Јас сум 163 висока што е малку за мои години мислам, барем уште 5 сантими да бев повисока не се жалев.
Јас сум си комплетно задоволна од своето тело и лице. Единствено што ми пречи е висината 166. Се комплексирав порано од тоа, све на 17цм одев ама сега више не му се замарам
Има надеж за мене ,на моите скоро 22 да извишам барем 3-4 цм? Океј ми е со висината ,159 сум ,ама секогаш ќе го има тоа "aма" ...
Јас сум задоволна од својата висина...170 цм за женско е супер...Изгледа сум ги земала гените од мажите во фамилијата, затоа што од женскиот дел сите се ниски За сите што сакате да се извишите би ви препорачала да тренирате некој спорт, најдобро би било кошарка.А и вежбите од XMan се супер
Јас сум висока 155 имам 14 години т.е. имам време за растење ама сепак мислам дека нема да можам уште многу да се извишам баш би сакала да сум си барем малце повисочка...
На 22 малку потешко помага висње на вратило, но некаде во тинејџерските години, не велам дека ќе немаш никаков резултат, сепак пробај и биди упорно подолго време.
Јас сум 174 цм висока и искрено да ви кажам многупати сум сакала да сум малку пониска оти не бива бе како врба сум ко се качам на штикли
Колку само си во право за ова. Така е. Ќе се земам мене за пример.Бев најниско девојче до 6-то одделение-и сите ме зафркаваа,знаеш,мене каратето ме набивало во земја,малечка ќе сум останала,ова-она. Ама од кога почнаа да се гледаат резултатите од секојдневното активно вежбање карате можам да кажам дека поминав 5 девојки во висина и сега сум меѓу највисоките(не највисока ама рамо до рамо со нив).Јас карате вежбам мноогу долго,но резултатите се сепак големи.За една година (мислам) од лани до сега 8цм + имам. Имам 1.63 цм.А се надевам дека уште ќе се извишам. Инаку,мое мислење,висењето на вратило ми се чини најефикасно.А,и обавезно пиење на витамини секојдневно.Здравата исхрана се подразбира.
Можеш ако ги правиш вежбите што ги напишав . Треба ептен да имаш тежок хормонален проблем па да не ти делуваат а и така мислам би добила неколку сантиметра. Не ги потценувај вежбите крајно се ефикасни само многу малку ги применуваат зашто ги мрзи да ги прават редовно неколку години . Баш ми е мило дека ми потврди . Каратето дава железно тело, поправа здравје (ако го тренираш правилно и го комбинираш со правилна исхрана) и извишува . Над 162 е веќе супер за женско, си ја фатила границата . Сега дали ќе се извишиш уште некој сантиметар и не е така битно ама мислам уште неколку сантиметра секако ќе фатиш .
^ Не е за разочарување,допрва ќе растеш. Има време.Вежбај само и храни се здраво. Доколку не е наследно (мислам на тоа другите во фамилија да се ниски ) имаш многу време да растеш.Во пубертет не се знае кога ќе се извишиш.
За извишување е најдобро некој спорт на пр кошарка,одбојка .... Не се секирајте , ќе се извишите целиот живот е пред вас !
ЕЕ треба повеќе тарана да си турате во обувките Се зезам и јас го имам истиот проблем.Но се си оди и генетски до некаде,неможиш да бидеш висок/а ако имаш ниски мајка и татко
воопшто не се секирај мојата мајка кога отишла бо средно била 150 а сега е скоро повисока од сите нејзини тогашни шкоски сека има 169. Верубам дека ке имаш супер висина на мене ми е мака дека јас сум 168 а знам дека уште ке растам и ке сум пре висока изгледа ке треба да си најдам кошаркар за маж
devojki jas mislam deka ima uloga i hranata no ne vo mk ... zosto go mislam toa ? pa vaka vo odredeni zemji da ne gi napomenuvam ima luge koi se nenormalno visoki t.e. ne normalno visoki za nivnite godini bidejki sum videla so svoi oci decko koj ima 17 godini a e visok 1.90.moja konkluzija i ne samo moja tuku fakt e deka vo tie zemji recisi site proizvodi se na baza na hemikalii i svetot veke za pari ne znae sto pravi.ako edno pile so normalen rast i normalna kilaza go napravat da bide 3 -pati po golemo i po tesko za da imat po golem kar toa ne e normalno ,bidejki tie hemikalii od koga lugeto ke gi izedat odnosno kozumirat preku takvi x proizvodi toa znaci deka ke prodolzi istoto dejstvie da si go ima i vo organizmot na covekot... megutoa sto e toa e .i jas ne sum bas visoka po niska sum od moite vo familijata ama ne do tolku da mi predstavuva nekoj kompleks zosto vsusnost naj vazno e zdravjeto pozdrav
Здраво,имам 13 години и сум 147цм.Пред околу три четири месеци ја добив првата менструација,па се прашувам дали тоа игра некаква улога во растот и како би можела да извишам повеќе.Почнав редовно да вежбам а и би сакала да ми препорачате повеќе вежби за извишување како за моја возраст.