Советов ти е одличен, но за тие што земаат редовна плата и преку банка се разбира. Но има многу што земаат на рака, а истово и неможе да се изведе кај невработени и студенти.
И јас се обидувам да бидам штедач. Прво си носам јадење на работа, се почна со диетата кога морав да си носам овошје, салати оти во близина имам само пекари и фаст фуд и сеа ми стана навика, оти секојдневно по 100 тина денари трошев за без везе.И кога одев за да земам доручек никогаш не останував само на кифла туку и се лажам и по други ситници кои најчесто не ги ни јадев. Второ се враќам пешки од работа, а за одење се уште не можам да се наканам оти многу ми е важен сонот наутро. Вака ем фит ем штедам. Во маркет секогаш купувам производи кои не се расипуваат во големи количини и на акција, поисплатливо е да земеш повеќе оти сепак пак ќе треба да купиш. А порано се земав во мали пакувања. Еве некој го спомна Жито маркет дека е евтино, ќе се прошетам таму бидејќи забележувам дека Тинекс пумпаат цени. Кога сум при воља одам и до Стокмак ( подалеку ми е ) па и се пазарувам од таму и значително е поевтино. Гледам да е вклучено се на евтина струја иако некогаш и не е возможно. Е не научив да штедам на гардероба и козметика. За чевли и палта знам да дадам многу пари ама да се квалитетни а за гардероба знам да си пазарувам од Мана и некои поевтини продавнички оти секако брзо ми поминува кефот на здолништа, кошули и слично. Ама не е проблемот во цените туку дека секогаш морам да купам кога ќе видам нешто иако реално не ми треба.А и плус си шијам кога имам време ама пак некое парче облека знае да ме излаже. Исто и со козметиката имам неколку недотрошени млека за тела, гелови, лакови и пак купувам нови. Тоа е полето на кое морам да поработам - импулсивно купување.
Mајка ми ако прави некое јадење на електричниот шпорет кога ќе ја исклучи ринглата става на пример тенџере со вода. Бидејќи ринглата не се лади одма водата се згрее и може да се употреби за миење садови. На факултет сега си купив од оние огромни пакувања со по 20 ролни тоалетна во нив , Фелче Азура гелови за туширање, цело кило , ми траат многу долго, евтини се и убаво мирисаат. После тоа влошки на акција, бикчиња на акција, чоколатца на акција. Друг начин на штедење ми е да кога одолеам да не плеснам пари за нешто глупаво, си ги ставам во касичка. Многу ретко одев по "кафе шеми" , со цимерката ќе си земевме кафе од автомат и ќе се прошетавме по паркот, и пак ќе ги видевме сите симпатии , на факултет одам пеш, јадам во студентскиот, храна купувам само кога сум по цел ден на факултет, грицки и слични работи си земам од бонската и си имам за неколку дена или цела недела за на факултет нешто да грицнам. Никогаш не сум се замарала со шминки или слични глупости. Со пудричкава терам еве веќе две години. Најголемите луксузи, ако може да се рече така ми се претставите во четврток, одењето по премиери на филмови и какаото од Краш .
Знам многу начини за штедење, ама ништо не ми успева.....Ваљда е до мене. Знам луѓе што собирајќи ситни пари во шише, на одмор одат, а јас не можам ни за кафе ситни да соберам зашто одма ги ваѓам. Карактер
Како да се заштедат пари? Без да ги трошиш на глупости и непотребни работи троши ги само за тоа што ти е најопходно и најпотребно, остатокот зачувај го поедноставно,амин
Никогаш не штедам.Колку и да сакам ке си речам:Мораш да штедиш,ке си оставам 200 денари настрана,и оп следниот ден ке ги истрошам за ситници,грицки,шминка..неможам а да не истрошам
Пари се штедат тогаш кога ги имаш А сите ние почуваме да штедиме кога ке ни дојдат при крај Зависи дали се работи за фамилија или за џепарац кој ви го даваат родителите Ако се работи за фамилија стручно можам во ЛП да Ви пишам.
Не знам ниту јас да штедам, но овојпат си тргнав 50-60 евра ги направив во евра за да неможам да ги трошам .. Се решив така од секоја плата за добар одмор ова лето
Штедам согласно можностите. Иако платата ми е скромна, успевам да заштедам со рационално трошење. Кога ќе земам плата веднаш плаќам сметки 2, а потоа купувам облека, неопходни работи што ми се потребни. Не се расфрлам. Не пијам кафе секој ден по кафиќи, не пушам цигари, не се луксузирам. Така ми останува некоја мала сума, која ја тргам настрана. Кога одам на одмор гледам тоа да не биде некоја прескапа варијанта.
Моментално сум надвор од Мк и за едно 3 недели имам заштедено скоро 90€ Плус оние во пластично шише центи и по некое евро (тие незнам колку се) Неделно добивам околку 65€ 30 од нив автоматски одат во кутија и не ги чепкам. Останатите пари се за храна. Живеам со уште 5 души па неделно пазаруваме сите заедно. Струја/вода/интернет не плаќаме. Имам месечнна автобуска карта обезбедено, па така и на превоз штедам.
лесно е да правиме есап ако земаме плата. Тешко на оние кои не земаат и кои чекаат од друг. Вака... пред да земеш плата ке си набавиш 10-тина плика и ке направиш список што имаш обврска ама ке пишуваш се на исти тефтер (кој еве нема тефтер, јас ке му поклонам хаха) На пр. 2500 денари (струја, вода) 1200 сметка мобилен 350 за чистачка 2500 за бензин за месецов 4000 за храна 2000 ден, за пиење кафиња денски шеми 500 ден храна за куче 5500 рата од кредит .... на секое плико ке ставиш сума и за што е тоа плакање значи нема мрдање, мора да си го исполниш месечниот план. Тоа што ке ти остане, оди во евра...20,30...50....10... ич не е битно, важно да не се оставиш без заштеда Ако ти дојдат кусо пари за храна, тогаш ке си скратиш од пликото за безнин на пример или за пиење кафиња Терај вака 4 месеци, на петиот само ке ти дојде да си правиш есап За се дополнам... Не ја открив топлата вода...нели...но сакам да Ви предочам дека штедењето е НАВИКА и СТИЛ на однесување со парите и ништо повеке. Кога еднаш ке го видиш благодетот на заштеденото после само ке те тера да си ставаш на страна. Пликата мора да се испочитуваат нема излагање и неконтролирано купување...ке си одредиш една сума и секој месец ке си поткупуваш по нешто, ама да излезеш и да лупнеш се на гардероба...ц,ц,ц....
Со оглед на тоа дека не плакам струи води и кирии имам можност за штедење секој месец од 50-100 евра. Најчесто штом земам плата одма ако не истиот ден тогаш утредента идам и купувам евра кои ги кријам у најцрниот ќош за да не ми се пред очи и да паднам во искушение да ги потрошам. Остатокот на картица што ми е го распределувам за тековниот месец иако најголем дел од парите ми идат на гардероба. За искачање си имам поставено лимит од 500 ден освен ако не искрсне нешто непланирано вечерта па да потрошам повеке . За родендени и свадби унапред планирам и тргам пари на страна со тоа што си кратам од други задоволства или намалувам на трошење пари за партали. Секој пат кога ке стигнам до 1000ка на картица престанувам со трошење и вадење пари па макар тоа значело седење дома. Среќа тоа ми се дешава недела дена пред плата па не ми е крај на светот ако тој викенд пред плата не излезам во град.Како и да е картицата никогаш не ја трошам до последно денарче и секогаш оставам најмалце 500 ден. Од моите дома не барам пари за ништо,на работа одам и се враќам пешки секогаш без разлика дали е лето или зимо (среќа работата ми е на 30 мин пешки од дома) за доручек на работа најчесто јадам ѓеврек или од дома си правам сендвичи . Сега за сега со овој начин на живот немам некои финансиски потешкотии или кризи да останам со празни џебови подолго време.
Се уште моите ми даваат пари, се уште не работам, а и возраста не ми дозволува, но ги ценам парите на моите, не трошам и многу штедам. Се надевам за одредено време ќе ги соберам парите кои ми недостасуваат.