1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да се заштедат пари?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marinapet, 21 април 2010.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Бидејќи моето знаење како дипломиран економист, немам многу,многу каде да го применам, па го применувам дома.
    Главен шпараџија сум :D :D :D
    Се вклучува машина исклучиво на евтина струја, бојлер и готвење повеќе на скапа, за жал.
    Во зима бојлерот е на парно, па така да воопшто не го вклучуваме.
    Најчесто се купува во Стокомак, Кам, Дубо пром дисконтот, и овие дисконти за пиење што се. Обавезно се заштедува. Во поголемите маркети, на нешто има акција, ама другите производи поскапи, па ако се купуваш од таму не заштедуваш скоро ништо.
    Обавезно одам по сите и исклучувам светло,бидејќи често го забораваат. И секако не купувам од најскапите производи, туку од оние поевтини, секако доколку се убави.
    Единствениот штедач во куќава сум јас, останатите се растурикуќи :D :D :D

    Ако ви текнува на приказната со Ѓорѓи Колозов - икономист и шпараџија:).
    Е, таква сум. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Досадна сум,знам... :D
    Да си кажам нешто за штедење на храна.На храна буквално не можеш да штедиш ,но да внимаваш што и како купуваш ,можеш.Зеленчук и овошје се научив да купувам на парче.Значи ако не ми е потребна поголема количина купувам и 5 моркова или 2 лимона.Доколку се случи да се донесе поголема количина (тоа обично маж ми,срам му е да купува на парче),го замрзнувам.
    Порано бевме во можност да си раниме свинчиња за месо,сега веќе не и можеби испаѓа досадно да ги храниш ама не осетиш дека ти излегуваат пари од џеб,зашто купуваш храна по потреба.И замислете кило месо кртина 270-290 ден.
    Џемови ,слатка ,мармалади си правам.Обично од овошје кое е ефтино.Пред некој ден направив една тура од праски,беа по 10 денари.Планирам уште една тура.
    Леб и месам и купувам,комбинирам.
    Зимница правам тоа што јадеме,по малку,ако експериментирам со нешто ново,ставам по половина доза на пример, не сакам да се фрли.
    Сосови за месо правам не купувам.
    Грицки избегнувам да купувам,благо правам и тоа секогаш дупла количина,да има да јадеш и да остане.
    Доматен сос и салца често ја користам и тоа си правам.
    За пржење,комбинирам,користам свинска или палмина маст (поефтина од зејтинот) и зејтин,зависи што пржам.
    Избегнувам да купувам замрзнато овошје и зеленчук.Сезонски го складирам во фрижидерите,поефтино е.
    Риба купувам најчесто од пријатели рибари а морска од рибарница,комшијата ме известува кога добива квалитетна риба.Панга и риба на која нема ознака од каде потекнува не ја купувам.Преферирам да купувам од областа FAO27.(тоа ви е риба од северните европски мориња),ја избегнувам FАО61.Ова веќе не е штедење туку и внимавање што јадеме.
     
    На toogood, Peppermint, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    Реков дека ке ми текне уште нешто. Не купувам во маалски дукани, поскапи се. Одам по марктите каде што можам да најдам гратиси и попусти.
    Ги купувам најефтините салфети, на пример. Гледам на рафтот што е најефтино и тоа го земам. Среќа, не растам повеке, па едни чевли можам да ги носам со години. Ги поправам на чевлар, и така секоја година купувам нови и зголемувам колекција. Не се удирам од земја за да се Бата, туку да се лесни за носење.
    Не одам на кино, дечко ми симнува филм и грицкаме дома пуканки. Не чини 20 денари, за разлика од кино, пат до таму и назад(со автбус) 140 денари, плус 600 за карта, плус 100 за пуканки, плус 100 за сок. Од скоро 1000ка за на кино, ние поминуваме со 20 денари.

    И ке ми текне пак уште нешто.
     
    На Viktorijaaa5, eliesaab и lunicka им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Мајка ми е еконимист во коски.За тоа има завршено образование па и ние мораме по нејзиниот пат.Правило број еден дома ни е никако купување на ќеси подобро од дома да си земеме ќеса наместо да ја купуваме.Од маалските продавници да купуваме само леб (се останато од големи маркети).Доколку одиме во маркет да си земеме од дома оние картичките што се за попуст на тој маркет (ни се случувало со тоа да заштедиме и до 20 денари.)Наместо од кусурот еден два денари да си купуваме мастики да ги чуваме во касичка.Ако одиме некаде можеме да одеме пешки мораме ли со такси.Прво тие 50 денари што ќе му ги дадам на таксистот можам да ги заштедам второ поздраво е за нас.Кога одиме на одмор не одиме во луксузни хотели,одиме во вили.Можеби ова ќе звучи престорго.Но не е .Сум имала се што ќе посакам.И мајка ми и татко ми ништо не ми забранувале.Но штедењето е добра навика и е од голема корист.
     
    На eliesaab и Cka им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    ^Ова за кесите особено битно ако кесата во локалниот маркет е 0,25 евра.Збеснав кога сфатив дека дома имаме над 80 кеси,оти не ни текнува да земеме кеса со нас до таму,или се оди после работа,па немаме во нас,а не ни се враќа дома,па пак назад.
    Жени браво,на некои ви се восхитувам на внимателноста и креативноста.
    Сепак за мене најултимејт начин да заштедиш е-да најдеш начин како повеќе да заработуваш..И да отвориш сметка за тоа...И да имаш ген за штедење..
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    За тие што земате плата најдобро е од банка не ги вадете сите пари секогаш оставајте си по некој денар на сметката. И важно е да се знае што е најопходно тој месец и прво тие работи да се купат, па све остало. Јас доста знам да заштедам и ситни парички и се и најчесто ги трошам на гелови, ролони, спрејчиња, ласиони и такви работи од Авон. Не се шминкам многу. Најчесто купувам облека која ќе можам да ја искомбинирам со се и сешто и за посебни прилики. Облека посебна за во пролет и есен не купувам истите тенки блузи со долги ракави ги носам и зимата само со џемпери од горе. Избегнувам купување од маалските продавници освен кога морам оти цените се превисоки. Ако ми треба нешто кога сме на школо секој ден сум во центар купувам. Некој вика за 5 денари ли си? Таман работа ама од ова 5 од тоа 2 од тоа 3 се собираат. И пари за кесе никогаш не давам си имаме дома илјада торбички од кафе, од нешто друго таму што сме купувале. Не излегувам често но некогаш од школо ако губиме час ајде на кафе, чај одиме на места каде што кафето е 30 и 40. Зошто да даваме 50/70. Или купиме нескафе па одиме кај другарка која живее блиску вариме и седиме таму. За на одмор ретко јадам тостови сендвичи посебно на жешкото избегнувам оти ми се гади тоа после тоа од мрсното. Друго е дома кога ќе си направам, друго е таму не го менуваат маслото. Си поминувам со геврек со буковец од 15 денари топол, мек ем голем и вкусен. Не затоа што е најефтин туку затоа што во се друго ставаат салами и такви работи а на ова жешко не поднесувам. Или некогаш и кросана може од 25 денари да си земам. Не дека сум скржава туку сакам во некој момент да си имам пари во себе. Или пак како помала кога имав 200/300 денари и ги давав на мајка ми да ми ги чува. И ќе и кажев ќе ми ги дадеш тогаш и тогаш за тоа и тоа да купам пред тоа никако нема давање и не се ни осмелував да ги побарам пред да треба да ми ги даде. И мислам најдобро е во банка да си штедите поголеми суми а помалку по 20/30 денари дома во некоја касичка и додека не ја наполните да неможе да ја отворите и нема мислење во тоа ако имаш паричка ја ставаш и толку додека не се наполни нема отварање.
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.904
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Чка прашањето го поставила одамна, ама ете и мене ме интересира истото.

    Јас сум си опасен штедач, летово почнав да работам и се трудам платите максимално да ги заштедам. Не успева во целост тоа многу нормално, но ете успеав да заштедам доста убава сума која во никој случај не сакам да почнам да ја трошам и ова со отварањето штедна книшка ми изгледа супер.
    Само да не е детска, таква веќе имам и со неа диригира мајка ми, а јас сакам сопствена за да ми се најде некогаш во животов. Одамна веќе не сум дете, мора да се мисли на сѐ. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.543
    И да си одговорам и да ти одговорам - Халк банка во моментот, ама постојано се менуваат. Штедете во денари, орочувајте на година,и не се разочарувајте од минималната сума на камата, сепак, за лежење се даваат тие пари, не за работа :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Ве исчитав и ви се воодушевувам. Јас сум се наопаку од вас, не дека не штедам ама на пазар никогаш не прашувам за цена одбирам што е убаво (од татко ми ми е ова).
    Бољер постојано вклучен, машина за перење кога имам потреба :tmi:
    Кога ќе наумам нешто да купам одам во одреден бутик и ако нешто ми се допадне не е важна цената, сепак не енермно скапо. Не пазарам пимер за 2 недели, туку од ден за ден, така да тука се маалските продавници иако се е поскапо.
    Е сега кога ќе се затекне нешто од плата до плата и си велам лелелеле еве остана нешто, тогаш акомулатор се заебал, или некаков друг непредвиден трошок.
    Сепак со годините нешто се собрало, за школарина за ќерка ми ги чувам.
    Ќе се надоврзам за банките. Орочувам средства на 36 месеци со почетна камата од 7% за после една година да видам дека каматата паднала на 5,2%. Банкиве се жива превара.
    Те мами со повисока каматна стапка за потоа постојано да ја намалува.
     
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Да раскрстам со дилемата,да штедам не значи дека сум скржава. :D
    Парите заштедени од една страна ги вложувам во нешто друго.Низ животот свашта нешто ќе ти притреба.

    Далерон обиди се поинаку.За почеток разгледај ја гардеробата,види што не е веќе за употреба,кое може да се поправи ,рециклира.Разгледај прво низ продавници што ти е потребно па тогаш купувај.Човек се менува,се здебелува-слабее,се менува модата.И на крај остануваат неизносени скапо платени алишта.Зборувам од мое искуство,зашто на времето и јас купував џемпери од 3000 ден,комплети од 6000 и сега дремат по најлони.
    За храна одговорно тврдам дека најдобро е да се открие поволна продавница и да се прави список.Инаку во корпата се ставаат и работи кои во моментот не ни се најнеопходни.
    Еве на пример во ТУШ ги разгледував рачните фрижидерчиња.Во Туш цената беше 1200 ден,во друга продавница 800 ден.Разликата е 400 денари и не е мала барем за мене.
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, ама за гардероба ми нема спас. :(
    Сега собрав 5 вреќи од огромните и ги дадов на луѓе на кои им се неопходни.
    Проблемот ми е што кога сум шит купувам се и сешто, а знам со месеци ништо да не купам.
    Дефинитивно ќе морам да променам нешто, сега сум полабава оти имам помош од мајка ми(пензиичка) која веќе е во поодминати години.
    Кога ќе останам сама со мојата плата, а детето ќе има се поголеми потреби, е тогаш ќе се запрашам дали сето ова сега што го правам ќе го продолжам и понатаму.
    И со болдираното имам проблем, а работата ми е таква што морам да бидам тип-топ средена.
    Ете за почеток ќе штедам на храна за да не варирам во тежината. :tmi:
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Најтешко е да штедиш пари кога си студент во некој друг град. Кога гледаш на какви глупости ( неопходни работи ти бегаат парите) поинаку гледаш на нештата. 1000 денари за продукти за лична хигиена, па за јадење :^) аууу и за средства за чистење.
    Секогаш кога сакам да си купам нешто за облекување гледам дека не ми стигаат пари, па ако барам од дома често пати ми викаат ти пративме доволно, ти се расфрлаш со парите итн., а тоа не е вистина :(
    Со душа чекам да се вработам.
     
    На HoneyBun и lunicka им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Најтешко е да штедиш пари кога си студент во некој друг град. Кога гледаш на какви глупости ( неопходни работи ти бегаат парите) поинаку гледаш на нештата. 1000 денари за продукти за лична хигиена, па за јадење :^) аууу и за средства за чистење.
    Секогаш кога сакам да си купам нешто за облекување гледам дека не ми стигаат пари, па ако барам од дома често пати ми викаат ти пративме доволно, ти се расфрлаш со парите итн., а тоа не е вистина :(
    Со душа чекам да се вработам.
     
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Поголемата заштеда овој месец беше од парите за цепење дрва.Татко ми не се фаќа за секира,ама затоа јас со помош на дечко ми успеавме да ги исцепиме.Од 5 м3 сама јас сигурно 2 м3 имам исцепено.Затоа оние кои се греете на дрва,наместо да плаќате луѓе за цепење,а и ако имате вредни мажи покрај вас и кои имаат време,средете си ги сами.Ние заштедивме 750 ден.
     
    На Cka и lunicka им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Еве еден начин од мене од лична пракса. Според мене, нема повкусен оброк и кафе од оние коишто ќе си го подготвиш дома. Дури познавам и луѓе вработени кои на работа си носат претходно домашно подготвени оброци.

    Е сега вака, не сакам да ви сугерирам да заборавите на овие објекти. Тоа никако. И те како си имаат причина за постоење и потреба од нив си постои. Но, ако сакаме да заштедиме да ги сфатиме како некое честење и луксуз а не секојдневие и неопходен трошок. Дали 60 денари ќе ги дадеш за едно кафе во град или за 200 грама кафе од продавница има разлика. Исто и со готвените јадења кои некогаш излегуваат доволно за два дена (манџите пример).

    Особено кога сакаш да заштедиш. Секогаш кога ќе помислев на кафе да одам или на ручек, или пак да земам нешто готово, а не било зор, знаејќи ја отприлика цената на трошокот што би ми излегол, ги тргам парите во тој износ во друг паричник и заборавам што се вели на нив. И така секој пат. Прво време на крајот од секој месец од тие пари ќе се почестев нешто ситно на некој ручек или кафе со блиските и тоа ме мотивираше да продолжам да штедам уште повеќе. Неверојатно е колку се зашпарува.

    Исто сум правела и ако ептен ми се допадне некое парче облека, аксесоар, а во моментот ми е луксуз да го земам. Пари во таа вредност тргање настрана и по неколку месеци/година, ќе се почестам со нешто од тие нешта, нормално не од цела заштеда. Моќта да се воздржиш е многу битна. Јас сум имала среќа и отсекогаш ми било лесно.

    Исто така го применувам и собирањето на ситни парички што го наведе окцензи, мислам. Се согласувам дека е многу ефективно.
     
    На okcenzi и lunicka им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Сум пишала еднаш на темава.
    На жалост ниту д од домакинлакот не ми останал :tmi:
    Не штедам и не гледам на цени кога ми се допага нешто. Немам увид во кој новчаник колку имам и на која картица колку.

    Многу повеке трошам на облека, средства за нега, козметика, пазарување....

    Единствено добро е што шопинзите ми се на две недели, па си знам отприлика што од козметика, средства за нега ми се дотрошило и евентуално си имам замисла кое парче гардероба ми е потребно.
    Иако не знам двајца како успеваме да оставиме по 150-200 еу неделно во супермаркетот, пазаруваме еднаш неделно и знам од предходно кој ден што ке готвам...не останува ништо вишок да фрлам.
    Испагањата ни се еднаш неделно во една пицерија со друштво, еднаш неделно сами некаде и плус еднаш месечно со други пријатели, па се предвидливи цени и трошкови.
    Треба да се стегнам малце ]:)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.904
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Значи да одам таму и да си прашам подетално. Фала многу, јас се мислев дали да ги дадам во Комерцијална или Стопанска, за Халк не ми беше ниту на крај памет.


    Инаку што се однесува до студентскиот живот, да, за жал средствата за хигиена и тоа основните понекогаш знаат добро да го исцедат џепарлакот, а за полнење на фрижидерот барем со основните намирници е и те како скапо. Затоа ние овој „проблем“ го решаваме на друг начин.
    Моите ми праќаат јадење на две недели, буквално се полнат торби и куфери со домашно готвени кифлички, милиброди, пецива, слатки, па дури и овошја и зеленчук кои си ги одгледуваме дома. :)
    Дури и најмалата ситница како на пример еве грицки и кечап ми пуштаат во пакетите.
    Готвени манџи во тегли, вакумирани - немам потреба да се мислам што ќе јадам денеска, само вадам тегла, подгревам во микро или тавче и немам гајле. Можеби на некоја ѝ звучи смешно, ама вака се заштедуваат можеби и повеќе од 50 евра месечно од студентскиот џепарлак затоа што моите од сето она што го купуваат за дома, само го одделуваат мојот дел и ми го пуштаат.
    Поголемиот дел од џепарлакот оди како алва на кирија и сметки, но она кое останува е сосема доволно за леб и млеко и за моите милион други трошоци на прибор и материјали за факултетот.
    Се трудам да не трошам претерано на беспотребни нешта, ептен понекогаш за да се наградам за некоја работа, а сето останато се трга на страна и се пика во црна дупка за да не паднам во искушение. Иако досега не се случило, подобро да се спречи отколку да се лечи. :D
     
    На crazylady, linguaragazza, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    4.796
    Пол:
    Женски
    Не можам да се наречам штедач, ама на пример, ме фаќа грижа на совест кога бојлерот бил уклучен, сум се избањала, останало жешка вода и јас нема да си заперам нешто на рака. :D

    Студентски живот, тоа е, од дома обично кога си одам на две недели, ќе дадат 1000, 400 за карта, 300 за основни средства за хигиена, и од тие што ќе останат ела штеди |( (мамо прати ми пари) :wasntme: ама понекогаш имаат да ми дадат повеќе, ќе чувам, и на крај ќе ги слупам на нешто, обично на некоја маичка или ручек, вечера со саканите. А и се случувало да заштедам ама мала сума, 2-300 денари, ама тогаш пак ќе ги потрошам бидејќи ми е грев да барам од моите знаејќи дека имам пари :tmi: и пак се нема пари.

    Пробав и со парички во кутиичка, ја направив се, залепив мало отворче само за парите да се пропуштаат и дојде прилика нешто ти стребало и ја отворив.
    Ич не ме бива за штедење, не купувам којзнае што, а сепак не знам на што сум ги потрошила кога погледнам дека во новчаникот имам уште 200 денари за наредните две недели. :D

    Овие денови почнав да не си купувам крем бананчиња за кусурот и да ги собирам паричките во едно кутивче, и решена сум да истрпам, па ќе видам колку ќе соберам. :)
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    И мене не ме биваше за штедење ама кога го запознав дечко ми научав да штедам, врска на далечина, од дома пари не секогаш ми даваа, ми велеа: заштеди си и оди каде сакаш :D така и почнав, првиот месец едвај собрав за карта, вториот месец имаше и за кафе од кафемат :D и така секој месец сумата е се поголема, сега можам да заштедам и за 2-3 пати во месецот да појдам и да ми останат :!:

    Туку пред некој ден случајно влегов во Жито маркетот и ептен се зачудив на евтините производи
    во маркетот каде што обично пазарам паста за заби е 56 ден. а тука во Жито истата паста 38 ден.
    влажни марамчиња од големите 3+1 гратис за 110 ден.
    Чоколадо за готвење 12 ден. а во другиот маркет 18-20 ден.
    Кафе Арт 3 ден.
    Башка имаат попусти на голем број производи и еднаш неделно имаат акции.

    Незнам дали во Жито имаат клуб картичка, ако има обавезно ќе си извадам, и да од пред некој ден редовен муштерија сум им.
     
    На crazylady, WarriorAngel и lunicka им се допаѓа ова.
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    За оние што работат, еве добар начин за (принудно) штедење. Направете си налог во банка штом ви дојде платата на сметка, одредена фиксна сума да ви ја префрлаат на штедна книшка каде што парите ќе ви бидат орочени. На овој начин од старт знаете дека не можете да ја потрошите целата плата, а може да се заштеди добра сума. ;)
     
    На crazylady, Mishela, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.