Интересира ме после како ги уедруваш? Јас штедам од заработката на Авон, парите одат кај мама да не паднам во искушение. И гледам за излегување помалку пари да трошам, јас не сум мн среќна кога треба да давам пари
од баба ми запаметив битна реченица ,,се штеди кога се има,, и навистина знам да заштедам некој денар од платата која ја земам! А дома пак не сме многу штедливи, моите не се дома по цел ден па кога ќе си дојдат не се гледа дали е евтина или скапа струја, туку веднаш се вршат работите кои преку ден не биле извршени! Тогаш се вклучува машина за перење на скапа струја,се вклучува бојлерот исто на скапа струја, се купува брза храна, се светнуваат сите светилки по дома (ова несвесно), се фрла расипената храна (најчесто заборабена) од фрижидерот,и ред други што би рекла мајка ми недомаќински работи кои не прават нештедливи! Кога пак е дома мајка ми, таа настојува да работи на ефтина струја и трите обрци ни се готвени,тогаш нема брза храна... Но сепак се броиме во нештедливите и на таа тема имаме многу дискутирано дома ама сеуште не сме се смениле воопшто!
Хаах е тоа е тешкото, по 2 часа го праваме тоа, првин ги делиме на страна од 1, па 2, па 5 денари , но среќа што целото семејство ми помагаат и после им купам на мама и тато цигари а на брат ми чоколадо
Паметно ти е ова....Секоја чест што издржуваш Јас за една недела ќе го исечам шишето Кај мене дома по иницијатива на татко ми почна да се штеди.Болјер,машина,ручек на ефтина струја.Без потреба не се пуштени сијалиците низ цел стан.Пазариме еднаш на две недели со список.Храна ретко фрламе.Брза храна порачуваме еднаш месечно,најчесто тоа е пица.Парите се распоредуваат правилно.Ќе си рече човек блазе си им секогаш се со пари в џеб.Ама овде кај нас колку сакаш штеди си пак се нема пари.А лично јас неможам да заштедам некој денар.Ме копкаат па и 10 денари да ми се в рака.ќе ги потрошам.Освен ако нема некоја страшно голема причина за штедење.
Бидејќи сум малолетна , штедам најмногу пари кога мајка ми ми дава за излегување , или за на училиште . Исто така мајка ми ми обезбеди една рабора , само за викенд работам во продавница за миленичиња : блузички , околувратници , играчки , кутии за храна.. и да кажам искрено задоволна . Од почеток земав само 500 , но сега земам 1500 . Мислам дека е доволно за моја возраст . А парите ги трошам за некои ситници за уредување на собата !
во последно време гледам многу реклами по весниците за еко спар печките,дека со нив се заштедувало многу,ама не можам никаде да најдам колку чинат тие.Претпоставувам дека се малку скапички ама ако трошат толку колку што пишува навистина се исплаќа да се има една таква.Па да ве замолам, ако некој знае колку чинат да ми каже
Штедам! Не само јас, туку и моите дома, готвиме на ефтина струја, внимаваме машината и бољерот да ги вклучуваме на ефтина струја. Најчесто готвиме, па не даваме пари за глупости. Кога бирам помеѓу државен и приватен автобус, ако ми одговара дестинацијата се качувам во приватен. Копирам на подалечно место, бидејќи ми е поефтино...
Јас имам многу пати пробано да заштедам пари но никако не ми успева нема да помине ни 1 ден пак ке си ги извадам од касата
ова со шишето е стварно корисно, само што ке ми треба цела година за да ги соберам за штедењето од Авон е супер идеја, можеш да си бираш и некој нивни производ барем така мислам. Може да ми пишеш во порака како може да се зачлени? инаку кај нас татко ми постојани инсистира на штедење но не му успева тоа ..
И јас би сакала да знам како да се зачленам во авон? Ај ако знае некој пишете ми во ЛП... Инаку за штедењето не не не и не можам. Незнам ама никако не ми успева. Јас кај и да одам, наоѓам нешто што ми се допаѓа и го купувам веднаш, без размислување дали и ќе го употребувам подоцна. Да се живи и здрави мамичка и татичко додека имаат да ми даваат.
никако неможам да заштедам...многу пати се обидувам и имам шише само нема кој да става пари во него, некогаш ќе си речам ќе штедам, но за кратко време ги вадам парите и пак ништо
Родителите мои штедат, па таа доблест ја имаат пренесено и мене. Прво мајка ми и татко ми се многу штедливи, ама не до граница да бидат алчни и стиснати, но еве кога се работи за струјата, болјер, машина за перење се пушта на ефтина струја или во недела преку целиот ден. Кафе, чај кога треба да се прави или пак некој брз ручек како кајгана, виршли да се пржат тогаш имаме едно поголем, гараметен плин, како малите плинчиња, ама ова во поголем размер. Второ и јас умеам да штедам, кога имам ставам пари на страна, за во ‘црни денови‘ да ги искористам или пак кога сакам нешто да си купам да биде само мое, како на пример книгите, си одделувам пари и со нив ги купувам. Ем се учам да штедам, ем има некоја придобивка.
Најнештедливо семејсто сме значи! Дури и страм ми е да кажам ама тоа е! Бојлерот 24/7, не пазиме дали се готви во ефтина или во скапа струја, смукаме кога ќе ни текне , цел стан ни е осветлен дури и сијалиците по балконите светат , детергенти такви работи ни на крај памет за штедење.Абе за ништо не штеди ме! Освен тоа што ситните пари ги собираме и ако татко ми фати висок сума на пари на спортска го ставаме во банка, а дома да има пари нема шанси да се заштедат!
знам знам да заштедам и тоа како посебно ако сакам нешто да направам или ми се потребни парите а знам дека моите неможат да ми дозволат е тогаш умеам да штедам
Морам да се пофалам дека со мои 14 години имам соберено околу 100 евра и повеќе. Другарките кои секој викенд трошат без око да им трепне, ме прашуваат како успевам да заштедам. Навистина незнам! Само знам дека сум скромна во се. Не плаќам секој ден такси. Пешачам колку што можам и сл. Не ми текнуваат други примери во моментов.
Поимот штедење јас го воведов во мојава фамилија и да ви кажам право горда сум на тоа . На мое инсистирање бољерот и машините за перење најчесто се пуштаат во ефтина струја, за шпоретот поретко. Порано сметката за телефон ми беше најмалце 2000 денари , ама сега правам само колку што ми е претплатата, значи 750 . Откако му дојде паметот и на татко ми го стави домашниот телефон на иста сметка со интернет и телевизија и сега и таа сметка е речиси дупло помала. Бидејќи студирам фармација па поднаучив како и сама си правам антицелулитни креми за кој порано трошев и до 3000 денари месечно :geek: И + порано трошев преееееееееемногу пари за такси, уште до продавница што не одев со такси , ама сега откако го поскапеа скоро сегде си шпартам пешки и си потстопив и целулитче + , а знам и во автобус да се качам за разлика од порано.
Јас си имам детска штедна книшка во која има околу 100 евра. Имам и каса 4 илјади мислам дека имам и нешто ситно евра. Имам и мала каса (рипче) и во неа ситни пари збирам. Од сега сакам да си тргнам нешто настрана да присоберам пари можеби ќе ми притребаат некој ден, сега малку мајка ми и татко ми ги трошам и јас да придонесам нешто. Инаку во врска со сијалиците неонки мене искрено главата ме боли од такви и светлината ми е навистина лоша. Исто така такси речиси никогаш не користам само кога некогаш е многу врнежливо или доцна кога ќе се враќам од излегување. Гледам и од секојдневните пари што ги трошам да тргнам нешто настрана (всушност ќе пробам тоа да го правам), да подпораснам уште малку и би сакала летна работа да си најдам. И полека, полека да си направам голема сума на пари која ќе ми послужи за нешто корисно. на пример за на факултет здравје кога ќе се запишам да си најдам некео фино станче. И парите што моите би ми ги давале за да го плаќам половина ќе си земам за мене, па сега и јас имам некои потреби,а другите нека си ги задржат. Има навистина многу начини за штедење, јас штедењето исто така сакам да го нрправам за да им помогнам и на моиве и да им ги смалам трошоците бидејќи голем дел од нивните плати одат на мене и сестра ми. И едноставно се чувствувам должна да им се одолжам да и помагам колку што можам.