Како да се заљубам?

Дискусија во 'Сингл' започната од sadgirl21, 13 март 2013.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380
    Здраво,
    Ја отворив темата првеснствено да поразговараме околу 'симптомите' на заљубеноста :)
    Значи мојот проблем е тоа што не можам да се заљубам искрено,онака длабоко..досегашните дечковци(не се премногу,само 2ца) и неколкуте дечки со кои излегувавме интензивно,ми беа онака привлечни и се тоа..ама мислам дека не беше заљубеност
    Секогаш после првиот состанок,ми се менуваат чувствата,односно ги снемува целосно..не чувствувам ништо повеќе за нив..
    Иако поседуваат се што сакам кај некое машко,едноставно после првото излегување..се снемува :)
    Посакувам да се заљубам во некој,да има на кој да мислам,да мечтаам..едноставно не бидува
    Со претходниот со кој се гледав,мислев дека се заљубив..ама како може по мах една недела да исчезне таа заљубеност?
    Не е сретнат вистинскиот сеуште или.. :D
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Заљубеност е едно љубов е скроз друго...Заљубеноста кратко трај..Е сега клучниот момент е тој кога таја заљубеност ке се претвори во љубов...Значи не ги избрзвај работите...Ако ти се бендисва некој гледај се поќе време без да напрајш ништо,т.е да се бацваш ова она...Колку поќе истрпиш исчекувањето е поголемо а со то и желбата за да бидиш со него...Фактички тебе ти се губи се од кога ке напрајте нешто така?Си ја постигнала целта си го бацнала и готово а? :D ;) ...Пробај и остани со некој и од кога ке помини целата таја еуфорија по него..Разговор,прошетки,бакнежи,гушки и ќе видиш како ке си се заљубиш...Ти посакувам шо поскоро да се случи то пошто нема поубо нешто од љубовта :inlove:
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380


    Имаш право,не негирам :D Откако ќе се случи нешто,т.е ќе бидеме заедно,симпатиите спрема таа личност дефинитивно ми е губаат :) пробав и по таа првична еуфорија за него,да продолжеме зедно..се мачев едно 5 месеци,и на крај веќе немав сили да продолжам :)
    Можеби сепак не бил за мене ниеден до сега
    Еден ден секако ќе морам да се заљубам :lol:

    Ти благодарам за мислењето,
    поздрав и се најдобро
     
  4. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    157
    што ќе ти е да се заљубиш? :D
     
    На First Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.168
    Пол:
    Женски
    нема начин- како да се заљубиш , јас првпат на 18-19 години ја сфатив љубовта
    е сега оние со кои си била само те привлекуваат ако веднаш после нив не чувствуваш ништо
    го немаш сретнато типот поради кој ќе не можеш да спиеш, и будна ќе сонуваш
    кулирај сега, тој ќе се појави биди самоуверена и чекај ..тука некаде е
    поздрав :) :)
     
  6. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Машки
    Сега прашуваш како да се заљубам, утре ќе прашуваш како да го преболам!? :D Не си ја барај бељата девојче :P седи си, не размислувај и само тоа ќе си дојде, се надевам дека после нема да сакаш да пројде, али таков е животот, ја бараш коа ја нема, а коа ќе дојде сфаќаш е дека подобро ти било порано. Но како викаат, ако нема дожд, нема да ја знаеме вредноста на сонцето :D
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380


    ме насмеа ;) имаш право,доколку се заљубам не би сакала после некое време да барам совети од вас во категоријата како да го преболам :D
    не се форсирам јас никако за заљубување..само смачено ми луѓето околу мене постојано да зборуваат колку се заљубени,среќни итн,а јас немам што да кажам за темата..и постојано ме притискаат како јас треба да си најдам некој за врска и сл..
    Знам дека имам 21,скоро 22год,ама не сум престарена :^) па така да се однесуваат :D
    Сакам да се заљубам..понекогаш се чувствувам осамена,ама не сакам да страдам во никој случај :D

    Ви благодарам за мислењата :*
     
  8. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    5.271
    Пол:
    Женски
    Sawyer ме изнасмеа... :D А инаку sadgirl ќе си дојдат и твоите 5 минути па после тие што те зафркват нека барат совети во категоријата како да го преболам...Уживај си,секое добро! :*
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    13
    Уживај си додека можеш , пошто после ке уживаш и можеби дупло ке се нервираш . И ако стварно си се вљубила ,а ете заврши брзо и неславно , веќе нема да ништо исто , а може и ке те боли дури и кога ке пробаш со др да го преболиш , убаво ти пишале погоре , не си ја барај бељата :D
     
    На sadgirl21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    За да се заљубиш во некого најпрво треба да му веруваш барем ја така мислам и затоа тешко се заљубувам :!:
     
    На IvanaJenner, Dimkovska123, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Машки
    Мислењево ме потсети на ова:
    The Encyclopedia Galactica chapter on love states that it is far too complicated to define. The Hitchhiker's Guide to the Galaxy has this to say on the subject of love: Avoid, if at all possible. Unfortunately, Arthur Dent has never read The Hitchhiker's Guide to the Galaxy.

    On topic: try sex. Научно докажано делува.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mlad-bitola

    mlad-bitola Нов член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    6
    здраво на сите, ај ке ве молам дали можи да ми дадете совет како да се заљубам ?? скоро 4 години не сум заљубен, порано бев ама сега не, сум излегол со многу девојки али во ниедна не се заљубив се плашам да нее до мене проблемот :(
     
  13. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    37
    верувај другар не ти треба заљубивање..
    заљубеност..неможеш сам да си решиш денес ќе се заљубам..
    за да се заљубиш треба да веруваш во неа да знаеш дека на прав пат си со неа.Зависи и каков тип си, јас на пр. тешко ми иде заљубувањето од чиста причина што додека не испитам терен додека не стекнам доверба нема шанси да ми значи некој нешто.
    да се навратиме..ти можеш да искачаш со многу девојќи ама ако ни една од тие не ти го фатила меракот џабе ти е..најди некоја коа ќе ти биде интересна и обиди се да стекнеш доверба со неа..другше нема...:)
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150

    Има, има...

    Ќе купиш 2 кг љубов, 3кг насмевка, 1,5 кг емоции и сето тоа убаво ќе го измешаш. Ќе налееш 1л вино и 500гр топено чоколадо. Ќе оформиш смеса и пред печење ќе забибериш со 4кг секс.
    Ќе му дадеш да лапне и верувај ќе се отруе од ,,заљубување,, во тебе ;)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Абеее феминки, до таа што ја отворила темата, и до тие што се пронаоѓаат во насловот. НЕМА РЕЦЕПТА
    Луѓе, до толку ли ниско и безвредно ја сметата љубовта? :?:
    Таа се создава како хемија некоја и ќе ја почуствувате, а по бабин рецепт неможете да ја направите :D
     
    На the-dark-angel и Libera им се допаѓа ова.
  16. SmileAlways

    SmileAlways Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    7
    не постои рецепт за заљубување, едноставно се случува кога најмалку очекуваш
     
  17. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Тоа не е рецепт за торта, па ќе читаш и ќе си правиш
    Eдноставно се случува кога најмалце ќе очекувате и кога нема да мислите дали и кога ќе се случи 8)
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    А зошто некој би сакал да се заљуби? :wasntme:
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.380
    Јас ја отворив темава, па редно е да пишам во неа. :)
    Епа имавте право, откако добро ќе го спознаеш партнерот, и стекнеш доверба во него, може да се заљубиш :D
    И така, сега сум заљубена. Среќно заљубена :!:
     
  20. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    438
    Како што секој си има сопствена дефиниција за љубов така и секој различно може да се заљуби.
    А некои начини и ритуали за заљубување,можеби има,ама со сигурност немаат врска.Заљубеноста се случува спонтано,едноставно,неможеш од инает да се заљубиш.