не сум во тек каматите како се... ама стабилна си е банката, а тоа ми е многу битно.

    Животно осигурување со штедење, имаме јас и сопругот. Кроација осигурување.
    Се акумулираат парите, плус некоја мала камата (и таму не знам колку е), после 7 години, можеш да ги извадиш како заштеда.
     
    На didisi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Мене само што ќе ми се насоберат 300 ден во новчаник, ги менувам за 5 евра и ги тргам на страна. И така цело време. Најлесен начин ми е.
     
    На La.loca, Adorabela, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Ми се допаѓа ова ќе
    Го применам
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Имам купено 2-3 касички од Џамбо што немаат доле за отворање и во нив собирам 50 денарки (монети). До сега 2 каси цели имам наполнето, а планирам да соберам 10 па да ги сменам по продавниците во градот кога ќе испланирам да ги трошам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Во Комерцијална каматите се премногу ниски, Нлб банка имаше многу повисоки, последниве години ги намалија, но сепак им се повисоки.