Може да се заштеди. Пробајте купувајте поевтин доручек, ако сте трошеле 50 трошете сега по 30 денари, уксратете си едно за да добиете друго. Не се расфрлајте, тоа е најдобар начин да се штеди.
Јас си го контролирам трошењето на парите што ги имам заштедено.Кога сметам дека имам доволно заштедено,за да можам да си купам нешто но и да ми останат пари тогаш ќе ги потрошам(дел од нив ).А иначе за штедењето, секогаш кога ќе најдам монета од 1,2 или 5 денари ја ставам во мојата касичка.
Првите неколку плати ги потрошив буквално за 2 дена и тоа на глупости, на облека и козметика. Потоа се решив да ги насочам кон нешто попродуктивно, па си уплатив возачка, а остатокот се знае пак на шопинг и пред крај на месец морав пак од моите да барам. Ама тоа ти е кога ќе се опуштиш од свои пари и сега искрено ми здосади да ги трошам на глупости па половината од платата и ја давам на мајка ми да ми ја штеди за на одмор, купувам нешто по дома за јадење и за мене да си имам за цел месец за на работа за кафе-мафе. Таквото штедење до сега ми е најуспешно затоа што мајка ми ни под разно не ми ги дава парите т.е. немам ни образ да и ги побарам, а ако си ги остаам на картица 0 ќе ми останат пак. Умеам добро да ги распоредам парите, ама не умеам да се контролирам кога ќе видам нешто ново, а стварно не ми е потрено. Така до одмор планирам да имам заштедено околу 700 евра, 500 more to go
Јас одамна имам навика да штедам железни парички. И да ми треба 2-3 денари да доплатам секогаш раситнувам 10ка за да не ги давам ситните. Ги ставам во една кутија и ги бројам дури кога ќе се поднаполни. Вака знаев и по 2000 денари да соберам.
Ги ставам во касичка и го давам клучот на некој сигурен кој нема да ми го дава ама еднаш ми требаа па касичката настрада
Сега Имам заштедено 600 денари за две недели. За тек на енделата ми даваат 150 за јадење, ама јас помалку трошам, и пр кога ќе соберам.. Еве 100 денари , ама по 10 денари да се. Ќе тргнам настрана 80 и ќе му речам на татко ми Ајде скрупни ми ги во 100 денари.. и така 20 денари имам +
За еден месец успеав да заштедам 1000 денари но отидоа јабана парите. Ми затребаа и ја отворив касата. Сега во план ми е да си купам повторно каса од оние лимените од Џамбо и секој ден да ставам железни, од сите можни 1, 2, 5, 10 и 50.
Со оглед на тоа што кај нас дома татко ми е поштедаџија(иако не е циција како што знаат некои да бидат) сепак, за најосновни работи не штеди, но многу потенцира дека не смее да се трошат пари за непотребни работи - значи многу мрази фрлање на пари без потреба. За разлика од него, мајка ми е таа која баш го прави тоа спротивното што го мрази татко ми па затоа и кога ќе појдат на пример на шопинг за храна во некој маркет, знае да си се задржи дури и пола час, а да изелзе само со една кеса што татко ми тоа многу го нервира. Тој зема набрзина се што му треба оди на каса и излегува(јас сум како него), а додека мајка ми ужива да си шета од рафт до рафт, да си разгледува, да си чита содржини, па да си споредува производи и цени.(што не викам дека е лошо да се прави) , но секогаш според мене треба да се има готова листа на продукти што треба да ги купиш, ги бараш и завршуваш, се со цел да заштедиш време. Да се вратам на темата, во последно време сум станала голем штедаџија, од ко почнав да живеам сама одвоена од родителите, почнав многу повеќе да ги ценам парите, некако гледам на нив со поинакви очи. Секогаш ми даваат одредена сума на пари, а мене истата ми е доволна за да поминам скоро 2 месеца со се платени сметки. Не дека немам можност да правам шопинг секоја втора или трета недела(да не испадне ова фалење), значи имаме доволно примања за да можам да си го дозволам тоа, а сепак не го правам, најверојатно од причина што сум го попримила советот од татко ми. Економична сум и секогаш викам дека ќе дојде ден некогаш кога тоа што не сум го трошела, ќе го потрошам за нешто навистина корисно. Кога треба да се купи нешто корисно и нешто што навистина вреди - воопшо не жалам пари, ама пари за глупости ич не сакам да давам. Мојата стратегија на заштедување е секој месец да се оставаат на страна на еден куп одредена сума на пари, и со секој месец сумата се зголемува. Или уште подобро плус тоа секој ден ако се може да се одвојуваат по 10 или 20 денари да се тргнат на страна во некоја каса и така заштедата ќе стане многу поголема.
Најмногу успеав да заштедам одкако го прекратив ноќното искачање по кафичи, кафани и дискотеки. Некако се заситив. И сфатив дека на едно искачање сум трошела по бар 600-700 ден (живеам подалеку од центарот, а таксито е изгор скапо па најголем дел од овие пари оделе за такси) ако сум излегувала бар 2 пати неделно се доаѓа до една добра месечна заштеда. Многу е важен и начинот на штедење, односно не дома во касичка или кутија. Туку во банка, орочен депозит на одреден период. Сега се многу паднати каматите, инаку до пред некоја година беа баш добри, па на крај на договорот на сметка легнуваше и убава каматичка. Е сега интересни ми се гледаат инвестициските фондови, меѓутоа сеуште не сум добро запозната како функционираат. Инаку и во нив можеш секој месец да вложуваш некоја пристојна сума, да речеме 2000 денари. Сепак малку време се присутни во Македонија, па не ги разбирам баш, па ќе почекам уште некој период и ќе се задржам на класично штедење во банка.
Феминки, сигурно некоја од вас е економистка илиработи во банка. Совет каде, во која банка има најдобри камати за штедење?
И мене ме интересира истото. Гледам дека во Халкбанк има 1,2% , http://www.ikbanka.com.mk/?ItemID=503FF ... 82643E1843 Но ме буни тоа што пишува годишни каматни стапки Дали тоа значи дека ако на сметка ставам 3500 денари ќе добијам камата 42 денари во првиот месец или не ??? Ве молам за објаснување
Не. Ако годишна каматна стапка е 1,2%, пресметката е следна (1,2/100)/12 *3500 = 0,001*3500= 3,5 денари месечна камата. Се дели со 12 за да се утврди месечната стапка.
Од секогаш сум штедела. И моите штедат. Најчесто штедам за да си купам облека, патики.. Што ќе најдам железни пари, ги ставам во кутија, и после одвреме навреме ќе ги пребројам.. И во кафич порачувам нешто поефтино, другите пари одат за заштеда
Јас кога ќе збирам,збирам парички па после ги потрошувам сите наеднаш и најчесто на глупости.Ако ми требаат за нешто важно може да се убедам да заштедам,секој ден на страна по 10,20 денари се собираат. Порано и монетите си ги збирав и најкејф е кога одиш да ги укрупниш и 500че или повеќе испаѓаат,со мерак да ги потрошиш
Јас и сега си берам монети, всушност повеќе имам монети отколку книжни пари Сега за сега имам 700 и нешто
Ќе заштедиш пари само ако не ги трошиш за глупости,облека,парфеми,секој ден на фризер,помалку зборување на телефон(сметки),дремење 24/7 во кафич...незнам друго што да кажам, но неможеме од ова да се откажеме..
Доколку редовно се прима плата може да се заштеди! Еве како ние штедиме: 1. Струја - гледаме да пуштаме машина за перење алишта и за садови на евтина струја, бојлер уклучуваме на евтина струја, готвам на евтина струја итн. Се разбира, постојат и исклучоци, некогаш морам на скапа струја да готвам или да уклучам бојлер, ама сепак внимаваме. 2. Маркети - без разлика дели во моментот ни се потребни, одредени продукти што ги користиме кога се на попуст ги купуваме. Овошје и зеленчук не купуваме од маркети и пиљари, туку од пазар - таму се поевтини и потазе одколку по маркетите. 3. Кафичи и кафани - не одиме толку многу по кафани ко порано, по дома се собираме. 4. Алишта - најчесто купуваме од странство, таму секогаш се е поевтино, па ако начекаме и попусти-мерак! На овој начин успеваме добра сума секој месец да заштедиме и да си се почастиме со некое добро патување!
Би сакала и некој конечно да ми ја разреши дилемата дали е добро бојлерот ,како еден од поголемите потрошувачи на ел.енергија,да биде нон стоп вклучен,на ефтина струја или само по потреба.Секого кого сум го прашала ми дава различни одговори. Во состојба сум да пазарувам во различни продавници.Малските мали продавнички ги заобиколувувам зашто таму е се поскапо.Солидни за купување ми се Кам и Стокомак,Тинекс само кога има попусти на некои производи и една локална продавница која има свој дисконт и разбирливо пониски цени.Се научив да правам неделен список за тоа што ми треба за тековната недела ,зборувам за храна и хигиена,не правам залихи освем ако не налетам на некоја акција.Готвам на плин а кога ја вклучувам рерната се организирам и правам неколку работи.Многу работи купувам во поголемо пакување и можеби изгледа смешно ама за неколку денари одам во друга продавница .Маж ми се смее и вели дека сум станала економист пар екселес. Можеби изгледа скржаво ама ако ставите на хартија ќе видите дека на месечно ниво навистина се заштедува.Мене ми се случувало да ми останат 2000-3000 денари.За некого можеби е смешна сума ама за мене не е.
Јас не живеам во мк и неможам да споделам искуства за попусти и слични работи,само сакав да кажам дека и јас сум како тебе,овде во странство секогаш има списанија со попусти од супермаркети,продавнички и јас секогаш си ги следам и така си пазарувам. На почеток кога заминав да живеам со дечко ми сами,на него му беше малку чудно оти не беше навикнат така ама сега на сите им кажува како благодарение на мене сме заштедиле и сега кај и да треба да одиме,да патуваме секогаш мене ме тера да организирам и барам на нет ахах колку и да звучи скржаво сепак дојде такво време каде што мора да се штеди. ах и да додадам,можи некој ќе рече дека нема да си скратува од јадењето или облеката за да заштеди.. ние секогаш сме купиле што сме посакале било за јадење било за облека,е сега ако не е нешто итно си ги чекаме летните попусти на облека,каде што се исплати многу.