Фaкт е декa тукa тешкo мoжеш дa се збoгaтиш. Дo душa, мoжеш и леснo aмa нa "лесен" нaчин. Јaс личнo не пoсaкувaм никaкви луксузи, туку сaмo дa имaм еден скрoмен живoт. Зa пoгoлемa плaтa требa дa рaбoтиш нa две рaбoтни местa, и викенди и прaзници и делници. А, рaбoтењетo нa две рaбoтни местa бaш и не е тaкa леснo. Еднo нештo мoрa дa трпи, a тoa е привaтниoт и сoцијaлниoт живoт. Нaјидеaлнo би билo кoгa би имaле мoжнoсти зa рaбoтa нaдвoр oд тукa. Некoј месец вo другa држaвa пo пaри и тукa дa си гo изгрaдиш живoтoт. Мене уште oд сегa кoсa ми се кревa кoгa ќе пoмислaм декa утре требa еден стaн дa гo oтплaќaм 30 гoдини, a рaтaтa изнесувa 200 еврa кoлку и минимaлнaтa плaтa.
Јас во фамилија имам случај каде што девојката е со таква диплома (мастер) што таков кадар фалеше на едно место, но сепак вработија партиски. Не ти важи ова, затоа и имаш д-ри кои си бегаат од земјава. Да отворите претпријатија исто е тешко зашто ако не си со власта ке ти чукаат на врата инспекции, плус даноци еден куп. Ако сакаш да останеш у МКд најди работа преку нет на некој др да му работиш. Јас секогаш го форсирам тој начин. Но, ако не можеш и тоа тогаш пробајте си надвор па тука трошете ги парите.
Не кенкаме Еве ја лично се трудам се мачам да завршувам со студиите и бегам од Македонија имам можност да се вработам по моја професија и интерес и со плата која е достоинствена на тоа што ќе го работам и за што се измачувам сите овие години а да останам тука кознај дали ќе успеам да си најдам работа а и да најдам плата ќе имам 300 евра доста сум информирана и на сигурно ти зборувам не од своја замисла. Да биде така како ти што велиш никој немаше да избега од својата татковина и нема да дремат или да служат како келнери лица кои имаат факултет завршено или магистар да се разбереме.
---- Извор: http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=40 ---- http://km.mk/4.1.17.24.pdf ---- За ситни пари или за нормална плата - на крајот на денот си ден постар. А сите сакаме да оствариме нормален живот, природна работа. После се чудиме зошто младите бегаат од тука и зошто тука има „паранормални“ појави.
1000 % се согласувам со златна Сите некако сакаат без мака големи пари. Не е да омаловажувам ама стегнете се малку завршете некој јак факултет/ занает па дојдете кажете ми дека нема работа . Сите сакаат со костимите и краватите адвокати и економисти да бидат. Да, специјализација на лекар кошта многу време и пари ама вреди. Исто и да бидеш добар машински инженер, на пример, завршуваш тежок факултет па после губиш 2-3 години на терен дури ја научиш работата, ама сеуште не познавам искусен машински инженер со под 40 000 плата. Секако, во секоја бранша има и баксуз луге кои и покрај јакото образование немале среќа но во техничките науки и медицинските се помалку тие луѓе. Друго, во овие струки имаш многу можности ако си ја сакаш струката, и да останеш без работа од нешто ке вадиш пари. Јас имам пмф биохемија завршено одма најдов работа иако тоа не би го ставил како најтежок и најперспективен факултет. Платата ми беше 25000 и не бев задоволна , после ми текна да не работам за друг, најдов некој што ке инвестира па отворив приватна лабораторија и засега добро оди. Во мегувреме сум запишана вонредно на факултет математика , имам полагано сертификати за имплементација на системи за безбедност на храна, имам англиски тоефл положено и германски б2. Во ниеден момент не се плашам дека ке останам без работа, а се нафаќам да работам било што само да стигнам до пари, бидејки сум голем парољубец. Не сонувам за вили со базени и скапи коли ама ете парољубец сум, сакам да заработувам пари. Моментално заработувам многу добро повеке отколку што сум мислела дека некогаш ке заработувам. Друго, имајте на ум кога почнуваш баш од нула нула и големата заработка не ја чуствуваш, ти треба време да застанеш на нозе. Да имав стан и кола од родителите сега ке живеев баш лагодно на овие примања. Но почнувам од нула, се ми фали, купуваш кола купуваш стан, сакаш да створиш свој било каков капитал, па пари како кеш пари пак не гледаш никаде. Освен јако образование, добар начин за заработување е да знае човек некој занает и да умее добро да го наплати тоа (посебно за машки тоа важи). Електричари, машинци, механичари и слични струки мислам дека се од ден да ден се подефицитарни а потребата од нив се повеке расте. Најбрз начин до пари да се дојде е трговија, ама за тоа треба стварно да те бива, да имаш добар почетен капитал и мноогу стеќа. Значи прво си правиш милјон патишта за заработка на пари, и после секое сабајле кога стануваш тоа ти е целта , да направиш пари. И секако, одрекување од многу работи си бара тоа. Пишував еднаш на форумов, дека овде ме немаше 2 години скоро, додека успеам да си направам услови за работа, ни форуми, ни серии, ни одмори, 24/7 само учење и работа.
Кај нас тешко е да се стане богат на чесен начин. Ако вртите некој јак бизнис и експлоатирате работници, ако имате поддршка од власта да ве лишат од инспекции, ок ќе биде, инаку тешко.
Отвори ќенефи на секој ќош - 5 денари мала, 10 денари голема нужда. После моеш да го прошириш бизнисот и туширање да нудиш, па перење и сушење на алишта. Али на кој да му текне...
Коцка хехе, се шалам. Берза? Добро, вака можеш повеќе да изгубиш ама... без ризик нема ништо. Никогаш - никој не е сигурен. Подобро да изгубиш, отколку да не ни пробаш. Бтв, омажи се богато?!?!? Dear lord. Работата е како сам да напраиш пари, да бидеме робови на некој друг, можеме сите
Докторите по државните клиники ич нека не ви бидат репер за богаташи.Ги гледам секое сабајле како идат или пешки или со југо на работа,јадат геврек за доручек,децата им живеат по студентски домови дур се на факултет.Не генерализирајте дека висока струка значи и живот на висока нога. Памет,снаодливост,малце среќа и почетен капитал се потребни за да почнеш од нешто па да дојдеш до поголемо.
Немам познавање во тие области. И плус живеам во помал град Прилеп и мислам на секој ќош има кладилници, казина, аптеки... Повеќе од година сум странство, и баш се мислевме за некој сопствен бизнис за да си се вратиме назад, мажот ми е авто механичар ама и гаража да отвори треба некоја под кирија или на ново да гради, па место па алати и дали ќе тргни то е главното прашање, пошто и гаражи има многу. Ќе се мислиме уште или па можи и овде ќе останиме никогаш ништо не се знај. Во животот не е секогаш како што планираш, не иде секогаш по план...
Oтвoри бизнис aмa не сo незнaење туку сo знaење ! Иди зaпиши се нa курс , билo кaкoв и земи си диплoмaтa пa и не мoрa дa рaбoтиш тoлку мнoгу ти , врaбoти си еднa или две рaбoтнички и уживaј. Нa пример еве јaс чекaм уште мaлку дa ми пркнaт децaтa пa дa зaвршaм курс и зa кoзметичaр пa тaкa ќе имaм две диплoми , сегa имaм зa фризеркa пa ќе имaм и зa кoзметичaркa ,тукa кaј нaс немa фризерскo кoзметички сaлoн пa тaкa сите oд oвaa oкoлинa ќе бидaт вo мoј сaлoн a ќе рaбoтaм зaеднo сo јaтрвaтa и ќе делиме срaбoтенaтa сумa , немa дa плaќaме други А зa дa успееме вo плaнoв Гoспoд сaмo здрaвје некa дaвa , a се другo ќе се спечaли и среди Стрaнствo не дoaѓa вo предвид
Ова зависи пред сѐ од вашата дефиниција за богатство. Ако сметате дека човек со плата од 500, па и 1500 евра е богат, тогаш да – можете да се збогатите и на чесен начин во земјава – така што ќе бидете еден од најдобрите во својата струка, ќе бидете од некој ценет и дефицитарен кадар или едноставно, ќе се најдете на право место и во право време. Ако сметате дека е богат човек оној кој сака, е сакан од некој или има деца – тогаш повторно да, можете и вака да се збогатите на чесен начин. Но, ако мислите на богатство од типот на луксузни куќи и станови, коли од стотици илјади евра, одмори на егзотични локации, Мајбах наочари за сонце, Брајтлинг часовници и гаќи од 500 евра, тогаш не, не можете на чесен начин вака да се збогатите во земјава. Така да, вашето богатство зависи од вас – колку сте амбициозни и на што сѐ сте спремни за да стигнете до него. Патем, дали некој на светов навистина се збогатил така што ја прочитал книгата „Како да се збогатите?“ – освен писателот на книгата, се разбира. „До моето богатство дојдов така што прочитав книга за тоа како да се збогатам“ – said no one, ever.
Во мкд не можеш да живееш натпросечно (на чесен начин) ако си немал богати луѓе у фамилија. ОК, можеби некогаш ќе биде остварливо, ама како што пишаа веќе, шо ќе ти е богатство стекнато на 60 години? Не знаеш ни дали ќе ги доживееш тие 60, а младоста да ја поминеш во учење/р'мбање е влог... Во странство барем трудот се наградува, и да изгубиш време, да не ти е жал.
Многу давачки према државата,многу сметки,останав дете без родители,живеам од наследство,немам никаква помош од истата таа држава,многу малку примања,давам пари за студирање.Можи некој да ми пиши најлесни процедури за работа во странство,то најлесни значи најевтини а исплатливи?
Прочитај 50 книги за како да се збогатиш и ќе ги зголемиш шансите за заработка на 500%. Ако немаш пари за да ги купуваш книгите најди начин како да ги читаш без пари. @ciudad_juarez
Ако сакаш работа во странство, пробај преку Коузон таму нудат работа на брод или ако си студент Контекст нудат работа за студенти, Германија пример или некоја друга земја. Пробај исто со Мајоми, побарај ги на нет. Зависи каде живееше, дали си во Скопје или во внатрешноста, а ако имаш некоја парцела во село, можеш да засадиш лешници, малини, аронија или некоај друга култура и така ем субвенции, ем пари ќе добиеш ако се оди како што треба. Отварај секој ден vrabotuvanje.com.mk и najdirabota.mk, и може ќе најдеш нешто поволно.
Овде читам нешто 1500 евра месечно значело да се биде богат т.е. помалку од годишна плата на чистач на вецеа од Лондон. Тоа јасно зборува до каде е сјебана ситуацијата. 1.Влези во политика. За ова не ти треба ништо посебно освен извесна социопатија, отсуство на кичма и богат репертоар на мантри, што поефтини тоа подобро. Јак стомак е пожелен пошто ќе треба да лижеш ануси а тоа не го може секој. После икс години, би имал прилика да се обогатиш, во евра. Ако не си роден со погоренаведените особини, заборави на оваа опција 2.Играј Еуромилионс лотарија, е сега пошто не сме ЕУ граѓани ако имаш родбина по запад нека ти купи некое ливче. 3.Основај религија или барем секта. Иако пазарот на ирационални верувања е во опаѓање, со малку иновација и понекое видео на лајвлик.ком можно е да се успее. 4.Игнорирање на муабети како на темава од типот bes rabota nese zbogatues hehe или kesi zavrsis medicinski fah i kese zaposlis na nogu plateno mesto : D пошто од тешка и напорна работа може само да се заврши во гроб, лудница или ургентно а да се обогатиш секако нема...а од совети како тие може да се добие привремено слепило.