Jas sum 158 i sum mnogo srekna i zadovalna so sebe si zatoa sto nekogas sum posexy od onie "zirafine" mn.mi precese porano toa no si se sakam sebesi kakva sto sum mozebi nemam visoko telo no imam prirodni gradi a kim kardashian moze voda da mi nosi za zadnikov i oblinive ♡
Dovolno ti e bidi blagodarna na boga deka mozes da odis i si ziva i zdrava i sigurna sum deka i vaka ima luge sto te prifakat bidi si srekna gledas ima i poniski .pr.jas
Во висината играат улога и гените, па ако татко ти е само 175см, тебе ти е очекувана оваа висина. Зависи колку е висока и мајка ти, и дали и колку спортуваш (си спортувала), можеби ќе се извишиш уште 2-3см најмногу. Обично женските се тука негде, на средина меѓу висините на родителите. Кај мене мајка ми е 163см а татко ми 183см, јас сум 173см кај машките е сепак подруго, тие најчесто се колку татковците, па неретко се извишуваат и над нив.
Не постои начин да се извиши човек доколку има недоволно лачење на хормоните за раст Соматотропин и Соматолиберин, иако постојат верувања дека доколку детето се бави со некој вид на спорт одбојка, кошарка.. дека ќе се извиши. Во мала мера можеби да, со тоа што спортот ќе придонесе ќичмениот столб да не се криви итн, но доколку постои намалено лачење на овие хормони тогаш залудно е се. Треба децата да се следат од мали нозе и доколку се примети отстапка од просечната висина на децата од висината соодветна за таа возраст треба да се направи испитување и да се даде соодветна хормонална терапија. Само да напоменам дека хормоните не се играчка па да може да додаваме или одземаме зависно од тоа колку сакаме да сме високи, има случаи во светот каде поради одредени аномалии и зголемено лачење на овие хормони доага до нагло и енормно растење на децата што е исто така проблем. Според мене висината не би требало да биде проблем за една особа доколку таа се движи во просечните вредности за ова поднебје, знам дека во тинејџерските денови сакаме да бидеме и повисоки и потенки... впрочем имам дома двајца тинејџери и точно знам како оди тоа, ама порано или подоцна ќе сватат и они а и вие дека не е најголема вредност физичкиот изглед туку тоа што некој носи во главата. Единствена трајна вредност која никој не може да ви ја земе и никогаш не губи на вредност е знаењето, но исто така бидете спремни постојано да учите и осознавате нови работи затоа што никој човек не може да каже, е сега се знам и не ми треба повеќе учење. Најбитно во животот е да сте свесни колку не знаете а она што го знаете е ваше и никој не ви го зема а животот ќе ви намести прилика да го пкажете колку и што умеете..
@MagsDestiny majka mi e 165 a tatko mi e 180 A jas sum 159,sestra mi e 177 a brat mi e 181 I aj sea inc sportuvam
Наспроти убедувањето дека не е можно, јас знам луѓе кои добиле во висина на 25 години и подоцна. Велат дека не правеле ништо посебно, така само се извишиле. Ама веројатно се должи на редовна физичка активност. Не можеш само да седиш во затворена просторија пред компјутер и да очекуваш дека ќе има позитивни резултати по твоето тело.
Луѓето повисоки од мене сигурно мислат дека сум џуџе а најлошо е што почна да ми се допаѓа едно дете, мора да е висок 190, можеби е повисок.
Да имав барем 168 или 170 сантиметри за да бев нормално висока. Да можев да пораснам барем уште 5 сантиметри но нема да се бунам и за повеќе.
treba da pijes mleko mlekoto ima kalcium kalciumot mu e potreben na koskite ke se istegnuvas ima poveke nacini sportot e biten za razzvitok na teloto
Јас дури бев дете 14-15 години бев малечка премалечка најмала во цел клас ама како што врвеше времето се вишев и вишев..Ама од секогаш млеко сум пиела па уште пијам..Мислам дека и то има некаква врска појма немам..
Имам 14 години 175 сум висока од септември сакам да почнам да тренирам одбојка ќе има резултати? Сакам уште повисока да бидам
Висината најмногу зависи од гените. Очекувано е дека дете чии родители се ниски нема да биде со којзнае колкава висина. Понекогаш има и исклучоци. Знам пар кај кој мажот е доста висок, најмаку 190 цм, неговата жена сигурно е околу 170 цм а нивниот веќе 20 годишен син е неколку цм понизок од мајката. Од друга страна можат да помогнат и одредени спортови како кошарка и одбојка. Многу е важно спортот да се тренира во онаа возраст во која очекувано е децата најмногу да се извишат 10-15 години некаде. Нормално дека со растење се продолжува и понатаму меѓутоа како одминува времето тоа е се помало и помало.
Јас да ви кажам многу извишив на вратило исто така и брат ми ! И сите ни се чудеа како извишивме толку брзо !