Како да се заштедат пари?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marinapet, 21 април 2010.

  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    12.065
    Пол:
    Женски
    До сега тактика што функционира (барем за нас). Месечно пред плата да земеме правам план колку плата ќе земеме, во една табела ги делам фиксните трошоци, тука ни спаѓаат кирија, сметки, нешто што си плаќаме данок и слично, после во друга табела тргаме пари за храна, и за средства за дома или паста за заби, шампони, сапуни.

    Откако ќе се завршат фиксните трошоци, рачунаме колку ни остануваат после фиксните трошоци, тргаме колку можеме на страна и другото го трошиме на лични потреби и задоволства.

    До сега вака функционираме, тргаме повеќе за храна и средства и ако не ги потрошиме до крајот на месецот сите, и тие ни одат во заштеда исто така. Пробуваме околу 500 евра месечно да штедиме.
     
    На chadorche16, theowndemon, Alex.T и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.857
    Допаѓања:
    24.734
    Пол:
    Машки
    50/30/20.

    50 - Сметки, храна
    30 - за задоволства лични
    20 - заштеда
     
    На Снегулк@23, theowndemon, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    12.065
    Пол:
    Женски
    Да, тоа го практикуваме и ние :))
     
    На _Vera_, Stark и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  4. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Машки
    Електроника
    Секогаш само крајно ако е потреба. Лешинарење на стари апарати од луѓе што се потехника.
    Кола
    Не купување возење со бус е поевтино
    Одење пешки место со такси
    Облека од пријатели и роднини што не користат
    Стар мебел што не го сакаат фенс роднини
    За роденден поклон облека
    Не јадење во ресторни
    Живеење под кирија
    Со учество купување акции
    Заштеда во акции
    Никогаш депозити и кеш имање
    Одложено плаќање секогаш
    Секогаш задолжен дури и кога имаш пари да ги вратиш долговите. Цел е да имаш повеќе пари инвестирано.
    Мои работи
     
    На eliesaab и _Vera_ им се допаѓа ова.
  5. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    312
    а?
    seriously? :D
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.337
    Допаѓања:
    12.099
    Пол:
    Женски
    За штедење - лесно. Како да се направи големо богатство, и тоа релативно брзо, е прашање. После и штедењето е послатко кога си многу богат.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    19.001
    Допаѓања:
    140.728
    Пол:
    Женски
    Ех, како?
    Да не се оди секаде со кола/такси. Да не се оди на два-три одмори годишно.
    И да не се трошат пари на непотребни работи. :D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    4.039
    Допаѓања:
    10.817
    Пол:
    Женски
    Јас скратив од тоа да ја купам секоја ситница што ќе ја видам, непотребно трошење на козметика,храна ,облека и така заштедив доста пари .
     
    На Снегулк@23, Alex.T и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Машки
    Поврат на недвижност со кредит е 10% ако е јак пазарот ако не е 5% и помалку. Од акции се прават 30+%
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    8.106
    Допаѓања:
    16.856
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темата јас не знам да штедам, мислам знам, и морници ме лазат од тоа време кога од денарот гледав 5 да направам, имам трауми.

    Е денес, за среќа е друга песна, не сме милионери, не купувам луксузна облека, марка па ич ама сакам да си се дотерам.
    На витамини за здравје не гледаме и не штедиме колку се дава, за храна признавам не сме јадачи и се фрла многу често ама по ресторани не јадеме често.
    Јас најголемиот,, луксуз"што го правам што се честам со некое парче облека и покрај тоа што имам ама често бендисувам, исто за дете и маж. Друга маана ми е што за дома често купувам цвеќиња, и ова ми е еден од луксузите затоа што некои често ми се сушат ама јас сум упорна, пак купувам (facepalm)

    За да штеди човек мора да зема повеќе плата. Ајде и јас од мојата да речам ќе заштедам овој месец не купувам за низ двор, не мора алишта, ама за здравје нема компромис Мора!
    Пак ќе кажам за да штеди некој мора да има од што. Како двајца на минималец ќе штедат? Ни табели ни ексели ништо не ги спасува. Што човек во таа табела да пише овој месец ќе купам 1 кг месо, другиот ќе прерипнам. Ајде за оваа недела со 5 леба ќе поминеме, другата па ќе се стиснеме.

    Понекогаш како да не живеам во Мк кога читам некои коментари. Како да се штедело? Еве јас како студент од јадење си кратев, је*ем ти живот, тоа не е штедење тоа е гладување.
     
    На Soffy555, Angie1432, riba79 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Liky

    Liky Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Па ако парите не би ги трошеле на одмори/патувања, тогаш за што ги штедиме? :)
     
    На eliesaab, SuperGirl24, riba79 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.723
    Допаѓања:
    43.978
    Пол:
    Женски
    И за што да штедеме тогаш?
     
    На lovestoneddd, Снегулк@23, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.337
    Допаѓања:
    12.099
    Пол:
    Женски
    За инвестиции или за кризно време.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    312
    Не штедам, не гледам поента у штедење. :D
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  15. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    4.171
    Допаѓања:
    52.820
    Пол:
    Женски
    Да се штеди за секој има различна логика и смисла. Моите ич не штедеа, јас си ги плаќав последиците, буквално.
    Затоа мислам дека треба да се има некоја заштеда, само за секој различно би било со каква заштеда се чувствува сигурно. За глобално недајбоже катаклизми или кризи, никаква нормална заштеда што јас би можела да ја направам не би ме спасила ама пак сакам нешто на страна да имам..
    Дојдов да кажав всушност дека ме инспириравте овде да пробам да си ги следам трошоците еден месец, оти немам поим како и колку на што трошам, размислувам како ќе ми е најлесно да го правам тоа, си мислам олд скул на хартија, само да разгледам како да поделам по категории. ..
     
    На SummerGirl, eliesaab, bookslover и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.341
    Допаѓања:
    15.298
    Штедете на што ќе штедите, ама немојте на храна и здравје. Се што ќе се занемари од здравје денес, утре ќе се плати и преплати. За жал има и луѓе што умреа дури чекаат операција на срце на пример на државно, кога ќе размислам за некоја пара што не е голема, отишле предвреме во гроб, ни пензија не дочекале, ништо. Да имале некоја заштеда настрана за црни денови, ќе се спаселе.
     
    На Снегулк@23, Alex.T, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.341
    Допаѓања:
    15.298
    И за потекло на пари не си играјте дека сте обични граѓани и дека тоа за вас не важи, за политичари е само, не е. Одиш во банка, сакаш да почнеш да штедиш, ти даваат формулар каде треба да пополниш каде работиш, на која позиција, колку плата примаш, износ од до, податоци за фирмата, дали имаш хонорари, колкави и од каде, и на крај стои дека за давање лажни податоци се сноси кривична одговорност и тука треба да потпишеш. Има лица што свесно и намерно дале лажни податоци со мислата дека државата не функционира и за еден месец ги лоцирале од институциите, оти имало несовпаѓање на платен данок и заштеди и потоа следи кривична пријава. Дури и кога отвораш обична трансакциска за да примаш плата, пак ти бараат податоци за какви приливи ти треба.
     
    На Alex.T, SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    12.065
    Пол:
    Женски
    Јас од Џамбо си купив едно најобично тетратче со коцки, и во него секој месец си правам табела, пр. Јуни плата/трошоци.

    Во една табела ставам моја плата, во другата на дм, и ги делам по категории:
    - фиксни трошоци (кредит, сметки, кирија ако се плаќа)
    - храна
    - суплементи од типот на витамини, протеин, итн, сѐ што оди тој месец на тоа.
    - откако сѐ тоа ќе се исплати, си ставам колку имаме преостанат буџет за други работи од типот на излегување, облека, курсеви и слично.

    За нас конкретно работи и системот секој месец си знаеме точно колку отприлика даваме на храна, сметки, и имаме отприлика претстава колку на што оди и колку останува зависно од висината на платата.
     
    На Снегулк@23 и _Vera_ им се допаѓа ова.
  19. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    7.340
    Пол:
    Женски
    Браво, ќе пробам и јас вака
     
  20. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.402
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Машки
    Во Public во Солун има тетратки баш за запишување за штедење. Многу се добри. Еднаш земав порано, ама ја забаталив. Ако ве води патот натака, земете си.
     
    На _Vera_ и Снегулк@23 им се допаѓа ова.