Kupi zemja na selo, nauci da proizveduvas hrana. So tek na vreme nauci i kako da proizveduvas besplatna energija. Sloboden covek si za razlika od ovie robovi po gradovi koisto ziveat cel zivot pod krediti, t.e. MMF. Lugjeto na selo se najbogati, najslobodni i najnezavisni lugje. Tie ne se najbogati vo smisla na materijalno, tuku deka se najmalku zavisni od sistemot za razlika od lugjeto vo gradovite.
Guys, I got it... Сурогат мајка! Мака ќе мачиш 9 месеци... А ќе видиш добра пара, уште 2-3 год. може да изгубиме на раѓање туѓи деца После си наоѓаш financial adviser и инвестираш! Не знам како е кај нас, ама доста се плаќа за сурогат... под 20илјади евра мислам - нема! За некои 10 години од сега и јас ќе си барам обавезно
ако имаш роднина во странство замоли за помош. тие шо велат дека не можи од нула да се почни, да знајте дека можи!!! ако се сака, се се можи. ЏК Роулинг почна како самохрана мајка шо примаше пари од социјално и за 3 години стана милионерка. вака кај нас не можи, то се знај. ама во странство да. како да се збогатиш кај нас? па партиската книшка овде ти ги отвара сите можни врати или да имаш некој да те бутни, доста е. образованието не е баш најважно. повеќе успеваат оние со памет, снаодливост и среќа. и пред се волја (наврати се на она ако се сака се се можи!). џабе ти е образованието ако утре не знајш сам да се снајдиш. а и да се снајдиш, среќа да немаш пак џабе. праксата исто така помага колку-толку во наоѓањето работа. ако те бива во нешто можиш да започниш со држење часови. не ти треба којзнае каков деловен објект за то, доволни се само да имаш пристојни услови дома кај тебе. сума сумарум, странство ти е најдобрата опција.
Како да се збогатиш во Македонија? Па валда само платен убиец може да заработи поштена пара од работа. Другите може да си имаат само нормален живот или да живуркаат
За да просперираш во ова држава има 2 начиниЧ - Ако твојте се нешто високо, јако или главно онда ќе бидиш и ти, или ако сака некој роднина да ти ги отвори очите па да те крене на повисоко ниво. -Ќе работиш на црно, мафија, дрога , проституција. * Или ако си генијалец брате, учи и постигни нешто во оваа ни наша Македонија. Јас неможам никако да се пронајдам во ова средина каде што живеам, јас сакам нормален живот. А овде идит другарми со кола кај мене, комшивкава одма на прозор као демек бришит прозори, цел ден немала време баш коа ке дојде кола, таа излагат. И сабајлето слушаш а кај неа само мажи одат, младиве не се нормални. Значи се додека бериме гајле за козата на комшијата, ништо не прајме.
1. Ако родителите ти се богати и моќни, и ти ќе бидеш. 2. Ако имаш јаки врски (пр. вујко владика), ќе те наместат на некоја добра и високо платена позиција. 3. Ако немаш врски а си тежок газолижач, упикувач и способен за сплетки, голема е веројатноста повторно да успееш да се наместиш на некоја добра позиција. Тука треба да умееш да газиш се околу себе, без разлика кој колку вреди и треба да си безмилосен кон сите. 4. Ако имаш храброст да се плеткаш со матен бизнис, веројатно и од тука паѓа добра пара. Мислам дека за нешево подрачје генерално тоа би било тоа... Јас до сега немам запознаено некој кој со чесен труд, макотрпна работа, солидно образование и знаење има заработено многу.
Во ФИРОМ никако. Пробај во САД, Канада или Австралија да направиш човек од себе. И Европа не е лоша, ама зборуваме за збогатување, а можно е да налеташ на национализам и слично.
Најди богат пријател и ограби го. Ако не успееш во тоа ограби банка или пошта Ако не успееш во тоа не знам направи нешто ....
Човекот сериозно си прашува, а вие се зезате на темата. Јас би му препорачала ако има некоја парцела, да прочита на интернет што носи пари, култури како гоџи бери, аронија, боровница, лешници, нешто да засади, но да гледа при тоа што помалку работа прскање, грижа, што помал ризик да има. Или има кинеско дрво пауловнија, се купува, тоа можеш инфо во било кое Здружение на земјоделци да ти дадат, расте брзо и се продава за мебел. Сега на интернет имаш многу информации, плус можеш на нет да најдеш некој што има искуство. Можеш две три кошници пчели да купиш, мислам дека тоа не е скапо, но ќе треба да читаш на нет што и како да се одгледуваат. Вложи во нешто паметно, а ако дојдеш до пари, имаше вишок пари, на штедна книшка во банка, во валута која носи најголема камата, а засега тоа е денарот.
Па мислам дека и ти не си нешто поарен. Ајде да речеме дека си, а ние сме заебанти. Како прво ако ние го знаевме патот како да се збогатиш мислиш дека сега ќе бевме тука да коментираме на темава ? А како второ тој што знае нема да ти каже без провизија Можам уствари да напишам книга како до големо богатство и така да се збогатам од луге како нив
Почнавте на секоја тема да се зафркавте. Аман, ако вас ви е за смеа, на детето не му е. Пиша повеќе пати дека е дете без родители и му треба помош.
Како не можеш? Ај читај колку чини пауловнијата. Тоа е дрво што брзо расте, стига до 10 метри, се продава за мебел. Но, за се треба памет, искуство, трпение, работа.
Еден претчекор верувам дека би било следното: Треба да си најдеш во која или уште подобро во кои работи си навистина добар, и тогаш поголемиот дел од своето време, внимание и енергија да се посвети кон развивањето на тие таленти и способности (за некого можеби тоа ќе биде факултет, за некого курс, за некого можеби туторијали на јутјуб или нешто десетто...) и тоа со онолку пари колку што реално можеш за тоа да дадеш (на пр. и јутјуб да гледаш, треба интернет сметката да се плати). Пожелно е да се направи и временски план. Да речеме за 4-5 години од сега да се дипломира или научи на напредно ниво некој странски јазик, или на пр. да се научи програмирање на некоја платформа, или да се научи готвење на сериозно ниво и тн. . Кога во голема мера ќе се усовршат тие таленти и по можност официјализираат со диплома/сертификат и сл., може да се нудат на пазарот, домашен и светски. Но кон насловот на темата, првин би требало да се дефинира што подразбира секој за себе да се биде богат? Тоа е многу релативен поим. Познавам луѓе кои имат многу пари, неколку видови недвижен имот, одат на летување и зимување по неколку пати во годината а се жалат дека немаат доволно и мечтаат еден ден да стан богати. Што е тоа да се има доволно, што значи тоа вистински да се биде богат?
Зависи од повеќе фактори: работа по струка, висина на плата, поседување таленти и остварување некој хонорар, поседување недвижности, депозити, вкупниот приход во семејството на месечно ниво по основ на плата, занимавање со некоја дополнителна дејност (земјоделска и сл.), начин на штедење и остварување на дополнителни приходи.
Ne mozes da se zbogatis ako nemas vrski ni vo drzavava ni vo stranstvo. Sam nisto ne mozes, bez vrski nema da imas znacaen uspeh koj shto lugeto ke ti go nagradat. Najdi gi prvo. Jas gi baram.