1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се заштедат пари?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marinapet, 21 април 2010.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некоја има штедна книшка во банкиве како штеди и колку е задоволна?Би сакала на децава да отворам,ама не знам во која?
     
  2. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Јас имав отворено на ќерка ми за детско штедење, ама при првата криза што ја имав за пари, пред да се вработам, ги извадив и потрошив. :tmi:
    Среќа што имам една друга, кај што ми се орочени на пет години, во тутунска е оваа,и се вика постепено штедење. Задоволна сум, зашто секој месец, имам направено колку да ми се тргаат од сметка, во денарско штедење е , со добра камата, и плус, на крајот од секоја година се добива дополнителен бонус, кој секоја година е од најмал, па поголем процент на вкупната заштеда, покрај каматата. Најдобро во ова штедење е што не можам да ги земам сеуште :D а и што секој месец по малку ми доаѓа неприметно , а си се собира...
    Ама каква што сум си јас, си викам за некоја година кога ќе заврши орочениот рок, :D одма ќе ми отидат...Ич не можам да се контролирам со пари... :tmi:

    Едит - Ако некој месец на пр имаш повеќе пари од она што со траен налог си направила месечно да ти иде на штедната книшка, можеш дополнително во банка да уплатиш по желба. Јас така првите месеци кога почнав бев при повеќе пари и не ми требаа, ги ставив и во старт добро ми тргна со каматите и бонусите. Задоволна сум . :)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Земете шише пластично ,запечатете го убаво со жица кај што е капачката. Во горниот дел по страните направете едно дупче колку да има место да влезе паричка . Ветете си дека нема да го отворите дури не се наполни .Предизвик да не ви се оствари некоја од важите најголеми желби ако го отворите :)
    Ставајте и 10 денарки и 50 ки не само денарчиња ,ако сакате да го отворите побрзо ставајте почесто парички. Инаку ситните парички ни тропаат во џебови и сметаат во кесиња па ги трошиме за глупости ,вака нешто поголемо ќе излезе :)
    Јас си имам многу мини шопинзи направено од ваквото штедење.
    Моментот кога треба да го отвориш шишето -прајслес :lol:
     
    На Снегулк@23 и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    штедам кога имам :D озбилно не сум голем трошач да речиме за шминки чевли итн така да парите ми доат повеќе на книги ресторанчиња базен и слични разоноди. со пред некој месец неможев многу да штедам имав многу трошоци, сега ми се намалија и одма земав купив евра и ги ставив на девизната. тоа е мојот начина на штедење но нормално при првата криза одма се вадат но сепак за мене е тоа добар начина на штедење и усбевам да заштедам добра сума. но не би ставала пари на страна под услов да неможам да излезам до град на вечера на пијалок на театар и слични работи. работам напорно и сметам дека потребни ми се тие мали задоволства за да можам да црпам енергија и за понатаму.
     
  5. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Луѓе во последно време не можам денар да заштедам, ќе ја земам платата, одма ја трошам, не дека купувам којзнаешто. Ќе купам нешто ситници и нема, ни сама не знам каде ми одат парите... :tmi:
    Дајте некој совет, додека не работев мислам дека повеќе чував пари...
    Ќе испланирам за нешто да заштедам , ќе испадне друго - изгледа е најдобро ич да не ги планирам парите за ништо.
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Знам да штедам.Порано ги трошев парите се до последен денар. Ама сега веќе не :)
    А и добра идеја е тоа со шишето,ќе земам сега ситните парички така ќе си ги ставам,наместо во каса :D
     
  7. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Па ваљда помалце да трошиш..Едноставно прашање.:)
     
  8. beautiful.butterfly

    beautiful.butterfly Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3

    И јас штедев на истиот начин и само така заштедив ама порано кога бев мала а сега воопшто не знам да штедам во последно време скоро сите пари ги трошам за внука ми и плус триста други работи за мене и за дечко ми :$ :D
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Прави си листа на трошоци, пред да ја земеш платата. И откако ќе ја земеш, прешкртнувај од листата кои од трошоците ќе ги покриеш. И она што секојдневно ќе го трошиш, запишувај си го.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас секогаш успевам да заштедам и да си тргам некоја пара настрана, за да си имам да си купам нешто ако ми се допадне. Си имам касичка и во неа си ставам пари и додека не ја наполнам не ја отварам. Еве можеби е смешно ама уште од сега си штедам пари за чизми сакам да си купам онакви убави за на снег што се, поскапи што се :)
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    вака се штеди да бавно ама сигурно една моја другарка во шише од литар и пол полнеше само 5денарки е сигурна сум дека собра 6000денари и убаво си ги искористи за нова година гардероба кафана све само незнам во банките дали сега прават проблеми за да ти ги закрупнат или не...
     
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    17.076
    Почнав и јас да штедам. Шишенце мало од пола литар му направив дупка само за железна паричка да влезе. Прво мислев да ставам само 1/2/5 денарки, ама и 10-ки ставам. :D
    Додека не го наполнам не го отворам. Или недај Боже нешто стварно да ми затреба. :D
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Уште од помала татко ми ми` го покажа овој метод со штедењето со шише, и одтогаш така си штедам и јас и кога ќе го наполнам парите ги носам во менувачница за да ги заменам за книжни, и веднаш си купувам некое парче облека што сум го меркала претходно на излог :D , одма да си се почастам самата себе. А еве сега во август за прв пат во банка отворив штедна книшка и го орочив парите на 12 месеци, не е којзнае колкава сума ама подобро во банка одколку, што би рекле, под перница :D , а железните парички си ги штедам во шише. Штедлива сум си јас :emo:
     
  14. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас ги укрупнувам по продавници,по 100/200 денари ваму таму и се укрупнуваат.За недела две сум завршила работа. :)

    Јас искрено многу штедам и многу трошам!Крај не ми се наоѓа :wasntme:
     
  15. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас многу пари трошам и неможам да ги сочувам никако тоа ми е мана голема.Ама веќе 3та година по ред
    во каса голема собирам ситни пари :D можеби звучи смешно ама тоа е мој единствен начин да сочувам пари :D првата година собирав само по 5денари во шише и собрав околу 3 илјади за 3-4 месеци :D после втората година собирав се и сешто од 1денар до 50 :!: само железни :D пробајте ако сакате може ќе успеете повеќе да соберете :D
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ова не е смешнона ваков начин се собира некој денар сега бавно ама сигурно а кој пари се собираат брзо? :lol: моја другарка на ваков начин си имаше собрано 7000 денари е не се малку :) а и инересно е и предизвик е според мене колку можеш да собереш :hai:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.349
    ^ Да,на ваков начин слична сума имам соберено и јас.Дедо ми држеше продавница,па сета ситнурија што му остануваше,ми ја даваше,така да беше супер,ама сега кога собирам сама оди малку потешко,ама оди.Заедно со сопругот секое ситно денарче го ставаме настрана,а воопшто немаме преброено,нек стојат за црни денови :lol:
    Приметив,дека кога покасно ни даваат плата,останува некој денар,онака јок.Обично ни пуштаат 4,5 последен пат 11,12ти,а јас во мене имам уште 2500 ден-не се смејте ова е успех за мене :doh:
     
  18. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Сакам да штедам но некако не ми иде
     
  19. sofce

    sofce Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    стави одредена сума пари настрана во новцаник стар кога и да треба кази си сама на себе дека немаш или дека се туги пари.успева да знаеш
     
  20. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Јас највеќе заштедувам кога сум на школо за време на доручек.
    На пр. ќе ми дадат од дома 50 ден. или 100 нема врска и сега ќе купам што ќе купам и тоа што ќе ми остане во касичка.Наредната ден пак ќе ми дадат и така секој ден.
    Ама сега во последно време неможам сршен динар да заштедам :( .Носам со мене 50 денари и ќе видам некој гнете пица и јас ќе купам (50 денари е пицата) и ништо не ми останува.Сега барам друг начин, поефикасен. :)