И јас го имам истиот проблем.. Имам 17 години а саааааааамооооо 152 цм ... Па сеа ќе ги вежбам везбиве на Xman па да видам каков резултат ке има
Нели државата ќе обезбедува хормон за раст за стотина деца? Јас така имам слушнато од пред некој месец. Не знам дали возрасната граница игра некаква улога ама најубаво распрашај си се ти. Sирни и тука. Има убави вежби. http://www.walktallshoes.com/grow-taller-exercises.html
Супер дека ќе ги пробаш само немој да се откажеш после неколку месеца, ова е програма што треба да се прави подолго време за да даде резултат .
Кошарка му е мајката, но и јас сум ниска, 1.68 сум само... Не сум по кошарката ич, и не ни пробав да ја играм, со штикли таман сум си, и не ми прече мојата висина. Ок ми е.
168 е идеално за девојка, не знам ти што сакаш . Кога ќе ставиш штикла десетка стануваш 178 а тоа е веќе висок просек за многу машки така да таман си, воопшто не мораш повеќе да растеш .
Читав истражување дека е многу малку веројатно да се извишите кога сте веќе пораснати (повозрасни де). Можно е само привремено истегнување ама не трајно. Кај поголем број.
Човечкото тело расте и се развива до 24. година од животот, како во обем, така и во висина, целиот локомоторен систем
Значи, имам 15 години, поминаа 3 години од мојата прва менструација и сум висока 153. Сакам совети какви додатоци во исхраната да користам, какви вежби да правам за да се извишам? Бидејки висината не си ја сакам.
Како да се стане повисок? Играј кошарка или одбојка, тегни се по цел ден За исхрана не знам колку има врска, тоа си е повеќе до гените.Искористи го времето додека си уште мала, после ќе биде касно
Како да се стане повисок? Прочитав од кошарка не се извишувало толку, бидејки сепак има кошаркари 170 што се високи, за исхрана повеќе калциум би требало но ме плаши тоа што интензивното растење ми е завршено а сепак си ја мразам висината..
Како да се стане повисок? Не значи дека ако некој и покрај кошарката останал низок ќе се случи истото и со тебе.Освен тоа да се извисиш на 170 малку да не ти е Ништо нема да те кошта да пробаш со кошарка или одбојка и како што ти кажав тегни се.Две мои комшики постојано се "бесеа" на шипка поставена горе на врата и двете се над 175, а родителите им се ниски.
Како да се стане повисок? Ќе го пробам тоа секако, инаку јас до 160 да стигнам доста ќе ми е. Почнав да гуглам и за исхрана такво нешто, благодарам сепак.
Како да се стане повисок? Повеќе витамини и занимавај се со некој спорт. Во некој си просек човекот расне до 18 год па имаш уште 3 год. + за раснење , мада некогаш неможеш ништо против генетика (ако твоите и поблиското семејство се со низок раст е тогаш не можеш нешто посебно ти да направиш како единка).
Како да се стане повисок? Вежбај некој спорт, како што веќе кажаа погоре феминките. Кошарка е најубаво за извишување. Правилно храни се. Зафати се уште од сега со тренирање, до 18 ако не нараснеш, после ништо Спојлер Е сега, некаде прочитав дека коските растеле до 21 година, не знам колку е точно..затоа ти викам фати се од порано за работава
Како да се стане повисок? а бе и генетиката е зезната работа мажотми имат 183 јас 160 па керка ми никако да мрднит од 154 и сега што по некој пресметки во оние постари книги за развој на децата имаше висина маж + висина жена - 15 сам па делено на два за девојче ! значи по таја пресмета керками би требало да имат 10 см. + ама еве не можит да ја достигнит ~ само господ знајт што е работата !
Како да се стане повисок? Најголем удел имаат гените. Твоите високи ли се? Ако се високи, тогаш големи се шансите ти да бидеш дури и повисока од нив. Ама не сите растат во исто време, можеби ќе пораснеш малку покасно. Во секој случај, треба да се занимаваш со некој спорт, и гледај да спиеш доволно. Тоа е многу важно.
Поберитетот трае во зависност од тоа кога си ја добила првата менструација ако си ја добила подоцна поголеми се можностите да чпорасчниш... Иначе е и до гените како што кажаа некои... Пробај да се храниш здраво повеќе зеленчук а од месо избегнувај мрснотии... пијај повеќе млеко и чаеви.. витамини редовно внесувај... немој диети или такви нешта... Купи си од аптека таблети магнезиум+цинк+калциум пијај еднаш до два пати во денот без престан... Вежбај... спортувај секој ден... и како што кажаа и другите тегни се секој ден одвојувај барем по 30 мин и не се откажувај...