Не штедам на струја, на вода, не гледам дали е евтина или скапа струја од проста причина што кога е евтина јас не сум дома, на работа сум а параноик сум да соатвам бојлер уклучен или мачина навечер додека спијам. Затоа штедам на друг начин. Кога се вработив со првата плата си тргам секој месец 10 % од платата на штедна книшка со траен налог. И така месец по месец си се собираат парички за црни дани. Ако треба сама да внесувам заштеда НИКОГАШ нема да успеам, вака сум си мирна.
Ние пазиме многу на ситници. Сите електрични апарти ни се енергетска класа А со неколку плуса. Ламба гори само во просторијата каде што седиме плус и имаме купено некои посебни кои трошат многу помалку . Ринглата секогаш пасува на големината на тенџерето, тавата.... Варачот за вода го полниме со онолку вода колку што ни е во моментот потребно, ако е полн ќе му треба подолго да ја свари, а после непотребно ќе ја фрлиме. Машина на садови и за алишта пуштам кога се целосно полни. Водата не тече додека се миеме заби. Телевизор исклучуваме не само преку даљинското, туку и тоа ламбичето што светка. Во зградата со жената накарши мојот стан, една недела она една недела јас ги чистиме скалите на нашиот спрат. Резервации за одмори, летови вршиме он лајн оти е многу поефтино и без провизија од посредувачот. Купуваме групони со огромни попусти за најразлични услуги. Пазарувам од поефтините супермаркети. Облека, обувки и електроника купуваме премногу но секогаш е со попуст или после долго споредување на цените он лајн наоѓаме добра понуда. Јас не возам кола, по потреба ми се наоѓа сопругот. Нема потреба од дупли трошкови задоволна сум со јавниот транспорт. Бурен ноќен живот немаме...тука заштедуваме. Обожаваме коктелчиња....па профи станавме за домашна подготовка, не мора секој втор ден у кафич. Готвам скоро секој ден, но во мали количини, тогаш за тогаш. Паковањата месо на пример со рок на тарење кој истекува наскоро се по пола цена. Дента што ми треба ќе си купам по многу подобра цена одколку да складирам резерви. Јас не одам по козметичари. најчесто во брза помош се вртам Си имам машинка за депилирање, секаков вид на восок.... На шминки, или маникири...не трошам пари. Третмани за лице или тело никад не сум направила...не ми преставува ниту задоволство ниту сум имала потреба. Од оние групони кои ги спомнав предходно како поклои од сопругот сум добила ваучери за масажа , но по многу големи попусти и после долг исцрпувачки период, друго не. Сопругот си има машинка за стрижења. Секако келавица се мава, па нема потреба од профи фризер. Самиот ќе си се среди, после јас ќе погледнам и ако има потреба ќе досредам. Не ми текнува во моментов друго, ама дека пазиме пазиме, дури и кога се луксузираме
Алал да им е на оние што умеат да штедат. Јас незнам, еве сега речиси пола година како одам на работа, тргнам настрана 2-3 000, но ќе се појави некој непредвиден трошок и тие ги потрошам. Изгледа и јас ке треба да си отворам штедна книшка и да почнам некако да штедам. Не ја бива работата веќе вака. А најголемиот дел од платата го трошам за такси
Не сум штедаџија како што бев кога бев помала, али во последно време речиси во секое време имам тргнато пари на страна, за црни дани што би се рекло, за некои непредвидени трошоци што можат да искрснат, али не се нешто посебно, ситнурии се, да се изгура денот што би се рекло! Не сум ни во прилика многу залихи да имам, пошто тргам на страна од секојдневниот џепарлак па колку се соберат-толку, пр. ако ми дадат денес 100, со 50 ќе поминам во денот, значи на упола го делам џепарлакот за да тргнам нешто, во секој случај гледам да ми остане нешто, да не потрошам се до последен денар, освен ако не посетам некоја тезга со бижутерија или лакови за нокти, за ова немам усул, нема штедење ако ми фати нешто око! - Со такси се возам еднаш неделно, значи кога излегувам навечер. Некогаш се случува да не излезам ниеднаш во неделата, ради колоквиумски недели/сесии или општо од мрзливи побуди ( ), и се возам со автобус. Кога ќе се враќам од факс накај дома пешачам, одам едно 40тина минути пеш, пошто тоа ми е единствена физичка активност во денот. Со таксито се крати доста, знаеме дека поскапи, и дека на блиски релации не се исплати да се качуваш, зошто повеќе си во минус него ли плус. - Не пијам секојдневно кафе со колешки, се случува еднаш-два пати неделно да седнеме негде на кафе, единствен трошок во денот ми е автобуска карта и цигари, за јадење-јадам дома, ако излезам од сабајле си купувам некое лиснато да ме држи. - Не памтам дека сум дала повеќе од 1000ка за некое парче облека, најискрено. Еве во последно време почесто земам од локални бутици, или нешто што ќе ми фати око од Пренди/Певекс, што значи за 200-300 ден. ќе земам некое парче, немам особена пасија кон чевли, кон ташни тук-там, едино за бижутерија срцево ми плаче, и за лакови за нокти, ама не е нешто предозирано, I can handle it. Тука се крати доста, пошто во фамилија не ми се нешто многу по шопингот, си сакаат нови работи фала богу, али дома ме рачунаат мене како најголем трошаџија. Али никогаш не сум пребарувала скапи работи, сум знаела колкав е буџетот и сум се прилагодувала кон цените. А и не ми е некој посебен мерак да лупам многу пари по облека, ќе ги жалам после. - По дома веќе неколку години штедиме на струја, во смисла да не се луксузираме со струјата додека е скапа тарифа, на евтина готвиме, грееме бојлер за да се најде пошто барем еден ќе се бања во текот на денот, а и не памтам кога последен пат сум пуштила бојлер во скапа тарифа, ако сум забораила во текот на денот пуштам во 22:00h и се бањам у ниедно време. - Не знам да одолеам на храна, пустата јас. Апетитлија сум, е за тоа знам да ги поеб*м парите ако ми се пријаде нешто, ја кога викам: `Еднаш се живее` не праам бељи, одам во ресторан и се праам буре.
Лесно и едноставно, немојте да се дружите со мене Во Скопје богами и тешко да заштедиш пари, како рипаат цениве, а платите НЕ, се помалку и помалку останува вишок. Основни работи, да не се возите со такси да отиде пешки или со автовус, да не јадете цело време по ресторани повеќе да се храните дома, да чекате на промоција и на попуст, барем облека и козметички прозиводи. Да купувате храна во дисконти каде не е поевтина или на промоција. Да не купувате работи безпотребно, иаку се евтини или на попуст, само зашто се на попуст, а вас воопшто е ви требааат. И сите пари што ви се вишок да ги претварате во евра, за да не паднете во искушеније да ги потрошите
Па кога излегувам секогаш кога можам одам пешки или со фуш-такси . Купувам облека која што е на попуст,а ја има често или пак купувам од таму каде што е поевтино.Не трошам мнгоу на козметика и фризерски салони.Почесто јадам дома отколку надвор,не излегувам многу често на кафе не сум секој ден ,па и навечер ми е досадно без дечкото да излегувам често со другарки ,а и кога сум излезена повеќе од 300 денари не трошам .Се капам на евтина струја дома, се депилирам сама, секој месец гледам минимум 1000-ка да оставам на страна,па се штеди
Си купив метален сеф со клуч и има тесен али долг простор за ставање пари , кој се навива на која дата да можеш да го отвориш. Бев изненадена дека уствари постои таква ствар. И мислам дека во него моментално има 4000 денари , почнав од 20ти мај го навив до 6 јуни. Тогаш ќе го отворам и ќе отидам на одмор со заштедата. ЗАДОВОЛНА сум ДА (ако има некој како мене шо поинаку неможе да заштеди ни 10 денари нека си купи ваков сеф ,за само 700 денари)
MENE MI TREBA VAKVO NESTO ZASTO DRUG NACIN ZA STEDENJE STO KE FUNKCIONIRA NE GLEDAM :/ OD kade go kupi?
Девојки го зедов од продавница во Тесалоники и да не ве излажам за името ќе ја прашам тетками коа ќе се слушнам и ќе ви кажам. Искрено незнам ,ама можам исто така да прашам и за тоа.Ќе бидете известени наскоро
Ставај секој ден во касичка по неколку денари и очекуј сумата да се зголемува, после некое време имаш готови заштедени пари.
Јас лично многу штедам, не сум стисната за други но некогаш за мене сум си стисната . Никогаш во животот не сум се луксузирала. Ако имам потреба од нешто го купувам ако не ништо . Додека студирав и живеев во студентски дом од дома ми праќаа секој месец по 8000 денари па јас да си ги распоредам како сакам (сакам за 2 дена да ги потрошам или за цел месец да ги чувам - дополнителни пари не ме следуваа). Мислам дека поради ваквото давање на сите пари на почетокот на месецот се научив да трошам правилно. Скоро секој месец тргав по 1000 или по 500 денари на страна(па си купував што ми е потребно). Е сега си седам дома и не трошам ич, а и многу малку пари добивам за да можам да заштедам. А дома кај нас се штеди многу. Кога бев помала татко ми ми шеташе по нерви кога само се дереше да се штеди, а сега сваќам дека немало потреба да светат сите светилки дома кога ние сме во една соба. Кај нас се готви, се пушта машина, болјер, пеглање строго на ефтина тарифа. Купатило-кујна не смее една капка вода да капе одма се вика мајстор. Сегде имаме штедливи светилки, обичните ги исфрливме. Леб никогаш не фрламе го правиме двопек па презла . Кога имавме фиксен вообичаените повици да се слушнеме со некој (само онака без потреба да слишнеме некој роднини-пријатели) ги обавуваме во ефтина тарифа после 7 или 8 незнам како беше. Ако некој уред работи после 16.00 е тогаш со татко ми војна се води
Едно време ставав ситни парички во шише, али ми се умешаа сите дома почнаа да ставаат и сум требала да ги делам со брат ми И ги поделивме и се откажав од тоа. Ми даваат неделно по 300 денари за јадење за во школо и си тргав на страна и си собрав 1.000 И сега летово ќе штедам за еден добар шопинг на 15ти август ако одам до Солун или пак ќе си го чекам Skopje city mall
Многу се нервирам зошто не можам ништо на страна да тргнам А,за заштеда ако сакам ќе треба да не јадам и пијам,зошто платата оди на основно,па гледаш да не се луксузираш за да стигне до 1ви,да нема минуси на сметка.Значи живееш и под нормално,па како да тргнеш? Не ќе треба да си дозволиш ниту една маичка,ниту еден кармин,гаќи,шнола итн.....што ти е потребно? Зошто го купувам само потребното,а што ќе биде ако би сакала да се поместам од овој просек,т.е. подпросек веќе еднаш Баш со колешка,која е постара од мене ,има и внуче,дискутиравме вчера.Вели преку глава ми е само да животарам.Цел живот тоа.Насабајле отворам очи,јадам работа,доаѓам дома,јадам, спијам.Шетам само до парк,стискам пари на внучето само за едно смоки.Што дека сум 50 год,сакам со маж ми на викенд,на бања,на ручек барем еднаш во месец,сакам едноставно да живеам. Ми падна жал. А потоа си реков-во што сум пак јас погоре од неа? Млади сме,место сега да живееме,да шетаме,и ние шетаме до парк,низ населба,ручекот надвор стана реткост.....Мојот вчера зема плата,и ми вели ајде на пици да частам,му велам ајде дома да си направиме И мене ми е смачено да,а не пак да тргнам некој денар,а баш би сакала. Конкретно во мојот случај,тешко оди,полесно ми беше кога ми даваа секој ден за на училиште,факултет,па си велиш оваа недела не пијам кафе,не купувам оригинал книга,ќе ископирам,ќе си јадам од дома,итн па се тргаше нешто на страна. Доаѓаа родендени,пензии од баби,дедовци,е сега нема
Од секогаш имам ќеф за да декорирам нешто и да биди убо и шарено. Обично стаклено шишенце од кафе го украсив по моја желба, секов мал отвор на капакот за парите и секој ден си собирам железни пари. И имам некој зацртан датум до кој не смеам да го отворам шишенцето. Така минатиот месец собрав околу 1000 денари. Сега пак така Така кај мене функционира
Ич не знам да штедам Порано кога земав пари од моите, и од бившиот секогаш штедев, а сега кога сама заработувам, наместо поштедлива јас се расфрлам со парите . И секој месец викам ќе престанам, ама после кога ми стигнува платата , одма ме фаќа некоја депресија зашто не сум исполнета емотивно, па си се тешам и си дозволувам многу глупости кои искрено не ми се потребни , ама моментално ме расположуваат.
Штедам кога имам, кога немам не трошам од заштеденто може да позајмам, ама после кога имам пак ги враќам. За штедење си отворив книшка во банка и веднаш таму ги ставам кога ќе се насоберат повеќе. Друго штедам на прашок за перење, порано купував Ариел, сега перам со Факс, ист ефект има, само за флеки додавам Вениш кога има потреба. На струја штедам, ја уклучувам машината за перење на евтина струја, светилките ги заменивме со лед диодни, трошат за 80% помалку, а светат исто колку другите. Топла вода зиме од парно кое го заменивме од нафта на еко пелети, лете од соларно. Трошоците ги намаливме за 50% па и повеќе. И што е најважно кога пазарувам храна и производи за хигиена секогаш одам со список и купувам само она што треба.
Порано знаев да штедам, сега не знам што ми стана има една година веке не само што не штедам туку и пола заштеда ја потрошив. Дефинитивно најуспешен начин на штедење е тој со штедна книшка. Јас порано имав од таа Мравката на Тутунска банка и секој месец си ја хранев со најмалку 1000 денари. Таман ке ми пуштат моите пари за живот, тргнувам 1000 или повеке одам ги ставам на книшка и после и да сакаш да ги истрошиш не можеш. Од летна работа што сум собирала пари и нив на книшка ги ставив. Така ми се собраа околу 50 000 денари и плус Тутунска ми дада уште 5 000. Сега знае ли некој во која банка постои таков вид на штедење, ама да не е детско оти не сум веке дете.