Како да се заштедат пари?

Discussion in 'Општи дискусии' started by marinapet, Apr 21, 2010.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Joined:
    Jan 28, 2014
    Messages:
    3,598
    Likes Received:
    17,898
    Gender:
    Female
    Само јас не осеќам дека давам пари кога плаќам со картица? Кај мене таа има обратен ефект.

    Сум пробала многу начини на кои да штедам, и ништо не е посигурно од пристапот. Ако ти тргаш настрана за кога имаш потреба да земаш, нема никогаш да заштедиш поголема сума. Затоа, треба кокретно зададена цел, и после секој денар што може да се стави во заштеда, да се стави. Но не присилено, и да двоиш и кога не можеш т.е. не треба.

    Лично, се што ми стига на сметка во банка, гледам да не чепкам. Имам сметка во банка од која немам картичка, и таа сметка исто како да ја нема.
    Работам со кеш, плаќам сметки, и имам неделен буџет за храна каде пазарувам на 2-3 дена. Имам и сума во глава колку да потрошам за забава тој месец, ама тука ќе почнам по опуштено малку.
    Се' друго оди на страна.

    Ама јас имам многу работи за кои штедам паралелно, и кои ги сакам уште вчера. Така, пари секогаш немам доволно. :(
    И ова не е здраво исто. Али работам на случајот.
     
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2016
    Messages:
    3,549
    Likes Received:
    19,475
    Со 250 евра просечна македонска плата, за повеќето штедењето не е опција, туку нужност. :(
     
    Снегулк@23 likes this.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Joined:
    May 29, 2015
    Messages:
    2,720
    Likes Received:
    20,410
    Затоа ќе си правиш трансфер од една на друга картица. Таа картица заборави ја дека постои. Кога ќе легне плата, калкулирам со колку ќе живеам, колку ми се вишок, и потоа правам трансфер. Никогаш не излагам со таа картица, како да неам пари, како да сум ја изгубила.
    Друга работа, кредитна картичка е зло. Троши додека имаш, не земај позајмици. Така во круг ќе се вртиш цело време. Ем земаш плата, ем покриваш дупки и на крај, наместо во плус, одиш во минус.
    Сепак дефинитивно е најдобро да имаш цел. Колку и да ти се слатки некои штикли, фустан, ќе преживееш и без нив.
    А предноста на картицата е и самата сигурност и безбедност на финансиите.
    Колку има луѓе што останаа без пари само поради чување ,,под перница".
    Пишав претходно, банкоматот ми е далеку. Ќе ме спомрзе да одам пешки, ќе сакам такси да викнам, кога ќе ми текне до каде треба да одам за пари да извадам, облакам патики и пешачам. И често се оставам без денар, намерно, за да не ми текне да пазарам глупости и среќа што сите продавници немаат терминал.
    Во глобала, ако сум цврсто решена да трошам, ќе трошам и ништо не ме спречува, ама гледам тоа да е екстремно ретко.
     
    Luciferka and cresa-jagoda like this.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Joined:
    Mar 28, 2017
    Messages:
    2,849
    Likes Received:
    17,205
    Gender:
    Female
    Од кога заработувам сама, одделувам пари за животно осигурување, секој месец иста сума, плус одредена сума која сметам дека можам да ја одвојам тој месец.
    Остатокот го трошам. Тоа што ќе остане, не дека го тргам настрана туку си стои на сметка. Ако притреба трошам, ако не, не.
    Не сум човек што ќе се одрекне да не купи нешто ради штедење, но тоа е веројатно така зашто отсекогаш сум располагала со доволна сума на пари за да си приуштам сѐ. Но, од друга страна, не земам од заштеда за, на пример, чевли или јакна. Тоа го покривам од плата.
    Покрај ова, имам вложени средства во инвестициски фондови и тоа на долг рок, не само што е заштеда зашто ти стојат тие пари, туку и добивка, но и ризик.
    А за ситните имам прасенце и ги ставам. Кога ќе се наполни, ги крупнам и пак одново. Но никогаш не сум собрала којзнае каква сума, повеќе од 2-3000 ден не. Така што, или пазарувам во маркет за тие пари или си купувам нешто за себе и не мислам дека така можам да штедам којзнае колку.
    Во глобала, имам навика за штедење и знам кон што целам на долги стази па не ми е тешко. Но, факт е дека за да штедиш треба да имаш солидни примања, зборам да штедиш, а не да трпиш, да не купиш нешто за да заштедиш.
     
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Joined:
    Jan 28, 2014
    Messages:
    3,598
    Likes Received:
    17,898
    Gender:
    Female
    Зошто од картица на картица? За да го решам проблемот со чуството на трошење? Нема.
    Стејт оф мајнд не се менува така. Зошто? Затоа што за мене најмал проблем е да извадам картица и да платам со неа. И тоа е проблемот сам по себе.
    Немам толкава контрола.

    Плаќам со неа трошоци, ама пазарење преферирам само ќеш. Знам оти така помалку ќе потрошам.
    Немам пари под перница. Во новчаник да.

    Кредитни немам, а и не знам зошто се спомнати кога зброуваме за заштеда. Долг е спротивно од штедење.
     
  6. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Joined:
    Aug 15, 2020
    Messages:
    4,472
    Likes Received:
    7,190
    Gender:
    Female
    Тргам 2000 ден како да ми се за некоја сметка плаќање и како да не постојат, ги уплаќам на штедна книшка орочени се и нема назад :D само вака успевам да тргнам нешто на страна , дома кога и да тргнам на страна не ми успева да ги сочувам
     
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Joined:
    Dec 15, 2010
    Messages:
    2,362
    Likes Received:
    6,972
    Одам и во евра ги сменувам на почеток на месец кога имам,колку што мислам дека можам да тргнам , тргам,.. а не на крај па да велам,,ако остане - остане,, :D
    Лесно ми е кога знам дека се евра, знам дека не се за трошење тие.
     
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Joined:
    Jul 27, 2011
    Messages:
    1,482
    Likes Received:
    6,031
    Имам прашања поврзани со штедење и не знам посоодветна тема, па затоа пишувам тука. Однапред да кажам дека не се разбирам многу од економски поими и начин на функционирање ни на економијата, ни на банките во поглед на ова прашање, па ако може најпросто можно да ми одговорите, како да објаснувате на дете. Слободно давајте идеи и критики, јас само пишувам како мене ми е замислата; не значи дека во реалност таа е најдобрата опција.

    Познавајќи се себеси, знам дека:
    1. Не би чувала пари во кеш, т.е. дома.
    2. Не би оставала на „случајност“ да трошам пари од трансакциската со картичка, па што остане, остане.
    Тоа значи дека би сакала од старт да тргам пари и да го третирам остатокот како единствени пари што ги имам за трошење во моментот. Исто така, би преферирала заштедените пари да ги поделам за различни потреби, затоа што не си верувам дека нема да ги фукнам сите само на едно нешто.

    Оттука, би сакала да прашам:

    1. Дали да чувам пари на обични трансакциски сметки или да си отворам штедни сметки?

    2. Досега не сум била во работен однос, па не ми одземале месечна (?!) провизија или како и да се вика за одржување на сметка, но претпоставувам дека откако се вработив, ќе следува и тоа. Дали тоа значи дека отворањето на повеќе (обични) трансакциски сметки е неисплатливо?

    3. Како што знам, со секоја отворена трансакциска сметка не мораш да имаш картичка. Дали само првата картичка е бесплатна, а другите се плаќаат (еднократно или постојано)? Прашувам затоа што доколку би сакала да платиш нешто со дел од парите онлајн, ќе ти треба или картичка или да префрлуваш пари од таа сметка на сметката со картичка, за што веројатно дополнително губиш пари.

    4. Како што сфаќам, штедните сметки служат токму за тоа, за штедење и притоа имаш некој мал процент на добивка со тек на време. Како што читав, тоа е ептен малку, скоро незначително, па не се надевам многу-многу на тоа, повеќе ми значи да имам место каде парите би ми биле нечепнати. Е сега, што значи да ги чуваш парите на штедна сметка:
    - Дали значи дека не можеш да ги подигнеш парите кога сакаш, немаш постојан пристап до нив? Читав некаде како наводно бројот на трансакции од таа сметка да ти е ограничен, за разлика од трансакциската каде што веројатно ти е неограничен, ама не знам дали е така.
    - Важи истото прашање за штедните сметки како за прашањето под број 3. Прво и основно, дали можеш да извадиш картичка за штедна сметка?

    5. Дали самото штедење е некако подложно на дополнителни даноци - без разлика дали на обична трансакциска или на штедна сметка?

    6. Претпоставувам дека и за одржувањето на штедните сметки се зема провизија за одржување. Дали ова генерално е исто со трошокот за одржување на обична трансакциска сметка или различно?

    7. Дали е подобро да отвориш повеќе трансакциски/штедни сметки во повеќе банки или да го направиш тоа во една банка? Предноста на ова ја гледам од два аспекти:
    - Доколку настане некој проблем со банката, не ти пропаѓаат сите пари.
    - Полесно е да разграничиш која сметка ти е за штедење на која потреба.

    8. Дали е подобро да се штеди во евра или во денари? Претпоставувам дека доколку штедењето е за пообични работи океј е и во денари, но што ако сакаш да штедиш за поголеми влогови во иднина (стан, патување, поголеми здравствени зафати итн), дали е подобро во денари или евра? Со исклучок на патување, овие другите не знам дали се исплаќаат во евра или во денари. Дури и да се исплаќаат во денари, дали постои ризик со промените на економијата да изгубиш поголема вредност на пари, па еврото да ти е посигурно? Или сепак повеќе би изгубил при конверзијата евро-денари кога ќе имаш потреба да ги искористиш парите?

    9. Поврзано со претходното: како што знам, за девизна сметка може да се добие картичка, но не знам дали е дополнителен постојан трошок или само еднократно исплаќање. Дали картичка за девизна сметка е подобра опција за плаќање во евра за странство (не зборувам само за посета, туку и за општо плаќање - порачки, закажувања во хостели и сл)?

    10. Кои банки би ги препорачале?

    Фала ви однапред за информациите :f:.
     
    Снегулк@23 likes this.
  9. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Joined:
    Aug 4, 2017
    Messages:
    4,462
    Likes Received:
    20,563
    Gender:
    Female
    Во Македонија да заштедите пари тешко...освен ако немате баш солидни примања, вака со просечна плата или минималец невозможно.
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,245
    Likes Received:
    11,966
    Gender:
    Female
    Купувај облека која ти треба, не ја купувај сета облека која ти се допаѓа.
    Не влегувај во маркет гладна.
    Почесто излегувај, така ќе заштедиш на струја и греење.

    Едит - не дека е ова којзнае што, ама на млад човек ќе му се најде некој денар плус.
     
    Last edited: Apr 3, 2022
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Joined:
    Sep 27, 2015
    Messages:
    6,691
    Likes Received:
    25,284
    Gender:
    Female
    Јас имав касичка онаква лимена што не се отвара и од октомври месец до април имав заштедено 2800 денари. После секое искачање или кога ќе купував нешто сите ситни парички денар,два,пет, десетки, пеесетки, некогаш стотки ги ставав.
     
    Feminka22 and Снегулк@23 like this.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,133
    Gender:
    Female
    Јас ги собирам ситните парички во тегла,полна ми е.
    Само не сум седнала да бројам,ме мрзи.
    Лани од две тегли успеав по 50,60 евра да зберам.
    Годинава само една наполнив.
     
    Alex.T and Снегулк@23 like this.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2016
    Messages:
    12,073
    Likes Received:
    180,585
    Gender:
    Female
    Ние од коа почнавме да работиме на случајот бебе почнав сите железни пари да ги собирам во 5 литарски туби за вода, од тие со широко грло.
    До сега ( 6год веќе ги збирам) имам наполнето 8 такви. Има и железни евра внатре.
    Се имав заречено дека кога ќе добиеме дете дури тогаш ќе ги броиме.
    Пролонгирав до крштевката.
    По моја некоја пресметка треба да има околу 1000 евра.
    Маж типува на дупло појќе.
    Одвај чекам да дојде 18ти април и да ги изброиме.
    Одморот годинава дефинитивно ќе ни биде од железариите:D

    Само кој знае каде ќе ги укрупнам:wasntme:
     
  14. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    12,015
    Likes Received:
    174,734
    Gender:
    Female
    Што ќе ти се повеќе сметки?
    Имај 1 за секој ден и 1 за штедење ако веќе не сакаш на истата

    Не значи дека е неисолатливо, одржувањето е 20-40 ден месечно не е кој знае колку

    Можеш да ги подигнеш кога сакаш, со тоа што ако ти биле орочени на 1 месец или 1 година или некој друг период, ќе добиеш камата како за орочени "по видување"
    Ништо не ти е ограничено а картичка само за трансакциска сметка се вади, за штедна книшка не. Тие се подигаат на шалтер во банка или со електронско банкарство скоро во сите банки можеш да си ги префрлиш на трансакциска сметка и да си ги извадиш на банкомат или да плаќаш со картичка

    Немам слушнато за штедна книшка да наплаќаат до сега
    Не гледам зошто би имала многу сметки освен ако немаш ПРЕЕЕМНОГУ пари
    Никако не се исплати да штедиш ама со овие инфлации во евра е подобро

    Колку евра планираш да штедиш па да се плашиш од толкави загуби? На 10.000 евра ќе изгубиш 5000 денари ако од денари ги префрлиш во евра па после пак во денари

    За плаќање во странство исто ти се фаќа..
    Ако имаш денарска трансакциска сметка секако мора да ги префрлиш во евра..
    Исто ти се фаќа и ако плаќаш со обичката трансакциска сметка во денари, автоматски ти се конвертираат ако вадиш евра


    Во глобала сите овие прашања се минорни .. не треба воопшто да се притресуваш за вакви работи освен ако немаш милион евра на сметка
     
    pdb123 likes this.
  15. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 16, 2012
    Messages:
    1,870
    Likes Received:
    5,449
    Gender:
    Female
    @pdb123

    1. Отвори си штедна книшка. На мене ми е отворена штедна по видување и не морав да уплатам првична сума.
    Потпиши си траен налог со кој ќе си кажеш кога сакаш од плата да ти ги повлечат парите. Ова те советувам да го направиш од лично искуство. Ако сум рекла месецов дека сакам 500 еур да тргнам настрана, ги трга банката сама на 15ти и јас после не трошам пари на глупости бидејќи на трансакциска си оставам само за да го истуркам месецот. И ако ми иде да си префрлам пари за нешто небитно, на пример фустан што не ми треба, си се спречувам сама знаејќи дека ова не е доволно итно за да префрлам пари. И плус ќе се бодриш сама себе, ќе си речеш ај нареден месец ќе си оставам повеќе пари за глупости.

    2. Земаат месечна провизија, ама тоа е многу малку. Плус бесплатно на банкомат е дозволено трипати во месецот да провериш состојба така да повеќе се исплати е-банка да си имаш увид во се.

    3. Немам провизија кога префрлам пари на трансакциска од штедна ниту обратно. Картичката ми е бесплатна за трансакциската, сами ми се јавуваат пред да ми истече да отидам да си ја земам.

    4. Не е точно дека имаш ограничени трансакции и дека немаш пристап. Со е-банка апликацијата си имаш увид во парите и од комерцијална ти даваат листа со кодови со која што можеш да си префрлаш пари од штедна на трансакциска, при што не е ограничен бројот на трансакции. Добра страна е што ако итно ти требаат пари, одма ги имаш на трансакциска и со картичка од банкомат си вадиш. Немаш потреба од банка за да извадиш пари од штедна ниту пак за да ставиш. Имаш опција од трансакциска директно да си уплатиш на штедна ако на пример месецов си заштедила повеќе отколку што првично си испланирала.

    5. Штедењето не е подложно на даноци бидејќи тие пари ти се веќе оданочени кога си правиш пријава за данок - приливите на сметка т.е плата си ги поднесуваш во еппд.

    6. Немам провизија на штедна. Знам дека и немав трошоци за отварање.

    7. Од моја гледна точка, парите би ги чувала во една банка на штедна, а би си уплатила животно осигурување во кое годишно уплатувам пари кои што на некој начин ги штедиш и можеш да ги повлечеш.

    10. Јас сум задоволна од комерцијална, ама мислам дека и другите банки се ок.

    Толку од моето скромно искуство со штедење. :D Се надевам некој друг ќе пише повише информации и јас да поднаучам нешто.
    Прво фати си рутина, толку ќе штедам месечно и нека ти идат со траен налог секој месец, тоа значи дека ја овластуваш банката да ти трга пари од трансакциска на сметка, па после месец/година разгледај и други опции. Во секој случај да се научиш да живееш така е многу убава работа. Дури и ако на почетокот ставаш мала сума (јас најпрво почнав да ставам на штедна 2000 месечно) ќе ти стане навика и убави ќе ти биде кога знаеш дека имаш колку-толку настрана.
     
    Last edited: Apr 3, 2022
    pdb123 likes this.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,574
    Gender:
    Female
    Аааа не Бубче, тие пари ќе ги ставиш на детска штедна книшка :!: Одмор со други пари 8)
     
    bertold and Снегулк@23 like this.
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2016
    Messages:
    12,073
    Likes Received:
    180,585
    Gender:
    Female
    Ааа не.:!:
    Тие пари си беа таксани лично за мене. Ама ете јас решив годинава одморот да го платам од нив 8)
    Си има друг план за штедење за синко
     
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Joined:
    Jan 10, 2014
    Messages:
    4,535
    Likes Received:
    37,511
    Gender:
    Female
    Како може од една на друга трансакциска сметка да се префрлаат пари? Под услов секој месец различна сума, дали може онлајн некако или преку апликација или мора на шалтер?
     
  19. Dust

    Dust Game Over

    Joined:
    Sep 27, 2011
    Messages:
    12,015
    Likes Received:
    174,734
    Gender:
    Female
    Можеш онлајн ако имаш електронско банкарство.
    Можеш и на телефон кај скоро сите банки, си имаат апликација
    А можеш и на шалтер ама така провизијата е ненормално висока

    Можеш колку сакаш пари да префрлиш, исто како да плаќаш струја/вода..
     
    IM.TMKQ likes this.
  20. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Joined:
    Sep 10, 2014
    Messages:
    1,773
    Likes Received:
    9,852
    Колкави се каматите и дали вреди да се орочи пример 3000 евра?
     
    Снегулк@23 likes this.