Како да се збогатиш во земја како нашата?Како можи да се стекни капитал во животот?Сакам да знам како успеваат некој луѓе во животот шо не се хоштаплери и шо немаат врски,дали е можно нормални луѓе да живеат надпросечен живот во Р.Македонија?
Почни работа со дрога друго чаре нема. Се шалам малце мислам дека никако не може во нашава држава да се збогадиш освен ако немаш твој заштеден онака доста голем број на сума пари па да започнеш некој бизнис нешто поврзан со други држави, ако сакаш на поштен начин да просперираш а на прљав начин тоа што го спомнав навстина на тој начин најголеми се шансите.
Ај пошо ви верувам ќе ви ги споделам идеите пошо знам дека нема да ми ги украдете. 1. План А. Добра екипа, добри маски, бар еден пиштол да е вистински, другите може и на вода да се и било која банка. ( овде постои шанса и да не се заработи асално) 2. План Б. Двапати да шверцаш дрога преку граница. ( и еднаш е екстра заработката иначе ) Ама има една цака. Новите "џоамити шверцери" најчесто бидуваат исцинкарени на граница, за едниве да се пофалат као демек откриле "опасна трговија" а другиве (некој стар веќе искусен шверцер) да пренесе 10 пути поише. Затоа еднаш шверцаш за туѓа заработка, а втор пат за тебе. Или еднаш за себе, ама ти треба јака леџа. За квалификација е потребно кола, возачка и муда. Ја ништо од тоа неам. 3. План Ц Најдобрата другарка флертува со стражарите ти дур бегаш од Идризово. По можност финална дестинација - Мексико. Ко преживи причаче. Сума сумарум: нече среќа поштеног човека.
Khm ..Inspirirana od planot na clenkata pogore .. Kje recam , da ograbis zlatara tamu bar ke kapne nesto
Собери ги коментарите од оваа тема и издади книга „101 начин како да се збогатиш во Македонија“. Ќе оди како алва и ќе се збогатиш
Добро прашање.. Си велам да напишам некој добар одговор, а јас моментално учам за нареден колоквиум. Првичниот заклучок треба да е земи диплома али вториот е џабе ти е. Е сега друже дали вклучуваш нешто со достигнато образование: Ако си завшил Англски јазик и книжевнсо давај приватни часови англиски, Ако си ревизор отвори си ревизорска куќа. Некако се сведува да си сопсвеник на нешто ако сакаш да имаш максимален профит. Без некоја квалификација оди во странство на пр Америка, работи 3 месеци ќе имаш пари како за една година што ќе работиш тука. Работи таму а троши тука. Тоа ти е слично као да работиш у Скопје а парите да ги трошиш у Кочани ( имаш и таква опција ) За да живееш надпросечно не ти требаат пари на пример може духовниот мир ти е најважен. Оди во манастир и замонашисе, ваљда животот ќе ти е посигурен Една крајна завршница вака: Иако е, ама и не е толку битно колку заработуваш, туку колку трошиш. Долга е дискусијата за ова, али првично тоа се моите совети = надеж голема нема, једино сплет на околности и упорност со доза на агресивност ( најчесто за да успееш ти, треба да заебеш друг и обратно ) Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Ти си барем машко. За женско, патот е 3456 пати потежок во свет на предрасуди, сексизам и манијаци, невоспитани луѓе.
Македонија е според мене најубава во регионот за започнување сопствен бизнис. Малку повеќе храброст без цимолења, ја отвара вратата за започнување нешто позитивно. Ние сме држава во развивање и сеуште бизнисот не е развиен онака како што треба. Тоа е резултат на обесхрабреноста на младата популација да тргне однекаде наместо во странство. А сепак оние кои одат во странство имале потенцијал да започнат нешто и кај нас. Ќе си не убие мислата дека надвор е поубаво. И кога ќе остарееме ќе си ја видиме старата куќа која се распаднала додека сме правеле пари за некој странски газда.
Заработувај странство - троши во МК. Така ќе си богат во МК. Инаку би било добро и да дадете некој предлог што мислите кој бизнис би тргнал во мк, без да пропадне за брзо
Пред се не заборавајте... Бизнис не се отвара во област во која немаш познавање Џабе ќе отворам јас рибник, а риби не сакам ни да јадам а не па да имам познавање од нив.. Дури ни печурки не се чуваат ако не прочиташ некоја литература...
Наједноставен начин се знае, земи си некој богаташ, по можност глуп тро појќе а скоро сите се такви и троши му го азното.
Во земјава буквално никако...Секоја вложена пара тука е за џабе вложена...Исто ко во ветар или по вода да си ги фрлил парите. Фризери, бербери, шминкери и автомеханичари може приватно малку повеќе да вртат некоја денар (поштено), а друго се е залудно. Или ќе бараш државно работа со партишка книшка, или ќе си одиш во странство, ќе работиш исто ко тука ама ќе земаш мнооооогу повеќе...За во земјава не се гледа баш некоја светна иднина.
Е ај тогаш само да кукаме дека во земјава нема иднина и нема надеж и да си ја убиеме секоја можна амбиција. Не е тоа ама баш никакво оправдување. И јас секогаш одам по тоа дека ништо во животот не е за џабе. Познавам многу луѓе кои чесно си создадоа некаква заработка. Тешко е, проблеми секогаш ќе има, ама не е невозможно.