1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се заштедат пари?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marinapet, 21 април 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Мислам дека поштедливо суштество од мајка ми не постои. Зимаат солидни плати и двајцата, ама, ете, штедат. Како штеди жената ?? :D

    Епа секој први, кога се земаат платите, се прави список, од А до Ш што треба. Тоа за храна, тоа за сметки, тоа за кредити... Што остане, се трга на една страна, тоа потребното на друга. Дома никогаш не го преполнуваме фрижидерот, така правевме порано и многу работи фрлавме. Сега се купува само тоа што треба за нормален, секојдневен живот, плус ако имаме некои посебни желби, тоа се подразбира.

    Внимаваме на ефтина и скапа струја. Се случи да платиме 150 евра сметка за струја во зима - плус на дрва се грееме - и мајка ми се шлогираше. :x Откако почнавме да внимаваме на бојлерот, машината за перење и шпоретот, има гооолема разлика. Сега, нормално, ако треба да се вклучи нешто дополнително, надвор од ефтина струја, многу нормално нема забрани. Ама гледаме да се водиме во тарифа од 13-16ч.

    Исто, земавме пакет, телефон, кабелска и интернет на една претплата. Па тие од Македонски Телекомуникации апаши невидени биле, до пред 2-3 години плаќавме енормни сметки за телефон, моите имаат контакти во странство и кога ќе стасаше сметка за глава се фаќавме сите. Мајка ми пред инфаркт е кога ќе и стаса голема сметка. :D

    Многу е битно да се внимава на супермаркетот, Кам се секогаш поефтини од Туш или Веро. Храната откако рипна со цените, моите се почесто купуваат од Кам и не можам да најдам замерки. Башка има некои промотивни цени и производи, германски, австријски...

    Бидејќи моите се штедливи, исто и јас сум многу штедлива. Сите пари што ќе ми ги дадат, за родендени, празници, поклон за било што, си ги тргам настрана. Кога ќе посакам нешто, си имам мои пари за да си го купам. Малку ми е жал затоа што изминатава година им ги намалија платите на моите, и сега им се доволно, не се жалам за животот... ама со 12-300 помалку друго се живее. :) Порано кога ќе посакав нешто веднаш истиот ден се купуваше. Сега, прво мора во распоредот да се вметне и да се пресмета што и како. :D

    И за крај, би сакала летово да работам нешто, чисто да си имам мои спечалени пари. Не знам колку ќе биде можно, затоа што до јули полагам, сепак ќе се потрудам да си најдам некое работиче. :)
     
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Јас искрено не знам да штедам. Во касата верувале или не, имам скромни 15 евра. Пари трошам ко да ми паѓаат од небо. До пред една година многу штедев, имав заштедено и над 5000 денари и нешто ситно од евра, но откако почнав средно, не можам да заштедам. И тоа ај да речеш дека трошам пари на нешто големо, него на ситници и глупости што не ми требаат. До пред некое време многу се возев со такси, па ме фатила некоја мрза, па сега иако е поскапено кога ме мрзи да одам некаде пешки обавезно земам такси. |(

    Ама ајде да не одам оф-топик, собирам железни парички, и тие знам доста да ги соберам па ги укрупнувам и тие за два-три дена ќе ги снема. Така што ниту тоа собирање на ситни парички не се исплати покрај личност како мене. Мајка ми штеди колку што може, но сепак не останува многу за да се тргне на страна од една просечна плата со која треба да се купи храна, да се платат сметки и плус ако има некој дополнителен трошок. Обично пуштаме машина, грееме вода во бојлерот, готвиме на ефтина струја, секако понекогаш ако мораме грееме вода и готвиме на скапа струја, но сепак откако почнавме да внимаваме на ова, сметката е помала. Купуваме само тоа што ни е потребно, како за облека така и за храна, иако на храна никогаш не штедиме.
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Знам да штедам, но не сум стисната. Не сакам непотребни трошоци, тие пари попрво би си ги заштедила и би купила нешто корисно. Во моментов имам некоја пара на страна, не е многу, но секој ден стануваат се повеќе. :D
     
  4. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Многу сум штедлива, уште од пред 4 години имам 50 евра и никако трошење, мора да се чува.... И плус некоја илјадарка. Оваа навика ми е од моите: Татко ми е навикнат да има солидна сума пари на сметка, ама ете сеа 2 деца на факултет, плус реновирање и салдо нула... Не спобудалува дома, лелел одвај крај со крај крпиме, ама не ми е јасно стварно, човекот си зима доста солидна плата, ама ете немал мн пари на сметката, став го фаќало. Ама не знам зошто се бунам кога и јас сум таква, морам да имам заштетено некој денар....
     
  5. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    блазе си ви на сите, јас не знам да штедам па што сака нека биде, 5 денара да има ке одам да ги дадам за нешто непотребно што никогаш нема да го користам
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не знам да штедам и не знам дали ќе научам.
    Трошам пари како на дрво да растат, ама кога станува збор за трошење на мои пари е тогаш пазам.
    Мислам дека убав почеток е малку по малку се да се става во евра и така нема каде да се потрошат. Сигурно нема да трчаш до менувачница па да размениш во денари. :)

    Морам да кажам дека во последно време штедам со тоа што не купувам облека од тука.
    Не, не. Никако!
    На што личат цениве?
    Фино лепо, кога иде мајка ми на пат и давам листа од што ми треба, и парите кои ги чувала за неопходните работи да се купат, ги троши на пат за истите нешта.

    Штедам и со што почнав да се интересирам за правење облека и накит сама. Ем се занимавам, ем нешто ново ќе излезе. :)
    Нема веќе и фрлање на старите сјаеви што се наводно истрошени. Си ги ставам во жешка вода 15тина минутки и кога ги вадам од топлината колку толку повеќе има. За две употреби, две. Важно има. :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Еве некои работи што јас понекогаш несвесно ги правам (најчесто свесно де :rofl: )

    - Често внимавам на скапа/ефтина тарифа на струја (пуштање на машина во интервалот кога е ефтина тарифа, пеглање и сл).
    - Фрижидерот ми е ставен на 1 (нов е и лади многу, па нема потреба што да покачувам)
    - Бидејќи во двор имаме вода од бунар (водата се вади на струја, не е класичен бунар), за полевање цвеќиња, перење теписи, разладување на дворот - ја користам водата од бунарот.
    - Еве вчера нешто се расипа тушот и капе вода од него-јас ја сопрев водата од вентилот да не течи за џабе :D (додека да се поправи)
    - За мебелот од иверка користам влажни марамчиња да го избришам - со едно марамче го пребришувам цел мебел така што кога ќе се извалка го перам со сапунче, а истата влажна марамица ја користам за да ги избришам прозорците од надвор (пред да ги избришам со крпа).
    - Полначите за мобилни не ги оставам во струја вклучени (ги вадам откако ќе се наполни мобилниот).
    - Ако има останато лепче кое е малку стврднато-не го фрлам (иако ретко останува) си го мачкам со маргарин и го топлам во микробранова и ептене мњааам.
    - Дома сите сијалици ни се од оние штедливите ( ем поубава светлина даваат од оние жолтите).
    - Кога го пресоблекувам бебето, ако памперсот не е искакан и ако не е многу измочкан-го чувам и наредното преслекување му го ставам под газето да му постои 5 мин (зошто моето бебе сака да моча кога е голо, па ми здосади да ми помочува алишта и чаршави)
    - Се фарбам сама (на фризер ретко да се фарбам-еднаш во 6 месеци) и секогаш ставам пола фарба, бидејќи ми е доволна пола за цела коса. Другата половина си ја чувам за наредно фарбање.

    Друго не ми текнува во моментот...
     
    На ana-banana и rakce69 им се допаѓа ова.
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Дефинитивно треба да почнам да учам од вас девојки. Јас колку и да имам пари одма искачање вечер и трошење до последен денар. Во моментов имам само 20 денари, а колку пари трошам тоа срам ми е да помислам а не да напишам. Значи колку и да ми дадат од дома ги трошам одма, обавезно нешто ми треба.
    Мајка ми штеди доста, машината за перење обавезно ја пушта навечер, за садови исто после 10 саат итн.
    Најголем дел од парите дома ни одат за храна, за тоа никогаш не се штедело. Сметки за струја големи немаме пошто зимно време се грееме на дрва, во мојата соба има радијатор ама го уклучувам пола саат пред да си легнам моите исто.
    Не трошам мн пари на гардероба, носам тоа што имам. Балетанки и сандали од лани ми издржаа и ова лето.
    Ама нека е проклета желбата во мене за излегување секоја вечер и седење на кафе по цели денови.
    Морам да скратам малце и да заштедам ако сакам да одам на зимување оваа година.
    Инаку БРАВО за оние кои знаат да штедат!!!
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Како дел од тајфата невработени последниве неколку месеци навистина сфатив што значи да штедиш.
    Можеби не е којзнае што, ама baby steps... Полека, и се учи. ;)

    Гледам да ги исклучувам сијалиците и останатите апарати доколку навистина нема потреба.
    Порано сама дома, два телевизори работат, а јас на компјутер. Е зошто де? :^)
    Се обидувам да го вклучувам бојлерот само на евтина струја.
    Навистина ми е жал за моите кога ќе дојде некоја енормна сметка, само затоа што мене ми прднало да мијам коса во ниедно време.

    Некои важни работи од козметиката останаа исти - пудрата, дезодорансот, кремата за лице, ама кај некои направив рестрикции.
    Се зареков дека нема повеќе да фрлам пари на скапи шампони. 200 мл = 150-180 ден. во просек од овие фирмиштава.
    А некогаш се случува да ја мијам косата буквално секој ден во неделата.
    Абре ајде, да живее Алкалоид наш! Литар шампон за 60 ден, бујрум. Ништо полош од овие посраниве.
    Истото го мислам и за некои минијатурни млекца за тело и други ситници.
    Просто не ми се фрлаат толку пари (што ги немам). Дури размислувам, и да ги имав, не знам баш дали би се расфрлала така ко порано.

    Откако таксиметрите станаа штоперици, си се возам со ЈСП автобусчињата и ноќните линии. Има во 1 навечер, во 3 и нешто, во 5... 40 ден. и 200 не се исто.
    А си имам и друштво за враќање.
    Гледам поретко да влегувам во такси.

    Не трупам непотребни книги по секоја цена, иако би сакала да ги имам сите во домашната библиотека.
    Прилично си позајмувам од блиски (а некои не ги враќам :P ) . Шала.

    И така... :)
     
    На marama и Bright им се допаѓа ова.
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Од студентска гледна страна, јас лично штедам вака:
    - бојлерот и машината за перење на ефтина тарифа -секогаш- има време за се, само треба да запомниш што кога. Ништо комплицирано и невозможно, а значи многу.
    -сијалиците се пуштени само во собата која сум.
    -не фрлам пари на козметика, а она што го купувам е со средна цена (на пр. пудра до 400 ден., парфеми до 500 ден.)
    -облека: најмногу користам на попусти и купувам она што ми треба, а не колку да го имам и да ми се брои.
    -бижутерија - бит пазар =)
    -храна: најчесто си приготвувам дома, на факултет не фрлам пари за кафиња, сокчиња и суви пецива...
    -превоз: строго автобус, освен за излегување се собираме 3-4 за да одиме со такси. Но одењето пешки најмногу заштедува ;)
    -ноќен живот: загревање од дома, кафич/клуб со бесплатен влез, плус една/две пијачки

    е сега, заштедените пари ќе одат за некое добро парче облека или алкохол или пак некој убав додаток за во станот :) во најдобар случај, за концерт! ;)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Штедам со тоа што секојдневно готвам и тоа онолку колку што ни е потребно ,нема вишок храна која по некое време би требало да се фрли.Пазарам секојдневно точно она што дента ни се јаде и секако внимавам на цените бидејќи барем сега за еден ист производ има избор од 3-4 производители а со тоа и различни цени.На ефтина и скапа струја не внимавам бидејќи не ми одговара со мојот биоритам,но затоа внимавам на потрошеното количество на прашаци и средства за чистење. На фризер одам еднаш месечно и тоа само за шишање ,а фарбање и фенирање си правам сама.Депилации си правам сама ,единствено пред одмор си се частам со депилација на козметичар.Сервис за чистење или жена викам еднаш во 4-5 месеци и тоа кога стварно треба да се направи целосна генералка ,а секојдневните чистења,перења ги правам сама.Се трудам повеќе да одам пешки и кола палам само кога е неопходно.За козметика никогаш и не сум трошела многу пари ,но сега внимавам и на цената .Гардероба купувам само по потреба и тоа претежно на попусти .
     
  12. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Многу штедам пари тие што ке ги соберам не ги трошам како некои си чувам пари но кога ке ми се потрошат... ;(
     
  13. mila.s

    mila.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    36
    Ви се восхитувам на сите што знаете да штедите. :clap:
    Јас незнам да штедам... најмногу трошам на производи од авон и сметката за телефон, а тоа што ќе остане по кафиња...
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Одсекогаш сум била штедлива во споредба со сестра ми на пример.
    Стипендија кога земав патите не ги чепкав до одмор (значи цела година). Дури и ако купев нешто тоа беа одбрани работи. Значи свои пари потешко се трошат од туѓи.
    Сега во последно време многу штедам на партали, значи алишта скоро и да не купувам....имам стари (од лани де) неизносени еден куп. За перење прашак ставам една третина од пропишаното, плус перам само со полна машина на ефтина струја (кога можам).
    За готвење строг план имам за цела недела и така нити фрлам нити правам залихи.
    За излегување, и тоа избегавам сами кога излегуваме со маж ми од дома си земаме пивце и си седиме на клупа (не во кафиќ) така да можам да се опуштам кога сме со друштво. За спорт трчам во парк, не плаќам во студиа.
    Тука козметичките услуги се скапи, се деилирам само пред одмор на козметичар инаку се средувам сама. Се шишам два пати годишно а се подскратувам сама (научив на интернет како).
    Значи сакам да кажам дека ова е голем напредок за мене бидејќи порано имавме многу повеќе пари и ептен се расфрлав на алишта и ресторани а дури не бев ни свесна.
    Ај ако ми текне друго ќе ви кажам
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Од никогаш не сум барала нешто многу пари од моите, неделно ми оставаат точно пари за да јадам во град кога сум на факултет и некое кафе да испијам. Не штедам бидејки се што ми треба ми купуваат до душа и немам некои големи потреби. Добивам неделно пари само за на факултет, и викенд за излегување. Кога ке заработувам сама пари знам дека ке ги распоредувам правилно, бидејки не плакам сместување, ниту студии, или храна. Тоа го купуваат моите родители и автоматски јас немам никакви посебни финансиски потреби. :)
     
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Морам да си признаам, ич ама баш ич неможам да штедам...колку пари и да носам морам све да потрошам... поминам покрај некој бутик и обавезно видам штикли убави, фустанче некое и отидоа сите пари... ако знаете некој добар совет како да се заштедат пари пишете...ми треба таков совет :)
     
  17. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Па јас си штедам, и тие пари што ми се заштедени како да не постојат не си ги трошам кога ќе смислам кај да ги потрошам тогаш ќе ги употребам... на пример нешто од дома кога ќе ми дадат за да се по4астам неш јас ќе си ги кренам тие пари, или за излевање кога ми дават нема со такси да отидам до град и ќе си ги заштедам парите ... :)
     
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Порано штедев многу повеќе,ама сега нешто не ми оди од рака,нај често парите ги собирам во шише, ама џабе,многу лесно ги вадам и ги давам :D
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Не сум тип на човек кој знае да штеди, но знам да скратам на непотребни трошоци за после сите пари да ги дадам на гардероба или некое патување. Пари на страна немам, од кога знам е така, но доколку ми требаат можам многу брзо да соберам.

    - Кратам на јадење, престанав на работа да јадам пецива, грицки и благи. Си носам од дома овошје и издржувам цело работно време со тоа.
    - Кратам на козметика и го купувам само најнеопходното. Порано купував по 2-3 за да имам за секој случај, па дури и непотребни работи заради амбалажата кои подоцна завршуваа во канта бидејќи или им истекол рокот или не ми одговараат на кожата.
    - Возам поспоро и во соодветна брзина (препорака од близок пријател) и забележав дека поминувам околу 25км повеќе за истите пари отколку претходно, што во ова кризно бензинско време е добро.
    - Многу ретко излегувам и намалив на кафиња и пијачки.
    - Најдов неколку продавници кои имаат поефтина гардероба и одам почесто во однос на останатите. Кога станува збор за некоја посебна желба или за посебна прилика имам добра шивачка и шијам. Ем поефтино, ем уникатно.
    - На фризер одам многу ретко, можеби еднаш годишно само за кратење на врвовите. Не се фарбам и не се фенирам, а имам добра преса и косата постојано ми е средена.
    - Не одам во козметички салони, маникири и педикири. Немам потреба од некакви си третмани на кожата или маски, а ако ми текне си правам дома сама. Ноктите исто така си ги средувам секогаш сама и не ме мрзи ако треба тоа да го правам и неколку пати неделно.
    - На депилација одам еднаш месечно и козметичарката ми е прилично ефтина, 300 денари за цели нозе и интима. Некогаш кога имам повеќе време нозете ги поминувам сама со машинка, кога ме мрзи се препуштам целосно на "постручно" лице. Раце и надусници депилирам сама.
    - Сметката на телефонот ми е само претплатата 300 денари, а најмногу достигнува до 600 за донации, а не празни муабети. Имам службен телефон кој обично го "злоупотребувам" за таа намена.

    Дома не помагам во буџетот, среќа моите можат да издржат се на нивни трошок, но тоа не значи дека се опуштам. Бојлер строго вклучувам на ефтина струја и знам некогаш во ниедно време да се бањам само зошто претходно преку ден не се згреала вода. Не пребирам многу за јадење, што има јадам, ако не ми одговара - гладувам. За перење не вклучувам машина кога ми текне, туку кога ќе се подсоберат работи мајка ми ги средува за сите.

    И покрај се', се случува да дојде крај на месец и пак да немам пари зошто сум ги слупала на некоја глупост или излегол некој непредвидлив трошок. Среќа мама и тато се тука за помош, ама после плата веднаш им враќам до денар, плус некое чоколадце како благодарност.
     
    На Annath, Phyramide, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Уф. Штедење. Не го баратам баш, да признаам. Кога имам вишок пари, се опуштам и тогаш настанува проблем. Но парадоксално колку што знам да се опуштам, толку знам да си скратам од некои работи, за да можам да балансирам.
    Ви текнува на она време кога бевме тинејџери, и родителите постојано не караа: прави вака, прави онака, исклучи светло, затвори ја чешмата да не капе |(

    Е! Дојде време, кога конечно ги послушав од кога живеам сама и се е на моја глава :D
    А и тоа ми го велеа, ќе видиш сама кога ќе живееш. И ете, се случи. Е сега не сум тип на човек кој одзема од квалитетен и нормален животен стил, без претерување во име на штедња, затоа што си велам секогаш, парите во гроб не можеш да си ги земеш, затоа треба да го живееш до даска животот.
    Но многу е убаво чуството кога ќе ти остане нешто вишок, и тоа можеш да го употребиш на некое друго задоволство.
    И јас имам неколку трикчиња на кои постепено се научив. Можеби звучат глупаво, ама се штеди доста.

    - кога мијам садови штедам вода. Немам машина за миење садови, мијам на рака. Порано ја пуштав водата да тече. Е сега нема така. Како прво, чекам да ми се подсоберат садови, си полнам топла вода во поголем сад, и откако се ќе измијам убаво со сунѓерчето, наеднаш ги плакнам дури отпосле садовите, и тоа со студена вода. Ептен во зима си дозволувам малку топла вода.
    - до пред неодамна се научив да затворам чешма кога мијам заби. Која глупост. Нели четкам со минути а водата цури, а зошто да ме праша човек?! Плус и помагам на животната средина.
    - гасам сијалици и се што непотребно ми троши струја. Навечер ако сум на лаптоп, една ламба е доволна, палам свеќи. Ем романтика, ем убаво мириса, ем штедам.
    - штедам доста на јадење. Во случај да немам гости, купувам само неопходни работи, и не го трупам непотребно фрижидерот. Плус, одржувам линија. Не штедам до степен да гладувам, но до степен да сум најадена а не прејадена. Плус гледам што купувам и што е поевтино. Не трупам туку така без да ја гледам цената.
    - купувам на попуст. Не ми треба ништо што е новитет. Ќе почекам.
    - не излегувам по секоја цена и не киснам по кафиња секојдневно. Ако постои можност дури и попријатно ми е кога ќе се договориме да се собереме кај мене, или кај некој друг. Пак се дружиме, а не трошиме многу.
    - не го користам замрзнувачот од фрижидерот, ми стои исклучен :lol: Не готвам постојано да морам да складирам замрзнато нешто. Така да издржувам без него (освен во лето), а со исклучен замрзнувач фрижидерот помалку троши ха!

    Единствено не штедам кога се работи за други луѓе, без разлика дали купувам поклон, или викам гости или пак сакам да почастам кога сме во град. За други би го дала и последното. Но за себе? Ми е гајле, можам и да поминам многу скромно ако знам дека нема да ме убие а ќе заштедам.