Касица прасица Ќе треба да ја скршиш за да земеш пари безвезе, грев ќе ти биде. Ставај 500 или 1000 кога ќе можеш, ќе се присоберат.
Пари дома не се чуваат, би те советувала да си ги ставаш во банка на месечно ниво. Најважно постави си цел, без никаква цел само ќе трошиш и ќе ти биде криво. Направи си концепт, табела, до која сума сакаш да стигнеш и зошто ти е значајна таа сума. Гледај никогаш да немаш кеш во тебе, односно да плаќаш само со картица, ако си среќна како мене банкоматот да ти е далеку, уште подобро. Кога ќе добиеш манија за шопинг, преспиј и размисли утредента дали навистина ти треба тоа. Првите месеци се најтешки за да создадеш навика, после е лесно.
Мора навика. Ќе си го тренираш умот. Не е поентата да ги криеш во каса, ако подлегнеш на исушението да ја скршиш. Или плико, па да го отвориш. Банка, па да ги извадиш. Ако платата пример ти е (било која сума) автоматски одземаш (пример) 2000 денари и во глава имаш секогаш фиксна сума без тие 2000. Ем штедиш, ем имаш плата.
Претворање во евра и ограничување на дневните трошења, на пример, секој ден максимум 80 денари за трошење, ако и од нив останат, чуваш за утредента. Скратени излегувања, купувања, сѐ. После неколку месеци, резултатот е стотици евра
A aко е платата 15.000 и трга 5000 на страна, како ќе преживее со 10.000? Ние даваме моментално околу 150евра за кредит, и понекогаш со маж ми си правиме муабет колку би било убаво тие пари да си ги тргаме на страна и да ни бидат 'чисти' пари. Се надевам дека кога ќе се раздужеме, ќе тргаме ако не повеќе барем по 100 евра месечно.
Кога бев средно бев екстремна штедаџика (ова пред да почнам да пушам ), парите што ми ги даваа за во школо не јадев ништо и си тргав на страна, кога ќе излезев надвор трошев само 100 денари и другите ги тргав и за многу брзо време собрав доста пари, дури давав на моите и на брат ми. Она што го правев е кога ќе соберев пример 1200 денари, ги претворав во евра и така ми беше доста потешко да ги потрошам. И на страна од книжните пари, во касичка си собирав по 1, 2, 5, 10 денари и да сакав да ги потрошам не можев зошто каде ќе одам со ситниш , ќе требаше купишта монети прво да ги пребројам за да ги сменам. Така еднаш во шише имав собрано 1000 денари. Друга опција, имам слушнато дека можеш да ги ставиш во банка на одреден рок парите, и ако ги извадиш пред да истече рокот треба да платиш казна. А и така имаш и минимална камата на парите. Но, не ме фаќај за збор, ова одамна ми го кажувале. Трета опција, на интернет се продаваат посебни касички што не може никако да ги отвориш пред одреден датум, значи пишуваш дата кога може да се отвори касичката и пред тоа не можеш да ја отвориш. Трето, јас кога не сум можела да издржам а да не ги потрошам парите, сум ги давала на некој од доверба да ми ги чува дур не дојде време стварно да ми притребаат и тогаш ќе ми ги даде. Но, за се' ова да успее мораш да имаш цврста волја.. освен за непробојната касичка, таа веројатно нема да успееш да ја размонтираш.
Со налог. Дел од платата, директно на штедна книшка. Сумата - зависи колку можете да тргнете настрана.
@blessed.an Се утепав од барање на aliexpress за да ти пратам линкче, зошто знам одамна видов видео на јутуб за таква касичка и одма после тоа ја најдов на али, но сега не можев никако. Ова е нешто најблизу што можев да најдам, пишува дека може да послужи и како касичка. https://www.amazon.com/Multi-Purpose-Kitchen-Containers-Addiction-Excessive/dp/B07XP2ZP6P Или вакво нешто, но друг да ја знае шифрата па кога ќе треба да се извади да ти ја каже.
Ние со мм вака штедиме за одмор. Купуваме една голема лименка - касичка од Џамбо што мора да употребиш алат за да ја отвориш. И секој ден навечер се што имаме метални парички без разлика дали се 1,2,5,10,50 ги ставаме во касичката, буквално секоја вечер. И кога ќе дојде денот за да се плати одмор ја кршиме, броиме колку има и ги менуваме за книжни пари. Од кога ќе се вратиме од одмор пак купуваме голема лименка - касичка и почнуваме за следниот одмор а за другото штедење имаме отворено сметка и договор од мојата и неговата плата секој месец по 1000 денари да ни трга самата банка на таа сметка, и без потпис од двајцата неможеме да ги извадиме хахахахах
Не вадам пари од сметка. Само по потреба. Плаќам со картичка, ако некаде не може со картичка, само тогаш подигнувам од банка. И не трошам на небитни работи, кога од нешто имам навистина потреба, тогаш купувам. И еве имам заштедено добра сума.
Мене а ми вратат монети во маркет, одма ги ставам во каса. Без разлика дали е денар, или педесет. Горе-долу за два месеци обавезно има околу 1500 денари. Само после ептен ми е мака за укрупнување.
Монети не чувам,ги давам во маркети.Ме иритираат. И онака вработените во маркетите овде мразат кога некои им идат со крупни пари само,па имаат мака со враќање кусур. Тргам книжни на страна.Далеку од очи ми се. Имам фина заштеда. Во паричник имам само онолку пари колку што мислам да потрошам во текот на денот.
Јас бев чоек што го трошеше последниот денар. Ама сега со мм се научив да штедам ,имаме неколку каси. Сите железни пари кога ќе дојдеме од работа ги ставаме во "нивната "каса + на крај на месец што останува во евра и на банка...чудно дури ми е.
Мене ми се привлечни за собирање 200 ките, почнав така да штедам Иначе на инстаграм има еден профил, Мои финансии, така е пишан и има добри совети и предизвици за штедење.
Еххх ваква прасица слична си имав и јас Се додека не ме опљачкаа дома Мој совет народе никако пари дома! А во врска со штедењево јас лично претворам во евра и ми стојат,кога знам дека ми се во евра не ми се пипаат и си го залажувам умот дека не се за трошење и ми успева за чудо И во секој случај пари во мене скоро и никогаш немам,куцам картица 90% од времето па и така мислам дека може да се уштеди